Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако го победи Јан-Ленард Штруф со резултат 3:0 во сетови – 7:5, 7:6(4), 6:3, по два часа и 37 минути игра. Иако конечниот резултат делува убедливо, Штруф пружи многу добар отпор, особено во првите два сета, во кои успеа долго време да му парира на фаворизираниот Италијанец. Германецот го отвори натпреварот многу добро и во првиот сет играше рамноправно ...
Фудбалската репрезентација на Белгија синоќа ги совлада САД со резултат од 4:1 и со тоа се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство. Овој триумф е уште посладок со оглед на сите неправди и контроверзии што се случија пред средбата. ФИФА му го поништи црвениот картон на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, кој го доби против БиХ и му дозволи да игра во осминафиналето. Посебен бес дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп ...
Еден од играчите што досега го одбележаа Светското првенство е норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Со седум гола, Халанд даде огромен придонес за „Викинзите“ да обезбедат место меѓу осумте најдобри, а особено за соборувањето на моќниот Бразил. Како што се случува, приватниот живот на една позната личност е привлечен за пошироката јавност. Така е и во овој случај, но Халанд е доста интригантен. Ерлинг е во врска со Изабел Хаутсент Јохансен ...
КуПС, првакот на Финска попладнево гостува во Скопје на првата пресметка со Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите. Тим кој не е атрактиван, тим кој речиси за сите нас е непознат, но и клуб кој во последните сезони е најдобар во Финска, а лани играше и во Конференциската лига каде стигна и до нокаут-фазата. А таму играше во група со Дрита од Косово, клуб на чија што клупа е нашиот Зекирија Рамадан. „Тежок е ривалот за Вардар. ...
Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да го оствари својот најголем успех во кариерата. Влезе во главната рунда на престижниот Гренд Слем Вимблдон или поинаку кажано неофицијалното светско тениско првенство. Ѓорческа преку квалификациите успеа да стигне до првото коло во кое не успеа да ја мине фаворитката Анисимова. Не е ниту важно. Важна е улогата на нашата најдобра тенисерка која што успеа да стигне онаму каде што мечтаеше ...
На терените на ТК Југ од денеска до петок ќе се играат мечевите од државното првенство во двете конкуренции (мажи и жени). Според програмата денеска треба да се играат 16 мечеви на четири терени, односно мечеви од првото и второто коло кај мажите, како и првото коло кај жените. Во машка конкуренција како прв носител е рангиран Дејвис куп репрезентативецот на Македонија и лански финалист Кристијан Јанев, а носител број 2 е уште еден ...
Мечевите од осминафиналето на тековниот Мундијал помеѓу селекциите на Шпанија и Португалија односно САД и Белгија за Спортспорт, ги анализира Горазд Михаилов. Тој смета дека Шпанија оди во понатамошната фаза, не само поради одамна потврдениот квалитет, туку и пред се поради капацитетот на селекторот Де Ла Фуенте. Погодените и навремени измени се главаната причина што Шпанија е сеуште на Мундијалот. САД дозна дека Доналд Трамп не може да го ...
Денеска со два меча и дефинитивно се завршува 1/8 финалето на тековниот Мундијал. Лео Меси и Аргентина се апсолутни фаворити против Египет, додека интересно ќе биде на дуелот Швајцарија – Колумбија. Победниците од овие два меча ќе ги одмерат силите во 1/4 финалето. Аргентина и Египет ќе се сретнат на стадионот во Атланта, а во центарот на вниманието ќе биде спектакуларниот дуел помеѓу Лионел Меси и Мохамед Салах. Актуелните светски шампиони, ...
Македонскиот младински репрезентативец Марко Стојилевски ја промени средината и го има својот прв интернационален предизвик. Досегашниот играч на Брера е нов играќ на екипата на Смедерево. Десниот бек има пред себе перспективна кариера, затоа што веќе извесен период има сериозна прволигашка минутажа. Стојилевски е дете на Вардар, а потоа се пресели во Брераа. Има преку триесет официјални мечеви за младите селекции на Македонија. ...
Со десет натпревари вечерва официјално започнува новата сезона во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА. Првото квалификациско коло традиционално носи дуели меѓу шампионите на помалите европски лиги, но за македонската јавност освен настапот на нашиот шампион Вардар, кој во Скопје го пречекува финскиот првак КуПС, најголемо внимание ќе привлече пресметката во Бања Лука меѓу Борац и Левски. Причината е едноставна – на теренот ќе ...
