Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 20 април, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, креативноста ќе ви помогне да најдете решенија за предизвиците на работата. Емоционалната хармонија ќе ве инспирира отворено да ги изразите своите емоции пред саканата личност. Енергијата ви е на врвот, искористете ја за активности на отворено. Бик Бикови, фокусирајте се на долгорочни цели и стратегии за напредок на работното ...
Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сè уште е во војна со Иран. Израелскиот премиер рече дека неговата земја, заедно со Соединетите Американски Држави, ја предводи борбата на цивилизацијата против варварството. Зборувајќи на прес-конференција по повод посетата на аргентинскиот претседател Хавиер Мајли на Ерусалим, Нетанјаху рече дека Израел, заедно со САД, е вклучен во борбата против големата тиранија на Иран, која, според него, го ...
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше ...
Нобеловецот-економист Пол Кругман верува дека Кина би можела да биде најголемиот корисник благодарение на својата доминација во производството на технологии за обновлива енергија, пишува „Мани вајз“. Растечките цени на нафтата и блокадата на Ормутскиот теснец ја забрзуваат енергетската транзиција и ги зголемуваат инвестициите во сончева и ветерна енергија. Според познатиот економист, конфликтот во Иран предизвикува нестабилност на пазарот на ...
„Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев победи на осмите предвремени парламентарни избори во последните пет години, објави Бгнес. Еве ги првичните резултати: „Прогресивна Бугарија“ – 37,5%; ГЕРБ-СДС – 16,2%; ПП-ДБ – 14,3%; ДПС-Нов почеток – 8,4%; „Вазраждане“ – ; БСП – 4,1% Распределбата на местата во парламентот: 105 пратеници за „Прогресивна Бугарија“; 46 за ГЕРБ-СДС; 40 за ПП-ДБ; 24 за ДПС-Нов почеток; 14 за „Вазраждане“; 11 за БСП. ...
Морничава трагедија ја потресе американската држава Луизијана – во градот Шривпорт осум деца го загубија животот во масовно пукање што се случило за време на семеен инцидент. Полицијата била повикана на интервенција кратко по 6 часот наутро, каде што затекнале вистински хорор распореден на три различни локации, пренесуваар локалните медиуми. По крвавиот пир, осомничениот украл автомобил и побегнал од местото на последното злосторство, а ...
Луѓето што стапуваат во брак најчесто веруваат дека тоа е врска „додека смртта не ги раздели“. Сепак, реалноста покажува дека не секој брак опстојува. Иако никој не може однапред да предвиди колку ќе трае еден однос, постојат одредени знаци кои уште на почетокот укажуваат на стабилен и среќен брак, пишува „Дневник“. Среќата не доаѓа сама по себе, но партнерите можат заеднички да работат на неа – преку меѓусебно разбирање, почит и поддршка. ...
Повратникот во македонската репрезентација, Љупче Дориев, постигна два гола за узбекистанскиот прволигаш Согдиана, но неговиот тим на крајот загуби на домашен терен во прсметката со Бунјодкор (2-3). Македонецот стрелаше уште во 4. минута, а во 26. минута повторно реагираше одлично и на својата екипа ѝ донесе водство со 2-0. Тоа сепак, не беше доволно за освојување на трите бода. Гостите намалија до крајот на првото полувреме, а во вториот ...
Од почетокот на нападите на Израел врз Појасот Газа во октомври 2023 година, бројот на жртви од израелската офанзива достигна 72.551, додека 172.274 луѓе се ранети, објави палестинската новинска агенција. Локалните палестински здравствени власти изјавија дека болниците во Газа во последните 24 часа примиле две тела, од кои едното е извлечено од под урнатини. Тие додадоа дека вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на прекинот на ...
Делови од Словенија денеска беа погодени од бура проследена со налети на ветер и голем град. Пријави за силни ветрови доаѓаат од Словењ Градец, Жалец и Преваље, додека поплави поради дождовница се регистрирани во Велење. Времето би требало да се смири во понеделник навечер, но локалните врнежи повторно ќе станат почести во текот на понеделник, пишува 24ur.com. Појас од локални врнежи, со повремени бури, се движи од северозапад низ Словенија ...
Ракометарите на Вардар го освоија трофејот во Купот, откако во драматично финале славеа над Охрид со минимални 24-23. Херој на победата беше голманот Валах, кој со неколку клучни одбрани во завршницата ја запечати 18-тата куп-титула за „црвено-црните“. Финалниот дуел ги оправда очекувањата и донесе жестока борба и неизвесност до последниот напад. Вардар одлично го отвори натпреварот и брзо поведе со 4-1, а во првото полувреме имаше и ...
