Ким Кардашијан и Луис Хамилтон не можеа да ги тргнат рацете еден од друг додека уживаа во брановите во Малибу во вторникот. Двојката се шеташе по брегот пред да влезе во океанот за да се разлади за време на сесијата со педлборд, при што двајцата изгледаа многу опуштено во меѓусебното друштво, пренесува „Дејли мејл“. Во еден момент, Хамилтон ја прегрна Кардашијан додека таа му се насмевнуваше, очигледно воодушевена од неговото внимание. ...

Непосредно пред клучните разговори за нов заем за Украина, Киев објави дека нафтоводот „Дружба“, кој пренесува нафта од Русија до Европската Унија, е целосно поправен, пренесува „Киев пост“. Претседателот Володимир Зеленски преку Телеграм потврди дека нафтоводот може повторно да биде ставен во функција, нагласувајќи дека Киев сега го очекува ослободувањето на ветените, но замрзнати средства од ЕУ. Транзитот на нафта кон Словачка и Унгарија ...

Туристичко-угостителската комора на Македонија утринава испратила допис до грчкото Министерство за туризам, во кој побарала македонските туристи за време на летниот период да бидат изземени од биометриската контрола при влез во земјата која е задолжителна по воведувањето на новиот европски ЕЕС (систем за влез/излез). – Денеска стапивме во контакт со грчката министерка за туризам и побаравме македонските туристи да бидат изземени од овој ...

Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон. Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со премиерот Христијан Мицкоски, порачаа денеска од опозицискиот СДСМ. Оттаму се децидни дека не се против инвестиции, туку дека се против рудник што го загрозува здравјето на граѓаните и поради тоа градоначалникот, којшто инаку доаѓа од редовите на СДСМ, мора да распише референдум. ...

Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со ова, се создаваат услови за укинување на т.н. преодна, односно техничка влада. Предложеното законско решение со одложената примена, како што се вели во образложението од ...

По настапот во финалето во домашниот куп, ракометарите на Охрид наскоро ќе го продолжат настапот во ЕХФ Европскиот куп каде ги очекува полуфинален двомеч против екипата на Целје. Првиот натпревар ќе се игра во Словенија на 25 април во салата „Златорог“ со почеток од 18.00 часот. Своите очекувања за првите 60 минути против Целје ги сподели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески: – Ни следи полуфиналето со екипата на Целје. Одлична, експлозивна ...

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Венсан Компани е високо на листата на Манчестер сити да го замени Пеп Гвардиола на клупата. „Граѓаните“ се надеваат дека ако Белгиецот ја освои тројната круна со Баварците оваа сезона, ќе побара нов предизвик. Сепак, германскиот клуб нема намера да се раздели со својот тренер. Договорот на Компани со Баерн е со важност до летото 2029 година. – Тукушто го обновивме договорот на Венсан, така што тоа ...

Не очајувајте ако облеката ви ја променила бојата при перење – постојат неколку едноставни трикови со кои може успешно да ја вратите во првобитна состојба, пишува „Вечерњи лист“. Доколку некое парче пуштило боја и ги обоило останатите алишта во машината, најпрво треба да откриете кој е „виновникот“ и веднаш да го отстраните од останатата облека. Потоа, обојените парчиња повторно ставете ги на перење. Освен стандардниот детергент, додадете и ...

Германија ќе се обиде да го претвори индустрискиот пад во бум на одбранбената индустрија свртувајќи се од автомобили кон оружје. Имено, по децении, земјата која беше како мотор на европското производство, сега се соочува со најдолгиот период на индустриска стагнација од Втората светска војна, под притисок од конкуренцијата од Кина и слабеењето на побарувачката. Одговорот на Берлин е радикален, Германија планира да ја трансформира својата ...

Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се во врска околу два месеци, иако во јавноста првпат привлекоа внимание кога беа забележани како се бакнуваат на забавата по настапот на Џастин Бибер на фестивалот Коачела пред повеќе од една недела, пишува „Дејли мејл“. Сепак, според извори, нивниот однос започнал многу порано и не станува збор за нова романса. „Тие се заедно веќе неколку месеци и работите одат добро“, изјавил извор за „Дејли мејл“, додавајќи ...

