Женската репрезентација на Македонија „Под 18“ години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во романскиот град Тулчеа. По уште едно борбено издание, нешто подобра беше селекцијата на Велика Британија, која благодарение на својата физичка надмоќ стигна до победа. ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 59:43 Во првото полувреме се играше доста неефикасна кошарка. Во таков ритам подобро се снајдоа ...

Со гол во 93. минута, Југослав Тренчовски дебитираше со победа на клупата на Олимпија. Македонскиот стретег денеска го предводеше словенечкиот гигант до прва победа во новата сезона, само неколку дена откако беше назначен за тренер на составот од Љубљана. Тренчовски мечот го започна со нашиот интернационалец Митровски, кој одигра 71. минута пред да биде заменет. Голот за победа го постигна Убранчиќ во третата минута од надополнувањето. Со ...

Вчерашниот ден, 1 август, долго ќе го памети талентот Агон Демири, кој го имаше своето деби в дресот на првиот тим на Струга Трим Лум, на пријателскиот тест натпревар против ГФК Охрид Лихнидос, кој заврши со резултат од 3:1 во корист на стружани. Имено новиот бисер на Струга ТЛ го имаше своето деби на само 16 години и 6 дена. Адолесценцијата е еден од најнежните периоди и тешко е да се извлече најдоброто од момчињата на оваа возраст, бидејќи ...

Македонскиот интернационалец, Енур Тотре, е нов фудбалер на албански Скендербеу. Во Албанија, Тотре пристигнува од екипата на косовски Гњилане за кој настапуваше само една сезона. 30-годишниот македонски играч за врска во својата кариера настапуваше за Шкендија, за која запиша 161 настап и постигна 11 погодоци. Албанската лига нема да му е нов предизвик, бидејќи Тотре одигра една сезона во екипата на Тирана. Тотре исто така има и два настапи ...

Противникот на Шкендија во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига, шкотски Хиберниан, со пораз ја отвори новата сезона во шкотската Премиер лига. Во очекување на првиот дуел со Шкендија следнава недела, екипата од Единбург загуби на домашен терен од Мадервил со 2:1. Шкендија ќе му гостува на Хиберниан во четврток, а првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига ќе започне во 21 часот. Противникот на ...

Дали Коди Гакпо ќе заврши во Тотенхем? Тотенхем ја реактивираше приказната за доведување на Коди Гакпо, објавува TEAMtalk. Лондонскиот клуб долго време ја следи ситуацијата со холандскиот интернационалец, а интересот не стивнува ниту ова лето. Според истиот извор, Тотенхем ги обновил контактите и се распрашал за можноста за трансфер. TEAMtalk тврди дека разговорите со претставниците на Гакпо биле позитивни. Самиот холандски фудбалер наводно ...

Цепелинот кој нашите ракометари и го подготвија на Франција се најде во листата на ТОП 5 најдобри голови во првата фаза од натпреварите на ЕП за кадети во Белград. На натпреварот со Французите, Бобан Поповски постигна извонреден гол од цепелин кој се најде на третото место на ТОП 5 листата формиранаод ЕХФ за најубави голови во првата фаза на шампионатот. The M18 #ehfeuro2026 preliminary round 𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 are here! 🔥 Which one is ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчоввски денеска на Илинден дебитира на клупата на Олимпија Љубљана откако пред неколку дена ја доби довербата и стана шеф на струката во најголемиот клуб од Словенија. Противникот е екипата на Алуминиј од 20:15 часот на стадионот „Стожице“, пред домашната публика. А од она што е интересно за Олимпија е тоа што во екипата останува нашиот фудбалер Димитар Митровски. „Какво заминување. Тој е одличен фудбалер, ...

Македонскиот интернационалец Марио Младеновски со гол и победа ја отвори новата сезона во Хрватска. Во дресот на Вараждин, поранешниот фудбалер на Шкупи, Македонија ЃП и Вардар, го отвори резултатот на денешното дерби со Хајдук со прекрасен гол за водство на Вараждин од 1:0. Подоцна Хајдук израмни, но Вараждин постигна уште еден гол за победа. Македонскиот интернационалец Марио Младеновски со гол и победа ја отвори новата сезона во ...

ПСЖ испрати официјалнa понуда до Парма за трансфер на голманот на јапонската репрезентација Зајон Сузуки. Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, парижани се подготвени да платат 33 милиони евра за 23-годишниот голман. Парма е задоволна од оваа понуда, со што ПСЖ е пред Јувентус во трката за голманот, бидејќи клубот од Торино сè уште не направил никакви официјални понуди. Француските шампиони наводно веќе му го претставиле својот ...

Досегашниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, е на листата на кандидати за функцијата селектор на дури три репрезентации, објавија хрватските медиуми. Според „Спортски новости“, најголем интерес покажале Обединетите Арапски Емирати, кои наводно му понудиле на Далиќ договор вреден околу 5.000.000 евра по сезона. Истиот извор наведува дека за искусниот хрватски стручњак се заинтересирани и фудбалските асоцијации на ...

Одбојкаркиот прволигаш во женска конкуренција, Пелистер од Битола, вои очекување на новата сезона претстави две интернационални засилувања. Од денеска ново име во дреот на битолчанки е Американката Џејд Вотсон. Станува збор за засилување на позицијата коректор. Вотсон во Битола доаѓа од Атланта, каде досега го носеше дресот на Лајф Јуниверзити од Џорџија. Второто засилување за битолските „зелено-бели“ доаша од Канада во името на Натали Фанк. ...

Сега веќе е официјално, сега е веќе дефинитивно. Сагата околу трансферот на Керим Алајбеговиќ конечно заврши денес, бидејќи овој 18-годишник потпиша за Јувентус. Старата дама официјално потврди дека Алајбеговиќ е новиот играч на овој клуб. ✍️⚪️⚫️ pic.twitter.com/mLdJYsHjnZ — JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) August 2, 2026 „Јувентус објавува дека постигнал договор со Баер Леверкузен во врска со трансферот на Керим Алајбеговиќ“, објави ...

Јувентус го објави трансферот на Рандал Коло-Муани од ПСЖ. Клубот објави дека трансферната сума изнесува 38 милиони евра, распределена во рати во текот на четири години, со дополнителни 3,2 милиони евра што треба да им се платат на агентите. Покрај тоа, договорот предвидува бонуси во вкупен износ до 12 милиони евра по постигнување на одредени цели. 27-годишниот француски напаѓач потпиша договор со клубот од Торино до 2031 година. Јувентус ...

Јасно им е на сите дека СП 2026 беше едно од најскандалозните во историјата, и тоа поради две личности. Првата е Џани Инфантино а втората е Доналд Трамп. Поништениот црвен картон на Балогун беше само доказ дека овие двајца сакаат да го уништат фудбалот, онаков како што го знаеме, за своја финансиска корист.Да не говориме за планот за купување на СП, кој пропадна благодарение најмногу на УЕФА. И затоа Џани се чини дека вече историја, а Трамп ...

Ромелу Лукаку, би можел да го напушти Наполи ова лето, а членот на МЛС лигата, Атланта, е заинтересирана за услугите на белгискиот напаѓач, според медиумите на Апенините. Лукаку е во последната година од договорот со Наполи откако пристигна од Челзи во летото 2024 година. Белгиецот одигра важна улога во освојувањето на титулата во италијанското првенство во сезоната 2024/25, но во текот на следната натпреварувачка година одигра само пет ...

Македонсиот репрезентативец Љупче Дориев имаше уште еден брилијантен настап во дресот на екипата на Согдиана. Во меч од 15. коло на узбекистанската Суперлига, екипата на Согдиана славеше со 3:1 на гостување кај Машал, а Дориев „експлодираше“ постигнувајќи хет-трик. Првиот гол Дориев го постигна во 5. минута за водство на Согдиана од 0:1. На стартот на второто полувреме, Согдиана доби пенал, а Дориев го претвори во водство од 0:2. Со третиот ...

Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во Лондон и се чини дека „топџиите“ одат на „сè или ништо“. Како што првично изјави Марио Кортахен, кој е многу близок до Реал, Арсенал сака целосно да ја реконструира својата структура на плати за да го донесе Винисиус во своите редови. Тие сакаат да ...

На денешниов голем православен христијански празник Св. Илија и државен празник Илинден, што е еден од клучните темели на идентитетот на македонскиот народ и на Република Македонија како држава, пред 80 години (во 1946) на 2 август, почнало, а следниот ден завршило првото првенство на Македонија во кошарка. Според достапните податоци, ова првенство било одржано во рамките на Вториот фискултурен слет. На првенството учествувале три екипи: ...

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој денеска е поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 75) за 68 минути. Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0. Во вториот сет беше изедначено до последниот гем немаше брејк, а во ...

Поранешниот српски репрезентативец Милан Гуровиќ покажа смиреност и храброст кога извлече човек од запален автомобил во Нов Белград, кој не можеше да излезе од возилото. Благодарение на неговата брза реакција, беше избегната трагедија. Денес, Милан Гуровиќ се најде во центарот на вистинска драма во Нов Белград, каде што, според Курир, спасил човек од автомобил кој одеднаш се запалил. Сè се случило во близина на Лидл на улицата Војвоѓанска, а ...

