Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Претседателката на Српскиот парламент и поранешна премиерка, Ана Брнабиќ, во расправа со опозицискиот пратеник Милош Парандиловиќ од Движењето за обнова на Кралството Србија, изнесе забелешка со која отиде и под своето ниво. Таа на денешната бурна седница, реагирајќи на жестоките реплики од место на Парандиловиќ, реши да го замолкне на прилично приземен начин, одејќи понатаму од импликација и директно наведувајќи „и јас и Вие сме геј“, во ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Ѕвездата на Сан Антонио, Виктор Вембањама, ја освои наградата за најдобар дефанзивец во НБА лигата, при што постави и два импресивни рекорди. Со само 22 години, 3 месеци и 17 дена, Вембањама стана најмладиот добитник на ова признание во историјата на НБА. Претходно, најмладите лауреати имаа по 23 години, Двајт Хауард, Џерен Џексон Џуниор и Алвин Робертсон. Сепак, уште повпечатлив е фактот што популарниот Вемби стана првиот кошаркар во ...
Таткото на покојната пејачка Ејми Вајнхаус, Мич Вајнхаус, го загуби судскиот спор пред Високиот суд во Лондон, откако оспори продажба на лични предмети на неговата ќерка на аукции во САД, пишува Би-би-си. Тој поднесе тужба против нејзините поранешни блиски соработнички и пријателки, Наоми Пари и Кетриона Гурлеј, обвинувајќи ги дека профитирале од продажбата на нејзини работи. Според неговите адвокати, двете жени „намерно ги прикриле“ ...
Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите, објави порталот МКД.мк. Според сознанијата на порталот, се работело за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција ...
Во следните пет години, пазарот на трудот поминува низ забрзана трансформација под влијание на вештачката интелигенција, дигитализацијата, но и глобалниот фокус на здравството и зелената економија. Експертите истакнуваат дека професиите што комбинираат технологија, податоци и специјализирано знаење ќе се развиваат најбрзо. Највисок раст се очекува во технолошкиот сектор. Работните места поврзани со вештачката интелигенција, машинското учење ...
Иран погуби маж обвинет за водење мрежа поврзана со израелското разузнавање и за учество во палење џамија за време на протестите во јануари, објави иранската новинска агенција Мизан, пренесува Ројтерс. Според Мизан, погубениот е идентификуван како Амирали Мирџафари, кој бил осуден за палење на џамијата Ќолхак во Техеран и за вклучување во антидржавните активности. Врховниот суд на Иран ја потврдил смртната казна, која била извршена рано ...
Денешниот ден означува голем јубилеј за македонската култура, точно 80 години од првата премиера што го трасираше патот на Драмски театар – Скопје, една од највлијателните театарски куќи во државата. Приказната започнува на 21 април 1946 година на сцената на тогашниот МНТ, со изведбата на куклената претстава „Силјан Штркот“. Оваа адаптација на познатата народна приказна од Марко Цепенков, подготвена од Петре Прличко, се смета за историскиот ...
Светската jавност со нетрпение го очекува утрешниот ден, поточно 22 април, кога во Исламабад треба да започне втората рунда мировни разговори меѓу САД од една страна и Иран од друга. Иако Техеран изразуваше силен скептицизам за средбата пред само два дена, велејќи дека разговорите „немаат јасна перспектива“ за конструктивен дијалог, сепак најновите сигнали сугерираат дека дипломатијата може да добие уште една шанса во последните секунди пред ...
Вооружен маж, кој стоеше на врвот на една од пирамидите во Теотиуакан, вчера отвори оган врз туристи, при што загина еден Канаѓанец, а најмалку 13 луѓе се повредени, објави „Индепендент“. Напаѓачот беше идентификуван како 27-годишниот Хулио Сезар Јасо од Мексико, изјави државен функционер под услов да остане анонимен. Јасо беше единствениот напаѓач во нападот, потврди владата на сојузната држава Мексико. Подоцна починал од самонанесена ...