Побарувачката за кредити во земјава има силна експанзија на крајот од 2025 година, со јасен сигнал дека и граѓаните и компаниите сè повеќе се потпираат на банкарското финансирање. Според Анкетата за кредитна активност на Народна банка на Македонија објавена на почетокот на годинава, која се однесува за последниот квартал лани, драстично се пораснати побарувањата за станбени и потрошувачки кредити. Кај фирмите пак во четвртиот квартал од 2025 ...

Поради високите цени на керозинот и укинувањето на регионалната подружница Ситилајн, германската авиокомпанија „Луфтханза“ значително го редуцира својот летен распоред. До октомври ќе бидат откажани вкупно 20.000 летови на кратки релации, а мерката ќе влијае на голем број европски дестинации. Од компанијата соопштија дека ова ќе резултира со заштеда од околу 40.000 тони керозин, чија цена, според „Луфтханза“,се удвоила од почетокот на ...

Алан Осмонд, најстариот член на познатиот семеен бенд „Осмондс“ и тивкиот лидер кој стоеше зад нивниот глобален успех, почина на 77-годишна возраст, пренесува „Гардијан“. Како што соопшти неговото семејство, тој починал во својот дом во Лехи, во државата Јута, опкружен од сопругата Сузан и нивните осум синови. На неговата смрт ѝ претходел еднонеделен престој на интензивна нега, по што бил вратен дома под палијативна грижа. Иако официјалната ...

Балетскиот уметник и доајен на македонскиот балет, Антон (Тони) Баталаков е добитник на Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2026 година. Бордот на интернационалниот фестивал „Танц фест 2026“, за 22-то издание, донесе одлука Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност да ја додели постхумно на балетскиот уметник и доајен на македонскиот балет Антон (Тони) Баталаков. – Воедно, со ...

Украина побара од Турција да биде домаќин на средба меѓу претседателот Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Ова го соопшти украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха пренесува Џерусалим пост. „Ги прашавме Турците за тоа, прашавме и во некои други престолнини“, рече министерот за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој додаде дека Украина е подготвена да разгледа која било локација за средбата со Путин, освен ...

Поради изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Центар во Скопје, информира ЕВН. Прекинот е најавен за дел од улицата „Наум Наумовски Борче“, како и за улицата „Ленинова“ на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Илинден“. Според најавата, прекинот ќе трае од 7 до 9 часот наутро. Од 9 часот, пак, луѓето кои живеат на улицата „Црвена Вода“ (во близина на ...

Државното првенство за деца за У12 и У14 во кати и кумите се одржа на 19 април во спортската сала Шабан Трстена во Чаир – Скопје каде учествуваа 426 натпреварувачи од 57 клубови од Македонија. Карате клубот Заншин До – Битола настапи во девет категории и се закити со два сребрени медали и пласман за Балканското првенство кое ќе се одржи од 29 до 31 мај 2026 година во Истанбул, Турција. Со сребрен медал се закитија Николај Петковски во кумите ...

Светското училишно првенство во ракомет под покровителство на Интернационалната училишна федерација, чиј домаќин оваа година е нашиот главен град Скопје вечерва го имаше свеченото отворање на „Плоштадот Македонија“. Првенството со натпреварите почнува од утре и ќе трае до 29 април. На првенството ќе присуствуваа дваесет делегации од целиот свет кој во земјава пристигнаа во претходните два дена. Македонија ќе ја претстават две кадетски ...

Култниот рок-состав „Ван Гог“ денеска, на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја, ја претстави својата нова песна и видеоспот под наслов „Za planetu S.O.S.“ ( За планетата С.О.С.). Станува збор за третиот сингл од нивниот претстоен, единаесетти по ред студиски албум. – Песната е осмислена како своевиден музички триптих. Првата верзија на песната се појави во 2024 година, на изданието на детскиот хор „Колибри“. Пред вас е втората по ред ...

