Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Од 12 до 18 јануари, во Македонија се пријавени 2.062 случаи на грип и заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 11,2 проценти во споредба со претходната недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во споредба со третата недела од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 46 проценти, додека во однос на типичната епидемиска крива моделирана од последните 15 сезони е забележано намалување од 6,9 ...
Пратеничката група на СДСМ е компактна, тврди лидерот на партијата и пратеник Венко Филипче, по најавата на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов дека половина од пратеничката група ќе ја напушти партијата. И повеќето пратеници со кои контактираше „Слободен печат“ негираат дека ќе заминат од СДСМ и дека воопшто некој во пратеничката група разговарал за таков потег. За обвинувањата на Шилегов и на поранешниот функционер на СДСМ Јован ...
Јувентус вчера на свој терен славеше победа од 2-0 против Бенфика во рамки на седмото коло од Лигата на шампионите. „Старата дама“ до триумфот ја предводеа Кефрен Турам, кој стрелаше во 55. минута и Вестон МекКени, кој ја потврди победата девет минути подоцна. Освен головите, натпреварот понуди и една необична сцена која брзо стана тема на разговор. Во центарот на вниманието се најде Спалети, кој во еден момент реагираше бурно и му удри ...
Зошто мачките често делуваат како да не реагираат кога ги викате, а во истиот момент експресно се појавуваат штом ќе го слушнат звукот на отворање конзерва со храна, е прашање што се повторува во речиси секој дом со мачка. Ова однесување не е ниту случајно ниту „безобразно“, туку има јасни објаснувања поврзани со начинот на кој мачките ги перципираат звуците, носат одлуки и учат преку искуство, пишува „Љубимци“. Мачките имаат одличен слух и ...
Сеопфатно регионално истражување на состојбата на балканските реки укажува на забрзано и на сериозно нарушување на највредните и сè уште недопрени водни текови во Европа. Анализата покажува дека уделот на диви реки се намалил од 30 отсто во 2012 година на 23 отсто во 2025 година, што значи губење на околу 2.450 километри речни текови, објави „Еуронатур“. Најинтензивна деградација е забележана во Албанија, главно како резултат на експанзијата ...
Британскиот принц Хари, се соочи со обвинение дека имал лажен профил на Фејсбук на кој се претставувал како „Господин Пакосник“ (Mr Mischief), пренесуваат британските медиуми. За време на испрашувањето во судот, војводата се соочил со тврдењата на адвокатот Антони Вајт KC, претставник на „Associated Newspapers Limited (ANL)“ – компанија која, меѓу другите изданија, е сопственик на неделникот „Mail on Sunday“. Адвокатот тврдел дека Хари ...
Минатата година Германија стана најголем светски купувач на кафе од Бразил, престигнувајќи ги Соединетите Американски Држави, кои паднаа на второто место по воведувањето на високите увозни царини. Само минатата година, Германија увезе 5,4 милиони вреќи бразилско кафе од 60 килограми, што претставува 13,5 проценти од вкупниот извоз на Бразил, објави Бразилското здружение на извозници на кафе (Cecafé). Соединетите Американски Држави, ...
Во тек се преговори за обезбедување „целосен пристап“ до Гренланд за Соединетите Американски Држави, според изјавите на Доналд Трамп, кој нагласи дека американското присуство во регионот е неопходно од причини поврзани со националната безбедност. Зборувајќи за „Фокс бизнис“ денеска, тој рече дека „сè оди преку Гренланд“ во случај на закана, тврдејќи дека геостратешката важност на регионот е непроценлива. „Ако лошите момци почнат да пукаат, ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер без поголеми проблеми обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен, откако во второто коло убедливо го совлада домашниот претставник Џејмс Дакворт со 3-0 во сетови (6-1, 6-4, 6-2). Двократниот шампион во Мелбурн ја заврши работата за само еден час и 49 минути, при што на противникот му дозволи да освои само седум гема. Синер целосно ја контролираше играта и уште еднаш покажа зошто важи за еден од ...
