Првиот понеделник во мај е резервиран за „Мет гала“, позната и како забава на годината, или „Оскари на Источниот брег“, и тој наближува. Еве што треба да знаете за овогодинешната прослава, вклучувајќи го и враќањето на суперѕвезда која последен пат беше видена на тепихот на „Мет гала“ пред десет години, пишува „Њујорк тајмс“. Годинешниот настан не е само уште еден во низата, туку ја слави и следната голема изложба на Институтот за костими и ...

Главниот преговарач на Иран во разговорите со САД, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека не е возможно повторно отворање на Ормускиот Теснец со оглед „на сите прекршувања на прекинот на огнот“, пренесе Би-би-си. Тие „прекршувања“ ја вклучуваат американската поморска блокада на иранските пристаништа – за која тој вели дека претставува држење на глобалната економија како „заложник“ – и „загревање на војната“ од Израел „на сите фронтови“. Навидум ...

Ретка фотографија од Кирил Поп Христов – Кили и Владимир Ендровски – Љац се појави на социјалните мрежи, а на неа актерите се дел од ѕвездена екипа со своите колеги од времето кога дипломирале на ФДУ. Насловната страница на некогаш најпопуларното списание „Екран“, со наслов „Дипломци“, открива дел од генерацијата, меѓу кои се и Тања Кочовска, Валентина Божиновска, Драган Спасов – Дац и Ѓорѓи Јолевски. На фотографијата е и актерот Владимир ...

На големата сцена во МНТ на 22 април премиерно ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, најпознатиот и најизведуваниот жив германски драмски автор, чија комплексност се мери со делата на Бертолт Брехт. Претставата ја потпишува наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат, препознатлива по бескомпромисниот и форензички точен театарски јазик. Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони ...

Затвореник од прилепскиот затвор пријавил во полиција дека бил измамен за сума од околу 14.500 евра – тој му ги дал на човек кој го убедувал дека ќе му издејствува помала казна, но казната останала иста, а несудениот посредник за рушветот исчезнал со парите. За признанието дека дал поткуп, односно дека извршил уште едно кривично дело, затвореникот сега може да добие и продолжен престој зад решетки. „На 21.04.2026 во 12:30 часот во ОВР ...

Лиам Росениор веќе не е тренер на лондонски Челси, потврди денеска англискиот фудбалски клуб на својот официјален сајт. – Ова не е одлука што клубот ја донесе лесно, но неодамнешните резултати и перформанси паднаа под потребните стандарди, а има уште многу да се игра оваа сезона. Сите во ФК Челси му посакуваат на Лиам секој успех во иднина – соопштија лондонските „сини“. Калум Мекфарлан ќе го води тимот како привремен главен тренер до крајот ...

Куќа во Лондон во која на почетокот на 20. век престојувал Владимир Илич Ленин е ставена за изнајмување и тоа по цена од околу 14.500 евра месечно, пишува „Еуроњуз“. Станува збор за објект лоциран во улицата Грејт Перси, каде Ленин живеел за време на својот егзил во 1905 година, период во кој активно учествувал во политички активности. Денес, куќата е целосно реновирана и прилагодена на современото живеење, но сè уште го задржува историскиот ...

Судот во Кишињев денеска го осуди молдавскиот тајкун Владимир Влад Плахотњук на 19 години затвор поради финансиски малверзации, банкарски измами, перење на пари и за злосторничко здружување, пренесе Би-би-си. Обвинителството бараше затворска казна од 25 години за Плахотњук. Тој има право на жалба на денешната пресуда. Против Плахотњук се води и истрага за фалсификување на документи, односно имал 18 лажни документи, што укажува дека користел ...

Во рамки на министерски состанок одржан на маргините на Економски форум во Делфи, беше усвоена „Делфи-декларацијата за европската интеграција на Западен Балкан“, со која се потврдува силната политичка волја за забрзување на процесот на приближување кон Европската унија. Во декларацијата се нагласува решителноста, во духот на Солунската агенда, активно да се унапреди патот кон членство на земјите од регионот и да се постигнат конкретни ...

Во округот Ансбах, во германската сојузна покраина Баварија, една крава избегала при истовар пред кланицата и сè уште се бара, соопшти локалната полиција. Животното било дел од група говеда наменети за колење, а откако избегало, се упатило кон блиската шумска област во градот Сондерное, во општината Флахсландерн, пренесува „Дер Шпигел“. И покрај брзо започнатата потрага во која учествувале полицијата, сопственикот и ловците, кравата досега ...