Тенисот повторно доминираше на престижните награди „Лауреус“, а Арина Сабаленка и Карлос Алкараз беа главни ѕвезди на вечерта. Белорусинката и Шпанецот ги освоија најпрестижните индивидуални награди, потврдувајќи ја континуираната доминација на тенисот на церемонијата на доделување на наградите „Лауреус“. Нивните имиња сега стојат покрај легенди како Серена Вилијамс, Рожер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Алкараз ја доби наградата по ...
Кралот Чарлс III објави лично видео-обраќање во кое се присети на животот исполнет со јавна служба на својата „драга мајка“ (darling Mama), покојната Елизабета II, по повод стогодишнината од нејзиното раѓање, пишува „Би-би-си“. Во пораката, снимена во Балморал претходно овој месец, кралот посочи дека неговата мајка веројатно не би била задоволна од состојбата во денешниот свет. Тој нагласи дека многу од она што се случува денес, без разлика ...
Менталното здравје сѐ повеќе станува клучен дел од спортот, особено кај младите спортисти. Иако долго време во фокусот биле физичката подготвеност и резултатите, денес се покажува дека психолошката стабилност е подеднакво важна за успехот на теренот. За ова утрово зборувавме со д-р Камелија Симеонова, лиценциран специјалист по детска и адолесцентна психијатрија од приватната болница „Аџибадем Систина“ која активно работи на психолошка ...
Кафето е дел од секојдневната рутина на многу луѓе. Ви дава наплив на енергија што ви е потребен за да го започнете денот, а има и потенцијални здравствени придобивки. Една можен недостиг на утринското кафе е тоа што не се согласува добро со одредени лекови, особено ако ги земате порано во текот на денот, пишува „Да се јаде добро“ (Eating well). Постојат неколку начини на кои кафето може да влијае на некои лекови. „Кафето може да го промени ...
Две жени завршиле во болница откако изеле расипани велигденски јајца. Жените, на возраст од 62 и 56 години, побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се ...
Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ објави фотографии, кои велат дека покажуваат исечени стебла и вегетација кај изворите на Црн Дрим во Свети Наум, зона на строга заштита во рамките на Националниот парк „Галичица“. Како што нагласија, фотографиите се од вчера. „Реагиравме до Државниот инспекторат за животната средина, Министерство за животна средина и просторно планирање, општинските инспектори и до Националниот Парк ‘Галичица’, со барање ...
Поранешниот струшки градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ им се налути на сопартијците дека имаат двојни стандарди и не застанале во негова одбрана за кривичните пријави, како што сега партијата ги брани пратеникот Блерим Беџети и поранешниот градоначалник Фатмир Дехари. Тој преку објава на Фејсбук вели дека внимателно ги следел реакциите на ДУИ за кривичните пријави за Беџети и Дехари за кои партијата е загрижена поради политичкиот притисок, ...
Електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk се привремено недостапни, информираат денеска од Министерството за дигитална трансформација. Причините за ваквата состојба, како што додаваат, се технички, односно, се изведуваат тековни активности за надградба на опремата. „Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и ...
И покрај убедливото водство од 19 поени, Денвер доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Минесота во првата рунда од НБА плејофот. Гостите триумфираа со 119-114, со што успеаја да ја одземат предноста на домашен терен во серијата. Нагетс имаа контрола во втората четвртина, кога поведоа со 44-25, но таа предност брзо се стопи, Минесота до средината на периодот не само што ја анулираше разликата, туку и накратко поведе со 49-48. Во ...
Во услови на глобална економска неизвесност, златото повторно се позиционира како едно од најбараните средства за инвестирање. Денешното тргување со овој благороден метал се одвива динамично, под силно влијание на инфлацијата, каматните стапки и геополитичките тензии. Грам злато денес се продава за 130 евра, а унца (31,1 грам) чини 4.066 евра. Цената на златото на светските берзи бележи умерени флуктуации, но генералниот тренд останува ...
