Изненадување или не по првото полувреме во Сиетл на мечот од 1/16 финалето на СП меѓу Белгија и Сенегал. Африканците водат со 0:1 и тоа со голот на Диара во 25.минута. И не само поради голот и ова водство, туку и поради се она што репрезентативците на Сенегал покажаа во овој период од мечот, со оглед на тоа дека имаа најмалку уште две големи шанси за уште некој гол пред Диара да го совлада Куртоа. Белгија, која важеше за фаворит на хартија ...

Емил Рајковиќ, еден од нашите најдобри тренери, доби голема чест да биде дел од НБА летната лига. И тоа биде тренер – гостин во стручниот штаб на вицешампионот во најсилната лига во светот, составот на Сан Антонио Спарс. Оваа летна лига ќе се одржи од 9 до 19 јули во Лас Вегас. Оваа лига по традиција се одржува во месец јули и служи за докажување на младите кошаркари кои тукушто влегле во НБА или пак се на чекор до потпис со некој клуб од ...

Македонскиот машки кошаркарски национален тим е на самиот крај од подготовките за двата дуели од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Македонија има пред себе мечеви против Ирска односно Луксмебург, мечеви на кои реално имаме фаворитска улога. Во ростерот на селекторот повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот национален тим. Крилниот кошаркар зад себе има комплетен период на ...

Големо, огромно засилување за стартот на следната Лига на Нации добива фудбaлската репрезентација на Македонија. Селекторот Гоце Седлоски е во потрага по решение за левата бековска позиција која што е рак рана во изминатиот период за нашиот национален состав, а истото доаѓа од Истанбул. Поточно ни помалку ни повеќе туку од големиот Галатасарај. Левиот бек на турскиот гигант, Казимчан Караташ има македонско потекло и се согласил да го облече ...

Македонските тенисер Калин Ивановски со доминантна игра го совлада првиот носител М25 Скопје Macedonian Open 2026, Андреј Чепелев 2-0 во сетови (64 62) за два часа и две минути игра. Во текот на целиот меч Ивановски имаше контрола и доминираше, а предноста ја правеше на почетокот на секој од сетовите. Во првиот сет Ивановски направи брејк во третиот гем за водство од 2:1 во гемови и предноста ја одржуваше до крајот на сетот, кој го заврши со ...

Иако Светското првенство е во тек, Баерн Минхен заврши со доведувањето на големо засилување. Имено, Баерн денес го претстави Исмаел Саибари, кој доаѓа од ПСВ, како нов играч. Напаѓачот моментално игра со Мароко на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. По завршувањето на Светското првенство, тој нема да се врати во холандскиот шампион, туку ќе патува во Минхен. Тој потпиша договор со Баерн до летото 2031 година, а ќе го носи дресот со ...

Големата ѕвезда и капитен на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед Салах, ги продолжи тренинзите пред натпреварот на Африканците во 1/16 финалето против Австралија на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Натпреварот е на 3 јули. Напаѓачот, кој се опоравува од истегнување на тетивата, учествува во дел од тренинг сесијата на тимот и се надева дека ќе биде целосно подготвен за натпреварот во петок. Фудбалската централа на ...

Англија – ДР Конго 2:1 и тоа со пресврт и тоа со двата гола на маестралниот Хари Кејн. А беше по првиот дел 0:1 за селекцијата од Африка, ама маестро Хари рече – ДОСТА Е и со два прекрасни голови во второто полувреме успеа да ја однесе во 1/8 финалето на меч со Мексико, но и ја спаси од голем срам. Инаку ДР Конго и тоа како го започна мечот подобро со висок пресинг. Јасно беше дека Англичаните беа изненадени а доживеаја шок во 7.минута кога ...

Денеска ТВ Тера објави дека, според нејзини извори, пред извесно време до општина Битола имало понуда за купување на ФК Пелистер од американски инвеститор, но не завршила со договор. Ви го презентираме во целост текстот на ТВ Тера… “Тера Телевизија ексклузивно дојде до документ што открива дека пред само неколку недели градоначалникот на Битола добил конкретна понуда за преземање на ФК Пелистер од страна на американски инвеститор, но целиот ...