Во околината на Визбегово се наоѓа еден од најавтентичните и најуникатните објекти во државата, ако не и во регионот, скопскиот Аквадукт за кој се очекува дека ќе подлегне под сериозни активности во однос на негово ревитализирање и реставрација која е и повеќе од потребна, земајќи предвид дека низ годините, ова место има „видено“ само неколку екоакции, неколку прес-конференции со најави за реконструкција и зачувување на ова културно обележје, ...

Во натпреварот против директниот конкурент, кошаркарите на Маџари беа убедливо подобри од Кожув од Гевгелија (114:89). Екипата на Маџари ќе биде четвртиот учесник на доигрувањето за шампионската титула откако денеска го поразија својот директен конкурент за четвртото место на табелата во „МТЕЛ“ Супер лигата. Иако играа добро и во првото полувреме, до победата која значи и пласман на позиција која води во плејофот, кошаркарите на Маџари, ...

Поп-ѕвездата Џастин Бибер им даде на фановите поинаков, поинтимен поглед зад сцената од неговиот настап на фестивалот Коачела, споделувајќи серија фотографии на социјалните мрежи. Меѓу највпечатливите моменти е фотографија од него и сопругата Хејли Бибер, на која парот разменува нежности зад сцената. На кадарот, Бибер ја прегрнува Хејли, додека таа му го држи лицето, во опуштена и романтична атмосфера. Пејачот објави и фотографии од ...

Децата во Британија кои имаат 17 години или помалку, односно родени по 2008 година, а воедно и секој што ќе се роди по таа година во иднина, никогаш нема да можат легално да купуваат цигари, одлучија британските законодавци, пренесува Ројтерс. Законот за тутун и вејпови секоја година ја зголемува законската возраст за купување тутун за една година, почнувајќи од луѓето родени на или по 1 јануари 2009 година, што значи дека засегнатите ...

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски реагира на постапувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) околу наводни неправилности на Филозофскиот факултет. Тој наведува дека инспекцијата констатирала состојба која претходно веќе била утврдена од самата институција. „Просветната инспекција го видела она што претходно го откриле на Факултетот! По серијата дезинформации конечно излезе на виделина што точно се случило на Филозофскиот ...

„Јас не можам да се чукам во гради, видете ме, јас сум Едина Муса, јас сум фитнес-тренер, видете како изгледам после породување“ – вели нашата гостинка во „Мамавизија“, една од најубавите спортистки кај нас, кошаркарката Едина Муса. Таа минатата година стана мајка, заедно со сопругот, исто така познат кошаркар Александар Димитровски – Мачка, го добија синчето Максим. Во „Мамамвизија“ за првпат пред очите на јавноста Муса зборува за нејзината ...

Дениз Ричардс со емотивна објава на Инстаграм се прости од својот поранешен партнер Патрик Мулдун, кој ненадејно почина. Актерот најпознат по улогите во популарните серии од деведесеттите „Days of Our Lives“ и „Melrose Place“, почина во неделата по ненадеен срцев удар во 57-мата година од животот. Дениз Ричардс, која со Мулдун беше во врска речиси пет години кон крајот на деведесеттите, е „неутешна“ поради тажните вести. Актерката се огласи ...

Скопјанката Ирина Нелковска на „Фејсбук“ објави снимка на која се гледа како четири или пет улични кучиња ја бркаат додека вози велосипед наутро на Кејот на Вардар. Таа вели дека кучињата на тоа место им се пуштаат на велосипедистите, како и на луѓето кои возат електрични тротинети или трчаат на кејот. Нелковска вели дека инцидентот се случил утринава околу 7 часот, кога таа одела на работа и се движела со велосипед на патеката под ...

Камео сцена со американската актерка Сидни Свини е отстранета од финалната верзија на продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“, пишува „Ентртејнмент викли“. Откако актерката беше фотографирана кон средината на 2025 година како оди на снимањето на долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада“, во кое глумат Ен Хатавеј, Мерил Стрип, Стенли Тучи и Емили Блант, почнаа да кружат гласини дека ѕвездата ќе се појави во самиот филмски ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема сомнеж оти Брисел повеќе го поддржува ректорот на Универзитетот во Белград, Владaн Ѓокиќ, отколку него. Вучиќ истовремено себеси се нарече „премногу тврдоглав и премногу Србин“, пренесува Н1. „Сите оние кои сакаат помалку независна Србија или повеќе зависна од нивните ставови, повеќе ќе го поддржуваат Ѓокиќ или некој друг отколку мене. Јас сум премногу тврдоглав, премногу ...