Избледена контура на човечка рака во пештера на индонезискиот остров Муна претставува она што истражувачите го нарекуваат најстар пример на карпеста уметност во светот, создаден пред најмалку 67.800 години, пренесува „Ројтерс“. Црвенкастата слика со шаблон избледена е со текот на времето и едвај е видлива на ѕидот на пештерата, но сепак отелотворува рано достигнување на човечката креативност додека нашиот вид се ширел низ целиот свет откако ...
Фудбалерите на Црвена звезда вечерва гостуваат кај Малме во рамки на седмото коло од Лигата на Европа, но пред натпреварот вниманието го привлече инцидент на улиците на шведскиот град. Навивачите на „црвено-белите“, синоќа учествувале во физички судир на улиците на Малме. Според изјавата на шефот на полицијата во Малме, Томас Розенберг, седум навивачи на Црвена звезда се приведени по инцидентот и ќе бидат депортирани назад во Србија. ...
Витаминот Д е неопходен за правилен раст на коските и забите, како и за добрата функција на мускулите и нервниот систем. Имунолошкиот систем има потреба од витамин Д за да се бори против бактериите и вирусите. Заедно со калциумот, витаминот Д исто така помага да се заштитат постарите лица од остеопороза. Витаминот Д се наоѓа во клетките ширум телото и е важен за нивното правилно функционирање. Ако земањето витамин Д е дел од вашиот ...
Општина Гази со средства од општинскиот Буџет за 2026 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, ќе поддржува креативни, иновативни и одржливи проекти кои треба да придонесат кон унапредување на квалитетот на животот на граѓаните. Средствата се наменети за проекти од јавен интерес во повеќе приоритетни области, меѓу кои: граѓанско општество и демократизација, човекови права и еднакви можности, ...
Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: солен карамел чискејк. – Комбинацијата од кремаст чискејк, крцкава бисквитна подлога и богат солен карамел создава десерт што освојува уште со првиот залак. Овој солен карамел чискејк е совршен баланс ...
Во тешка сообраќајна несреќа во Кочани повредени се петмина тинејџери, на возраст од 16 и 14 години, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, во несреќата која се случила синоќа кај местото „Двојни кривини“, тешко е повредено 16-годишно девојче. „На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со ...
Виното без алкохол, познато како безалкохолно вино, станува сè попопуларно, особено кај младите, и се прави со користење на технологијата на отстранување на алкохол (деалкохолизација) од обичното вино, а ги задржува неговите ароми. Сè уште е слабо достапно на Балкан, но на некои пазари во Европа побарувачката толку многу порасна што Брисел има намера да ги декларира овие вина попрецизно бидејќи веќе постојат неколку категории на популарниот ...
Зетот на Трамп, Џеред Кушнер во Давос по церемонијата на потпишување на членовите на Одборот за мир, го презентираше амбициозниот план за обнова на Газа, почнувајќи од јужниот регион и барајќи инвестиции проценети на најмалку 25 милијарди долари, пишува Индипендент. Планот се протега во четири фази и започнува во Рафах, поминува низ Кан Јунис и завршува во градот Газа и се предвидува развој заснован на безбедност, демилитаризација преку ...
Словенечкиот модел, според кој е изработен нацрт-законот за заштита од пушење, не е применлив во македонските услови, реагира Групацијата за производство на цигари при Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Македонија. Од Групацијата наведуваат дека предложеното законско решение создава правна неусогласеност со постојната регулатива, особено со Законот за тутун, тутунски и сродни ...
Застаре едно од кривичните дела во „долгометражниот“ случај „Талир 1“ во кој е обвинета владејачката ВМРО-ДПМНЕ и поранешни функционери на партијата, но обвинителката Ленче Рисотска која го води случајот, а веќе го пријави премиерот Христијан Мицкоски дека и врши притисок со навреди зашто го држи замрзнат имотот на партијата, е децидна дека за другото кривично дело „перење пари“ застарува во 2035 година. Денешното рочиште се одложи бидејќи ...
Руската тенисерка Мира Андреева привлече големо внимание на Австралија опен, не само поради убедливата победа над Гркинката Марија Сакари (6-0, 6-4) во второто коло, туку и поради еден контроверзен момент кон трибините. По последниот поен, 18-годишната Андреева аплаудираше и замавна кон публиката, а снимката од тој момент брзо стана вирална на социјалните мрежи. Дел од фановите се уберени дека таа изјавила „thank you all“ (фала ви на сите), ...
