Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
И дефинитивно дебитантот во ПМФЛ во претстојната сезона не се шегува. Вечерва раководството на Шкендија Арачиново се пофали со уште едно засилување, а тоа е Миле Тодоров (26). Познато е дека станува збор за играч за врска, некогашен младински репрезентативец на Македонија кој минатата сезона беше дел од составот на Брера Струмица. Инаку Тодоров потекнува од школата на Работнички, а покрај за овој клуб го носел дресот и на Победа, Скопје, ...
Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, го прокоментира поразот на Хрватска од Португалија со 2:1 во шеснаесетфиналето на СП. „Фудбалот може да биде неверојатно суров. Не ме интересира што зборуваат другите. Мислам дека Хрватска има целосно право да се чувствува измамено. Ја видов снимката и сè уште немам докази за да бидам убеден дека Гвардиол бил во офсајд. Кога гол е поништен во последните секунди од натпреварот од ...
Светското првенство во 2026 година постави рекорд по број на автоголови. Денес, египетскиот дефанзивец Мохамед Хани постигна автогол на натпреварот против Австралија во 1/16 финалето. Досега на Светското првенство во 2026 година има 13 автоголови. Претходниот рекорд од 12 беше поставен на турнирот во 2018 година. Вкупно, на Светските првенства се забележани 67 автоголови. Светското првенство во 2026 година постави рекорд по број на ...
Египетската фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако вечерва во Далас ја победи Австралија по подобро изведување на пенали. Откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, а по продолженијата немаше промени, Египет успеа по подобро изведување на ударите од белата точка да слави со 4:2. Египет испиша историја со пласманот во осминафиналето, па сега ќе го чека победникот од натпреварот меѓу ...
Машката и женската репрезентација на Македонија до 20 години во август ќе учествуваат на Балканските шампионати, кои оваа година ќе имаат улога и на Зонски квалификации за Европското првенство до 20 години кое ќе се одржи следната година. Селекторот на машката репрезентација до 20 години, Јован Шапе, заедно со неговиот асистент Миодраг Новески го објавија поширокиот список на кој се најдоа 18 надежни одбојкари од девет домашни клубови. ...
23-годишната македонска ракометна репрезентативка, Ангела Јанкуловска има нов клуб. Денеска левиот бек на нашиот национален тим потпиша договор со словачкиот тим Дунајска Стреда. По двете сезони во составот на Славија Прага, Јанкуловска реши да замине во Словачка. Дунајска Стреда е вицешампион на Словачка, но минатата сезона ја заврши со трофејот од регионалната МОЛ лига. 23-годишната македонска ракометна репрезентативка, Ангела ...
Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие контроверзно заминување беше објавено вчера. Новиот тренер ќе ги донесе клучните членови од својот персонал во клубот и ќе биде вклучен во одлуките за трансфери. На крајот од сезоната 2025/26, Гласнер го напушти ...
Бразилското крило Рафиња ќе го пропушти осминафиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година против Норвешка поради повреда, објави „Глобо“. Според изворот, играчот од средниот ред не се опоравил од повредата на мускулот што ја заработи на натпреварот против Хаити. Рафиња сè уште не се вратил на тренинзите со остатокот од националниот тим. Медицинскиот тим не сака да го ризикува здравјето на играчот, па затоа одлучил да го одложи ...
Откако беше елиминиранa од Светското првенство, се поизвесно е дека хрватската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор. Златко Далиќ ја заврши својата ера на клупата на „коцкестите“, а Хрватската фудбалска федерација наскоро ќе започне со потрага по негов наследник. Конечната одлука за смената на Далиќ сè уште не е официјално објавена. Според хрватските медиуми, по години поминати на клупата на Хрватска, Далиќ би можел да заклучи дека ...
Фенербахче го објави потпишувањето на холандскиот дефанзивец Натан Аке. 31-годишниот холандски репрезентативец го напушти Манчестер Сити, а неговиот договор со „граѓаните“ требаше да важи до 2027 година. Фенербахче ќе му плати на Манчестер Сити 7 милиони фунти плус 1,5 милиони фунти бонуси. Претходно, турскиот клуб самостојно го потврди трансферот иако Манчестер Сити тоа се уште не го направил. Според Фабрицио Романо, клубовите сè уште ги ...
