Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа од МВР. Веднаш по добиените пријави, како што велат оттаму, преземени се соодветни мерки и активности од страна на ...

Правото на секој е да може да побара референдум е уставно загарантирано, си има услови како се свикува референдум, изјави премиерот Христијан Мицковски во врска со барањето на СДСМ за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и референдум. Она што мене ме зачудува е фактот дека градоначалникот на Крива Паланка, кој е од редовите на СДСМ има сосема спротивно мислење од овој став на раководството на СДСМ. ...

Фудбалерите на Реал Сосиедад во саботата ја освоија титулата во Купот на кралот, откако го победија Атлетико Мадрид со 4:3 на пенали во финалето во Севиља. Резултатот беше нерешен 2:2 по регуларните 90 минути и продолженијата. Ова беше четвртиот трофеј историјата на Реал Сосиедад, додека Атлетико останува на 10 трофеи, вклучувајќи 10 финалиња што ги загуби. Веќе во првата минута поведе Реал Сосиедад со погодокот на Баренечеа, а „јорганџиите“ ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека се извршени трансплантација на црн дроб кај 67-годишен пациент и бубрег кај 51- годишна жена откако семејство на починато лице донело одлука да ги донира неговите органи. Во соопштението се посочува дека во најтешкиот момент, едно семејство донело одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште ...

Вчера во Германија се случи едно од најголемите изненадувања во поновата ракометна историја каде во купот Бергишер го шокираше фаворитот Магдебург и обезбеди пласман во финалето. Во преполната сала во Келн, пред околу 20.000 гледачи, аутсајдерот славеше по изведување на седмерци со 31-30. По регуларните 60 минути резултатот беше 22-22, а неизвесноста продолжи и во продолженијата, кои завршија 27-27. Одлуката падна во пенал-рулетот, каде ...

Младиот кромид е одличен извор на витамин К, витамин А, витамин Ц и фолати. Станува збор за нискокалорична намирница со малку масти, но не е особено богат извор на протеини, пишува „Е-клиника“. Денес е достапен во текот на целата година, но највкусен и најздрав е напролет, кога му е сезоната. Целиот млад кромид е јадлив – и белиот дел (коренот) и зелените листови. Луковицата има поблаг вкус во споредба со стариот кромид. Младиот кромид ...

На денешните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле да гласаат само 210 од вкупно 3.504 регистрирани Бугари во Македонија. Како што објави Скопје1.мк најмногу пријавени има во Струмица 62, потоа во Охрид 56, Прилеп 52, Скопје 29 и најмалку во Битола. 11 гласачи. Сепак, пријавувањето е можно и директно на избирачките места. Дали регионот ќе добие нов Орбан? Интересот е преполовен во однос со изборите во 2022 година кога за гласање ...

Во 2026 година „Танц фест Скопје“ го одбележува своето 22. издание, а фестивалот се одржува во особено значајна година кога се навршуваат 30 години од основањето на Културниот центар „Интерарт“ и 15 години продукциска и уметничка извонредност со Скопје танцовиот театар. Извонредна трага во македонската танцова уметност остави кореографката Рисима Рисимкин. Покрај многубројните танцови претстави, на почетокот како танчарка, подоцна како ...

Холивудската актерка Никол Кидман откри дека за смртта на својата мајка дознала само неколку моменти пред да ја прими наградата за најдобра актерка на Венецијанскиот филмски фестивал во 2024 година, за филмот „Малечка“ (Babygirl). Во разговор со Хода Котб, Кидман се присети на шокантниот момент. „Требаше да излезам на сцена кога дознав дека мајка ми починала. Веднаш се вратив во собата во Венеција, легнав и бев целосно скршена“, раскажа таа. ...

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека претседателот Доналд Трамп бил „вовлечен“ во војна со Иран поради одлуките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој влезе во војна во која го вовлече Биби Нетанјаху, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна која американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност, рече таа за време на говорот во Детроит. Таа го обвини Трамп дека ја користи ...

