Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Холивудската актерка Амбер Херд денеска го слави 40-тиот роденден, а нејзиниот живот и кариера последните години повеќепати беа во центарот на вниманието, најмногу поради нејзиниот бурен однос со нејзиниот тогашен сопруг, холиудскиот актер Џони Деп. Херд ја започна кариерата во средината на 2000-тите, појавувајќи се во помали филмски и телевизиски улоги, а популарност ѝ донесоа улогите во „Pineapple Express“ и „The Rum Diary“. Токму на ...
Обединетото Кралство е еден од најважните економски партнери на државата, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а особено важен сегмент се и британските инвестиции како силен сигнал за довербата во македонската економија. Британската бизнис-асоцијација во државава, според неа, прерасна во значајна платформа за продлабочување на македонско-британските економски врски, силен глас на британската бизнис-заедница во земјата, ...
Иранската морнарица соопшти дека запленила два товарни брода во Ормускиот Теснец и ги одвела кон иранскиот брег, по извештаите дека три пловила биле под оган од иранските сили, пренесе „Би-би-си“. Според иранските медиуми, иранската војска отворила оган врз првиот брод „Епаминондас“, откако „ги игнорирал предупредувањата на иранските вооружени сили“. Вториот брод, „Еуфорија“, потоа бил запрен откако „бил под оган“, а таргетиран бил и трет ...
Експлозија блиску до трговскиот центар Кауфленд ги вознемири граѓаните на главниот град на Хрватска, објави „Далмација њуз“. Информацијата за настанот бргу се проширила на социјалните мрежи каде што се појавиле неофицијални тврдења дека човек се разнел со експлозивна направа и дека полицијата го блокирала целиот кварт. Официјалната потврда пристигна дури утрово од полицијата. Како што наведуваат, на 21 април 2026 година, по примена пријава ...
На 17 мај 2026, планината Водно ќе биде центар на енергија, спорт и заедништво со 14-тото издание на најмасовниот спортско-рекреативен настан во земјата Sparkasse Life Прв до врв. Ова е повик до сите: рекреативци, професионалци, семејства, компании, пријатели… да станат дел од овој настан што не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината, на спортот и рекреацијата во пет натпреварувачки категории до врвот ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната седница испрати во МВР пријава што ја добиле, а која се однесува на неправилности при работата на една регионална телевизија. Во пријавата, како што реферираше членката на ДКСК Билјана Каракашова Шулев, пишувало дека регионалната телевизија работи со таканаречен „рекет-систем“. Подносителот навел дека телевизијата ги условувала јавните претпријатија да уплаќаат пари во синдикални ...
Пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повеќе од една недела сам ги откопува гранатите од Првата светска војна кои беа пронајдени при копање на приватна парцела кај битолската касарна, пишува „СДК.мк“. Откриени се преку 1.000 минофрлачки гранати, рачни бомби и други експлозивни средства. Стефанов вели дека има уште голема количина која треба да се откопа, но прво треба да се уништат ископаните, а за целата ...
Денеска македонската машка кадетска репрезентација во својот прв натпревар на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје, во салата „Македонско сонце“ триумфираше над Бугарија убедливо со 33:18. Нашата селекција целосно го скрши отпорот на ривалот во вториот дел, откако по првото полувреме имаше само два гола разлика (11:9). Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Лука Јовиќ со шест погодоци. Следен противник ...
Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април ...
Покрај пратениците, условот за едно државјанство да важи и за сите избрани и именувани функционери, предлагаат од Либерално-демократската партија (ЛДП). „Едно правило да важи за сите. Доста е од дволичности и двојни стандарди. Критериумите и законите треба да важат за сите веднаш и без одлагање. Двојно државјанство не треба да имаат пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии и тоа да важи за сегашните, ама да важи и за идните и ...
Лава колач (чоколадно суфле) е брз и ефикасен десерт со мека кора и течна чоколадна средина. Идеален е кога сакате нешто топло, чоколадно и готово за помалку од 20 минути. Овој брз чоколаден колач е вистински деликатес што ќе ги освои и оние што не се големи љубители на слатко. Оваа чоколадна рапсодија е готова за час и топлиот колач ќе се топи во вашата уста. Состојки: – 150-200 г чоколадо за готвење – 125 г путер или маргарин – 4 јајца – ...
