Српскиот актер Драган Бјелогрлиќ вели дека штом влезе во улогата на Рендл Мекмарфи во претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, потоа му е тешко да излезе од неа. Актерите од Београдско народно позориште, кои денеска (17 август) од 21 часот ќе ја играат оваа претстава во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во рамките на Охридско лето, изјавија дека се радуваат што се во Охрид. „И мојот живот стана дел од тој процес кој се случува на ...

Холивудската актерка Кристин Барански откри дека се подготвува трет дел на блокбастерот „Мама миа“. Првиот дел на мјузиклот од 2008 заработи над 600 милиони долари, а продолжението насловено „Мама миа: Одиме понатаму“ излезе по 10 години. Говорејќи за своите проекти во едно интервју, Барански (72) кажа дека разговарала со Џуди Крамер, продуцентката на филмската франшиза, работите се во тек и приказната е подготвена. „Сите ќе бидеме на некој ...

На Охридско лето вечерва (16 август) од 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе настапи француската пијанистка Софија Вајан. Нејзиниот концерт е во рамките на традиционалната француска вечер на фестивалот, што се одржува со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот институт од Скопје. Вајан дипломирала со највисоки оценки на Конзерваториумот во Лион и продолжила да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон, каде што ...

Ед Ширан ѝ се придружи на Тејлор Свифт на сцената на стадионот „Вембли“ во Лондон откако таа го почна последниот дел од својата мегауспешна светска турнеја „Ери“. Изведувајќи мешавина од двете песни што ги имаат снимени заедно, Свифт му се заблагодари на „најдобриот пријател“ Ширан што настапи со неа пред 92.000 фанови. Ова беше првиот настап на 34-годишната Свифт откако беа откажани нејзините три концерти во Виена поради закана од терористички ...

Пејачката Агни Авшар сними нов албум на кој има песни на пет јазици. Насловен „Yours Sincerely, HEART CORE”, на него има седум веќе слушнати песни. „Албумот е полиглотски, односно пеам на пет јазици: македонски, француски, шпански, англиски и италијански. Тоа се обработки на песни кои воопшто не се по случаен избор, туку се едни од најубавите евергрини од повеќе земји и музички периоди“, вели Авшар. Дел од песните на албумот е и „Еден бакнеж” од ...

Блескавите бели куќи, црквите со сина купола и тиркизното море на грчкиот остров Санторини привлекуваат 3,4 милиони посетители годишно, што е далеку побројно од околу 20.000 постојани жители. Илјадници туристи со крузери доаѓаат на островот во шпицот на сезоната, директно кон жешките точки како главниот град Фира и градот Оја на северозападниот врв, познат по своите спектакуларни зајдисонца. Тој дури го доби прекарот „Островот на Инстаграм“ ...

Тејлор Свифт денеска (15 август) се враќа на „Вембли“ во Лондон за нејзиниот прв настап по откажувањето на концертите во Австрија поради закана од терористички напад. Свифт веќе одржа три концерти на овој стадион како дел од турнејата „Ери“, која соборува рекорди, а сега се враќа за уште пет, од кои последниот ќе го означи крајот на европската турнеја. Нејзините први концерти во Лондон во јуни беа меѓу најзапаметените на турнејата, при што ...

Италијанското дуо „Ејџентс оф тајм“ (Agents of Time), италијанскиот електробенд „Медуза“ и американската дива на афрохаусот Лајла Бенитез (фото) се најавени како главни ѕвезди на третото издание на настанот Гет ексајтед (Get EXITed) во Струмица, што заеднички го организираат новосадскиот фестивал Егзит и Општина Струмица. Таканаречениот струмички Егзит, кој лани привлече 20.000 посетители, ќе се одржи на 6 септември во струмичкиот парк. „Ејџентс ...

Новиот албум на музичарот Владимир Четкар „Let Us Be“ на 18 септември ќе биде издаден во Јапонија од дискографската куќа „Пи вајн рекордс“, а потоа ќе се дистрибуира и во други земји. „Последното ремикс издание на авторска музика на Владимир Четкар веќе две недели котира на високи позиции на повеќе топ-листи на светската музичка платформа ‘Траксорс“, велат од тимот на џез гитаристот. Ремиксот на песната „Никогаш нема да завршиме“ (We Will Never ...

Денеска (15 август) во Куршумли ќе се отвори јубилејното 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Ќе се одржува до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и во новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. Програмата на отворањето од 20.30 часот содржи проекција на два документарни филма: краткиот филм „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат и долгометражниот „Целулоидно подземје“ ...

Прилепскиот панк-рок бенд „Хаундс“ слави 16 години постоење со концерт во Прилеп, на 21 август од 21 часот. Концертот ќе се одржи во центарот на градот, во чаршијата, пред клубот „Калинка“. „На сцената нема да сме сами, традиционално ќе нѐ придружуваат наши колеги, уметници. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините ќе прерасне во културен белег на градот“, велат членовите на бендот. На 16 август, „Хаундс“ ќе настапи на ...

