Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Четирикратниот шампион на НБА и водечкиот стрелец во лигата ги помина изминатите осум сезони со Лејкерси, водејќи ги до шампионската титула во 2020 година под посебни околности за време на пандемијата на коронавирусот. Пред да дојде во Лос Анџелес, тој играше два мандата со Кливленд Кавалирс и четири сезони со Мајами Хит. „Не, ви благодарам. Навистина беше чест да го носам виолетово-златниот дрес и да се обидам да ја продолжам традицијата на ...
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ никогаш не криел дека сака добро време, кафеана и песна, па го видовме ова лето како знае да се забавува. На социјалните мрежи се појавија видеа во кои го видовме Јокиќ како ужива во настапот на познатиот српски пејач Урош Живковиќ. Песната која најмногу го погоди е „Prokleta je Amerika“ (Проклета Америка). Постоиприказна дека еднаш го скршил телефонот поради оваа песна, бидејќи го потсетила на заминувањето на ...
Килијан Мбапе собори уште еден рекорд на Светското првенство. Со гол против Шведска во првото полувреме за водство на Франција од 1:0, ѕвездениот напаѓач собори еден од најзначајните рекорди на Светското првенство, а со вториот гол за 3:0, дополнително го потврди својот статус на врвот. Со тој гол, Мбапе стигна до бројката од десет голови во натпреварите од нокаут фазата на светските првенства, што го направи најдобар стрелец во историјата ...
Репрезентацијата на Мексико го победи Еквадор со 2:0 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство благодарение на головите на Хулијан Кинонес и Раул Хименез. Заедно со одличната игра на Мексиканците дома, натпреварот беше обележан со едночасовно доцнење поради грмотевици. Мечот започна во 4 часот наместо во 3 часот по македонско време. Непосредно пред почетокот, ФИФА размислуваше да ги елиминира паузите за хидратација за да го ...
Франција ја победи Шведска со 3:0 во Њу Џерси во осминафиналето на Светското првенство и со тоа се пласираше во осминафиналето. Парагвај, актуелниот вицешампион на светот, чека таму, а натпреварот ќе се игра во сабота во 23 часот по наше време. Како и на сите натпревари на Франција на Светското првенство, Килијан Мбапе беше одличен. Против Шведска, тој постигна гол во 45-тата и 74-тата минута, а преостанатиот гол за Франција го постигна ...
Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да гледаат како играат Мбапе, Олисе, Дембеле, Баркола, Дуе и останатите. Шведска едноставно немаше никакви шанси во 1/16 финалето во Њу Џерси и затоа си оди дома а Франција си закажа осминафинален меч против Парагвај. Интересно, Шведска ја ...
Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело Спорт“, во кој се наведува дека Бастони наскоро ќе биде испрашуван. Тој е обвинет за врска со 17-годишно девојче како дел од обемна истрага против синџир на малолетничка проституција во поширокото подрачје на Милано. Локалното обвинителство ...
Франција – Шведска 1:0 по првото полувреме од дуелот во 1/16 финалето на СП кој се игра во Њу Џерси. Голот беше дело на Килијан Мбапе во 45.минута откако претходно Франција имаше повеќе шанси за гол. Мбапе стрелаше во 20.минута, но ВАР го поништи. Видовме магичен волеј на Олисе во 36.минута кога го погоди левиот дирек на Шведска, Дембеле во неколку наврати се закани, имаше и два зицери, но сепак на пауза се замина само со тие 1:0. Интересно, ...
Од денешната програма на Macedonian Open 2026 комплетно завршија квалификациите и со тоа се познати сите двојки за првата рунда. Од мекадонските тенисери пласман во главниот турнир избори Горзад Србљак, кој денеска го победи Максимилиан Борисов од Бугарија со 2-0 во сетови (62 60). Тој во првото коло утре ќе игра против Стефан Поповиќ од Србија. Резултати од квалификациите (3.коло): Лиам Деликата (Малта) – Неил Саксер (Швајцарија) 2-0 (60 ...
Ковентри објави дека го продолжува договорот со главниот тренер Френк Лампард. Новиот договор со поранешниот играч од средниот ред на Челзи и на англиската репрезентација ќе биде со важност до 2029 година. Минатата сезона, Ковентри под водство на Лампард, го освои првото место во Чемпионшип и се врати во Премиер лигата по цели 25 години. Ковентри објави дека го продолжува договорот со главниот тренер Френк Лампард. Новиот договор со ...
