Повремениот репрезентативец на Македонија, Марко Мишевски својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот тим РК Сисак. Средниот бек во таборот на новиот клуб доаѓа од израелскиот тим Макаби Ришон каде замина како член на Пролет. Мишевски е претставен како големо засилување во редовите на Сисак, и во нападот и во одбраната, а неговото меѓународно искуство ќе придонесе во исполнување на амбиците на тимот. Во својата кариера најголемиот успех го ...

Првенствениот домашен пораз од Мадервил (1:2), во саботата донесе многу грижи во составот на Хиберниан пред дуелот со Шкендија во четврток во првиот меч од третото квалификациски коло од Конференциската лига. Како алиби за неуспехот од таборот на „зелените“ го посочија токму проблемот со многуте повредени играчи кои ги има екипата, а кои не играа изминатите неколку средби. Според најавите од Единбург, шкотскиот тим за пресметката со Шкендија ...

Она што се најавува веќе неколку дена, очигледно дена наскоро и ќе се случи. Турските медиуми денеска еруптираа по најновите информации дека тимот на Трабзонспор успеа да стигне до согласност од египетската супер звезда, Мохамед Салах и тој најверојатно во следните два три дена ќе се појави на потпис во овој клуб. Како што е добро познато, Салах има слободни документи да пронајде нов клуб, откако летово и официјално си замина од Ливерпул, и ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ја запиша втората победа на Европското првенство и со тоа обезбеди пласман во ТОП 16. Ова значи дека нашите момци ќе се борат за пласман од 9. до 16. место на шампионатот во Србија. Но ова не е единствениот успех или исчекор што го направија „црвено-жолтите“. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски обезбедија опстанокот во елитната дивизија и воедно изборија и пласман на младинското ...

Македонија уште еднаш ќе биде во центарот на европската младинска кошарка. Од 6 до 15 август, Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, уште едно големо натпреварување под покровителство на ФИБА, кое ќе ги обедини најдобрите европски кадетски селекции. Довербата што ФИБА повторно ѝ ја укажува на Кошаркарската федерација на Македонија е потврда за ...

Сега веќе е официјално. Бразилецот Матеус Лемос е новото засилување на Брегалница, значи најавите се оствариа. Станува збор за одличен техничар кој “оперира” во левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро. Лемос има искуство во македонската прва лига, тој со успех настапуваше во Македонија ЃП и Вардар. Летово се поврзуваше и со арачиновска Шкендија, но сепак тој се одлучи да ги прифати условите во Штип. Последната седмица ...

Македонската ракометна интернационалка, Сања Дабевска е нов член на израелскиот ти на Хапоел Ашдод. Досегашниот член на екипата на Бор од Црна Гора ја продолжува својата интернационална приказна, со нова авантура, овојпат во силната лига на Израел. Дабевска со својата борбеност, пожртвуваност и победнички дух со години е пример за професионализам и посветеност. Нејзиниот нов трансфер е уште една потврда дека македонските ракометарки имаат ...

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа по три сета игра со 2-1 во сетови (64 46 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина во меч што траеше 2 часа и 30 минути. Во првиот сет, кој и припадна на Ѓорческа двете тенисерки имаа проблеми со освојувањето на гем на свој сервис и имаше дури седум брејка (четири за Лина). Во седмиот гем беа одиграно 14 поени, а гемот го освои македонската тенисерка. Во вториот сет Фирман имаше брејк повеќе ...

Следниот викенд на програмата е второто коло од новиот ПМФЛ шампионат, а во него се игра големото дерби помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Мечот е закажан за 09.08.2026 година во 17:00 часот на Арената Тодор Проески, а од страна на домаќинот сега пристигна информацијата дека во продажба се пуштени билетите за дуелот, по цена од 200 денари. Истите можат како што е вообичаено да се купат преку платформата на МК Тикетс. ...

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Методиј Максимов следните шест месеци ќе ги помине на позајмица во неговиот поранешен тим, екипата на Брегалница. Играчот на австриски Ласк, доаѓа во Штип по минутажа, затоа што сеуште се обидува да се врати во старата препознатлива форма, која што и му го донесе трансферот во странство. Тој ја имаше таа незгодна повреда на лигаментите, која што го оддалечи од теренот извесен период, а сега ...

Во базиликата Сант Амброџо во Милано претпладнево се одржа погребот на италијанската фудбалска легенда, Франко Барези кој што почина на 66 годишна возраст на 31 јули. На самиот настан присуствуваа илјадници верни навивачи на Милан, клубот каде што Франко Барези е една од најголемите легенди и во чиј што дрес дефанзивецот ги постигна најголемите успеси во кариерата. Од друга страна пак делегацијата на Милан беше предводена од сопственикот ...

Во тениските кулоари, почна да се говори за потенцијални казни за оние кои нема да дојдат на мастерс турнирите, по откажувањето на настапите во Монтреал од страна на голем број играчи. Александар Зверев истакна дека таков систем веќе постои. „Така е сега. Мислам, тоа не е наука. Добиваме бонуси на крајот од годината ако ги играме сите девет Мастерси“, рече Зверев. На прашањето дали поголем финансиски стимул би ги убедил играчите како Новак ...

