Фудбалерите на Лидс денеска освоија три важни бодови откако го совладаа победија Вулверхемптон во рамките од 33 коло во Премиер лигата. Играчите предводени од менаџерот Даниел Фарке славеа со 3:0 на домашен терен, освојувајќи бодови што дефинитивно би можеле да значат опстанок во Премиер лигата. Џејмс Џастин го отвори резултатот во 18 минута за водство, а само 120 секунди подоцна Ноа Окафор ја зголеми предноста. Во самиот финиш од мечот, ...

Вреди не ги претставува Албанците. Вреди денес ги претставува оправдувањата на тие што сакаат да го потчинат албанскиот јазик , порача ДУИ. -Откако студентите по право ги разобличија со протест, откако јавноста ја виде нивната немоќ во Владата, сега излегоа со нова измама: се обидуваат вината да ја префрлат во минатото, само за да го сокријат сопственото предавање во сегашноста. Да разјасниме. Во тој закон воопшто не постои одредба за ...

Денеска во 30 коло од најсилното чешко фудбалско првенство екипата на Бохемијанс на гости со 2:0 славеше против Острава. Стрелец на првиот гол беше македонскиот репрезентативец Милан Ристовски во 19 минута од натпреварот, а предноста ја зголеми Матусек во 44 минута. Ова беше третиот погодок сезонава за Ристовски во чешкиот шампионат, претходните два ги имаше во поразот од Пардубице (1:2) и ремито со Сигма Оломуц (2:2). Бохемијанс се наоѓа на ...

Актерката Кејт Хадсон направи ретко појавување на црвениот тепих со својот 14-годишен син Бингам Хоун Белами на премиерата на втората сезона на серијата „На чело на тимот“ (Running Point) во Холивуд на 15 април. Ова беше прво вакво појавување на Бингам по речиси една деценија. Хадсон, добитничка на Златен глобус, на настанот пристигна со двајца придружници – нејзиниот вереник Дени Фуџикава и синот Бингам. Мајката и синот се појавија во ...

Папата Лав XIV се обиде да ја намали сериозноста на неговиот спор со Доналд Трамп, велејќи дека извештаите за неговите забелешки за време на африканската турнеја „не се точни во сите аспекти“ и дека „не е во мој интерес“ да се расправам со американскиот претседател, пренесува Ројтерс. Зборувајќи со новинари на англиски јазик на летот за Ангола, третата етапа од неговата амбициозна 10-дневна турнеја низ Африка, првиот американски папа рече ...

Луксузниот хотел „Бурџ ал Араб“ во Дубаи ќе биде затворен за време на голема реконструкција што ќе трае околу 18 месеци, потврдил вработен во средата, пренесува „Ројтерс“. Ова ќе биде прв ваков зафат од неговото отворање во 1999 година, во период кога туризмот во регионот е во опаѓање поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Сопственикот на хотелот, Џумеира, соопшти дека работите ќе се одвиваат во фази во текот на околу 18 месеци и ќе ...

Владејачката Вреди го обвини поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери од ДУИ дека е одговорен зашто студентите не можат сега да го полагаат правосудниот испит на албански јаик. -Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен доказ дека проблемот околу полагањето на правосудниот испит не е случајност, туку последица на негрижа и политичкo предавство. Во тоа време, Законот за употреба на јазиците веќе беше во ...

Неколку лица се убиени откако вооружен човек отвори оган во Киев. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека најмалку две лица се убиени во градскиот округ Холосиевски, според лекарите пренесува Ројтерс. -Во тек е специјална операција за апсење на човекот кој ја започнал пукотницата и моментално се наоѓа во супермаркет – рече Кличко за Телеграм. Напаѓачот наводно бил убиен за време на операцијата за апсење. Според прелиминарните ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави на самитот во Анталија,, Турција дека е дојдено време за разговор со САД за тоа како Вашингтон ги гледа идните економски врски со Русија, но дека разликите меѓу двете земји остануваат, пренесува Ројтерс. Лавров, исто така, рече дека НАТО „не е во најдобра состојба“, но дека Русија нема да се меша во внатрешните работи на Алијансата. Русија ја направи обновената економска соработка со ...

