Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Во Основниот суд во Штип денеска се изнесоа завршните зборови на судењето против 74-годишниот Денис Асанов, за грозоморното убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Обвинителството бара најстрога казна за Асанов, додека неговата одбрана инсистира на ослободителна пресуда, тврдејќи дека тој е невин. „Врз основа на гореизнесеното, во целост ќе се докаже дека обвинетиот извршил грозоморно убиство на жена, при што на еден монструозен и ...
Две години пред да почине, Гоце Арнаудов откри тажна приказна за Пепи Бафтировски. На 25 април ќе се навршат 18 години од смртта на легендарниот Бафтировски, кој почина по тешка битка со ракот во Чикаго. „Животот може човека да го дигне до небо, но и да го спушти на земја, а токму таков беше животот и на нашиот познат пејач Пепи Бафтировски“, изјави Арнаудов за весникот „Вест“ во 2009 година. Додека престојувал во Чикаго, каде што бил на ...
Иако некои земји веќе се целосно во согласност со системот ЕЕС, Грција ја шокираше туристичката индустрија објавувајќи дека британските посетители ќе бидат ослободени од давање отпечатоци од прсти и биометрија на лицето ова лето, објави „Индипендент“. „Носителите на британски пасоши се исклучени од биометриска регистрација на грчките гранични премини“, објави грчката амбасада во Лондон на социјалните мрежи. Елени Скарвели, директорка на ...
Ѓоковиќ отворено ги поддржа студентите и поради тоа беше жестоко критикуван од претставниците на власта, а поради тоа и мораше да го пресели својот турнир во Грција. За српскиот тенисер сега зборуваше аргентинската новинарка и писателка Маријана Енрикес, која смета дека Новак, доколку сака, може да стане и претседател на Србија. „Може, секако, но да се надеваме дека нема. Факт е дека тој не ги изразува јасно своите политички ставови, но имам ...
Во театорот „Долби“ во Холивуд се одржа премиерата на филмот „Мајкл“ (Michael), остварување кое им носи на обожавателите увид во ликот и делото на легендарниот Мајкл Џексон. Премиерата на долгоочекуваниот биографски филм кој ги опишува деталите за животот на Мајкл Џексон, брзо се претворила во семејно собирање бидејќи бројни членови на семејството Џексон се собрале на црвениот тепих, како што се браќата на Мајкл, Марлон Џексон, Џермејн ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска остро ја критикуваше швајцарската болница за наводен обид да ги наплати трошоците од семејствата на некои од жртвите на катастрофалниот пожар што избувна во бар во алпскиот скијачки центар Кран-Монтана на Нова Година. Во катастрофата загинаа 41 лице, претежно тинејџери, а уште 115 беа повредени. Неколкумина од нив беа од Италија. „Разговарав со нашиот амбасадор. Швајцарските власти нè уверија дека ...
Американскиот пејач Ди фор ви ди (D4vd), чие вистинско име е Дејвид Ентони Бурк, се изјасни за невин по обвиненијата за убиство од прв степен за смртта на тинејџерка која исчезна минатата година. Ѕвездата во подем е обвинета за убиство на 14-годишната Селест Ривас Хернандез, чии распаднати останки беа пронајдени во септември во Тесла регистрирана на неговата адреса во Тексас, пренесува Би-би-си. 21-годишниот Бурк се појави на суд во ...
Според нови анкетни податоци, повеќе од половина од младите возрасни лица во Холандија не сакаат да имаат деца или не се сигурни дали воопшто ги сакаат, пишува „НЛ тајмс“. Овој наод се појавува во време кога стапката на наталитет во земјата продолжува да опаѓа, што предизвикува загриженост за брзо стареење на населението кое би можело дополнително да го оптовари економскиот систем. Студија на „РТЛ Њузпанел ( RTL Nieuwspanel)“ открива дека 53 ...
Екипи на полицијата и на Електродистрибуција откриле кражба на струја вредна 22.000 евра на Попова Шапка, каде деловен комплекс бил вклучен на диво, соопштија надлежните. „Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка. Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски ...
Премиерите и претседателите на парламентот во Словачка кои служеле најмалку два мандата, во моментов уживаат привилегија на доживотна државна издршка во висина на пратеничка плата. Сепак, оваа практика наскоро би можела да стане минато, пишуваат словачките медиуми. Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, најави дека на 4 јули ќе се одржи референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за укинување на доживотната издршка за високите ...