Надгробна плоча која претставува културно наследство била оштетена во дворот на манастирот Карпино во Општина Старо Нагоричане, Како што информираат од здружението кое се грижи за заштита на овој манастирски комплекс, непознатите вандали го осквернавиле споменикот, а штетата не е само материјална, туку и врз духовното и културното наследство. Случајот го потврди и полицијата. „На 20.04.2026 во 18:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека во ...
Полицаец од СВР Тетово е пријавен за кривично дело фалсификување службена исправа, откако изготвил лажен запис за достапност на човек, го злоупотребил потписот на раководителот и документот го предал директно на адвокат, кој подоцна го употребил како доказ во судска постапка пред Основен суд Тетово. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО ГОКК против полицискиот службеник ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им даде кус рок на разединетите ирански фракции да се обединат, да ја разгледаат контрапонудата на Америка за мир и да решат што ќе направат. Инаку, Трамп се закани дека може веднаш да го прекине примирјето кое беше продолжено завчера. Преговарачкиот тим на американскиот претседател смета дека договор за крај на конфликтот и за решавање на нуклеарното прашање на Иран сè уште е достижен, но сериозно го ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посета на Анкара изјави дека воената алијанса „секогаш ќе прави што е потребно за да ја одбрани Турција“, земја членка која минатиот месец беше цел на четири ирански ракети, пренесуваат медиумите. „Иран сее терор и хаос, а тоа силно се чувствува тука во Турција. Во последните недели, НАТО успешно пресретна четири ирански балистички ракети што летаа кон Турција“, потсети Руте. „НАТО е подготвен за ...
Цените на кондомите на глобалниот пазар би можеле да пораснат за 20 до 30 проценти, а потенцијално и повеќе, поради нарушувања во снабдувањето предизвикани од војната на Блискиот Исток, предупреди денес најголемиот светски производител на кондоми „Karex“ од Малезија. Компанијата, која произведува повеќе од пет милијарди кондоми годишно и снабдува познати брендови како „Durex“ и „Trojan“, како и здравствени системи како што е британскиот NHS, ...
Градоначалник „заборавил“ да назначи секретар на општината спротивно на Законот за административни службеници, поради што заработи казна од Управниот инспекторат, произлегува од еден од предметите што беа реферирани на денешната седница на Државната комисија за спречување корупција. Градоначалникот е казнет со глоба од 250 до 500 евра, затоа што според Законот, секретарот на општината мора да биде именуван 60 дена откако градоначалникот ќе ...
Само една девојка, преживеана во кочанската трагедија, сведочеше на денешното рочиште во судницата во Идризово, а останатите сведоци не можеле да се обезбедат ниту со полиција. Студентката од Штип, слично како и претходните преживеани сведоци, кажуваше како се случила трагедијата. Во дискотеката пристигнала околу 1 часот по полноќ заедно со пријатели, а пиротехничките средства биле поставени вечерта откако стигнала. На влезот, како што ...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон не можеа да ги тргнат рацете еден од друг додека уживаа во брановите во Малибу во вторникот. Двојката се шеташе по брегот пред да влезе во океанот за да се разлади за време на сесијата со педлборд, при што двајцата изгледаа многу опуштено во меѓусебното друштво, пренесува „Дејли мејл“. Во еден момент, Хамилтон ја прегрна Кардашијан додека таа му се насмевнуваше, очигледно воодушевена од неговото внимание. ...
Непосредно пред клучните разговори за нов заем за Украина, Киев објави дека нафтоводот „Дружба“, кој пренесува нафта од Русија до Европската Унија, е целосно поправен, пренесува „Киев пост“. Претседателот Володимир Зеленски преку Телеграм потврди дека нафтоводот може повторно да биде ставен во функција, нагласувајќи дека Киев сега го очекува ослободувањето на ветените, но замрзнати средства од ЕУ. Транзитот на нафта кон Словачка и Унгарија ...
