Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески e презадоволен од приемот на публиката во Сен Саенс во Франција, особено од изненадувањето од наполитанските пејачи кои за него испеале македонска народна песна. Трпечски ни рече дека многу се израдувал кога ги слушнал наполитанските пејачи како ја пеат македонската народна „Ај што ми е мило ем драго“. „Колку прекрасен прием во Сен Саенс од топлата француска публика. Ова беше мојата прва ...

Архитектонските студија „Куалулу Чои“ и „Популус“ ги објавија рендерите на стадионот „Хасан II“ со 115.000 седишта, кој се гради во Мароко за Светското првенство во 2030. Дизајниран да „стане еден од најголемите стадиони во светот“, стадионот треба да биде изграден во градот Бенслиман, на околу 40 километри од Казабланка. Планиран да биде домаќин на натпревари за време на претстојното Светско првенство во 2030, тој ќе биде најголемиот фудбалски ...

Концертот „Легендите живеат вечно“, посветен на македонските музички великани, втора година по ред ќе се одржи во Филхармонијата на 4 октомври од 21 часот, објави продукија „Прагма“. Ламбе Алабаковски (фото), Наде Талевска, Ивона Јо и други пејачи ќе ги пеат хитовите на Тоше Проески, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски- Бојс, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова, Пепи Бафтировски, Гоце Арнаудов и Зафир Хаџиманов во придружба на ...

„Кога се пензионирав во 2013, луѓето почнаа да ме прашуваат да направам документарен филм за мојот живот и кариера“, вели Дејвид Бекам во колумната која ја напиша за „Холивуд репортер“. Англиската фудбалска ѕвезда вели дека во тоа време, не бил подготвен да погледне назад. „Отсекогаш сум бил некој што се префрлал од еден проект на друг и мислев дека уште повеќе да постигнам. Моите родители ми ја всадија оваа работна етика уште како дете. Дури ...

„Патување пеш“ (The Walk), новиот документарец на македонската режисерка со двојна номинација за Оскар Тамара Котевска вечерва (22 август) ќе има македонска премиера на затворањето на 15. МакеДокс. Филмот ќе се прикаже од 21 часот во Куршумли ан. „Патување пеш“, вториот на документарец Котевска, ја имаше светската премиера лани на 9 ноември на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). Претходниот филм на Котевска, „Медена земја“, ...

Актерката Кејт Бланшет ќе му се врати на театарот за првпат по шест години, со улога во драмата на Антон Чехов „Галеб“. Оскаровката ќе ја игра Аркадина во новата адаптација, во која ќе глуми и актерот Том Бурк. Претставата ќе се игра во театарот Барбикан во Лондон од февруари следната година. Режисерот на претстаата Томас Остермајер ја опиша Бланшет како „актерка која се случува еднаш во генерација“. Новата адаптација ќе означи повторно ...

Хрватскиот рокер Дадо Топиќ ќе го слави 60. годишниот јубилеј во Охрид, со настап на фестивалот „Охрид фест“ на 31 август на сцената на Долни Сарај. „Дадо Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на големиот јубилеј- 60 години професионална работа, да се случи токму на овој фестивал. Ова е поради големата љубов што тој ја чувствува кон нашата земја, поради приемот кај публиката, убавите спомени од минатогодишното издание и секако, поради ...

Саксофонистот Горан Папаз во август ќе има два настапи на приватни настани во Италија, а паралелно работи и на нова музика. По потекло е од охридско Пештани, а со сопругата за која неодамна објави дека е бремена со тројки, сега живее во Радишани во Скопје. „На крајот на месецов имам два настапи во Италија, потоа кај нас во Македонија си продолжувам со веќе активната агенда. На нов материјал се работи активно, се надевам во октомври ќе го пуштам ...

Групата „Суперхикс“ со концерт на 23 август ќе го отвори фестивалот „Џој фест“ кој ќе се одржи во Крива Паланка, на градскиот плоштад. Истата вечер, настапуваат „Конкверинг лајон“. Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Бубњеви и пси“, и „Парампарчад“ од Црна Гора а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот. „Ќе биде незаборавна ноќ за сите нас“, рече Калиопи пред настапот. ...

Зои Кравиц, ќерката на рок-ѕвездата Лени Кравиц вели дека нејзиното режисерско деби „Трепни двапати“ (Blink Twice), кое го напиша и продуцираше, е приказна за динамиката на моќта меѓу мажите и жените, а го работела според нејзините сопствени искуства. Во психолошкиот трилер, келнерката Фрида, која ја игра Наоми Аки, и нејзината пријателка мислат дека имаат среќа кога милијардерот Слејтер Кинг (Ченинг Тејтум) ги поканува на неговиот приватен ...