Анимираниот филм „Снежно кралство 3“ (Frozen 3) ќе излезе во кината во САД на Денот на благодарноста во 2027. „Дизни“ ја додаде третата анимирана авантура од Арендел во календарот на прикажување на 24 ноември 2027. Првите два филма заработија над милијарда долари. Оригиналниот филм стана огромна сензација во 2013, заработувајќи речиси 1,3 милијарди долари ширум светот и освои голем број награди, вклучително и два оскара. Продолжението од 2019 ...

Концерт за четирирачно пијано ќе има денеска (13 август) на Охридско лето со полските пијанистки Ана Миерник и Јоана Сохачка. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ од 21 часот и е во рамките на традиционалната полска вечер на фестивалот, што секоја година се одржува со поддршка на Амбасадата на Полска во Скопје. Миерник досега има настапувано во 38 земји на пет континенти. Одржала концерти во престижни концертни сали, како Карнеги хол во ...

„Примитив дред“ (Primitive Dread) од Охрид ќе биде еден од бендовите кои ќе ги придружуваат американските хардкор ѕвезди „Медбол“ (Madball) на европска турнеја. Првиот заеднички настап ќе го имаат на фестивалот „Rise or Die“ во холандскиот град Херлен на 5 октомври, а следните станици се Чешка, Словачка, Србија, Романија (два концерта), Бугарија и Грција. Покрај „Примитив дред“, дел од оваа турнеја ќе бидат и „Борн фром пеин“ (Born From Pain) од ...

Членовите на „Леб и сол“ се презадоволни од настапот во Хрватска, во паркот Орсула во Дубровник и велат дека организацијата била на високо ниво. „Орсула е концертен простор над градот, над самите карпи, спроти островот Локрум. Концертот беше прекрасно искуство пред прекрасна публика, која беше вчудовидена до последната нота. Воодушевени сме од приемот, целосната организација беше на врвно ниво. Паркот беше полн“, велат „Леб и сол“. Во сегашната ...

Бизнисменот Халим Зукиќ од босанскиот град Високо го трансформирал земјиштето од својата куќа во една од најпознатите слики на Винсент ван Гог, „Ѕвездена ноќ“. Зукиќ решил да создаде парк откако купил земја и куќа во блиското село пред 20 години, но немал јасна претстава како треба да изгледа. Пред шест години, додека стоел на еден рид гледајќи трактори на ливада со сено, ги забележал трагите на нивните тркала во форма на спирала, што го ...

Претставата „Лет над кукавичјото гнездо“ на Београдско народно позориште на 17 август ќе игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид (21 часот) во рамките на Охридско лето. Во главната улога е познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, а токму со неа тој се врати на театрската сцена во 2021. Во октомври 2022 претставата двапати играше во МНТ во Скопје. Претставата е мрачна хумористична сатира за поединецот во репресивен систем, ...

Песни во духот на староградската музика ќе се пеат на фолк-вечерта на Охрид фест, кој ќе се одржува на 30 и 31 август на сцената на Долни Сарај. „Како и лани, така и годинава, целта ми е да имаме квалитетни песни, бидејќи од многумина компетентни критичари и новинари добивме позитивни критики за ланското издание. Охрид фест беше еден од најдобрите фестивали во 2023. Песните што ќе се пеат на Долни Сарај на 30 август се во духот на охридскиот ...

На 14 август во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се отвори изложба на уметникот Доротеј Нешовски. „Најновата уметничка продукција на Доротеј Нешовски насловена ‘Ноќна шума’ е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едноставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви, кои ја ...

Од 13 до 20 август, во Струмица ќе се одржува традиционалната забавна манифестација Струмица опен, овојпат само со македонски музичари. Ќе се одржува на три локации: малиот градски парк, големот градски парк и старата чаршија. Денеска во малиот градски парк од 20:30 часот ќе има концертна промоција на новиот албум на Иван Кукиќ, „Сандеј вајбс“. На 15 август од 20:30 часот концерт со бенд ќе одржат Ана Петановска и Филип Јордановски во Градскиот ...

На 9 ноември, по неколку години пауза, повторно ќе се одржи музичкиот фестивал Скрим во Скопје. Во салата „Борис Трајковски“ ќе настапат три популарни групи од поранешна Југославија: „Црвена јабука“ од Сараево, „Прљаво казалиште“ од Загреб и „Галија“ (фото) од Ниш. Претходно, фестивалот се одржуваше во „Метрополис арената“ со настапи на македонски и балкански пејачи и групи. Во 2014, концерти во иста вечер одржаа Владо Јаневски и „Прљаво ...