Туристичко-угостителската комора на Македонија утринава испратила допис до грчкото Министерство за туризам, во кој побарала македонските туристи за време на летниот период да бидат изземени од биометриската контрола при влез во земјата која е задолжителна по воведувањето на новиот европски ЕЕС (систем за влез/излез). – Денеска стапивме во контакт со грчката министерка за туризам и побаравме македонските туристи да бидат изземени од овој ...
Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон. Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со премиерот Христијан Мицкоски, порачаа денеска од опозицискиот СДСМ. Оттаму се децидни дека не се против инвестиции, туку дека се против рудник што го загрозува здравјето на граѓаните и поради тоа градоначалникот, којшто инаку доаѓа од редовите на СДСМ, мора да распише референдум. ...
Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со ова, се создаваат услови за укинување на т.н. преодна, односно техничка влада. Предложеното законско решение со одложената примена, како што се вели во образложението од ...
По настапот во финалето во домашниот куп, ракометарите на Охрид наскоро ќе го продолжат настапот во ЕХФ Европскиот куп каде ги очекува полуфинален двомеч против екипата на Целје. Првиот натпревар ќе се игра во Словенија на 25 април во салата „Златорог“ со почеток од 18.00 часот. Своите очекувања за првите 60 минути против Целје ги сподели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески: – Ни следи полуфиналето со екипата на Целје. Одлична, експлозивна ...
Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Венсан Компани е високо на листата на Манчестер сити да го замени Пеп Гвардиола на клупата. „Граѓаните“ се надеваат дека ако Белгиецот ја освои тројната круна со Баварците оваа сезона, ќе побара нов предизвик. Сепак, германскиот клуб нема намера да се раздели со својот тренер. Договорот на Компани со Баерн е со важност до летото 2029 година. – Тукушто го обновивме договорот на Венсан, така што тоа ...
Не очајувајте ако облеката ви ја променила бојата при перење – постојат неколку едноставни трикови со кои може успешно да ја вратите во првобитна состојба, пишува „Вечерњи лист“. Доколку некое парче пуштило боја и ги обоило останатите алишта во машината, најпрво треба да откриете кој е „виновникот“ и веднаш да го отстраните од останатата облека. Потоа, обојените парчиња повторно ставете ги на перење. Освен стандардниот детергент, додадете и ...
Германија ќе се обиде да го претвори индустрискиот пад во бум на одбранбената индустрија свртувајќи се од автомобили кон оружје. Имено, по децении, земјата која беше како мотор на европското производство, сега се соочува со најдолгиот период на индустриска стагнација од Втората светска војна, под притисок од конкуренцијата од Кина и слабеењето на побарувачката. Одговорот на Берлин е радикален, Германија планира да ја трансформира својата ...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се во врска околу два месеци, иако во јавноста првпат привлекоа внимание кога беа забележани како се бакнуваат на забавата по настапот на Џастин Бибер на фестивалот Коачела пред повеќе од една недела, пишува „Дејли мејл“. Сепак, според извори, нивниот однос започнал многу порано и не станува збор за нова романса. „Тие се заедно веќе неколку месеци и работите одат добро“, изјавил извор за „Дејли мејл“, додавајќи ...
Побарувачката за кредити во земјава има силна експанзија на крајот од 2025 година, со јасен сигнал дека и граѓаните и компаниите сè повеќе се потпираат на банкарското финансирање. Според Анкетата за кредитна активност на Народна банка на Македонија објавена на почетокот на годинава, која се однесува за последниот квартал лани, драстично се пораснати побарувањата за станбени и потрошувачки кредити. Кај фирмите пак во четвртиот квартал од 2025 ...
Поради високите цени на керозинот и укинувањето на регионалната подружница Ситилајн, германската авиокомпанија „Луфтханза“ значително го редуцира својот летен распоред. До октомври ќе бидат откажани вкупно 20.000 летови на кратки релации, а мерката ќе влијае на голем број европски дестинации. Од компанијата соопштија дека ова ќе резултира со заштеда од околу 40.000 тони керозин, чија цена, според „Луфтханза“,се удвоила од почетокот на ...