Европската комисија (ЕК) ги повика земјите-членки на Европска Унија да бидат подготвени и заедно да работат за да се избегне недостиг на керозин за време на претстојната сезона на летни одмори, соопштија од Комисијата, пренесува Браселс тајм. „Достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на нафта мора да биде на максимум за да се задоволи моменталната побарувачка, особено за гориво за авиони, бидејќи приближно 40 ...

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, на форумот „Делфи“ во Грција рече дека договорот што беше постигнат меѓу ЕУ и Македонија за продолжување на европскиот пат не е компромис, туку „пакет којшто не донесе решение“. Димитров одговараше на забелешката на еден бугарски претставник во публиката, кој рече дека прашањето меѓу двете земји е затворено и дека Македонија сега мора да испорача. „Компромис е решение кое двете земји ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена се сретна со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, а по средбата, на новинарско прашање за тоа кои се следните конкретни чекори за да се отпочнат преговорите со Европската Унија, одговори дека позицијата е јасна и дека иднината на земјава е во рамките на ЕУ, но дека тој и македонските граѓани „имаат чувство дека процесот на преговори се билатеризирал, што за возврат го прави многу тежок“. Тој ...

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ги победија Хјустон рокетс со 101:94 на домашен терен, поведувајќи со 2:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата. Иако ослабени поради отсуството на Лука Дончиќ и Остин Ривс, Лејкерси, предводени од 41-годишниот Леброн Џејмс, успеаја да ги надиграат Рокетс, кои се на петтото место. Џејмс го заврши натпреварот со 28 поени, осум скока и седум асистенции, уште еднаш потврдувајќи ја ...

Италијанската фудбалска репрезентација ќе го пропушти и третото по ред Светско првенство, по неодамнешната елиминација во баражот против Босна и Херцеговина. Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, по ваквиот резултат поднесе оставка од својата позиција шеф на националниот тим во италијанската репрезентација и се обиде да го објасни својот став за неуспехот. Во интервјуто за „Гардијан“ откри кои се причините кои тој ги смета за одговорни за ...

Кристина Арнаудова уште еднаш го покажа своето големо срце и хуманост со новата приказна што ја објави на социјалните мрежи. Хуманитарното здружение „Проект Среќа“, предводено од поп-пејачката, и оваа година ја продолжува својата благородна мисија за децата во социјален ризик. Веќе четврта година по ред, здружението организира бесплатен летен камп во Словенија, наменет за деца кои во изминатиот период немале можност да заминат на летување. ...

Научниците од НАСА соопштија дека роверот Кјуриосити открил најразновиден досега сет на органски молекули на Марс, вклучувајќи соединенија кои никогаш претходно не биле регистрирани на оваа планета, објави НАСА. Откритието се базира на анализа на примерок од карпа собран во 2020 година во областа на планината Шарп, висока околу 5,5 километри, која се наоѓа во центарот на кратерот Гејл. Во примерокот, наречен „Мери Анинг 3“, биле ...

Уметнички слики од холивудската ѕвезда Џони Деп се изложени во две галерии во покраината Хесен, Германија. В петок се отвора изложбата во галеријата „Билдер Фукс“ во Фулда, а еден ден подоцна во галеријата „Арт“ во Висбаден, пишува ДПА. Двете изложби се отворени до 24 мај. Меѓутоа, обожавателите кои се надеваат дека ќе го видат актерот во живо ќе се разочарат – Деп нема лично да дојде во Хесен да ги претстави своите дела. Од Фулда и Висбаден ...

Полицијата во Свети Николе поднесе кривична пријава против 67-годишна жена откако запалила остатоци и суви гранки во атарот на селото Црнилиште и предизвикала пожар кој се прошири на земјоделски површини на повеќе мештани. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.П.(67) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘предизвикување општа опасност’. На 24 ...

Канскиот филмски фестивал има долга историја на користење иконични слики од култни филмови како основа за своите постери, оддавајќи почит кон историјата на киното, објави „Еуроњуз“. Фестивалот го претстави најновот постер за своето 79-то издание, кој оваа година оддава почит на филмот на Ридли Скот, „Телма и Луиз“ (Thelma & Louise). View this post on Instagram A post shared by Festival de Cannes (@festivaldecannes) Фотографијата од ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
68%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
83%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.86
55%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
49%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
53%
1018
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
58%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9892

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46