Саудискиот клуб Ал-Наср го објави назначувањето на Анже Постекоглу за свој нов менаџер. Австралијанецот доаѓа со двегодишен договор. Постекоглу се враќа на тренерската позиција по краткиот престој во Нотингем Форест. Австралиецот ќе го замени Жорге Жесус, кој го напушти клубот откако ги одведе до титулата во Саудиска Про лига. „Ново поглавје. Г-дин Анже Постекоглу како тренер на првиот фудбалски тим во клубот Ал-Наср, и тоа со договор ...
Македонскиот младински репрезентативец Абдула Аслани направи голем чекор во неговата кариера откако потпиша за холандскиот тим Утрехт. Репрезентативецот до 19 години доаѓа од тимот на Лингби во Данска и со своите игри и настапи заработи екстра преселба во посилна лига. Аслани е редовен во повиците за Македонија и досега има забележано преку дваесет настапи. Македонскиот младински репрезентативец Абдула Аслани направи голем чекор во ...
Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата пред спринт-трката што ќе се вози во рамките на Големата награда на Велика Британија, деветтата рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Седумкратниот светски шампион го победи Кими Антонели во Мерцедес за само 11 илјадити делови во борбата за најдобрата стартна позиција. Најблиску до двајцата беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој беше три десетинки од секундата ...
Никако да престанат маките на репрезентативците на Тунис кои имаа ужасен резултатски гледано Мундијал. Да биде ситуацијата уште полоша, Дејли Меил објавува дека осуммина играчи се позитивни на антигопинг тестовите направени на Мундијалот. Поточно, имале позитивни резултати од тестот за кленбутерол, лек кој ги опушта дишните патишта и се наоѓа на листата на забранети лекови на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Сепак, во образложението се ...
Еден од најдобрите тенисери низ историјата, Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го победи Французинот Артур Ридеркнех во четири сета. Ѓоковиќ стигна до најдобрите 16 по три часа и 15 минути игра со резултат 7:5, 6:4, 1:6, 7:6(4). Првите два сета траеја по 50 минути. Во првиот видовме три брејка, два во корист на Новак, а Ѓоковиќ го доби првиот сет во своја корист со резултат 7:5. Ѓоковиќ го направи единствениот ...
Македонскиот репрезенаттивец и интернационалец, Егзон Бејтулаи и официјално си замина од тимот на Дрита летово. Искусниот дефанзивец е во овој клуб од сезоната 23/24, а претходно го носеше дресот на уште еден тим од Косово, Џилани. Сега веќе 32. Годишниот Бејтулаи дефинитивно летово ќе има нова дестинација, а за Спортспорт ја потврди таа информација. „Да, точно е дека си заминувам од Дрита. Благодарност до клубот. Имам неколку понуди и ќе ја ...
Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По Исмаел Саибари, денеска претставен е и Натанијел Браун, 23. годишниот досегашен играч на Ајнтрахт, за кои збирно се потрошени 100 милиони евра. Браун потпиша петгодишен договор и еден од најскапите фудбалери кои што пристигнале во Минхен ...
Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2-0 во сетови (76(5) и 76(3). Триумфот македонскиот тенисер го оствари откако во вториот сет успеа да ја надополни негативата од 1:4 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 40 минути. Во првиот сет Ивановски стартуваше со предност од 2:0 во гемови откако направи брејк, но ...
Македонија ја исполни примарната цел во претквалификациите, но во националниот тим нема простор за опуштање. Тоа го потврди и Стојан Ѓуроски, кој по победата над Ирска порача дека репрезентацијата ќе остане максимално мотивирана и на гостувањето во Луксембург. „Очекувавме убедлива победа затоа што Ирска е тврд противник, играше доста физички. Дојдоа во подмладен состав со шест кошаркари од колеџ, што малку нè изненади, но ние влеговме ...
По дебаклот на тековниот Мундијал, и раното испаѓање на репрезентацијата на Германија, „Панцирите“ отворено и без бардон стартуваат со рехабилитирање, и поправка на она што очигледно не чини. Во прв момент, тоа секако ќе биде смена на селекторот Џулијан Нагелсман кој што според германските медиуми веќе е минато, односно си поднесува оставка. На негово место истите извори тврдат дека пристигнува еден од најголемите германски фудбалски ...
Одлуката да биде ФК Вардар казнет со 250.000 евра поради „двојна“ документација со договори на одредени фудбалери е џек-пот за клубот од Скопје. Од Нион кога станува збор за финансискиот фер-плеј се премногу ригорозни, а паричната казна е одлична за „црвено-црните“ со оглед на тоа дека во минатото на одредени клубови беа „исфрлани“ од натпреварувањата на УЕФА. Двојни сметки, двојни, договори…. Нереден е Вардар околу финансиите и проблем кој ...