Двајцата млади ракометари Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев се нови членови на Бутел Скопје. Ѓорѓески има 19 години, настапува на левата бековска позиција и доаѓа од екипата на Алкалоид, додека десниот бек Акксентиев исто така има 19 години, а во Бутел Скопје доаѓа од екипата на Мулти Есенс. Двајцата потпишаа договори на две сезони и ќе останат во Бутел до 2028 година. Двајцата млади ракометари Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев се нови ...
Новата ѕвезда на Мајами, Јанис Адетокумбо официјално беше трансфериран од Милвоки во Мајами вчера, по што и официјално беше преставен неговиот нов дрес. 31-годишниот Грк следната сезона во дресот на Хит ќе го носи бројот 7. Јанис, кој помина 13 сезони со Бакс носејќи го бројот 34, рече дека сака да го задржи својот стар дрес како дел од неговото наследство во Милвоки засекогаш. Мајами работи на наоѓање решение за навивачите кои веќе го ...
Со максимален ефект од шест победи во исто толку натпревари, сениорската репрезентација на Македонија на убедлив начин ја заврши првата рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 и како првопласирана во групата „А“ обезбеди место во следната фаза од квалификацискиот циклус. По комплетирањето на натпреварите од првата рунда, познати се четирите национални селекции кои директно изборија пласман во втората рунда од ...
Екипата на Шкендија утрово замина за Гибралтар, каде в четврток треба да го одигра првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовци за противник го добија тимот на Европа, кој ќе го пречека нашиот претставник на стадионот „Викторија“. Денеска и вториот македонски претставник Силек замина за Стара Загора, каде в четврток во истото натпреварување ќе му биде гостин на Динамо Минск од Белорусија. Екипата на Шкендија ...
Сезоната во Формула 1 дефинитивно не оди според планот за Макс Верстапен и Ред Бул. Холанѓанецот беше блиску до пласман на подиумот на Големата награда на Велика Британија, но имаше несреќа неколку круга пред крајот. Новинарот Ерик Ван Харен тврди дека со недели имало голема тензија помеѓу таборот на Макс и врвниот менаџмент на Ред Бул. Тоа е предизвикано од фактот што Верстапен одбива да каже дека ќе продолжи да се трка за Ред Бул во 2027 ...
Голманот на белгиската репрезентација Тибо Куртоа, ја коментираше победата над репрезентацијата на САД (4:1) во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година . „Ни рекоа дека не сме тоа што бевме порано. Мислеа дека лесно ќе не победат. Но, ние покажавме дека навистина сме добар тим. Од самиот почеток притискавме врз противникот и создадовме шанси. По голот на Малик Тилман, Американците немаа никакви шанси за гол, освен ударот на ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез, објави дека се повлекува од функцијата откако неговиот тим загуби со 0-1 од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство, нарекувајќи го поразот крај на еден циклус за тимот. Мартинез коментираше дека неговиот договор истекува во понеделник и дека португалскиот фудбалски менаџмент сега има можност да назначи нов селектор, пренесува Ројтерс. Шпанецот исто така рече ...
Фудбалската репрезентација на Белгија одигра фантастичен натпревар и го декласираше тимот на САД со 4-1 во Сиетл за пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Американците скапо платија за грешките во одбраната, кои Белгијците ги искористија во првото полувреме, а дополнителниот удар дојде на почетокот на второто полувреме кога голманот Мет Фриз ја изгуби контролата врз топката пред сопствениот гол. Ромелу Лукаку го постигна четвртиот ...
Иако минатата недела официјално од Реал Мадрид беше демантирано дека ќе испратат до Баерн Минхен понуда за Мајкл Олисе, сепак некои работи се променети. “Кралевите“ се подготвени да го урнат рекордот за да го доведе Французинот од Баерн. Според разни германски медиуми, „кралскиот клуб“ подготвува историска понуда за француската ѕвезда, која би изнесувала 190 милиони евра со дополнителни 30 милиони преку бонуси. Ова ја потврдува сериозната ...
Тимот на КуПС противникот на македонскиот шампион, ФК Вардар во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите веќе е во Скопје и го одработи официјалниот тренинг како и прес конференцијата. Дуелот кој е закажан за утре во 19:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје го носи тимот кој што е квалитетен и за нашата јавност енигма. Тренерот на КуПС кој што патем има 34. години, Мика Нутинен е самоуверен во најавите дека доколку ...
