Ријад Махрез наводно споделил информации за почетниот состав на неговата репрезентација неколку часа пред натпреварот Алжир-Швајцарија на Светското првенство, со цел да изврши притисок врз селекторот Владимир Петковиќ и да ја промени неговата одлука, тврди алжирскиот новинар Дин Ами. Ами, кој известува за африканскиот фудбал за BBC и beIN, објави на X дека капитенот на Алжир сакал поинаков систем на игра против Швајцарија. Според него, Марез ...

Иако има повеќе од месец дена до стартот на новата сезона во Ла Лига, почнаа проблемите. Натпреварот од првото коло на Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, кој требаше да го означи почетокот на новата лигашка сезона за двата клуба на 16 август, ќе биде одложен, според информациите од шпанските медиуми. Причината за одложувањето лежи во фактот дека Светското првенство на крајот од турнирот ќе има барем еден играч на Реал Мадрид во ...

По победата на турнирот во Скопје 2023 година македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашново издание на Macedonian Open. За Ивановски ова беше 13.та победа на последните 14 мечеви, откако се врати на настапите во јуни годинава по паузата поради повредата. „Се вратив, по една година повреди со многу маки. Голема чест е да се игра пред наша публика, ми дававте многу мотив и вчера и денес. Ми помогнавте да го освојам турнирот. ...

Ако е од ФИФА, секако дека е премногу. Дисциплинската одлука на ФИФА во врска со американскиот напаѓач Фоларин Балогун предизвика бројни реакции во фудбалската јавност откако беше потврдено дека тој ќе биде достапен за натпреварот од осминафиналето против Белгија. Балогун првично беше суспендиран на еден натпревар поради црвениот картон што го доби на натпреварот против Босна и Херцеговина. На тој натпревар имаше прекршок во кој напаѓачот ...

Бразил – Норвешка 1:2 во меч од 1/8 финалето и за пласман на европската селекција во 1/4 финалето каде ќе се сретне со подобриот од дуелот Мексико – Англија. Фантастична партија на Ерлинг Халанд, кој со два фантастични гола го прати Бразил дома. Ни Дон Карло, ни Вини, ни Нејмар, ништо не им помогна на Бразилците. Уште еден шок. Халандминтор со овие два гола се израмни со Меси и Мбапе на листата на стрелците со седум голови. Блескава Норвешка ...

Ова е да се смееш или да плачеш. И за се е виновна ФИФА, која не крие дека и тоа како сака да му угоди на Доналд Трамп, на претседателот на САД. Американскиот напаѓач Фоларин Балогун сепак ќе може да игра за својата репрезентација во осминафиналето на Светското првенство против Белгија, откако ФИФА одлучи да го поништи неговиот црвен картон од натпреварот против Босна и Херцеговина. Одлуката веднаш ја коментираше американскиот претседател ...

Го имаме најспектакуларниот трансфер ова лето. Поранешниот германски репрезентативец и поранешен дефанзивец на Борусија Дортмунд, Баерн и Хофенхајм, Никлас Зиле, е нов член на аматерскиот клуб СВ Тифенбах, инаку деветтолигаш, официјално отворајќи сосема ново поглавје во својата кариера. Многу германски медиуми го нарекуваат овој трансфер најатрактивен во историјата на СВ Тифенбах. Станува збор за клуб кој се натпреварува во Крајслигата во ...

Бразил – Норвешка 0:0 е резултатот по првото полувреме од 1/8 финалниот меч во Њу Џерси. Имаше од се по нешто, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0. Се играше 4.мнута кога Берг донесе радост за Норвешка, сепак голот беше поништен поради офсајд. Во 10.минута Куња беше фаулиран, реагираше ВАР и по прегледување на снимката судијата сепак покажа пенал за Бразил. Бруно Гимараеш го изведе а Ниланд, голманот на Норвешка го одбрани тој ...

Големо, екстра засилување за Струга ТЛ. Андреј Јовчевски (22), еден од најдобрите голмани во Македонија, досегашен член на Пелистер е најновото име во редовите на некогашниот двоен шампион на Македонија. Познато е дека голманот од Битола во изминатите месеци се поврзуваше со клубови од странство, сепак на крајот ја прифати понудата на стружани и во наредниот период ќе го чува голот на овој прволигаш. Секако дека ова е одличен потег на ...

Светското првенство во 2026 година ќе биде последното за Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија потврди дека ова СП навистина ќе биде негово последно. Пред осминафиналниот натпревар со Шпанија, закажан за понеделник, Роналдо застана пред медиумите. За време на прес-конференцијата, 41-годишниот напаѓач ја искористи можноста да стави крај на сите шпекулации за неговата иднина со репрезентацијата. „Сакам да уживам во моментот колку што е ...