Потенцијалниот македонски репрезентативец Дамјан Крстов е нов играч на тимот на НЕК Најмеген. Момчето кое што својата фудбалска кариера ја започна во големиот Ајакс, за да потоа се пресели во тимот на Херенвен, сега еве е дел од тимот на НЕЦ Нијмеген, каде што очигледно смета дека многу побргу ќе ја добие сениорската шанса, и ќе се развие во правилна насока. Крстов инаку е желба на македонската фудбалска репрезентација, а засега има настапи ...
Капитенот на Силекс, и новопечен македонски А репрезентативец, Дарко Анѓелески потпиша нова соработка со тимот од Кратово со што се обврзува да го носи синиот дрес до 2027 година. Анѓелески летово имаше опција да замине на друго место, затоа што неговиот договор беше истечен но и покрај фактот што имаше неколку понуди за заминување во странство, сепак, играчот за врска се одлучи да остане во Силекс. Клубот во моментов се подготвува за настап ...
Федерацијата на училишен спорт на Македонија излезе со анализа за она што се реализираше за време на училишната година и заокружи дека истата е успешна. Покрај националните првенства, оваа федерација се покажа како одличен организатор на големи настани како Светско училишно првенство во ракомет и Плазма Спортските игри за млади. Учениците запишаа одлични резултати и на меѓународно ниво, пред скоро време Македонија во баскет 3х3 го освои ...
Некогашниот македонски младински репрезентативец, Дарко Додев повторно се испробува на интернационална сцена. Како што Спортспорт ексклузивно најави уште пред десетина дена, Додев е нов играч на казахстанскиот прволигаш Алтаи. Откако документацијата, визите и се околу договорот на Додев беше средено, напаѓачот се појави во базата на клубот и е промовиран за нов играч. Со ова завршува сагата околу трансферот на еден од најдобрите играчи во ...
Португалија и Хрватска ја одбележаа синоќешната програма на тековниот Мундијал, во кој што Кристијано Роналдо и неговите другари се пласираа во следната фаза. Модриќ и Хрватска си одат дома, но далеку од тоа дека синоќа беа надиграни во поразот до 2:1, напротив. Така смета и Горазд Михаилов, кој ја прави денешната анализа за Спортспорт. Во еден од најинтересните дуели од оваа нокаут фаза, видовме еден интересен и возбудлив натпревар до ...
Македонскиот тенисер Обрад Марковски го заврши настапот на Macedonian open 2026 во второто коло откако денеска во продолжението загуби во комплетирањето на мечот со Владислав Орлов од Украина со 2-0 (63 62). Мечот вчера беше прекинат поради темница при резултат 1-0 во сетови и 2:2 во гемови. Заедно со денешното продолжение мечот траеше 100 минути. Орлов, кој победи во четвртфиналето по одморот ќе игра против Петар Јовановиќ. Од македонските ...
Според многумина сеуште е најдобриот на сите времиња. Секако дека мислиме на Диего Марадона, една од најголемите фудбалски легенди, кој даде неверојатно точно предвидување за светските првенства, кое моментално се одржува во САД, Мексико и Канада. Тој уште во 2018 година си кажа, ја предводе иднината. Аргентинскиот великан тврдеше дека организаторите би сакале да воведат четвртини за рекламни цели. Осум години подоцна, се чини дека бил во ...
Конечно. Англија го прекина проклетството на Светските првенства кое траеше цели шест децении или точно 60 години. „Трите лава“ го победија ДР Конго со 2-1 во драматичен пресврт. Африканците водеа во првото полувреме, но два гола на Хари Кејн во второто полувреме ги испратија Англичаните во осминафиналето. Ова беше првиот пресврт за Англија во нокаут натпревар на Мундијалите и тоа финалето на Светското првенство во 1966 година. Потоа „Трите ...
Денеска на програмата се последните три натпревари од 1/16 финалето на СП 2026, по што ќе се знаат сите осминафилани двојки. Нема некои посебни дерби мечеви, но во секој случај се очекуваат нови возбудувања. Се среќаваат Австралија – Египет, Аргентина – Зеленортските Острови и Колумбија – Гана. Програмата се отвора во Далас, каде што играат Австралија и Египет. Под водство на Тони Поповиќ, Австралија се пласираше понатаму со победа над ...