Англискиот пејач и тапанар Фил Колинс во поткастот „Ерас“ на „Би-би-си“ отворено зборуваше за својата здравствена состојба и откри дека поради сериозни компликации има потреба од постојана, 24-часовна медицинска грижа, пренесува „Њујорк пост“. Фронтменот и тапанар на групата „Џенезис“ раскажа дека сè уште се соочува со последиците од повредата на ’рбетот од 2007 година, која довела до оштетување на пршлените во горниот дел од вратот и до ...
Страшни сцени го снајдоа во средата Филозофскиот факултет во Нови Сад, а социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки снимки од насилството што било применето врз студентите, објави „Нова“. Студентите најавија блокада на установата сѐ додека професорката Јелена Клеут, која добила отказ, не се врати на работа, а деканот на Факултетот, Миливој Алановиќ, ги повика полицијата и припадниците на Интервентната единица кои употребија сила. ...
Тешко дека драмата околу семејството Бекам наскоро ќе стивне, бидејќи речиси секој час се појавуваат нови изјави, коментари и видеа поврзани со, како што се опишува, разорниот случај што ја тресе една од најпознатите семејни династии. Ако досега не ја следевте оваа сага, најстариот син на Викторија Бекам и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, пред неколку дена го „урна интернетот“ објавувајќи шест страници текст со тешки обвинувања на сметка на ...
На автобуска постојка во скопски Аеродром, 16-годишно дете вчера било физички нападнато од маж, кој насилно го пикнал во гепекот и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. – Вчера (21.01.2026) во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал ...
Најголемата енергетска компанија во Јапонија ќе пушти во употреба нуклеарна централа за прв пат по катастрофата во Фукушима во 2011 година, што означува пресвртница во глобалното враќање кон нуклеарната енергија. Токио Електрик Пауер Ко. објави на својата веб-страница дека ќе го стартува реакторот број 6 во нуклеарната централа Кашивазаки-Карива во префектурата Ниигата. Тепко, како што е позната компанијата, претходно планираше да продолжи ...
Две лица се полесно повредени кога воз се судрил со кран во областа Алумбрес во Картахена, Шпанија, пренесува Ројтерс. Несреќата се случила на 6,6-тиот километар, помеѓу Алумбрес и населбата Ла Есперанта, и, според првичните информации, немало излетување од шините. Choque de tren linea FEVE Cartagena Los Nietos con heridos 📹RRSS pic.twitter.com/OC2ZHJwMRs — Noticias Cartagena (@cartagena_hoy) January 22, 2026 Пожарникарите и спасувачите се ...
Со натпреварите од групата „И“ денеска почнува втората фаза на Европското првенство во ракомет, која ќе се игра во данскиот Хернинг и шведскиот Малме. Програмата во Хернинг започнува во 15:30 часот со дуелот меѓу Германија и Португалија, од 18:00 следува пресметката Шпанија – Норвешка, а вечерта ќе ја заокружи вистински спектакл, дербито меѓу домаќинот Данска и актуелниот европски шампион Франција, кои важат за главни фаворити за титулата. ...
Тешка сообраќајна несреќа во која е повредена 19-годишна девојка се случила синоќа на една од сообраќајниците во главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 21 јануари 2026 година, околу 20 часот, на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (25) од Скопје, удрило во пешачката А.И. (19) од селото Арачиново. Во несреќата, ...
Милијардерот и ко-основач на Microsoft, Бил Гејтс, извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон, извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг и Елон Маск во последните години го дадоа истото предвидување: работната недела наскоро ќе се скрати. Автоматизацијата, тврдат тие, ќе ги преземе рутинските задачи, ќе го ослободи времето на вработените и ќе ја турне четиридневната работна недела кон тоа да стане стандард. Гејтс дури ја предложи и идејата ...
Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, информираат од градскиот Црвен крст. Годинава, акцијата ќе се одржи в недела, на 25 јануари 2026 година, во холот на Домот на АРМ, во периодот од 9 до 17 часот, а во организацијата се вклучува и Општинската организација на Црвен крст -Гази ...