Од вечерва експедицијата на КуП, противникот на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите е во Скопје. Информациите велат Финците биле радосни кога слетале во главниот град поради фактот дека не било многу жешко, ако се знае какви температури имаше минатите денови. Сепак допрва ќе видиме како ќе биде во вторник вечерта на Арената “Тодор Проески“ во Скопје за кога е закажан првиот меч со шампионот на Македонија и тоа од 19 ...

Ете, ја имаме веројатно најлудата приказна на Мундијалот. Семејството мислело дека исчезнал во Соединетите Американски Држави, дури и Интерпол се придружи на потрагата, но всушност – англискиот навивач Мајкл Хјуит (65) ги поминувал деновите во Барселона, посетувајќи барови и гледајќи натпревари од Светското првенство на ТВ. Необичната приказна заврши со среќен епилог по десет дена неизвесност. Наместо да патува од Барселона до Бостон, каде ...

Македонската сениорска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако на гостувањето во Луксембург славеше со 80:66. И покрај бројните кадровски проблеми и скратениот ростер, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал уште еднаш покажаа карактер и заслужено стигнаа до шестата победа во низа. По натпреварот, Берокал направи анализа на одиграното, потенцирајќи дека неговиот тим ...

По Отвореното првенство на Австралија, каде што загуби од Рибакина во финалето, и Ролан Гарос, каде што беше елиминирана од Дајана Шнајдер во четвртфиналето, Арина Сабаленка постигна уште полош резултат на Вимблдон. Вечерва Белорусинката е елиминирана во осминафиналето, а подобра од неа беше Јапонката Наоми Осака, која по час и половина битка триумфираше со 2:0, во сетови 6:2 и 7:6 (7:2). Очигледно, Гренд слем турнирите не ѝ одат добро оваа ...

Шарл Леклер е победник на Формула 1 трката која што денеска се возеше на легендарната патека Силверстоун, за Големата награда на Велика Британија. Оваа Формула 1 епизода беше исклучително турбулентна и возбудлива. Имаше доста рпесврти за да на крајот на пиедесталот покрај Леклер се најдоа и Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Кими Антонели кој што беше најдобар на спринтот немаше среќа затоа што во 41. круг пројави проблеми со болидот по што загуби ...

Така се прави тоа. Браво и секоја чест. На Меѓународниот аеродром во главниот град на З. Острови, беше одржан дочек кој долго ќе се памети, по враќањето на фудбалската репрезентација од исклучително успешниот настап на Светското првенство. Веќе неколку часа пред слетувањето на авионот, илјадници навивачи се собраа пред аеродромскиот терминал, мавтајќи со знамиња и пеејќи песни посветени на репрезентацијата. Атмосферата беше исполнета со ...

Македонската сениорска репрезентација ја заокружи првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако славеше и на гостувањето кај Луксембург (80:66). Со шест победи во шест натпревари, „црвено-жолтите“ убедливо го освоија првото место во групата „А“ и со голема самодоверба ќе го очекуваат вториот претквалификациски циклус. Свој придонес во новата победа даде и Виктор Ефремовски, кој по натпреварот истакна дека ...

Македонската сениорска репрезентација ја комплетираше првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 на најдобар можен начин – со шест победи во шест натпревари. Последната ја оствари на гостувањето во Луксембург (80:66), каде и покрај скратениот ростер и неколкуте отсуства, одигра уште еден сигурен и зрел натпревар. Еден од најискусните репрезентативци, Стојан Ѓуроски, по натпреварот истакна дека токму карактерот и односот кон ...

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња успеа да се пласира во четвртфиналето на годинашниот Вимблдон и со тоа да ја продолжи потерата по 25-тиот гренд-слем трофеј во својата кариера. Попладнево во меч од 1/8 финалето успеа да го победи рускиот тенисер Роман Сафиулин со 3:1 во сетови. Секако дека не беше баш така лесно за Србинот, ама се чини дека ја одработи оваа задача по малку и на рутински начин. Во првиот сет, кој го доби ...

Македонската кошаркаркса репрезентација на најдобар можен начин го заврши првиот дел од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година. На последниот меч, нашите момци славеа на гости кај Луксембург со 66-80. Овој цисклус го звршуваат со максимални шест победи во исто толку одиграни мечеви за лидерското место во групата. Македонија во следниот период ќе ги добие ривалите против кои ќе играат за да се пласираат во ...