Тејлор Свифт сподели видеа од зад сцената на нејзината турнеја „Ерас“ во новиот спот за нејзината нова песна „I Can Do It With a Broken Heart“. Наместо традиционално музичко видео, Свифт се одлучи за видеа од пробите за концертите зад сцената. Видеото започнува со доаѓање посетителите на концертот кои влегуваат во празен стадион и снимка на која се гледа како Свифт се движи на сцената. Има и снимка од Свифт како седи во количката за чистење за ...

Дела од Чајковски, Паганини, Сен-Санс, Масне, Бацини и Сарасате ќе свири српскиот виолинист со светска кариера Стефан Миленковиќ, кој на 20 септември ќе има концерт во Филхармонијата од 20 часот, објавија од камерниот оркестар „Профундис“ кој ќе го придружува. Во видеопоздравот до македонскаста публика, виолинистот рече дека едвај чека да свири повторно во Скопје. „Поминаа речиси пет години од мојот последен концерт во Скопје, кое има прекрасна ...

Групата „Синтезис“ ќе одржи славенички концерт на 25 септември од 20.30 часот во Филхармонијата, објави „Баги комуникации“. На концертот, „Синтезис“, ќе го прослави 30-годишниот јубилеј. „Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, ‘Синтезис’ е најголемиот амбасадор на македонската музика во светот. Три децении групата е чувар на македонската традиционална музика и нејзин ...

Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат по две години брак. Лопез поднесе барање за развод во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи што ги виде Би-Би-Си. Двојката наречена Бенифер од таблоидите се венча во Лас Вегас во јули во 2022 и одржа со свадбена церемонија во Џорџија следниот месец. Нивната романса започна откако се запознаа додека работеа на сетот на филмот „Џигли“ во 2003. Тие првично ...

Австралискиот град Мелбурн целосно забрани изнајмување на електрични тротинети, наведувајќи ги како причина безбедносните грижи и стотиците поплаки и извештаи за сообраќајни несреќи. Градскиот совет на Мелбурн гласаше за прекин на договорите со двата оператори на електрични тротинети, Лајм и Нејрон, и им даде 30 дена рок да ги отстранат. Изнајмувањето на скутери во Мелбурн започна во 2022, кога владата на државата Викторија започна со двегодишна ...

Холивудската ѕвезда Мег Рајан е во Сараево за време на Сараевскиот филмски фестивал. Рајан учествуваше на мастеркласот што го водеше босансиот режисер и сценарист Данис Тановиќ. Салата во која се одржуваше мастеркласот беше исполнета до крај, а Рајан зборуваше за нејзините улоги, глумата и за фестивалот во Сараево. „Прекрасно е да се биде овде. Чест ми е што сум со вас. Убаво е да се доаѓа на филмски фестивали, особено со независни филмаџии. Тоа ...

„Духови“ (Ghosts), е првиот студиски албум на музичарот Јон Ајди, на кој има песни кои ги испеал во последниве шест години. Ајди вели дека секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот. Јон Ајди е уметничкото име на Јон Ајдини, роден во Скопје, во 1995. Неговата музика се емитува на радио станици во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија и Косово. Досега има учествувано на „Сани хил“ ...

Носталгично сеќавање на најубавите домашни евергрини од 1960-тите и од 1970-тите беше концертот на Националниот џез оркестар со гудачки камерен оркестар на 19 август на плоштадот „Делфина“ во скопската населба Влае. Имаше и понови песни како „Моја гитара“ од Сашо Гигов- Гиш. Хитовите од златното време на македонската популарна музика ги пееја Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрен, Ана Петановска, Светлана Јовановска и Драган Мијалковски. Ретко ...

Kлисурата Сакликент се наоѓа во близина на „Тиркизниот брег“ на југозападна Турција, и се смета за едно најголемите природни чуда во земјата, висок и тесен отвор во чиста карпа од која се излеваат сините води на студената река што се спушта од планината Таурус. Долг околу 18 километри и ѕидови до 300 метри Сакликент е најголемиот кањон во Турција. Сместен во својот национален парк, тој е познат и како „Скриена долина“ или „Изгубен град“. Над ...

Корисниците на ТикТок знаат фрагменти од песни кои траат околу 15 секунди подобро од оригиналните. Тоа е благодарение на трендот што се појавува на социјалните мрежи, особено на ТикТок, откако се менува темпото на популарните песни за 25-30 проценти, за да можат да се направат кратки вирални видеа со танцување. Овие верзии дури им помагаат на некои пејачи да се искачат на официјалните музички топ листи. Забрзаното слушање се појави во раните ...

