Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Во последните неколку дена на фудбалските натпревари бевме сведоци на проверка на офсајдот во пракса според таканареченото Венгерово правило. Во исто време, видовме и она на што неволно се навикнавме во последните години – мерење милиметри кои всушност не носат никаква предност за напаѓачот. И првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, зборуваше за честото погрешно толкување на толкувањата. Чеферин беше гостин на конференцијата Форум ...
Во време кога сите брзаме и често готвиме „набрзина“, убаво е да се потсетиме дека подготовката на храната може да биде и вистинско уживање. Токму така готви и Кристина Колевски од Битола – со вистински мерак и љубов кон целиот процес. Преку својот инстаграм-профил @solenoblagiprikazni, таа веќе подолго време ги инспирира луѓето да влезат во кујна, да си дадат време и да зготват нешто вкусно. Денеска таа ни го претставува својот рецепт за ...
По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето на независниот монетарен систем како еден од носечките столбови на економската стабилност и развојот на државата. На 26 април 1992 година беше воведена националната валута – денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност на државата. Во изминатите три и пол децении, монетарната политика се соочи со бројни предизвици, вклучувајќи ...
Предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство поттикна јавни реакции, особено меѓу еколошките организации, кои сметаат дека ваквите решенија отвораат сериозни ризици за животната средина, јавното здравје и ресурсите на Македонија. Од „Спас за Гевгелија“ посочуваат дека предложените законски решенија се стигнати во Собранието по скратена постапка, а се покренати од пет пратеници. ...
Оскаровката Џулијан Мур ќе биде годинашна добитничка на престижната награда „Жени во филмот“, која традиционално се доделува во рамки на Кански филмски фестивал. Признанието, кое го доделува „Керинг“ од 2015 година, има за цел да ги истакне уметниците чии кариери и ангажман придонесуваат за поголема видливост и унапредување на улогата на жените во филмската индустрија, но и пошироко во општеството. Мур се приклучува на импресивната листа ...
Во продажба е третата серија на инстант лозот „Златна треска“, кој носи возбудливи можности за добивки. Лозот е особено атрактивен бидејќи содржи три различни игри, со кои секој играч има повеќе шанси за добивка. Првата игра – „Златна десетка“ – носи добивка кога збирот на двата едноцифрени броја е десет, а добивката е наведена во полето „Добивка“. Втората игра додава уште повеќе возбуда: симболот „златна плочка“ веднаш носи добивка со ...
Снабдувањето со течен природен гас (LNG) веројатно ќе остане ограничено до крајот на 2027 година поради прекини и штети на инфраструктурата предизвикани од војната меѓу САД и Израел против Иран, соопшти Меѓународната агенција за енергетика. „Комбинираниот ефект од краткорочните загуби на снабдувањето и побавниот раст на капацитетите би можел да резултира со кумулативна загуба од околу 120 милијарди кубни метри LNG помеѓу 2026 и 2030 година“, ...
И покрај необичните и променливите временски прилики, температурите наскоро ќе се зголемат како што влегуваме во потоплите месеци. Затоа домаќинствата треба веќе да се подготват за зголеменото присуство на несаканите мали штетници. Експертите предупредуваат дека се приближува врвот на сезоната на лебарки, бидејќи овие инсекти излегуваат од мирување и влегуваат во затворени простори во потрага по храна и засолниште. Бидејќи професионалните ...
Паста за заби во еден маркет 400 денари, истата во друг 280. Омекнувач за алишта во една продавница 390 денари, во друга на акција 250. Чоколади од позната марка со цени кои се разликуваат за над 20 отсто од маркет до маркет. Ако ги прашате трговските синџири во земјава, ќе ви речат дека во моментов работат со просечна профитна бруто-маржа од околу 15 проценти. Но судејќи според цените, апетитите на газдите се различни, па маржите одат и над ...
Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што утринава загина еден градежен работник, а тројца без повредени откако беа затрупани со насип од земја. Според јавно достапните информации, Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ од Скопје, а Илија Коневски е директор. Компанијата е основана во ноември 2025 година како друштво со ограничена одговорност со едноличен ...
Пентагон размислува да преземе казнени мерки против сојузници во НАТО, вклучително и суспензија на Шпанија од Алијансата но и да го преиспита ставот кон британските Фолкландски Острови, поради незадоволство од нивните улоги во војната со Иран, објави Ројтерс. Како што наведува медиумот кој се повикува на интерен имејл на Пентагон што го видел американски функционер, американските власти сметаат дека дел од сојузниците не обезбедиле доволна ...
Акционерите на „Ворнер Брос Дискавери“ дадоа зелено светло за преземање од страна на „Парамаунт“ во вредност од 111 милијарди долари, договор што може значително да ја промени глобалната медиумска индустрија, пишува Би-би-си. Со оваа зделка, „Парамаунт“ ќе преземе контрола врз целото портфолио на „Ворнер Брос“, вклучувајќи ги и познатите франшизи како „Хари Потер“ (Harry Potter) и „Игра на тронови“ (Game of Thrones), како и информативната ...
„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали со новиот граничен систем ЕЕС полесно ќе се патува во ЕУ?“. Според резултатите, скоро три четвртини, или 71,86 отсто од анкетираните одговориле дека со новиот систем нема да се патува полесно во ЕУ, 14,78 проценти одговориле „Ќе видиме“, додека само 11,13 отсто се согласни дека ЕЕС ќе ја олесни постапката. Гласајте на нашето ново прашање на неделата ...
Судски службеници, едниот судски полицаец од скопскиот Кривичен суд, другиот доставувач, завршија во притвор за земање мито за посредување пред Апелациониот суд и пред Врховниот суд, соопшти Кривичниот суд. Тие всушност требало да „средат“ за пресуда од една година, којашто била изречена пред скопскиот Кривичен суд во траење во една година за неовластено производство на оружје. -Посредувањето требало да биде пред Апелациониот суд Скопје и ...
Грчкото министерство за култура соопшти дека за време на систематските археолошки ископувања во 2025 година, на ридот Колона на островот Егина се откриени златни предмети во исклучително добра состојба. Накитот е пронајден во објект кој датира од средното бронзено доба, пренесува „Грик репортер“. Станува збор за голема камена градба лоцирана веднаш до остатоците од ѕидот кој ја штител населбата во тој период. Што сè е пронајдено? Археолозите ...
Ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, кои биле во посета на Зоолошката градина, фрлале камења кон слоницата, реагираше денеска зоонегувателот Виктор кој работи во скопската Зоолошка. Тој додаде дека додека учениците го вознемирувале животното, професорите седеле во кафуле и пиеле кафе. – Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека ...
Креативноста, експериментирањето и љубовта кон уметноста секогаш водат кон создавање уникатни рачни изработки, какви што се букетите од кадифени жици. Од едноставни, меки жици се создаваат нежни цветови што не венеат, туку остануваат како траен симбол на внимание и емоција. Токму љубовта кон креативноста ги споила сестрите Сара Попстефанова и Јана Треневска во создавање декоративни букети од кадифени жици. Преку нивниот мал бизнис „Спаркл ...
Ракометарите на Вардар го прославија 65. роденден со важна победа над Алкалоид (30-27), со што се доближија на чекор до шампионската титула во македонската Суперлига. Почетокот на натпреварот донесе изедначена игра, но по воведните минути „црвено-црните“ наметнаа посилен ритам во нападот и брзо создадоа предност од три гола (11-8). До паузата ја задржаа контролата, па на полувреме заминаа со 17-14. Во вториот дел Вардар го диктираше темпото ...