Австриската владина коалиција влегува во клучна фаза од подготовката на двојниот буџет за 2027 и 2028 година, соочена со сериозен финансиски јаз и растечки политички притисоци. Во наредните недели, партиите треба да најдат меѓу две и четири милијарди евра, преку комбинација од кратења и нови приходи, додека истовремено се обидуваат да наметнат сопствени приоритети. Во позадина на овие разговори стои амбициозен план за реформа на системот на ...

Една од најубавите спортистки кај нас, кошаркарката Едина Муса, минатата година стана мајка. Таа заедно со сопругот, исто така познат кошаркар Александар Димитровски – Мачка, го добија синчето Максим. Во „Мамавизија“ за првпат пред очите на јавноста Муса зборува за нејзината бременост, предизвиците со кои се сооочила и раскажува колку ѝ се променил животот откако станала мајка. – Јас по природа сум човек од рутина, откако знам за себе ...

Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...

Максималната маржа за неорганските ѓубрива се ограничува до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За останатите видови ѓубрива и сродни производи, маржите се ограничуваат до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало. Ова се пакет-мерките на Владата со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона. Овие одлуки се ...

Едно лице е убиено, а две други се ранети во израелски напад со беспилотно летало на периферијата на Ал-Џбур во источната либанска долина Бека, објави либанската државна новинска агенција. Информацијата за нападот засега не ја потврди израелската војска, но кратко соопшти дека не е запознаена со акцијата во долината Бека во Либан, пренесува Тајмс оф Израел. Инцидентот се случил и покрај прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах. Агенцијата ...

Фудбалерите на Реал Мадрид по двата натпревари без победа во Ла Лига вечерва рутински го совладаа Алавес на свој терен со 2-1. Избраниците на Арбелоа беа подобар противник и не дозволија никакво изненадување. Резултатот го отвори Мбапе по 30 минути игра и тоа беше единствениот гол во првите 45 минути. 🚨Mbappe takes the lead for RMA ! 🇪🇸 Real Madrid 1-0 Espanyolpic.twitter.com/nTugxQCro0 https://t.co/5dsW0FaEI5 — Goals Xtra (@GoalsXtra) ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им постави краток рок на разединетите фракции во Иран да се обединат околу прифатливата контрапонуда за мир, во спротивно прекинот на огнот кој беше продолжен синоќа, од негова страна може да биде веднаш прекинат, пренесува порталот „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални извори. Според тројца американски функционери, администрацијата во Вашингтон е сè понетрпелива поради застојот во ...

Игор Стефановски Иџе викендов од Австрија ја стартува новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), најпрестижното натпреварување во оваа дисциплина. Стартот е на легендарната патека Рекберг, каде македонскиот ас влегува со дополнителен мотив, одбележува 25 години тркачка кариера. Трикратниот европски шампион продолжува да испишува историја, овојпат поради јубилејот, со нова енергија, брзина и амбиција. „Летечкиот ...

Археолозите направија исклучително ретко откритие во древниот египетски град Оксиринх – фрагменти од „Илијада“ биле пронајдени внатре во мумија од римскиот период, стара околу 1.600 години. Станува збор за прв познат случај грчки книжевен текст да биде дел од самиот процес на мумификација. Истражувачите од Универзитетот во Барселона наведуваат дека папирусот бил откриен во пределот на абдоменот на мумијата, закопана во гробница од доцниот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, пообилен во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа, долж Повардарието, повремено засилен ветар од северен правец. Минималните утрински температури ќе изнесуваат од 4 до 6 степени, а дневните максимални температури ќе се движат од 9 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Времето ...

Британското кралско семејство се собра во ретко заедничко издание по повод 100-тиот роденден на кралицата Елизабета Втора, а фотографијата веднаш привлече големо внимание кај јавноста. Во преден план се најважните членови на монархијата, но и неколку впечатливи отсуства. На приемот во Бакингемската палата беше направен редок групен портрет кој ги собра водечките членови на британското кралско семејство. Поводот е годишнина што симболично ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
50%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
78%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
41%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.13
60%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
3.09
51%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
6.17
38%
1017
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
49%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
39%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
5.66
60%
1013
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
37%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Калај

52.70

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Цинк

0.00