Италијанскиот тенисер Флавио Коболи денеска направи изненадување на турнирот во Минхен, Германија, откако убедливо го победи првиот носител Александер Зверев – 6:3, 6:3 и обезбеди место во финалето. Италијанецот оствари победа за нешто повеќе од еден час игра, прекинувајќи ја низата добри резултати на бранителот на титулата и со тоа спречувајќи го да стигне до четвртиот трофеј на овој турнир. Зверев не можеше да најде решение за сигурната ...

Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, седми по ред во последните пет години, во кои право на глас имаат повеќе од 6,5 милиони граѓани. Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. За 240 пратенички места се натпреваруваат вкупно 4.786 кандидати . Гласањето ќе трае до 20 часот, со можност за продолжување до 21 часот на местата каде што ќе има поголем одѕив. Дали регионот ќе добие нов Орбан? ...

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат, соопштуваат од СДСМ, додавајќи дека станува збор за сериозно прашање за тоа како оваа држава одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. Оттаму потсетуваат дека старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во наредните денови ќе ...

Ракометарките на Спартак триумфираа во Струмица во второто полуфинале од Купот на Македонија против ЖРК Чаир со резултат 24:23. Во победничките редови Андовска запиша осум голови, а на спротивната страна Дамчевске реализираше пет. Финалето во спортската сала „Парк“ ќе се игра в недела (19 април) со почеток од 17.00 часот помеѓу РК Спартак и Ѓорче Петров ЖРК. Од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) информираат дека влезниците за ...

Овој колач со боровинки и кисела павлака е вистинско пролетно слатко уживање што освојува со секој залак, пишува „Пун куфер“. Лесен е за подготовка, а резултатот е мек, сочен и мирисен десерт кој одлично се вклопува во секоја пригода – од опуштено дружење со пријателите до семејна трпеза. Потребни состојки За колачот: 115 г солен путер 100 г бел шеќер 1 лажица рендана кора од лимон 120 г кисела павлака 1 лажица ванилин шеќер 3 јајца (на ...

Вашингтон и Техеран се „далеку од конечен договор“, изјави вчера претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, во интервју за државната телевизија. Во истовреме, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека преговорите сè уште се во тек, но дека Иран „почнал да игра игри“. Изминатата недела, тој постојано тврдеше дека договорот е многу блиску и дека Техеран направил некои клучни отстапки. Сите индикации се дека сè уште има ...

Северна Кореја испали балистички ракети кон исток, објави „Ројтерс“ , а инцидентот го потврдиле и јапонски извори, додавајчи дека ова е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на нејзините воени капацитети. Всушност. Северна Кореја по седми пат лансираше балистички ракетиоваа година, само месецот четири пати. Професорот на Универзитетот Кјунгнам во Јужна Кореја, Лим Еул-чул, изјавил дека Северна ...

Играчот на ТФТ, репрезентативниот бек Виктор Ташовски беше херојот на својот тим кој пред последниот звук на сирената погоди за три поени, за голема победа над шампионот МЗТ Скопје (93:91) во МТЕЛ Супер лигата. Гостите од Аеродром имаа подобар почеток на дерби дуелот одигран во Маџари. Во првите 10 минути „сино-белите“ се стекнаа со солидна предност (26:20). Но, во наредната четвртина се случи и првиот пресврт, ТФТ пронајде начин да се врати ...

Наводен физички судир меѓу поранешните членови на „Уан дајрекшн“, Зејн Малик и Луис Томлинсон, довел до целосно откажување на серија за „Нетфликс“. Според странските медиуми, инцидентот се случил за време на снимањето на патописна серија во САД, кога дошло до жестока расправија што ескалирала во физички напад. Наводно, конфликтот започнал по навредлив коментар на Малик за покојната мајка на Томлинсон, Јохана Дикин, која почина во 2016 ...