Од обожаватели на класичната и џез музика, до повозрасни битолчани кои растеле и живееле со хитовите на Габи Новак и Арсен Дедиќ, на 9 август ја наполнија салата во КИЦ-Офицерскиот дом во Битола да го слушнат концертот „Балкан нуево“ во кој пијано свиреше нивниот син Матија Дедиќ, светски познат џез пијанист и композитор. „Среќен сум што дојдов и што свирам во Битола. Овде пред повеќе од 50 години настапи мојата мајка Габи Новак“, рече Дедиќ. ...

Калиопи ќе одржи концерт во Крива Паланка на 24 август во рамките на фестивалот „Џои фест“ на Градскиот плоштад. Ден порано на истото место ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкеринг лајон“, а на 24 август, пред Калиопи свири бендот „Кисити“. „Џои фест“ е традиционална манифестација на отворено во Крива Паланка која се одржува на крајот на август. Лани на затворањето на настанот концерт одржа Здравко Чолиќ. Калиопи имаше два успешни концерта летово, ...

Хоакин Феникс се повлекол од филм најавен како хомосексуална романтична драма пет дена пред почетокот на снимањето и продуцентите ја опишаа ситуацијата како ноќна мора. Официјално не е кажано зошто Феникс се откажал од филмот, но на негово место нема да биде ангажиран друг глумец. Неименуваниот филм во режија на Тод Хејнс, со кого Феникс соработуваше на двата дела на „Џокер“, требаше наскоро да се снима во Мексико, каде што веќе биле изградени ...

Националниот џез оркестар со Васил Хаџиманов како гостин-солист на 11 август одржа одличен концерт на сцената Долни Сарај во Охрид. Концертот со еден збор може да се нарече „ќеиф“, како албумот на Хаџиманов, кој излезе лани за „Кроација рекордс“. На концертот во Охрид, со нови аранжмани на Владимир Николов, тој со оркестарот и со поголемиот дел од неговиот бенд ги отсвире новите песни од албумот. „За почит е што државата препозна квалитет во ова ...

Поминаа 10 години откако почина комичарот Робин Вилијамс. Смртта на оскаровецот на 11 август во 2014 ги шокираше обожавателите и колегите. До денес, луѓето кои имаа доволно среќа да го познаваат Вилијамс лично или да соработуваат со него продолжуваат да споделуваат приказни за него. Сали Филд, колешката од филмот „Госпоѓа Даутфаер“ го нарече Вилијамс „промислен и дарежлив“ и кажа дека тој е веројатно еден од првите луѓе кои искрено зборувале за ...

Градовите во популарните туристички земји се попосетени ако понудат лесен пристап до природата, што објаснува зошто урбаните градини се толку популарни. Од италијанска градина од ерата на ренесансата до футуристичка градина во Сингапур, ова се петте најубави урбани градини според „Дејли паспорт“. Најголемата природна цветна градина во светот се отвори во Дубаи на Денот на вљубените во 2013, со повеќе од 150 милиони цветови. Чудотворната градина ...

Облеката со која Лајонел Ричи пееше на затварањето на Олимписките игри во 1984, сега е за првпат изложена во Рокенрол куќата на славните, во Музејот на музички сувенири во Кливленд, Охајо. Облеката на Ричи е изложена во рамките на новата изложба која ги слави уметниците од 1984: Тина Тарнер, Мадона, Брус Спрингстин и Лајонел Ричи. Лајонел Ричи, опкружен со најдобрите пиротехнички средства во 1984 ги затвори Олимписките игри во Лос Анџелес ...

Речиси сите песни на Владо Јаневски се големи хитови, има верна публика повеќе од 30 години, секогаш знае што ѝ раскаже, и затоа кај него нема промашување, концертите му се успешни и посетени. Таков беше концертот во Античкиот театар на 10 август во Охрид, со полн партер и трибини, бенд од искусни и познати музичари и придружни вокали и весела публика која го следеше во сите песни. „За оваа песна снимавме спот одамна во Универзална сала, бог да ...

Детали за новите филмови, вклучувајќи го и третиот дел од „Аватар“, додаток на франшизата „Војна на ѕвездите“ и продолжение на „Откачениот петок“ беа објавени на настан за фановите на Дизни во Калифорнија. Режисерот Џејмс Камерон ѝ кажа на публиката од 12.000 луѓе дека „Аватар: Оган и пепел“ „нема да биде она што го очекувате“, додека американскиот актер Џон Фавро даваше шеговити коментари на новиот филм од „Војна на ѕвездите“ насловен ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
70%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
91%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.54
90%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
91%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
69%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1007
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
10.29
87%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
55%
1008
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Цинк

3.23

Калај

40.48

Паладиум

46425.68

Никел

473339.37

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95