Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Страшни вести доаѓаат од САД. Имено вчера вечер по локално време, се случи сериозен инцидент на плоштадот Сан Педро, еден од најпознатите центри во Сан Хозе, соопштија американските власти. Едно лице го загуби животот, додека друго се здоби со сериозни, животозагрозувачки повреди, во пукотница што се случи во близина на фан-зоната каде што навивачите ги гледаа натпреварите на видео-бим претходните денови, како и таа вечер. Една жртва почина ...
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ФИФА) денес објави дека рекордни 4.644.549 навивачи ги гледале 72-те натпревари од групната фаза на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Вкупно 4.644.549 луѓе присуствувале на натпреварите за време на групната фаза, пополнувајќи неверојатни 99,7 проценти од достапните седишта и постигнувајќи просечна посетеност од 64.508 гледачи по натпревар“, соопшти ФИФА. „Навивачи од 210 земји и ...
Ерата на Марсело Биелса како селектор на Уругвај се чини дека заврши драматично по раната елиминација на тимот во групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Во последниот разговор со своите играчи, според аргентинската публикација TyC Sports, аргентинскиот стратег упати тешка обвинение што сè уште одекнува во соблекувалната: „Заминувам тажен затоа што ме оставивте сам…“ Збогувањето, опишано како монолог од страна на тренерот, се ...
Тетовска Шкендија денеска потврди дека е постигнат договор со крилниот напаѓач Алмир Криезиу, кој официјално е најновото засилување за „црвено-црните“. 27-годишникот успешно ги помина медицинските прегледи пред да потпише двегодишен договор. Криезиу веќе отпатува за Словенија, каде веднаш ќе му се придружи на тимот во подготвителната фаза. По одличните настапи во косовската фудбалска елита, Криезиу беше еден од најбараните фудбалери во овој ...
Капитенот на У-21 репрезентацита на Македонија, Димитар Трајков својата кариера ќе ја продолжи во Албанија и тоа во тимот на Вора. Напаѓачот го раскина договорот со Полисија, клуб од Украина и во следниот период ќе игра во елитниот шампионат на Албанија. Кога сме кај Вора да кажеме дека минатата сезона ја заврши на седмата позиција а таму беше и Енис Фазлагиќ, некогашен младински репрезентативец на Македонија. Инаку Трајков својата кариера ...
Бразил – Јапонија 0:1 по првото полувреме на вториот меч од 1/16 финалето на Мундијалот, кој се игра во Хјустон пред преполни трибини. Стрелец на сензационалниот гол за водство на Јапонија, беше Сано во 29.минута. Несомнено е дека овој гол е гол на кариерата на репрезентативецот на Јапонија. Секако дека ова е сензационален резултат ако се знае дека Бразилците беа апсолутни фаворити. Искрено четата на селекторот Карло Анчелоти беше подобра во ...
Сега веќе е официјално. Беше само прашање на време кога Манчестер Сити ќе го официјализира името на наследникот на Пеп Гвардиола. Ова е познато подолго време. Енцо Мареска е новиот тренер на Манчестер Сити, со кого потпиша договор до 2029 година. Тој доаѓа во добро позната средина, но нема да има лесна работа да ја продолжи приказната што Пеп Гвардиола ја започна во 2016 година кога пристигна. „Манчестер Сити е клуб што го познавам многу ...
Македонската репрезентација ќе влезе во завршните натпревари од претквалификациите за Евробаскет 2029 со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска одигран во Даблин. Селекторот на националниот тим, Жозеп Мариа Берокал, ќе треба да направи сериозни корекции во играчкиот ростер пред двата клучни натпревари од јулскиот ФИБА прозорец против Ирска и Луксембург. За разлика од мечот одигран на 30. ноември во Даблин, каде Македонија ...
Јаник Синер, веројатно најдобриот тениср во светот во моментов и тоа како си имаше проблеми на стартот на годинашниот Вимблдон. Италијанецот едвај дојде до победата со 3:2 во сетови против Србинот Миомир Кецмановиќ во меч од 1.коло кој траеше 3,5 часови. Српскиот тенисер водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но сепак не успеа до крај да го декласира Италјанецот кој во еден момент и се повреди, му гледаше и крв на патиката од едно лизгање на ...