Голема полициска операција во Италија разоткрила широка мрежа на луксузна проституција, во која, според истрагата, биле вмешани и луѓе од фудбалската елита. Акцијата била спроведена под раководство на обвинителката Бруна Албертини, а откриена е организирана група која функционирала како агенција за настани, но зад неа се криела организација која нудела ексклузивни услуги со ескорт-дами за богати клиенти. Според информациите на „Газета дело ...
Познатиот македонски музичар и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк и неговата сопруга, поранешната мис на Македонија Драгана Клопчевска, деновиве имаат најубав повод за славење во нивниот дом. Нивната ќерка Деа го прослави својот седми роденден, а емотивните моменти од семејната атмосфера ги споделија со своите следбеници на социјалните мрежи. Брејк ја сподели објавата на Драгана, на која се гледа нивната наследничка со насмевка пред роденденската ...
Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од фактот што не се најде на најновата листа за прием во Рокенрол куќата на славните. Иако беше номинирана за класата во 2026 година, поп-дивата беше изоставена од финалниот избор, што предизвика лавина реакции меѓу нејзините обожаватели, пренесува „ТМЗ“. При нејзиното последно појавување во Њујорк, Мараја кратко и јасно порача: „Кој се грижи за тоа“. Таа дури додаде дека ...
Тројно убиство се случи во населбата Стар Аеродром во Подгорица, Црна Гора, а полицијата извести дека се пронајдени безживотни тела на тројца мажи. Се верува дека злосторството се случило во текот на ноќта во изнајмен стан, пишува Вјести. Полицијата интензивно трага по В. М. од Рожај, кој е осомничен дека ги извршил убиствата. Меѓу убиените се и браќата Денис (28) и Незрин (27), исто така од Рожај. Осомничениот наводно бил пријател со ...
Вработените во Општина Центар минатиот викенд биле во Крушево каде, како што вели градоначалникот Горан Герасимовски, реализирале продуктивен работен викенд во Крушево, посветен на „Стратешко планирање со индивидуално акциско планирање“. Имавме интерактивни сесии и практични вежби за унапредување на стратешките вештини и дефинирање конкретни и јасни временски рамки, со цел да бидеме поефикасни поорганизирани и поуспешни во работата – тврди ...
Шпанскиот кошаркарски стратег Педро Мартинез е избран за најдобар тренер во Евролига, во гласањето на неговите колеги од елитното натпреварување. Мартинез ја предводеше Валенсија до одлично второ место на табелата со скор 25-13, при што неговиот тим се истакна со офанзивен и атрактивен стил на игра. Валенсија имаше и најдобар напад во лигата со просек од 90,9 поени по натпревар. Во изборот зад него се најдоа Томас Масјуљис од Жалгирис на ...
Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој пат во длабоко личен и визуелно впечатлив момент покрај нејзината ќеркичка, Роки. Фотографијата се појавува на насловната страница на третото издание за 2026 година означувајќи редок, мајка и ќерка момент, на глобалната суперѕвезда. Роки, која е родена на 13 септември 2025 година, се појавува покрај нејзината мајка облечена во пелена и украс за глава од „Диор“ од високата ...
Кинеската компанија „Синохидро“, која го гради автопатот Кичево-Охрид, реагира на изјавата на вицепремиерот Александар Николоски дека Јавното претпријатие за државни патишта ќе добие средства по најповолни услови од пет домашни банки за завршување на изградбата на автопатот по прекинувањето на финансирањето од кинеската „Ексим банка“. Николоски рече дека според првичните пресметки, потребните 175 милиони евра се обезбедени од банките ...
Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,4 степени е пријавен во северна Јапонија, објави Јапонската метеоролошка агенција, додавајќи дека потресите ќе продолжат во текот на целата недела. Земјотресот се случи во 15:02 часот по локално време по серија потреси со магнитуда од 3,5 до 4,5 степени според Рихтеровата скала, објавија светските медиуми. Повеќе граѓани пријавија посилни потреси во североисточна Јапонија, со умерени потреси во Нагасаки, ...
За припадниците на еден хороскопски знак, денешниот ден е совршена прилика за максимално уживање и враќање кон едноставните животни задоволства. Станува збор за Биковите, кои по напорниот период конечно ќе можат да го забават темпото и да се посветат на себеси и на своите најблиски. Познати по својата љубов кон стабилноста и сигурноста, Биковите денес посебно ќе уживаат во уредувањето на домот, дружењето со семејството или едноставно во ...