Искусниот стопер Егзон Белица повторно ќе настапува за клубот од својот роден град. Дефанзивецот е следното засилување за тимот на Струга Трим Лум, откако клубот денеска веќе го промовираше французискиот напаѓач Хамонд Агама. Белица последно беше дел од тимот на Работнички, а со него стружани и тоа како добиваат на искуство со оглед на тоа што тој има 35. години. Во својата кариера тој настапуваше за екипите на Беса, Шкендија, Охрид, ...

Британската пратеничка Лила Моран предложи напаѓачот на Англија, Хари Кејн, да биде прогласен за витез за неговите заслуги во фудбалот, објави веб-страницата на Либералните демократи. 32-годишникот постигна пет гола на четири натпревари на Светското првенство. Во 1/16 финалниот натпревар против ДР Конго (2:1), Кејн постигна два гола и ја престигна бразилската легенда Пеле на ранг-листата на најдобри стрелци во историјата на Светските ...

Победа за машката младинска репрезентација на Македонија на последниот контролен натпревар пред Европското првенство. Нашите ракометари пред да заминат за Романија ја совладаа селекцијата на Италија со убедливи 30-22. За избраниците на селекторот Игор Илиевски ова беше четврта победа во контролните натпревари, претходно двапати ја совладаа С.Арабија и Грција. Овие мечеви ќе им дадат дополнителен мотив на нашите младинци пред важните битки на ...

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната клаузула од 20 милиони евра и да го направат нов член на Реал. Дамфрис потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид, кој го врзува за клубот од Бернабеу до летото 2030 година. Дефанзивецот е четвртото ново засилување на Реал Мадрид ова лето по Ибрахима Конате, ...

Долго се очекуваше „метлата“ во ФК Пелистер од Битола по очајната и мизерна сезона на „Зелените“ кои во годината со најголем буџет стигнаа до најголемата брука по која клубот го загуби прволигашкиот статус. Во игрите на „големи и мали“, секогаш вината е кај оние на кои е најлесно да се удри па така новите промени во Пелистер носат и нови проблеми. Ден по назначувањето на Димитар Митревски за прв човек на клубот следеше и назначувањето на ...

Калин Ивановски е освојувач на овогодинешното издание на тенискиот турнир Macedonian Open 2026 кој што се одржува во Скопје. Најдобриот македонски тенисер во финалето го совлада бугарскиот претставник Орлов со 2:1 по сетови 6:1, 0:6, и 6:2. Одлично отворен меч На самиот старт на мечот Ивановски ја презеде иницијативата и по почетните 1:1, направи одлична серија на освоени гемови, по што го освои и сетот со конечни 6:1. Во оваа фаза од мечот, ...

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е освојувач на овогодинешниот Macedonian Open 2026 тениски турнир кој што традиционално се одржува во нашиот главен град. Во финалето Ивановски го совлада украинскиот тенисер Орлов со 2:1 по сетови, 6:1, 0:6, 6:2, и стгина до титулата на домашен терен. Со ова беше ставена круна на одлично организираниот турнир на кој што настапија многу квалитетни тенисери од повеќе земји. Најдобриот ...

Екипата на Струга Трим Лум предмалку го промовираше Хамонд Агамах како свој нов член. Се работи за напаѓач кој што доаѓа од Франција, но има и пасош на Гана. Целата своја кариера ја има минато во Франција во екипи од понизок ранг. Во моментов има 29. години и се служи со десната нога. Ова е само уште еден потез на управата на Струга ТЛ, која што летово прави мини реконструкција на играчкиот кадар и доведува новитети на различни позиции. ...

Македонската сениорска репрезентација денеска (16 часот) ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. Во „Националниот центар за спорт и култура“ во Луксембург, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се соочат со домашната селекција, со јасна желба квалификацискиот циклус да го завршат со максимален учинок. Со пет победи во исто толку одиграни натпревари, Македонија веќе ...

Денеска на програмата се два меча од 1/8 финалето на Мундијалот. И двете според сите мерила треба да бидат спектакл. Бразил се среќава со Норвешка на Халанд и треба да покаже на дело дали има сила да оди по титулата. На култниот „Ацтека“ стадион во Мексико Сити, домашната селекција и спрема пекол на Англија. Во Њу Џерси нè очекува интересен натпревар, во кој ќе се сретнат Бразил и Норвешка. „Селесао“ со големи тешкотии ја победи Јапонија ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
56%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.42
73%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.02
76%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.88
63%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.53
66%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.63
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
53%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
65%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
71%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.04
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Цинк

0.00