Демократите се обидуваат да го отстранат Доналд Трамп со повикување на 25-тиот амандман откако тој се закани дека „цела цивилизација ќе исчезне“ ако Иран не се повлече, што многумина го опишаа како потенцијално воено злосторство. Дебатата дополнително е поттикната од начинот на кој претседателот постапи со досиејата на Епштајн, како и од објавите на социјалните мрежи минатата недела и нападите врз папата Лав XIV, објавува Дојче Веле. Што е ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ би сакал да продолжи да се натпреварува на најголемата сцена, но очекува италијанскиот клуб Милан да има исти амбиции. Пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето како слободен агент од Реал Мадрид, и никој не очекуваше дека сè уште ќе биде еден од најдобрите на 41 година. Модриќ потпиша договор 1+1, но пред да го обнови својот нов едногодишен договор, тој сака да види и како ќе се одвива ситуацијата во клубот. ...

Ладните тестенини се основа на многу брзи и популарни јадења како што се салата со туна, салати од зеленчукови тестенини и други лесни оброци. Сепак, ладењето на тестенините е често чекор што одзема најмногу време и може да ја уништи текстурата ако не се направи правилно. За среќа, постојат неколку испробани и вистински начини да се изладат тестенините без да се чека со часови, без да се направат кашести или безвкусни. Брзото ладење на ...

Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормускиот Теснец, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на иранските пристаништа од страна на САД, соопшти денеска Штабот на вооружените сили, објави агенцијата Фарс. – Контролата врз Ормускиот Теснец се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили – изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот штаб на ...

Брод под индиско знаме што превезувал сурова нафта бил нападнат во саботата додека се обидувал да го премине Ормускиот теснец, според извор од индиската влада, пренесува Ројтерс. Бродот е идентификуван како „Санмар Хералд“, рече изворот, додавајќи дека екипажот на бродот и бродот се безбедни. Најмалку два трговски брода изјавија дека биле погодени од огнено оружје додека се обидувале да го преминат Ормускиот теснец во саботата, објави ...

Бразилската кошаркарска легенда и член на Куќата на славните, Оскар Шмит, почина денес на 69-годишна возраст по долго боледување. Неговото семејство во соопштението изјави дека Шмит се борел со тумор на мозокот 15 години „со храброст, достоинство и упорност, останувајќи модел на решителност, великодушност и љубов кон животот“. Шмит никогаш не играл во НБА, но бил обожаван во неговиот роден Бразил поради неговата посветена игра за ...

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека скопскиот аеродром има пораст од 32 отсто на патници во однос на минатата година. „Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и ...

После три месеци откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека површински се чисти старата скопска депонија Вардариште, пред два дена излезе со нова информација, односно дека по спроведената физибилити студија, започнува процесот на одгасување на депонијата. Неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук, каде градоначалникот редовно ги споделува информациите за активностите за кои тој сака да слушне јавноста, следеше еден ден откако ...

Воздушниот простор на Иран беше делумно повторно отворен утрово, а меѓународните летови беа повторно дозволени над источниот дел од земјата, објави Tајмс оф Израел, а исто така утринава имало бродови кои поминале низ Ормутскиот теснец. Воздушните коридори во источниот дел од земјата се отворени за меѓународни летови, а неколку аеродроми беа повторно отворени во 7:00 часот по локално време, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на ...

Денеска во 28 коло од Првата македонска фудбалска лига екипата на Вардар ја оправда фаворитската улога против Шкупи триумфирајќи со 7:0. Првиот гол беше дело на Закариќ во 10 минута, а во 44 минута за 2:0 се погрижи Бабунски. Непосредно пред паузата веќе беше 3:0 за Вардар по автоголот на Рустеми (45+3`). Во 56 минута за 4:0 стрелаше Тодоровски, во 73 минута Цветковиќ реализираше за 5:0, а во листата на стрелците се запишаа и Спахиу (83`) и ...

Фудбалерите на Пелистер излегуваат на мегдан со еден од нај незгодните противници во последната декада, Македонија ЃП, при што последната победа над денешниот противник датира од сезоната 2016/17 и била изборена на домашен терен. Мечот ќе се игра почеток од 15.00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Ова ќе биде нивно трето соочување годинава, при што натпреварот во Ѓорче го добија домашните со 2:1, а во Битола се играше нерешено ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите за можно повлекување на САД од одбранбената алијанса, изјавувајќи за неделното издание на весникот „Ди Велт“ дека не верува оти САД би можеле да го напуштат НАТО. Белата куќа обвинува дека НАТО не ја поддржал Америка против Иран Тој, исто така, нагласи дека американската нуклеарна заштита за Европа не е доведена во прашање и го опиша американскиот нуклеарен чадор како крајна ...