Калиопи со емотивна објава на социјалните мрежи одбележа три години од важен момент во нејзиниот живот. Станува збор за песната „Знам“, која остави силен впечаток кај публиката и стана симбол на љубовта за многумина. Во својата објава, Калиопи сподели дека токму оваа композиција најпрво ја допрела неа и нејзиниот близок пријател Жељко Самарџиќ, а потоа и пошироката публика. „Три години од ‘Знам’, песната на Ромео Грил што прво нè ...
Пожарникарите-доброволци од хрватското место Марија Магдалена, близу до границата со Хрватска, викендов добиле необичен повик – да ги спасуваат јавачот и неговата кобила, кои пропаднале во длабока дупка во шума. „Кога добивме дојава дека кобила паднала во јама, мислевме дека некој нè зеза. Сопственикот и таа јавале низ шумата кога земјата под неа пропаднала и двајцата паднале во јамата. Сопственикот успеал да исползи, но требало да се ...
Американскиот милијардер Илон Маск, не се појави во понеделник на повикот за сослушување во францускиот суд, во процесот кој се води против неговата платформа „Икс“ и неговиот чет-бот со вештачка интелигенција, Грок, поради наводна злоупотреба на алгоритми и лажно извлекување податоци, соопшти канцеларијата на парискиот обвинител, пренесува „Ројтерс“. „Канцеларијата на обвинителот констатираше отсуство на повиканиот да се појави пред судот“, ...
Во селото Долно Свиларе, Скопско, се случила сообраќајна несреќа, откако возило „фолксваген туран“ со скопска регистрација излетало од патот и удрило во бетонски столб. Во сообраќајката со повреди завршил возачот, но и помладите сопатници. „На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, Скопско, патничко возило ‘фолксваген туран’ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило ...
Според пишувањата на „Атлетик“ интересот за натпреварот меѓу САД и Парагвај, закажан за 12 јуни на стадионот во Лос Анџелес, е значително послаб во споредба со другите мечеви на истата локација. Според интерен документ споделен со организаторите, до 10 април биле продадени 40.934 билети за првиот натпревар на американската репрезентација, додека за дуелот меѓу Иран и Нов Зеланд, кој се игра три дена подоцна, веќе биле продадени над 50.000 ...
Кристина Еплгејт, 54-годишната ѕвезда од „Брак“ и „Мртва за мене“, беше хоспитализирана поради борбата со мултиплекс склероза (МС). Таа сега проговори за првпат по хоспитализацијата. Објави фотографија од својата книга и испрати порака до обожавателите. – Ви благодарам за изливот на љубов и желби за добро здравје. Здравствените проблеми се постојана појава за мене, но јас сум силна девојка и секој ден станувам посилна и подобра. Одвојувам ...
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, вчера отпатува за Брисел, каде што се сретна со европската комесарка за проширување, Марта Кос. Ова е првпат ректорот Ѓокиќ да се сретне со функционер на Европската Унија, пишува Нова.рс. Професорот Зоран Стоиљковиќ оценува дека заминувањето на ректорот Владан Ѓокиќ во Брисел е знак дека во круговите на ЕУ се бара нов лидер, при што Ѓокиќ, делумно благодарение на сопствената вклученост, но ...
Шведските иноватори развија фасцинантен систем кој ја користи неверојатната интелигенција на враните за справување со урбаниот отпад. Станува збор за паметна машина која ги наградува овие птици секогаш кога ќе дадат свој придонес во хигиената на градот. Системот функционира на едноставен, но ефективен принцип, птиците се тренираат да собираат ситен отпад, како што се опушоци од цигари, и да ги фрлаат во специјалниот уред. Како замена за ...
Во Србија, демонстрантите, новинарите и организациите на граѓанското општество се соочија со заплашување, вознемирување и со незаконски надзор од властите кои се обидуваа да го смират широко распространетото незадоволство, се наведува во извештајот на „Амнести интернешнeл“ за состојбата со човековите права во светот, кој беше објавен денеска. Во извештајот на оваа невладина организација се истакнува и дека властите во Србија „го засилиле ...
Претседателот на Реал Сосиедад, Хокин Аперибај, откри необична позадина околу изборот на тренерот Пелегрино Матарaцо. Пред конечната одлука, тој побарал совет и од вештачката интелигенција, односно Четџипити. Матарaцо пристигна во декември, кога тимот беше само два бода над зоната за испаѓање, но од тогаш ситуацијата целосно се промени. Круна на трансформацијата беше освојувањето на Купот на кралот пред неколку дена. Прославата се одржа во ...