Австриските власти велат дека непознати сторители наводно се обиделе да го уценуваат производителот на храна за бебиња „Хип“, тврдејќи дека во некои од неговите производи бил ставен отров за стаорци. Супермаркет во Австрија е нападнат, соопшти Австриската агенција за здравје и безбедност на храната (AGES) во саботата навечер. Агенцијата соопшти дека кривичната истрага пронашла „сомневања“ дека некои тегли со моркови и компири биле ...

Милорад Додик повторно ја објави можноста за одвојување на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија. Зборувајќи на конгресот на партнерската Социјалистичка партија, Додик рече дека политичката борба за Србите ќе заврши „кога ќе бидеме слободни и кога ќе се обединиме со Србија на начинот на кој мислиме дека треба да биде“, пренесува Н1. За прв пат по долго време, Додик ги повтори своите претходни ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 19 април, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, доколку сте доволно снаодливи или брзи во деловното дејствување, ве очекува успех на различни страни. Покажете ѝ на околината дека имате различни способности кои гарантираат заеднички успех. Ве привлекува нова „емотивна игра“, искористете го својот шарм и дискретно одговорете на нечиј повик или љубовна порака. Ќе уживате во нов ...

Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација. Тој рече дека некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да ...

Си ја вози еден човек запрежната кола кога наеднаш коњот му вели со човечки глас: „Те молам, да одморам малку“. Човекот се уплашил и прснал да бега. Трчал околу 10 минути, се изморил и седнал да се одмори на сенка под едно дрво. По кратко време до него дотрчува и неговото куче и му вели: „Каков коњ. Не извади од памет, а?“ Си ја вози еден човек запрежната кола кога наеднаш коњот му вели со човечки глас: „Те молам, да одморам малку“. ...

Иако ниедна врска не можете целосно да ја направите отпорна на измама, сепак можете да ги намалите шансите за неверство. Истражувањата покажуваат дека изборот на вистинската личност на самиот почеток е најважниот фактор, но како навистина да знаете дека некој е „добра инвестиција“? Некои знаци се очигледни, како маж кој отворено ги одмерува другите жени додека е со вас, но постојат и посуптилни показатели кои можат да откријат дали ќе ви ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Челси на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон со минимален резултат 1:0 во дерби натпреварот од 33 коло во Премиер лигата. Челси имаше поголем посед на топката, и двојно повеќе удари кон голот на Ламенс (21/4), и повеќе удари во рамките на голот (3/1), сепак Јунајтед успеа со токму својот единствен директен удар да дојде до триумфот. Стрелец на погодокот беше Бразилецот Куња во 43 минута по ...

Неочекувано откритие меѓу старите спомени се претвори во трогателна приказна за љубов што ја трпи загубата. Повеќе од една деценија по смртта на нејзиниот сопруг војник, вдовица пронашла неотворена честитка за роденден што ја чувала меѓу своите спомени со години. Таа го споделила своето откритие на платформата „Редит“, каде што објавата брзо станала вирална, пренесува „Њузвик“. На пликот пишувало „до мојата принцеза“, а внатре имало рачно ...

Денес во Штип чекорат семејствата и најблиските на нивните деца и најмили – оние што останаа со најтешката болка, но и со најголемата обврска да се борат за вистината и правдата, порачаа семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ од маршот во Штип. -Во рацете ги носиме нивните фотографии, затоа што сакаме сите да ги видат лицата, насмевките и животите за кои повеќе од една година бараме одговори. Ова не е само марш на тага и ...

Фудбалерите на Лајпциг во саботата беа подобри од Ајнтрахт Франкфурт со 3:1 на гостински терен, во натпревар од 30 коло од Бундеслигата. Гостите поведоа во 27 минута преку Јан Диоманде, но седум минути подоцна Ајнтрахт израмни со голот на Уго Ларсон. Победата на Лајпциг му ја донесоа Антонио Нуса во 70 минута и Конрад Хардер во 81 минута од натпреварот. Ова е четврти триумф по ред за Лајпциг, кој е на третото место во Бундеслигата со 59 бода ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
69%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
59%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
45%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
49%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Кобалт

45.39