Ерлинг Халанд вечерва го постигна 60-от гол за норвешката репрезентација. Напаѓачот на Манчестер Сити го постигна својот 60-ти гол за својата репрезентација во натпреварот од осминафиналето на Светското првенство во 2026 година против Брегот на Слоновата Коска. Денешниот натпревар беше 53-ти за Халанд за Норвешка. Ерлинг со овој гол стана фудбалер кој најбрзо стигнал до 60 гола за својата земја уште од времето на Герд Милер во 1973 година, ...
Вицешампионот во Првата женска лига и финалистот од Купот на ОФМ, Наковски Волеј пријави учество во БВА Балканскиот клупски куп 2026. По ланското премиерно учество во европскиот Челинџ куп, во новата сезона еден од најдобрите македонски клубови ќе се „проба“ во балканското друштво, со екипите од регионот. Наковски Волеј покрај апликацијата за учество поднесе и барање за организација на турнир. БВА купот традиционално се одржува пред ...
Борче Христов е нов тренер на екипата на Пелистер. Како што објавија од битолскиот состав, Христов ќе го предводи тимот во следните две години. „Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство, кој во својата кариера бил дел од повеќе успешни проекти. Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, ...
Шампионот Вардар на подготовките во Италија вечерва одигра пријателски натпревар со нисколигашот Виртус остварувајќи победа од 3:2. По асистенција на Пиреш, Закариќ го отвори резултатот во 7. минута за 1:0, по што дарко Велкоски во 20. минута му донесе водство на Вардар и ос 2:0, овој пат по асистенција на Закариќ. Во три минути во вториот дел Виртус успеа со два гола да дојде до 2:2. Победата на Вардар ја донесе Закариќ со гол во 80. ...
Германскиот весник „Билд“ денеска објави дека неколку германски репрезентативци вчера одбиле да изведат пенал во пенал-серијата, особено кога дојде на ред шестата серија. Покрај Тах и петте играчи кои ги изведоа првите пет удари, на теренот во тој момент биле и Леон Горецка, Валдемар Антон, Натаниел Браун, Малик Чао и Мануел Нојер. Ниту еден од нив не сакал да ја преземе одговорноста, па изборот падна на дефанзивецот Тах, за кого интересно, ...
Норвешката фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако вечерва во Далас ја победи селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со 2:1. Во супер-интересен натпревар со самиот крај, Норвежаните покажаа дека заслужуваат место меѓу осминафиналистите, за првпат во својата историја. Вечерашниот натпревар, Брегот на Слоновата Коска започна исклучително офанзивно, а првата шанса ја имаа во 20-тата минута кога ...
Им го продаде на „богатите“ и моќни спонзори од Турција со канцеларии во Лондон и „полни“ банкарски сметки „никаде“. Драган Поповски – Попе сега ќе се обиде да спаси ако може и нешто да се спаси од Работнички. Клубот за првпат во својата историја го напушти прволигашкото друштво и тоа благодарение на очајното и бедно менаџирање од страна на новите спонзори а потпомогнати од вечните локални мешетари. СпортСпорт дознава дека Поповски се враќа ...
Екипата на Шкендија во рамките од подготовките во Словенија вечерва го одигра и последниот тест-дуел против украинскиот тим Зорја. Дуелот заврши без победник, 2:2. Зорја отвори со голот на Јелавиќ во 21. минута, по што следуваше погодок на Трумчи во 30. минута за 1:1. Во вториот дел Зорја повторно дојде во водство преку Јањиќ од пенал во 65. минута, а конечните 2:2 ги постави Тамба во 72. минута. Претходно, Шкендија загуби од Хајдук со 0:4, ...
Со еден извонреден погодок на Антонио Нуса, Норвешка води со 1:0 по првото полувреме на шеснаесетфиналниот дуел со Брегот на Слонова Коска. Во полувреме во кое до до таа 39. минута видовме само по една полушанса, потоа добивме извонредно интересна завршница. Нуса со една соло-акција успеа да пласира во горниот лев агол од голот на Фофана и да ги донесе „викинзите“ до поредност. Само неколку моменти потоа Халанд по одлична асистенција на ...
Младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година, Сејдо Дураков, во новата сезона ќе го носи дресот на Инголштад. Тој минатата сезона ја помина во екипата на Ерфут, а претходно беше дел од младинските селекции на Баерн (М). Дураков има два настапи за младата селекција на Македонија до 21 година, а играше и за онаа до 20 години. Останува во дресот на Инголштад да очекува добра сезона и многу погодоци, со оглед на тоа што станува збор за ...
Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА. Па така, последната информација од попладнево вели дека нов спортски директор на клубот е Радосав Рача Петровиќ некогашниот ас на тимот, кој што потоа направи сериозна кариера во Англија и во Европа. Тој е уште еден во редицата на легенди на клубот ...
Леброн Џејмс ќе ја продолжи својата НБА кариера во сезоната 2026/27, но не со Лејкерси, изјави неговиот агент, Рич Пол. Џејмс веќе го известил менаџментот на Лејкерси за својата намера да ја продолжи кариерата во друг тим. Напаѓачот однапред го информирал клубот за својата одлука од почит кон организацијата, дозволувајќи им на Лејкерси мирно да се подготват за слободен агент и да се снајдат во меѓусезоната имајќи го предвид неговото ...
Актуелниот шампион во Серија А, тимот на Интер и официјално во иднина ќе биде без следните четири играчи. Голманот Јан Зомер, Франческо Ачерби, Стефан де Вриј и Матео Дармијан повеќе не се дел од клубот и во иднина ќе ги гледаме во нова средина. Тимот оди во друг правец кој што не ги вклучува горенаведените, па така, Де Вриј на пример веќе е дел од тимот на Панатинаикос. Со заминувањето на Зомер, Интер дефинитивно ќе купува нов голман. Со ...
Вистински фудбалски земјотрес се случува во Германија по елиминацијата во 1/16 финалето. „Готово. Крај. Завршено. Германија повторно се посрамоти на Светското првенство. Трет пат по ред“, е воведот на текстот објавен на страниците на Билд од Хенинг Фајндт, главен уредник на рубриката „Спорт“ во групата „Билд“ и „Велт“. Во текстот, тој повикува на отпуштање на сегашниот селектор Јулијан Нагелсман и доаѓање на Јирген Клоп на клупата на ...
Наполи денеска со објава на социјалните мрежи и официјално се збогува со македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас. Наполитанскиот тим му се заблагодари на Елиф за се што направи за тимот и му посака среќа во новите предизвици. Napoli sarà sempre con te. In bocca al lupo Elif 💎 💙 #ProudToBeNapoli pic.twitter.com/UJ0BWNa6h5 — Official SSC Napoli (@sscnapoli) June 30, 2026 Наполи денеска со објава на социјалните мрежи и ...
Од денеска до недела на терените на ТК Југ се одржуваат мечевите од Macedonian Open 2026, турнир кој оваа година е со награден фонд од 30.000 американски долари, а победникот ќе освои 25 поени. Денеска според програмата треба да биде комплетирано последното квалификациско коло, а ќе се играат и мечеви во конкуренција на двојки – 1.коло, а сингл мечевите главен турнир ќе стартуваат утре (среда). – Овој момент е голем настан за македонскиот ...
Страотниот земјотрес кој што се случи во Венецуела, однесе многу жртви и направи огромна штета која што се вреднува во милијарди евра. Катастрофата која што ја погоди инаку оваа сиромашна земја ја прави ситуацијата таму многу деликатна, и помош е потребна да пристигнува од сите страни. Можеби изненадувачки за некого, но супер звездата на Бразил, Нејмар реши да донира 250.000 долари со кои што ќе бидат купени, храна, вода, лекарства и се ...
Екипата на Милан и официјално го претстави Гознало Рамос како свое најново засилување. Сега веќе екс играчот на ПСЖ, потпиша долгогодишен договор со 2030 година. Рамос го чини Милан 74 милиони евра плус евентуални дополнителни бонуси кои што тој би ги исполнил за време на престојот во клубот. Рамос инаку есклодираше во Бенфика пред да го направи големито трансфер во ПСЖ, каде постигна 45 гола на 131 натпревар и освои три француски титули, ...
Денеска на Плоштад „Расадник“ во Општина Кисела Вода беше отворено Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади. Најдобрите 580 деца од четирите региони во Македонија се натпреваруваа во десет спортски дисцплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал, баскет 3х3, ракомет, одбојка и одбојка на песок, атлетика, народна топка, пинг-понг, тенис и шах. Победниците (вкупно 204 деца) од првото издание на Плазма Спортските игри за млади ќе ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска го имаше својот премиерен сингл настап на еден Гренд Слем турнир. Таа настапи во првото коло на Вимблдон, неофицијалното светско тениско првенство. Не успеа да ја совлада фаворитката Анисимова од која загуби со 2:0 по сетови. „Дури и ако не сакам да слушам пред мечот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се случуваат дома, па ова беше навистина голема работа за сите нив. ...