Намалување на дериватите од околу 1,5 денар по литар најави премиерот Христијан Мицкоски, иако конечната одлука за малопродажните цени треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, по новата владина одлука со која до 4 мај се продолжува мерката за намалени акцизи за бензините и дизелот. Според најавите што ги пренесоа повеќе медиуми, Владата очекува од утре да има ново поевтинување на горивата, во просек за околу 1,5 денар по ...
Ракометарките на Ѓорче Петров потешко од очекувањата, но го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето славеа над Спартак со 33-30 Иако Спартак влезе во мечот охрабрен по сензационалната победа над Чаир во полуфиналето, денеска не успеа да направи уште едно изненадување против поискусниот и поквалитетен противник. Екипата од Кисела Вода имаше одличен старт и поведе со 3-1, но како што одминуваше времето, фаворитот ја ...
Како се справувате со предизвиците? Со јасен план, со креативна идеја или со помош од другите? Овој едноставен тест на личност може да ви помогне подобро да го разберете вашиот пристап кон решавање проблеми, пишува „Сенса“. Сѐ што треба да направите е да изберете еден од трите клучеви. Изборот, велат психолозите, често е поврзан со потсвесни асоцијации и може да открие како размислувате и реагирате во стресни ситуации. Психолошките тестови, ...
Лидерот на ГЕРБ-СДС, Бојко Борисов, вечерва им честиташе на победниците на парламентарните избори, без директно да ја именува Прогресивна Бугарија, која се поврзува со Румен Радев, пренесе „Вести.бг“. Во објава на социјалните мрежи, Борисов им се заблагодари на гласачите што ја поддржале неговата коалиција. – Ви благодарам за секој глас за ГЕРБ. Им честитам на првите. Едно е да се добијат изборите, а сосема друго е да се владее. Изборите го ...
Американскиот претседател е карактеристичен по тоа што не ги почитува дипломатските протоколи, ниту, пак, е предвидлив во своите постапки. Доналд Трамп ненадејно ја нападна Венецуела, па Иран, се закануваше дека „цела цивилизација ќе исчезне”, за потоа да склучи примирје со Техеран, објавува слики генерирани од вештачка интелигенција на кои е прикажан како Исус, дава збунети, тешко разбирливи и понекогаш вулгарни изјави – што неминовно го ...
Баерн Минхен ја продолжи својата доминација во германскиот фудбал, откако со победата од 4-2 против Штутгарт и официјално ја обезбеди шампионската титула, вкупно 35-та во клупската историја. „Баварците“ се недостижни на врвот четири кола пред крајот, со дури 15 бодови предност пред Борусија Дортмунд. Ова е првиот трофеј сезонава за тимот од Минхен, кој останува во игра и за Купот на Германија и Лигата на шампионите, каде што веќе е во ...
Американската актерка Кристина Аплгејт, која со години се бори со мултиплекс склероза, неодамна била хоспитализирана, а нејзините блиски, според странските медиуми, се сериозно загрижени за нејзината состојба. Извор близок до актерката за „Дејли мејл“ изјавил дека нејзината здравствена состојба е непредвидлива. „Со секој неуспех, реално, сите се прашуваат дали ќе има утре со неа. Кристина е борец, но нејзината битка со мултиплекс склероза е ...
„Очекувавме да бидеме први. Да ги видиме конечните резултати, рече поранешниот претседател Румен Радев, откако првите резултати од анкетите од социолошките агенции ја посочија „Прогресивна Бугарија“ како победник по денешните парламентарни избори“, пренесе Бгнес. Кога беше прашан за малцинска влада или нови избори, Радев рече дека сака да ги почека конечните резултати и гласањето од странство. Ќе направиме сè што е можно за да избегнеме нови ...
По денешниот натпреварр во Куманово помеѓу Башкими и Струга во кој стружани славеа убедливо со 4-0 имало и „трето полувреме“. Имено според информациите и видеото кое го објави „Инфоспорт“ фудбалерите на Струга одреден период биле заробени на теренот и не можеле да го напуштат. Наводно, тие биле изложени на вербални закани, па морале да чекаат интервенција од безбедносните служби за да можат да си заминат. Струга во финишот ја наполни ...
