Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте Попладневни вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте ...
Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, ѝ посака успех на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина пред настапот на претстојното Светско првенство. Босанската селекција се враќа на најголемата фудбалска сцена по пауза од 12 години, а Инфантино преку социјалните мрежи испрати порака со поддршка до играчите и навивачите. „Среќно на Босна и Херцеговина на Светското првенство 2026. Одлично е да се види нивното враќање на светската сцена ...
Славната актерка и режисерка на мексикански теленовели, Карина Дупрез, почина на 80-годишна возраст во Мексико Сити. Веста за нејзината смрт ја потврдија локалните медиуми, а со емотивна порака на Инстаграм се огласи и нејзината ќерка Магда Карина Антсира Дупрез. „Мамо… Колку е тешко да се збогувам и да знам дека веќе не си присутна. Знам дека си со нас со твојата душа и дека небото денес добива светлина која го осветлува нашиот пат. Летај ...
Руски танкер натоварен со природен гас и со дизел гориво плови неконтролирано во Средоземното Море, без екипаж на бродот и целосно надвор од контрола, објави „Јурејжа дејли“. Вториот обид за спасување на „Арктик метагаз“ во Либија засега не дал резултат, а бродот долг 277 метри, кој бил оштетен по наводен напад со украински дронови, повеќе од месец и половина неконтролирано плови во Средоземното Море. Според извештаи, бродот моментално се ...
Во тензична атмосфера во Собранието почна амандманската расправа за укинување на техничката влада и за предлогот пратениците да имаат само македонско државјанство. СДСМ услови Владата да го повлече предлогот да се укине техничката влада, во спротивно тие ќе се повлечат од работатната група за Изборниот законик. СДСМ достави и свој Предлог-закон со кој се бара, освен пратениците, и сите избрани и именувани функционери да мора да имаат само ...
Во Националната опера и балет на 23 април, во 20 часот, со заеднички изведби ќе почнат вторите Денови на македонски кореографи, во организација на Националната опера и балет, и првата Скопје танцова платформа, во организација на Културниот центар „Интерарт“ и „Танц Фест 2026“, со претставите „Тивкиот апсурд“ во кореографија на Саша Евтимова, копродукција помеѓу НОБ и Скопје танцовиот театар, и „Ремикс 0.2“ на Адријана Данчевска Ровчанин. ...
Два товарни брода, запленети од Иран во близина на Ормускиот Теснец, со околу 40 членови на екипажот, се пренасочени кон пристаништето Бандар Абас, изјавија ирански извори денеска, откако Техеран најави одмазда поради заплената на ирански брод од страна на американските сили три дена претходно, објави „Ројтерс“. Иранската Исламска револуционерна гарда ги запленила бродовите вчера, едниот управуван од МСК, најголемата компанија за ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нема да го следи примерот на земјите од соседството кои од Грција бараат за време на летната сезона нивните туристи да бидат изземени од биометриските процедури на границите, согласно новиот ЕЕС (систем за влез/излез) на Европска Унија. Според него, таквите барања се политички маркетинг. „Ова покрај технички се и политички прашања. Во вакви прашања мене секогаш ми била целта да ја ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“. Повеќе доктори што ги контактираше „Слободен печат“ велат дека постојано, со години пријавуваат ...
Црн автомобил утрово удри велосипедист на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ блиску до Поликлиниката „Букурешт“. Станува збор за повозрасен човек кој управуваше велосипед, а по ударот остана да лежи на коловозот со видливи повреди — имаше крвавење од носот и устата, но беше свесен и контактибилен. Жената која го возеше автомобилот веднаш му пружи прва помош на повредениот. На ...
Екипата на Еурофарм Пелистер преку социјалните мрежи го потврди продолжувањето на соработката со голманот Никола Митревски. Искусниот голман така ќе го носи дресот на битолската гордост и во сезоната која следи со опција истиот да биде продолжен и за сезоната 2027/2028 кога би навлегол и во 43-тата година од својот живот. По продолжувањето на соработката во Пелистер не го криеја задоволството. „Некои вредности се поважни од секоја победа и ...
„Макпетрол“ од полноќ ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас за пет денари за литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од десет денари за килограм, што во пресметка значи приближно пет денари за литар – изјави денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева. – Она што е особено значајно е дека и другите компании на пазарот го следат овој тренд. Во малопродажба, ...
Фотографијата на меѓународната потерница за Артан Груби веќе ја нема на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, откако пред два месеци поранешниот вицепремиер доброволно, со насмевка на лицето, се појави на граничниот премин „Блаце“ и беше уапсен. По повеќе од година и половина, уште не е завршена истрагата, ниту е донесена одлука дали ќе се поведе обвинение против него или ќе биде запрена постапката за сомнежите за проневера ...
Македонскиот тим освои два бронзени медала на 60-тата Меѓународна олимпијада по хемија „Менделеев“, која се одржа на 22 април 2026 година во Москва, Русија. Бронзените медали ги освоија Теона Ана Георгиевска, ученичка во IV година во ПСУ „Јахја Ќемал“ – Скопје, и Даниел Христов, ученик во IV година во СОУГ „Славчо Стојменски“ – Штип. Овој успех е значаен и по тоа што Георгиевска го донесе првиот „женски“ медал за Македонија на ова престижно ...
Расчистувањето на морските мини поставени од Иран во Ормускиот Теснец би можело да трае и до шест месеци, според проценка на Пентагон презентирана пред американски конгресмени, што укажува дека економските последици од конфликтот меѓу САД и Иран може да се чувствуваат до крајот на годината или подолго, објави „Вашингтон пост“. Оваа информација, споделена на доверлив брифинг пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, ...