Француската актерка Надја Фарес, позната по улогата во филмот „Пурпурни реки“ („Les Rivières pourpres“), почина на 57-годишна возраст, откако пред една недела беше пронајдена во безсознание во базен во Париз и оттогаш беше во кома. Тажната вест ја потврдија нејзините ќерки, кои побараа почит и приватност во периодот на жалост, пренесуваат француските медиуми. Актерката почина во болницата Пити-Салпетриер, каде беше хоспитализирана откако ...

Сместен во северозападиот дел на Словенија, Бовец е град обоен во најубавите нијанси на тиркизна, зелена и сива боја. Неговото име е добро познато, особено за сите љубители на активности на отворено, а уште повеќе за обожавателите на сплаварењето, пишува „Путни кофер“. Овој словенечки град се наоѓа во близина на границата со Италија, во горниот дел на долината на реката Соча, на 454 метри надморска височина. Неговата силна точка е, пред сè, ...

Австралија и Јапонија денеска потпишаа договор од 10 милијарди австралиски долари, или околу седум милијарди долари, со кој Јапонија ќе ја снабди Австралија со три воени бродови, што, како што пренесува Ројтерс, е најзначајната воена продажба на Токио откако беше укината забраната за извоз на воена опрема во 2014 година. „Мицубиши Хеви Индастрис“ ќе ја снабдува Кралската австралиска морнарица со три надградени повеќенаменски фрегати од ...

Полни со самодоверба и со желба за реванш, кошаркарите на Пелистер го очекуваат денешниот дуел од второто коло во плејофот во кое во Гевгелија ќе му гостуваат на тимот на Кожув (17.00 часот). Без оглед на двата порази сезонава од денешниот противник, „пелистерци“ се свесни дека квалитетот е на нивна страна, но и дека тоа мора да биде потврдено на терен, единственото мерило да се покаже кој е кој и да се зацврсти на третото место на табелата. ...

Иран ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се согласил да го предаде својот резервен збогатен ураниум за да се обезбеди мировен договор, објави „Ал џазира“. Техеран соопшти дека разговорите се во рана фаза и дека може да траат со недели за да се завршат. Трамп претходно денеска изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за да го повратат неговиот збогатен ураниум и да го пренесат во САД. – Ќе го средиме тоа заедно. ...

Овој викенд ќе се организира меѓународниот џиу џица турнир „Бања Лука Опен 2026“ што по 18 пат се одржува во Босна и Херцеговина. На овој турнир право на настап ќе имаат 500 борци од 10 земји меѓу кои и Македонија. Нашата држава ќе ја претставуваат следниве борци: – Катерина Ацевска СЕН +70кг – Марко Панчевски СЕН +94 – Филип Ефремов СЕН -77 – Марија Треневска У18 +70 – Ана Ацевска У10 +40 – Даме Белевски У10 -24 Македонските натпреварувачи ...

Кошаркарите на Феникс санс го победија Голден стејт со 111:96 и обезбедија место во плеј-офот на НБА лигата. Санс во плејофот ќе се соочат со првопласираниот Оклахома сити на Западот. Победничкиот тим на Феникс го предводеше Џејлен Грин, кој беше играч на натпреварот со 36 поени, а Девин Букер додаде 20 поени. Стеф Кари постигна 17 поени за Голден стејт и погоди само четири од 16 шута од игра. Составот на Орландо меџик го декласираа Шарлот ...

Верижна сообраќајна несреќа со учество на пет возила се случи вчеравечер на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, во која едно лице е тешко повредени, а десет лица се здобиле со телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена вчера во 21:20 часот, а во неа учествувале две патнички возила „бмв“, потоа „фолксваген туран“, „фолксваген артеон“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки. Како што ...

Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип, жените од овој регион ќе треба да прават мамографии во Општата болница во Кочани, информираат од Министерството за здравство. Мамографиите ќе се изведуваат во Кочани, додека пак снимките ќе ги читаат докторите во Клиничка болница Штип. Согласно медицинските индикации, пациентките кај кои е потребен дополнителен ехо преглед на дојка ќе се упатуваат и прегледуваат во Штип. Правиме ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
67%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1013
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
82%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
4.63
82%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
48%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
84%
1014
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9534

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Калај

52.70