Партијата на Власите на својот шести конгрес, одржан вчера во Скопје, избра нов претседател и донесе клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата. Делегатите му ја доверија раководната функција на новоизбраниот претседател, Стерјо Папули, кој веднаш по изборот ја презентираше својата програма за работа. – Како претседател на Партијата на Власите од Македонија, истакнувам дека нашата политика се ...
Хрватската полиција заврши кривична истрага против 34-годишен државјанин на Македонија, осомничен за закана и незаконско притворање на 71-годишен маж. Осомничениот е приведен по инцидентот во Бује, јавија хрватските медиуми. Еден маж е осомничен дека физички нападнал 71-годишен маж во стан на улица „Први Мај“ во Бује, Хрватска во вторник, 16 април. Освен што го нападнал, му се заканил дека ќе го убие и не му дозволил да го напушти станот. ...
Амбициозно најавената нова регионална лига со екипи од Србија, Црна Гора и Македонија засега е ставена во мирување. Причината според инфоормциите на „Моцартспорт“ токму македонските клубови не сакале да се откажат од настапот во домашното првенство, за разлика од останатите. По состанокот што се одржа во Скопје, на кој присуствувале претставници на клубовите и челниците на трите федерации, донесена е одлука новото натпреварување да стартува ...
Невообичаен дипломатски настан е забележан неделава во Чиле, каде претседателот на Чешка, Петр Павел, остави пенкало кое го користеше за потпишување договор. Симболичниот чин доаѓа откако пред 15 години неговиот претходник, поранешниот шеф на државата Вацлав Клаус, си го „собра“ церемонијалното пенкало со кое тој тогаш потпишуваше билатерална спогодба, а инцидентот стана вирален, пренесоа чешките медиуми. За време на посетата на неколку ...
Насилник кој е осведочен соработник на српскиот министер за здравство Златибор Лончар во петокот рано наутро практично ја предводел и ѝ командувал на единицата на српската полиција која упадна во просториите на Медицинскиот факултет во Белград, каде што се пребројуваа гласовите за избор на студентскиот парламент, обвинија студентите. „Безбедноста за која се зборува во студиото, на улица изгледа како фаќање за врат и спомнување на ...
Манчестер Сити извојува исклучително важна победа во трката за шампионската титула во Премиер лигата, откако на домашен терен го совлада Арсенал со 2-1 и сериозно се приближи до врвот. Гостите од Лондон настапија претпазливо, со јасна намера да избегнат пораз и да ја задржат лидерската позиција, но таквиот пристап не вроди со плод. Сити беше поконкретен и на крајот заслужено ги освои трите бода, намалувајќи ја разликата на само три поени, со ...
Канцеларијата на парискиот обвинител го покани Илон Маск доброволно да се појави пред француски суд на 20 април како дел од истрагата за неговата социјална мрежа X, објави денес „Монд“. На почетокот на февруари, истражителите извршија рација во просториите на Компанијата Х и го повикаа Маск да истапи и да ги објасни своите постапки, како дел од истрагата за наводни злоупотреби на неговата социјална мрежа. Илон Маск и поранешната извршна ...
Фудбалерите на Милан запишаа тесна, но исклучително значајна победа на гостувањето кај Верона (0-1) во рамки на 33. коло од Серија А, со што повторно се искачија на втората позиција на табелата. Одлучувачкиот момент се случи во 41. минута, кога Адриен Рабио ја искористи асистенцијата од Рафаел Леао и го постигна единствениот погодок на натпреварот. „Росонерите“ имаа иницијатива и создадоа уште неколку изгледни шанси, но не успеаја да ја ...
Голманот на Манчестер сити Џанлуиџи Донарума ја направи една од најголемите грешки сезонава во дербито против Арсенал кој е еден од најважните натпревари сезонава во англиската Премиер лига. Манчестер сити прв поведе со голот на Черки во 16-тата минута, а само две минути подоцна Италијанецот беше главен виновник за израмнувањето. По вратената топка кон него се очекуваше Донарума да нема проблеми, но место тоа тој лошо реагираше и му дозволи ...
Холивудската актерка Шарлиз Терон во ново интервју искрено проговори за трауматичната ноќ од нејзината 15-та година, кога нејзината мајка, во самоодбрана, го застрелала нејзиниот татко. Терон истакна дека денес повеќе не ја прогонуваат тие спомени, но смета дека е важно ваквите искуства да се споделуваат. „Мислам дека за вакви работи треба да се зборува, за луѓето да не се чувствуваат сами. Кога ни се случи тоа, мислев дека сме единствени во ...