Сега веќе е официјално. Ненад Димитријевиќ својата кариера ќе ја продолжи во Арис, во еден од најголемите клубови во Грција. Најавите остварија, веќе неколку дена се шпекулираше за овој транфер на нашиот најдобар кошаркар, и еве попладнево раководството на Арис, клуб од Солун, се пофали дека успеал да го ангажира македонскиот кошаркар. Инаку Нено прво го раскина договорот со Зенит, а откако му истече позајмицата со Баерн Минхен, јасно беше ...

Се играше 88.минута кога Малески успеа да постигне гол и со тоа да и донесе реми на Струга ТЛ на пријателската средба со Динамо Сити од Албанија, која се одигра попладнево во Охрид. Мечот заврши со резултат 1:1, а пред неколку дена со истиот ривал фудбалерите на некогашниот двоен првак на Македонија беа поразени со 2:3. И на тој меч Христијан Малески постигна гол. Со ова младиот напаѓач и еден од најдобрите стрелци во минатата сезона во ПМФЛ ...

Англија – ДР Конго 0:1 по првото полувреме во меч од 1/16 финалето кој се игра во Атланта. Дали на повидок е сензација на Мундијалот? Тоа останува да видиме во второто полувреме. Инаку голот за Африканците беше дело на Ципенга во 7.минута. Во поголем дел од првите 45.минути Англија речиси да не играше ништо, само во последните 15 минути избраниците на Томас Тухел тргнаа со сите сили во напад, по израмнување и пресврт. Кејн двапати, Рашфорд и ...

Јуни донесе нова серија добивки и дури 25 нови милионери на ВЛТ терминалите од Видеолотарија Касинос Австрија. Благодарение на кампањата „Секој ден нов милионер”, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година, за ВЛТ џекпот добивки беа исплатени вкупно 58.356.737 денари, потврдувајќи дека и овој месец носи нови добитници и нови успешни приказни. Во ...

Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години. Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од ...

Богдан Богдановиќ се согласил на едногодишен договор со тимот од Тексас како слободен агент, објавува ESPN. Челниците на Рокетс интензивно работеле во првата вечер од преодниот рок за да го ангажираат искусниот бек и успеале да го убедат да ја прифати понудата. Богдановиќ влегува во својата десетта сезона во НБА, пристигнувајќи како еден од најискусните шутери достапни на пазарот и играч со богато искуство во плејофот. Негови соиграчи во ...

Епизодата на македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Баерн Минхен и официјално заврши. Клубот денеска преку социјалните мрежи јавно му се заблагодари на Димитријевиќ за одиграното во дресот на гигантот од Баварија, и му посакува се најдобро во кариерата. Во исто време и самиот Димитријевиќ преку социјалните мрежи испрати заблагорадувачка порака кон клубот за кого има само пофални зборови. Со ова дефинитивно ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за третото коло на Вимблдон.Актуелниот шампион на лондонската трева во второто коло го победи Португалецот Нун Боржес со 3:0, во сетови 7:6 (4), 7:6 (2), 6:4. Мечот на Централниот терен траеше два часа и 31 минута игра. Не беше лесно за светскиот тенисер број еден во првите два сета, кои ги доби дури по тај-брејкот. Во првиот, двајцата тенисери го спасија својот сервис, додека во вториот ...

Досегашниот играч на косовскиот тим на Лапи, Ландрит Рама и официјално е нов играч на тимот на Струга ТЛ. Стоперот пристигнува во Струга во својот прв интернационален обид, затоа што досега има настапувано само во косовскиот шампионат. Момчето родено инаку во Швајцарија, е левоног и може да настапува на двете стоперски позиции, но и на левата бековска позиција. Тоа значи дека може да биде користен речиси на сите позиции во дефанзивата. Има ...

Она што Спортспорт го најави уште пред десетина дена денеска тимот на Силекс и официјално го потврди. Борјан Пановски е нов играч на тимот од Кратово, кој што периодов, осетно се засилува на повеќе позиции. Очигледно дека Силекс планира следната сезон како и изминатата повторно да биде при самиот врв на табелата и токму затоа во овој преоден рок е дефинитивно најактивната екипа од ПМФЛ конкуренцијата на трансфер пазарот. Борјан Пановски ...