По тешкиот пораз од Вардар, фудбалерите на Шкупи веќе се фокусирани на следниот предизвик. Денеска, во рамките на 29. коло од Првата македонска лига, тие му гостуваат на тимот на Арсими во Гостивар. Додека домашните се под императив да освојат бодови за опстанок, Шкупи во овој дуел влегува со голема желба конечно да ја запише првата сезонска победа против овој противник. Младиот фудбалер на Шкупи, Ендрит Акику, пред натпреварот истакна дека ...
Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи. – Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска ...
Кошаркарите на Детроит Пистонс минатата вечер славеа против Орландо со 98-83 и на тој на чин го израмнија резултатот во серијата на 1-1. Триумфот беше изграден пред сè врз цврстата одбрана, со која домаќините го ограничија противникот на само 83 поени, што воедно значеше и прва плејоф победа на домашен терен по пауза од дури 18 години. По изедначеното прво полувреме, Пистонс го скршија отпорот во третата четвртина, која ја добија со ...
Каролина Флорес Гомез (27), поранешна победничка на избор на убавина, минатата недела била пронајдена мртва во својот луксузен стан во Мексико Сити. Гомез била застрелана во главата, а мексиканските власти соопштија дека истрагата е насочена кон нејзината свекрва, Ерика Марија. Според пишувањето на мексиканските медиуми, обвинителството случајот го води како убиство. Се верува дека Гомез, која во 2017 година ја освои титулата „Miss Teen ...
Обвинителството за гонење организиран криминал информира дека сè уште трае координираната акција која започна синоќа, за дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати. Претресите уште траат и се спроведуваат на повеќе локации низ државата. Неофицијално, се работи за увезени ботокси и филери од Турција, Србија и Кина, коишто немале одобрение од надлежен орган, немале упатство и немале налепници. Распаднат задник од ...
На социјалните мрежи се појавија фотографии од наводно дресот на Реал Мадрид за следната сезона, кои веднаш предизвикаа реакции кај навивачите. Иако засега нема официјална потврда од клубот, изгледот на дресот веќе наиде на критики, особено поради изборот на бои. Дел од фановите реагираат на црвените линии на рамениците, детач кој ретко се поврзува со „кралскиот клуб“, имајќи предвид дека традиционално се користат црна, сина или златна ...
Иницијативата „Самиана“ (Sammiana) информира дека пролетното маркирање и расчистувањето на планинарските патеки на Македонската бесконечна трансверзала е во полна пареа, а периодов се маркирани нови 120 километри. „Горди сме што може да се пофалиме дека во изминативе два месеца се маркирани нови 120 километри од трансверзалата. Најголем дел од новомаркираните делови се на секциите I1 и I7, а воедно се вршат и проверки, корекции и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој наскоро ќе наполни 80 години, по кој знае кој пат повторно беше снимен како накратко ги затвора очите за време на јавен настап во Белата куќа, додека пред камерите се најавуваше договор со фармацевтската компанија „Регенерон“. Настанот се случил во Овалната соба, каде покрај него биле присутни министри и претставници на фармацевтската индустрија. На дел од снимките се гледа како Трамп, во текот на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Периодот кој денес Штипјани со носталгија го нарекуваат „како некогаш“ е од шеесеттите до осумдесеттите години од минатиот век. Години кога градот работеше дење и ноќе, а во секое семејство постои најмалку еден член од пошироката фамилија кој бил дел од текстилната индустрија. Штип не живееше покрај текстилот, туку живееше и уште живее од него. Во Југославија, штипските фабрики беа поим за текстилните и модните трендови на Балканот, извезуваа ...
Светот на шоу-бизнисот е во „транс“ по веста дека популарниот пејач Хари Стајлс (32) и актерката Зои Кравиц (37) се свршија по само осум месеци врска. Како што пренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на извори за „Пејџ сикс“, Хари е „целосно залуден“ по ѕвездата на „Бетмен“ (Batman), пренесува „Дејли мејл“. „Тој би скокнал од карпа за неа“, вели извор близок до парот, додека Зои наводно е „на седмо небо“. Иако врската е релативно ...