Милан Илоски, Американецот со македонско потекло инаку напаѓач на Филаделфија утринава го постигна еден од најубавите голови во својата кариера и еден од најубавите во последно време во МЛС. Имено на мечот против Атланта при резултат 0:2 за гостите, Илоски изведе вистинска магија за 1:2. Тоа како да им даде крилја на неговите соиграчи кои до крајот постигнаа уште два гола и со голем пресврт му донесоа на својот тим победа од 3:2. Сепак вреди ...

Малку необично, па и неразбирливо е тоа што откако минатата недела стартуваше новата сезона во ПМФЛ а веќе викендов има пауза, поради празникот, но тоа е мак – фудбалот. Затоа со оглед на тоа дека нема прволигашки фудбал овој викенд време е за некои анализи, „приказни“ поврзани со нашата елитна фудбалска елита. Па така ако погледнеме кои се тренери во моментов се во нашите десет прволигашки клубови, ќе забележиме дека само стратегот на ...

Нема дилеми дека Шкендија и ова лето со успех го претставува мак – фудбалот во фудбалска Европа. Првите две квалификациски кола во Лигата на Конференции се минати, а сега на ред е третата рунда и тоа против составот на Хиберниан од Шкотска. Првит меч се игра на 6 август (четврток) во Единбург од 21 часот, додека реваншот е на 13 август во Скопје. Интересно е тоа што меѓу овие два меча со Шкотите, тетовци ги чека мега – дербито со Вардар во ...

Се чини дека фудбалска Турција станува мека за ветераните кои сеуште се ѕвезди во светот на фудбалот. Ако со денови се шпекулира во кој клуб ќе потпише Мохамед Салах, најново е тоа што Кевин Де Брујне се поврзува со трансфер во Галатасарај. Имено турскиот гигант наводно подготвува понуда за Кевин Де Брујне, кој е сè повеќе незадоволен од својот статус во Наполи. Белгискиот репрезентативец пристигна во Италија од Манчестер Сити како слободен ...

Наполи прослави 100 години клуб на спектакуларен начин. На церемонијата беа бројни легенди на клубот, како и актуелни играчи и тренери. Секако, централниот говор го одржа претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, кој нагласи дека Наполи сега е посилен од кога било, но ги увери навивачите дека можат да очекуваат уште подобри резултати. Тој најави и снимање филм за 100-годишното постоење на клубот, а имаше и интересно обраќање до новиот ...

Рома официјално го заврши трансферот на грчкиот репрезентативец Константинос Кулиеракис од Волфсбург. Според италијанската платформа „Фудбал-Италија“, износот на договорот е 16,5 милиони евра, на што се додадени бонуси и 20 проценти учество во идната продажба. Дефанзивецот успешно ги помина медицинските прегледи денес, по што потпиша петгодишен договор и ќе го носи дресот со број 33. Според италијанското издание „Ил Темпо“, вкупната вредност ...

Македонската машка јуниорска репрезентација запиша пораз против Велика Британија (83-73) и заврши на 14-то место на Европското првенство Б Дивизија. Нијанси го одлучуваа победникот на овој меч. Нашите кошаркари беа подобри во првата четвртина (18-21), додека противникот на одморот замина со позитива од 43-39. Беше изедначена битката и во третата четвртина во која Велика Британија беше подобра со 16-15. Во последните десет минути кои ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се откажува од идејата за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на надворешни инвеститори. Тој нагласи дека проектот предизвикал несогласувања што се спротивставуваат на неговите првични цели. Во официјално соопштение, Инфантино ги објасни причините за неговата одлука. „Проектот на ФИФА Форвард Ентерпрајз (FFE) имаше за цел да ги постави темелите за понатамошно ...

Мика Годтс постигна личен договор со Пари Сен Жермен, па парискиот клуб сега мора да постигне договор со Ајакс. Холандскиот клуб наводно бара обештетување од околу 60 милиони евра за својот играч, објави Goal.com. Доколку Ајакс и ПСЖ постигнат договор, Годтс треба да потпише договор што би траел до средината на 2031 или 2032 година. Неговиот агент Нилс де Јонк потврди напредок во преговорите. „Мика е информиран за платата и во принцип ги ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1021
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
80%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1020
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.98
86%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
97%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
63%
1021
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
58%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
70%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.629

Currency

55.036

Currency

73.834

Currency

37.961

Currency

39.051

Currency

67.206

Currency

8.2553

Currency

0.668

Currency

0.34804

Currency

0.52391

Currency

1.097

Currency

0.58681

Сребро

1691.13

Паладиум

32600.86

Злато

132371.05

Иридиум

321507.47

Цинк

3.76

Платина

50123.01

Алуминиум

3.05

Калај

46.53

Родиум

297394.41

Бакар

12.71

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53