Ватерполо клубот Вардар уште еднаш ја потврди својата доминација на домашната сцена, освојувајќи ги шампионските титули во сите младински категории на летното национално првенство. По апсолутниот триумф на зимското државно првенство, „црвено-црните“ повторно се искачија на највисокото место на пиедесталот во сите возрасни категории: У12 (2014 годиште и помлади) У14 (2012 годиште и помлади) У16 (2010 годиште и помлади) У18 (2008 годиште и ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија веќе неколку дена активно се подготвува за предизвикот што следува. А тоа се секако дуелите од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Првиот меч е против Ирска, а како најава за истиот оди изјавата на Ваљмир Какруки, која што делува доста оптимистички и мотивирано. Крилниот кошаркар не го памети по најдобро првиот дуел со Ирска во Даблин, иако Македонија тогаш стигна до победата. Какруки од тој ...

Екипата на ГРК Тиквеш претстави две засилувања за следната сезона во која има исти амбиции во Супер-лигата, пласман во пеј-офот. Станува збор за Тоше Ончев, добро познат македонски ракометар кој има искуство од играње во повеќе наши тимови, ќе биде засилување на бековската позиција. Тој минатата сезона ја заврши како ракометар на Куманово. Второто бековско засилување доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер 2, а се работи за тунискиот ...

Италијанскиот новинар Масимо Фалчони го истакнува впечатливото совпаѓање на Патрик Клајверт кој промаши пенал на 29 јуни 2000 година во полуфиналето на Евро 2000 против Италија и неговиот син Џастин кој промаши идентично на 29 јуни 2026 година. Видеото од 11 секунди споредува еден до друг снимки од обидите за пенали на двајцата холандски играчи, одбраните на голманите и разочарувачките реакции, нагласувајќи ги визуелните и датумските ...

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Милан Ристовски и официјално повеќе не е дел од чешкиот тим Бохемианс. Клубот преку социјалните мрежи му се заблагодари на напаѓачот за досегашната соработка и му посака многу среќа во кариерата понатаму. Ристовски имаше солидна минутажа во овој клуб, но едноставно се дојде до точка во која што и клубот и тој заминуваат на своја страна што се вели. Македонскиот репрезенаттивец е дете на ...

Официјално. Бранко Ангеловски е шеф на струката на РК Пелистер 2. Ова и официјално го потврдија од страна на раководството на битолскиот клуб. Од клубот велат дека Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и првиот тим на Пелистер.Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му се пристапува максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер. За предводник на Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е ...

Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч да видиме дали можат Џеко и другарите да им расипат сметките на Американците. Ќе има двојна пресметка меѓу Европа и Африка, Англија против ДР Конго и Белгија против Сенегал. Англија влегува во нокаут фазата како победник во Групата Л, но не без прашалници, и ...

Се одиграа уште три натпревари од 1/16 финалето на Мундијалот. Во изминатиот натпреварувачки ден Норвешка ја победи Брегот на Слоновата Коска со 2:1, Франција блескаше против Шведска со 3:0 а Мексико го победи Еквадор со 2:0. Победниците на овие мечеви се пласираа во 1/8 финалето. Наш денешен гостин во “Коментар на денот“ е Артим Шаќири. -Норвешка во еден интересен дуел славеше против БСК… “Да, интересен меч во кој на крајот се радуваа ...

Норвешка се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, а решавачкиот гол го постигна Ерлинг Халанд. Тој ја прими топката на таблата на еден брилијантен централен напаѓач и полесниот дел од работата му остана нему. По натпреварот, Халанд не ги криеше своите емоции. „Неверојатно е. Поминаа 28 години од нашиот последен настап на Светското првенство. Голема чест е да се биде дел од ова. Прекрасно е што ова значи толку многу за цела ...

Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во 2 часот наутро во среда навечер, а Барбарез одговараше на прашања од новинарите. Запрашан за навредливите изјави на поранешните американски играчи, Барбарез беше категоричен. „Не знам кој е Хауард, кои се овие ...

Пари Сен Жермен ја официјализираше соработката со Шпанецот, Роберто Гарсија Парондо како главен тренер почнувајќи од сезоната 2027/2028. „Исклучително ми е чест што се приклучувам на Пари Сен Жермен. Тоа е голем клуб во европскиот ракомет, познат по својата амбиција, високи стандарди и силен идентитет. Тоа е огромна одговорност, но и предизвик што го прифаќам со голем ентузијазам. Се радувам на соработката со играчите, персоналот и целиот ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.71
49%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.66
68%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
69%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.66
47%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.84
54%
1013
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
95%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.68
42%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.09
36%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.86
50%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.47
57%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
2.24
56%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.3
63%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.28

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Калај

56.36

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36

Платина

56038.75

Паладиум

43628.56