Македонскиот репрезентативен напаѓач Елмин Растодер и дефинитивно е нов член на грчкиот гигант, Панатинаикос, барем според трансфер – магот Фабрицио Романо. Растодер денеска ги минал лекарските прегледи и го комплетирал трансферот од Тун во клубот од Атина. Секако дека сега на ред е самиот Панатинакос и официјално да ја потврди оваа информација и секако и да го промовира македонскиот напаѓач. Инаку Растодер беше најзаслужен за историската ...
Синоќа на тековниот Мундијал се одигра првиот дуел од елиминациите. Групната фаза е минато, а сега е време за мечевите во кои во деведесет минути се одлучува се и нема време за поправен испит. Домаќинот Канада ја отвори оваа фаза од натпреварувањето во дуелот против Јужна Африка. Канаѓаните обезбедија победа и пласман понатаму од минимални 1:0 и тоа со гол постигнат во последните моменти од регуларниот дел. Горазд Михаилов смета дека самата ...
Вчера стартуваше Европското првенство за фудбалери до 19 години во Велс каде 8 селекции се поделени во две групи, а на завршницата имаме и наши претставници од Македонија. Стабнува збор за судиите Игор Стојчевски и помошникот Александар Ѓурковски кои се делегирани за денешната пресметка од Групата Б каде ќе се сретнат Хрватска и Украина. Средбата се игра од 21 часот во градот Бангор. Ова е прв ваков „покрупен“ предизвик за Игор Стојчевски и ...
По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка. Натпреварот е закажан за утре со почеток во 12 часот, а директен пренос ќе врши Арена Спорт. По трите ...
На мистичниот супернавивач на ДР Конго, со прекар „жива статуа“, му е одбиена американска виза и нема да може да го поддржува тимот во 1/16-финалето против Англија. Чудниот духовен водач Мишел Кука Мболадинга тврди дека може да им пренесе „емоционална отпорност“ на конгоанските коцкари и е почитуван како нивна амајлија за среќа. Во текот на сите 90 минути од натпреварите, тој стои целосно мирно со крената рака, имитирајќи статуа на убиениот ...
Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло Анчелоти, доминираше и го освои првото место во Групата Ц, прими само еден гол, потврдувајќи ја својата улога како еден од главните фаворити на турнирот. Најголемата надеж на „Селесао“ повторно ќе биде брилијантниот Винисиус Жуниор, кој веќе постигна ...
Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, зборуваше за подготвеноста на Нејмар пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство во 2026 година против Јапонија. 34-годишниот играч заигра на последниот натпревар од групната фаза против Шкотска (3:0), влегувајќи како замена во 76-тата минута. „Тој добро се опоравува. Неговата физичка подготвеност значително се подобри во текот на изминатата недела. Штета што не можеше ...
Кадир Саглам (40) од Турција е одреден за главен судија на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Вардар и КуПС. Исто така од Турција се неговите помошници како и судиите во ВАР собата. Да потсетиме дека овој меч се игра на 7 јули на Арената “Тодор Проески“ во Скопје од 19 часот. Познато е дека реваншот во Финска се игра седум дена, на 14 јули и тоа од 17 часот по македонско време. За овој меч задолжени ќе бидат ...
Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Општина Кочани, наменета за потребите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани во справувањето со пожари и други елементарни непогоди. Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе се овозможи набавка на специјализирано возило за пристап до тешко достапни и опожарени терени, како и набавка на комплети лична заштитна опрема за пожарникарите. Опремата вклучува заштитни ...
ФК Пелистер денеска најави поставување на нов претседател на клубот. По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола е изборот на новиот претседател. „По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е доверена на Димитар Митревски. Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички ...
Најдобриот фудбалер на Алжир, Ријад Марез се најде во центарот на скандал откако неговата изјава за крајот на натпреварот против Австрија разгоре сомнежи за наместен меч. На крајот, резултатот беше 3:3, што им гарантираше и на Алжир и на Австрија пласман во осминафиналето на Светското првенство, но начинот на кој беше постигнат резултатот предизвика бројни контроверзии. Наместо да ја смири ситуацијата, изјавата на Марез за медиумите ...