Организацискиот одбор на ИКАС информира дека 57 издание на натпреварот, кое беше планирано да се одржи на 18–19 април 2026 година, се одложува и ќе се одржи во месец септември. Одлуката е донесена поради технички причини, односно тековен ремонт на една од турбините на ХЕЦ Матка, што оневозможува обезбедување доволен и стабилен проток на вода на натпреварувачката патека, што е неопходно за безбедно и регуларно одвивање на натпреварот. ...
Титулата Европска престолнина на културата е една од најсилните европски иницијативи за поврзување на културата, демократијата и урбаниот развој, истакна амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, на денешната конференција „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Тој потсети дека оваа иницијатива постои од ...
Отворањето на рудникот за антимон во кривопаланечкото село Луке е уште еден бизнис-план на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што се реализира преку фирми на донатори на партијата, а под превезот на проект од државен интерес во рамките на стратешкиот дијалог со САД, обвинува опозициската СДСМ во нова т.н. „бомба“ на нивниот антикорупциски тим. – Официјалните податоци од Министерството за енергетика откриваат дека моментален концесионер на локалитетот ...
По спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски, информира денеска Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија. Како што посочуваат оттаму, во постапката биле разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури, а изборот бил направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвивало по ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко деновиве се најде во центарот на вниманието кога почнаа да кружат гласини дека е во врска со 50 години помлада манекенка. Лукашенко, кој е на власт речиси 32 години, го поврзуваат со 22-годишната Алија Короткаја. Короткаја е „кралица на убавината“, а се натпреварувала на натпревари за убавина, вклучувајќи ги Мис Минск, Мис Вива Браслав, Мис Белорусија (двапати) и меѓународниот Мис БРИКС, одржан во ...
Ревитализација на скопското Кале, конзервација на Аквадуктот, реконструкција на Универзалната сала и отворање нови културни простори достапни за граѓаните, се само дел од проектите кои ќе се реализираат во главниот град во пресрет на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. На денешната меѓународна конференција „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, министерот за култура и туризам ...
Портпаролката на Владата, Марија Митева, рече дека е „политички незрел потег и постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните“, откако лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, постави услови за Пржинската влада и дека оваа партија ќе се повлече од работната група за Изборниот законик. Според Митева, институциите мора да бидат демократски, а владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажала во секојдневното работење, заради ...
Службата за Итна медицинска помош во Скопје крахира. Наместо да има 15 екипи во било кое време, колку што е стандардот за покриеност во сооднос со бројот на жители на главниот град, итната помош едвај „крпи“ 5 до 6 тимови во една смена. Возач од службата чиј идентитет е познат на нашата редакција но инсистираше на анонимност поради страв од одмазда, сподели дека до неодамна комбињата не ги примале ниту на авто-сервис. -Влегов со амбулантното ...
Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: сарми во лозов лист. – Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, а трпезата се збогатува со свежи и ароматични состојки. Еден од најомилените сезонски специјалитети е сармата во лозов лист – лесна, ...
Прашањето за безбедноста на железничките пруги во Србија повторно беше отворено кога на 2 април излета воз од шините кај Суботица, на штотуку реконструирана пруга, а потоа на 5 април исто така излета патнички воз на станицата Ловќенац – Мали Иѓош, а ден подоцна воз полн до последно место со патници од Белград за Бар наместо кон Ужице беше пренасочен кон Чачак, пишува српскиот неделник „Радар“. Како што наведува медиумот, покрај експертските ...
Пролетта отсекогаш била симбол за нов почеток. Како што природата ги менува своите бои, така и ние чувствуваме потреба да го „проветриме“ сопствениот простор, да се ослободиме од непотребните нешта и да внесеме нова енергија. Но, во 2026 година, пролетното чистење повеќе не е мачна викенд-обврска од која сите бегаме. Со вистинските сојузници, тоа станува дел од нашиот ритам за грижа за себе и за домот. Со помош на врвната технологија на ...
Македонската машка кадетна репрезентација ја запиша и втората победа на Светското првенство во училиштен ракомет откако денеска убедливо ја совлада Грузија со 46-13. Избраниците на Горан Кузманоски доминираа во текот на целиот натпревар и на крајот славеа заслужена победа. Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме во кое нашиот противник постигна само шест гола, а ние броевме до 23. Нашите ракометари имаа серија од дури ...
Кога францускиот пензионер Доминик Пелико во 2024 година беше осуден бидејќи ја дрогирал својата сопруга Жизел Пелико во несвесна состојба и им овозможил на повеќе од 70 мажи да ја силуваат, од кои многумина биле непознати луѓе регрутирани преку интернет, светот накратко беше згрозен. Веб-страницата „Сосо“, што ја користел за наоѓање соучесници, беше затворена. Јавниот гнев достигна врв, а потоа постепено стивна. Но, како што покажува ...
Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов протест на 28 април од 13 часот, овој пат пред Уставниот суд, кој неодамна поведе постапка за оценување на уставноста на Колективниот договор за култура. „Ако денес молчиме, утре нема да има што да браниме. Излези. Биде гласен“, стои во повикот за протестот на Синдикатот. Синдикатот пред една недела организираше протест и пред ...
Британскиот актер и комичар Расел Бренд призна дека во минатото имал сексуален однос со 16-годишна девојка, кога тој имал 30 години. Во интервју за „Мегин Кели шоу“, Бренд изјави дека, иако во Обединетото Кралство возраста за согласност е 16 години, денес го гледа тој однос како проблематичен. „Бев незрел и поинаков човек. Но кога постои голема нерамнотежа на моќ, особено кога сте позната личност, тоа го сметам за искористување“, рече тој. ...