На Фестивалот Охридско лето за вечерва (19 август) од 21 часот во црквата „Св. Софија“ е најавен концерт „Вечер на ЕУ“ со виолончелистката Ками Тома од Белгија и пијанистот Жулиен Брокал од Франција. Тома во следната сезона ќе настапува со Националниот оркестар во САД и диригентот Густаво Гимено, а како резидентен артист со Еременскиот државен оркестар ќе има четири настапи под диригентство на Сергеј Смбатјан. Ќе биде солист со Симфонискиот ...

Продуцентот и пејач Робрет Билбилов (фото) сними заедничка песна со диџеј Никифор со наслов „A mami jо“, која е дел од нивниот заеднилки албум „Африканска кралица“ (African Queen). „Со Никифор напорно работиме на овој албум, а досега веќе официјално се пуштени три синглови, вклучувајќи го и новиот. Оваа песна носи свеж и енергичен звук, со уникатен спој на африкански ритми и модерна продукција, и е наменета да го привлече вниманието на ...

Вечерва (19 август) од 20 часот на плоштадот „Делфина“ во скопската населба Влае од 20 часот, ќе се одржи концерт со македонски музички евергрини на кој ќе пеат Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска и Драган Мијалковски (фото). Ќе ги придружува Националниот џез оркестар и гудачки оркестар, а концертот е насловен „Македонски музички времеполов-незаборавни евергрини“, најави радио „Буба мара“. Концертот ќе се ...

Американскиот кабаре состав „Постмодерн џубокс“ од Њујорк ќе гостува со свое шоу во Скопје, на 6 септември во Филхармонијата, објави „Авалон“. Америка, Европа и Австралија. Нивните видеа на јутјуб се гледани до 1,9 милијарди пати. „Најголемиот светски забавувачки музички колектив ќе го прослави својот 10 роденден како дел од својата светска турнеја. Може да очекувате шоу во стилот на ‘Големиот Гетсби’ во комбинација со Френк Синатра и филмот ...

Добра вест за љубителите на пливањето: мнозинство од местата за капење во Европа имаат одличен квалитет на водата, според новиот извештај на Европската агенција за животна средина. За пливање во море, Хрватска ја има најчистата вода, па следат Кипар, Грција и Словенија. Што се однесува до водата во реките и езерата, Бугарија, Грција, Ирска и Романија се изедначени на првото место, а Австрија и Финска се зад нив. За најчисти води севкупно, Кипар ...

На 28 август на градскиот плоштад во Радовиш со два концерта ќе се прослават Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш. Од 21 часот, концерт ќе одржи актерот, музичар и шоумен Игор Џамбазов, кој придружуван од „Гуру Харе бенд“ ќе ги испее своите најголеми хитови, како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“ и „Да си жив и здрав“. Прославата ќе продолжи во 23 часот со настапот на „Црвена јабука“. Босанската поп-рок група ...

Модната дизајнерка Евгенија Зафировска одржа модна ревија во Хрватска, на островот Брач. За новата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ вели дека облеката ја претставува како тело. „Преку истражување пристапив и ја најдов најблиската врска помеѓу архитектурата и модата преку создавање на 3-Д структура и простор за телото, притоа дозволувајќи неограничено движење. Досегашните резултати покажуваат дека луѓето стануваат сè повеќе свесни ...

Среде загриженоста дека вештачката интелигенција е закана за бројни работни места и за уметничкото изразување, платформата Фанвју го организира првиот избор на Мис вештачка интелигенција (Miss AI) и сега ги објави десетте финалистки, кои доаѓаат од осум држави. Меѓу нив се дигитално создадени модели од Франција, Португалија, Турција, Романија, Мароко, Бразил, Индија и Бангладеш. Тие биле избрани од 1.500 апликации поднесени од креатори на ...

Издавачката куќа „Кафе де Анатолија“ организираше несекојдневен настан во Кочани, давајќи му нов живот на тамошниот Споменик на слободата. „Во соработка со ‘Алфа ивентс‘ направивме револуција во електронската музика и донесовме неверојатни диџеи во Кочани“, кажаа од „Кафе де Анатолија“, чии сопственици се по потекло од Истибања, Виничко. На журката која се одржа во специфичен амбиент настапија диџеите Омер Тајар, Квин Џи, Ријалијанс он Ерт, Били ...

На 20 август во Богданци по 17. пат почнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, на која учествуваат талентирани млади графичари од Македонија и регионот. Работилницата ќе трае до 27 август, кога ќе има завршна изложба на учесниците, која ќе биде поставена во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Ќе учествуваат 15 графичари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, кои ќе творат под менторство на ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
70%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
91%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.54
90%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
91%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
69%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1007
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
10.29
87%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
55%
1008
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23

Бакар

10.95