Португалија – Шпанија 0:1. Со голот на Микел Мерино во 90+1.минута, европскиот првак успеа да го добие Ибериското дерби и со тоа да се пласира во 1/4 финалето каде за ривал ќе го подобриот од дуелот САД – Белгија. Шпанија беше подобра, покажа повеќе и затоа победи. Ова значи дека ова е крај на надежите на Кристијано Роналдо дека некогаш ќе биде светски првак. Легендата вечерва заврши со светските првенства. Првата шанса ја имаше Ојарзабал, а ...
Јасно е дека мега – ѕвездата на Франција и светскиот фудбал одговори. По расните навреди на парагвајската сенаторка Селесте Амариљо кон Килијан Мбапе, реагираше. Политичарката се огласи на социјалните мрежи за да го навреди изгледот на Мбапе, нарекувајќи го „колонизиран Камерунец кој се преправа дека е Французин“. Меѓу другото, таа изјави дека тој е „дивјак“ и изрази жалење што нејзините сограѓани не го нападнале физички на теренот. Мбапе ...
Денеска машката кадетска репрезентација на Македонија денес, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје го одржа собирот, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство. Подготовките ќе се реализираат од 6 до 8 јули во Скопје, по што репрезентацијата на 8 јули ќе замине на подготовки во Австрија, каде ќе престојува до 15 јули. Потоа, кадетите се враќаат во Скопје. Во рамките на подготовките, нашите кадети ќе ...
За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот танц“ на легендарниот Португалец, кој стори се да игра и на својот шести Мундијал само да дојде до титулата. Сепак, ништо од тоа.Ова е крајот на сите надежи, крај на сонот кој никогаш не се оствари. Португалија во пресрет на СП беше посочувана како голем ...
Иако ФИФА предизвика скандал со поништувањето на автоматската забрана за американскиот напаѓач Фоларин Балогун по телефонскиот повик од Доналд Трамп, ова не е прв преседан во историјата на Светските првенства. На СП во Чиле во 1962 година, кое го освои Бразил, на ѕвезденото крило на „Селесао“, Гаринча, исто така му беше дозволено да игра во финалето, и покрај тоа што претходно беше исклучен во полуфиналето. Граринча, стрелец на два гола ...
Нема голови на Ибериското дерби, на мега – дербито од 1/8 финалето на СП по првото полувреме меѓу Шпанија и Португалија кое се игра во Далас. Штета, ако се знае дека и двете селекции имаа по неколку шанси, закани по противничкиот гол. Нуњо Мендеш ја погоди и пречката. Шанси имаа и Роналдо двпати, Кансело. Најголемата шанса за Шпанија ја имаше Ојарзабал, кој излезе сам пред Диого Кошта, но не го погоди голот. И Олмо имаше зицер, а во ...
Довчерашниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот би можел да го замени Роналд Куман на позицијата селектор на холандската репрезентација. Поранешниот менаџер на „црвените“ е избран за новата менаџерска функција во националниот тим, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Прелиминарните разговори со Слот веќе се одржани. Холандската репрезентација беше елиминирана од Светското првенство во 2026 година во осминафиналето, по што Куман поднесе оставка. ...
По се изгледа дека со новиот тренер Борче Христов, Пелистер со нови сили ќе се обиде следната сезона во ВМФЛ да биде конкурентен и да се обиде веднаш да се врати во елитата. Секако дека прашање е како, ако се знае дека неколку клучни играчи на тимот од минатата сезона си заминаа од Битола. А клубот дури вечерва јавно го објави нивното заминување и притоа им се заблагодари: “Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на ...
Од денеска експедицијата на Тиквеш се наоѓа во Дарваз (Турција), каде ќе ги одработи главните подготовки во пресрет на стартот на сезоната во ПМФЛ. Како што и беше најавено, Тиквеш ќе одигра неколку пријателски натпревари, а првата ќе се одигра утре и тоа против Балтика, клуб од Русија. Мечот започнува од 17 часот по македонско време. Од денеска експедицијата на Тиквеш се наоѓа во Дарваз (Турција), каде ќе ги одработи главните подготовки ...
Легендарниот Јирген Клоп, новиот селектор на Германија исто така ја критикуваше одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун пред осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Белгија. Според агенциите и медиумите, вклучувајќи ги АФП и „Њујорк тајмс“, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, наводно лично го контактирал претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да побара ...