Силекс продолжи со градење на тимот за новата сезона во ПМФЛ, но и европската авантура. Најново име од таборот на кратовци е Марио Ричков, кој доаѓа од Македонија ЃП. 22-годишниот фудбалер настапува на левата бековка позиција во одбраната, зад себе има настапи за Вардар, Шкупи и Македонија ЃП во домашното првенство, како и настапи за младата репрезентација на Македонија. Силекс продолжи со градење на тимот за новата сезона во ПМФЛ, но и ...
Поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане, почина во Скопје на 58-годишна возраст. Марјан Јованов беше претседател на Одбојкарската федерација на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година. Во неговиот мандат беа поставени темелите врз кои подоцна се изградија најголемите успеси на машката сениорска репрезентација на Македонија на меѓународната сцена. Токму во тој период започна создавањето ...
Македонската штафета 4х400 метри постави нов национален рекорд на националното првенство за сениори, кое викендов се одржа во Скопје. Машката штафета на Македонија постави нов национален рекорд во дисциплината 4х400 метри со време од 3:15.82. Со тоа беше подобрено времето на досегашниот национален рекорд од 3:20.69 за речиси пет секунди. Штафетата настапи во состав: Огнен Стефановски, Михаил Петров, Гилман Јунузи и Јован Стојоски, кои со ...
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски ја предводи „петорката“ македонски тенисери на М25 Скопје турнирот „Мacedonian Open“. Ивановски учество на турнирот избори благодарение на својот пласман, а последниот викенд го заврши како финалист на турнирот во Загреб што треба да биде убава најава со надеж да ги продолжи добрите игри, како на мечевите од Дејвис купот во Молдавија, а потоа и на турнирот во Загреб. Ивановски во 2023 ...
Главната трансфер цел на Ливерпул, Јан Диоманде, одлучил да се пресели во Пари Сен Жермен, тврди познатиот новинар Дејвид Орнштајн од „Атлетик“. Крилниот напаѓач се зборуваше дека е на чекор до трансфер во Англија, дури била испратена и понуда од околу 100 милиони евра, која била одбиена од РБ Лајпциг. Ливерпул разгледува уште една понуда, но самиот Диоманде изразил желба да ја продолжи кариерата во европскиот шампион ПСЖ, доколку ...
Американскиот центар Мозес Рајт кој пред неколку дена беше објавено дека добива македонски пасош и ќе го облече дресот на нашата репрезентација, официјално потврди дека ќе ја продолжи кариерата во Барселона, со што стави крај на шпекулациите за неговата иднина. За време на фестивалот „Стоиксиман ЕгејтБол“, Рајт во едно интервју одговори на прашање дали ќе го носи дресот на каталонскиот гигант следната сезона. „Да, одам во Блауграна. Во ...
Познато е дека оваа 2026/27 сезона во квалификациите во Лигата на Конференции, Македонија ќе ја претставуваат Шкендија и Силекс. Познати се и ривалите а и термините, а сега се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на овие четири натпревари. На 9 јули на Гибралтар од 19:30 часот Шкендија му гостува на составот на Европа, а главен судија ќе биде Константинос Фелас од Кипар. Реваншот се игра на 16 јули на Арената “Тодор Проески“ во Скопје ...
По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка. „Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат ...
Пред почетокот на Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади кое е закажано за 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот во Општина Кисела Вода доаѓа еден важен податок. И по речиси две децении од неговото заминување, продолжуваме да откриваме приказни кои сведочат за големината на Тоше Проески како уметник и човек. Една од нив е и неговото учество во создавањето на официјалната химна на Плазма Спортските игри за ...
Селекторот на фудбалска репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-бо, поднесе оставка по шокантната елимнинација на неговата репрезентација во групната фаза на Светското првенство. Овој неуспех предизвика лавина од критики во земјата, интервенираше државниот врв, а ситуацијата ескалираше до тој степен што реагираше и полицијата. Тие претрпеа клучен удар во четврток кога загубија од Јужна Африка (1:0). Предвременото заминување од Светското ...