Дури и на најбаналните тврдења на Доналд Трамп за војната со Иран не може да им се верува, оценува „Си-ен-ен“. Американскиот претседател вчера изјави за „Њујорк пост“ дека потпретседателот Џеј Ди Венс веќе е на пат кон Пакистан на преговори со Иран, што излезе дека е невистина, анализираат американските медиуми. „Тие заминуваат веднаш. Ќе бидат таму уште вечерва по време во Исламабад“, ја цитираше „Пост“ изјавата на Трамп. Сепак, тоа како и ...
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 21 април, без струја ќе останат неколку локации во Скопје и околината. Повеќечасовните прекини се најавени во селото Морани и викенд-населбата Морани, во делови од Момин Поток, како и на дел од улицата „Иван Аговски“ во Општина Карпош. Во Морани и викенд-населбата Морани прекинот е планиран од 08:00 до 15:30 часот. Во Момин Поток, на улиците „1506“ и „1550“, како и кај ...
По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, која остави претпознатлив белег со медиумската работа, особено во областа на политиката и правосудството. Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работеше две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следуваше долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работеше како ...
Најдобриот кошаркар на планетата, Никола Јокиќ, повторно е во трка за наградата за МВП, која се доделува на највредниот играч во лигашкиот дел од НБА лигата. Најсилната кошаркарска лига во светот одреди кои тројца кошаркари се во трка за наградата, а имаше место и за Србинот кој веќе три пати ја освои оваа престижна награда. Најтесниот круг кандидати за наградата за МВП го сочинуваат Шеј Гилџес-Александер, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама, ...
„Ворнер Брос“ го објави првиот трејлер за филмот „Практична магија 2“, продолжението на култниот филм од 1998 година со Никол Кидман и Сандра Булок, кој пристигнува во кината на 11 септември. Трејлерот беше споделен откако премиерно беше прикажан минатата недела пред присутните на „Синемакон“, годишната конвенција на сопственици на кино сали во Лас Вегас. Режисерка на продолжението е Сузан Бир. Студиото ја опишува приказната како враќање во ...
Возач на теренско возило попладнево прегазил жена на улицата „Васил Ѓоргов“, кај трговскиот центар „Зебра“ во скопската населба Капиштец, објави „Макфакс“. Бргу по несреќата, на местото пристигнала Итната помош, а жената итно е пренесена во болница. Сведок на несреќата вели дека повредената жена успеала сама да стане по ударот. На местото бил и возачот на џипот, кој разговарал со полицијата додека се вршел увидот, пишува „Макфакс“. Засега ...
Министерството за надворешни работи на Иран го осуди запленувањето на иранскиот трговски брод „Туска“ од страна на американските сили во понеделникот, нарекувајќи го „нелегален и варварски“ чин. Техеран го пријави инцидентот кај генералниот секретар на ОН и кај Меѓународната поморска организација, велејќи дека тоа го крши меѓународното право и договорот за прекин на огнот, објави Ал Џезира. Техеран бара итно ослободување Во соопштението ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој локално ќе биде пообилен, информира УХМР. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветар. Ќе дува умерен, повремено засилен ветар од северозападен правец. Утринските минимални температури изнесуваат од 3 до 9 степени, а дневните максимални температури ќе се движат од 12 до 21 степен. Во Скопје времето ќе биде ...
Популарниот колач чискејк овој пат со освежувачки кремаст вкус што многу едноставно ќе го подготвите, а ќе му се допадне на целото ваше семејство. Состојки: За кората: – 250 г мелени бисквити – 125 г маргарин (омекнат) – 100 мл газиран сок од портокал Состојки за кремот: – 300 г крем-сирење – 2 големи лимони (сокот и кората) – 60 г маргарин или путер – 150 г шеќер – 3 јајца – 200 мл слатка павлака За преливот: – 100 г бело чоколадо – 4 ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес потпиша меморандум со кој, повикувајќи се на Законот за одбранбено производство на САД, наредува проширување на домашното производство на нафта, рафинирање и логистички капацитет за да се спречи недостиг на клучни индустриски ресурси што би можеле сериозно да ја загрозат националната одбрана, објави Белата куќа. Во документот се наведува дека на 20 јануари 2025 година, ...