Во Ливерпул се решени да „го одврзат кесето“ за Бредли Баркола, но двократниот европски клупски шампион сака дури 170 милиони евра за да се откаже од неговите услуги. Ливерпул веќе испрати конкретна понуда за Бредли Баркола. „Црвените“ ставија повеќе од сто милиони евра на масата на Пари Сен Жермен за францускиот крилен напаѓач, во првата понуда, која сепак е далеку од 170.00.000 европски банкноти што ги бара двократниот европски шампион. ...

Новак Ѓоковиќ повторно ја разгорува дебатата за бодување во тенисот со смел план: пократки сетови, елиминирање на предноста и ветување за двочасовни натпревари. Кога го праша Нико Кутракос, водителот на кошаркарски подкаст, Новак Ѓоковиќ учествуваше во необична акција одговарајќи на провокативно прашање: „Какво е вашето мислење за тенисот што би го бранеле по секоја цена, без оглед на критиките?“ Србинот не се двоумеше да предложи голема ...

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо би можел да се врати во Црвена Ѕвезда, според шпанските медиуми. Веста ја сподели на социјалните мрежи новинарот Нако Браво. “Информациите што ми доаѓаат од Србија велат дека Кампацо би можел повторно да го носи дресот на Црвена Ѕвезда“ напиша уредникот на шпанскиот медиум Копе. Не е тајна дека црвено-белите имаат потреба од плејмејкер. Заминувањето на Коди Милер-МекИнтајер во Олимпијакос создаде дупка ...

Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој на Шпанија и со својот гол во финалето против Аргентина (1:0) ѝ ја донесе на “Црвената Фурија“ титулата светски шампион. Шпанецот има договор со Барселона до 2027 година, а Каталонците јасно ставија до знаење дека сакаат најмалку 50 милиони евра за него. ...

Бразилскиот ММА борец Алан Насцименто почина на 35-годишна возраст по срцев удар, објави УФЦ. Алан Насцименто беше пронајден мртов во својот стан. Според достапните информации, тој починал во сон од срцев удар. „И покрај брзата реакција на службата за итна медицинска помош, тој почина на самото место. Нашите мисли се со семејството на Алан, на кое им изразуваме искрено сочувство, како и со пријателите и другарите во овие исклучително тешки ...

Продолжува војната меѓу УЕФА и другите конфедерации против Џани Инфантино, кој сака да ја задржи позицијата на чело на ФИФА дури и на следните избори, кои се во март следната година. УЕФА подготви нов удар за Инфантино. Се здружи со другите континентални конфедерации и се закани дека ќе формира ново национално натпреварување како одговор на Светското првенство доколку Инфантино не се откаже од својата кандидатура за уште еден мандат. Да ...

Само неколку дена пред почетокот на ФИБА Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се игра во Скопје и Гевгелија, ФИБА се потсети на најзначајните рекорди во историјата на ова натпреварување. Меѓу носителите на историските достигнувања се наоѓаат и двајца македонски репрезентативци. Ненад Димитријевиќ и понатаму е лидер на вечната листа на асистенти во историјата на ФИБА У16 Евробаскетот од ...

Бразилската ѕвезда Нејмар ја остави својата иднина во магла. Во интервју на својот YouTube канал за време на добротворна аукција за неговиот институт, напаѓачот отворено зборуваше за своите следни чекори во фудбалот, оставајќи ги сите опции отворени. „Не знам колку долго. Не мислам дека ќе престанам, дури не знам ни колку долго ќе го правам тоа“, рече Нејмар. „Имам договор со Сантос до декември. Намеравам да го исполнам договорот, да го ...

Токму кога работите се консолидираа на „Олд Трафорд“ под водство на Мајкл Карик, сосема неочекувано се случи фудбалски земјотрес во женскиот тим на Манчестер Јунајтед. Најуспешниот менаџер во историјата на клубот, Марк Скинер, повеќе нема да ги предводи „Црвените ѓаволки“! Марк Скинер (43) и клубот официјално се согласија на меѓусебен раскин по петгодишна соработка, само еден месец пред почетокот на новата сезона. Иако Скинер минатото лето ...

И официјално, репрезентативецот Виктор Ташовски со трансфер во Хрватска, и тоа во КК Дубровник. Вечерва новиот клуб на досегашниот кошаркар на ТФТ и официјално го потврди овој трансфер: „Кошаркарскиот клуб Дубровник со гордост го објавува потпишувањето на договорот со Виктор Ташовски, 24-годишен плејмејкер од Македонија. Виктор се приклучува на нашиот клуб од ТФТ Скопје, каде што одигра 31 натпревар минатата сезона, со просек од 15,8 поени, ...

Се чини дека и дефинитивно ќе “експлодира бомбата“ – Винисиус во Арсенал. Последните информации велат дека Реал Мадрид нема намера да ги прифати барањата на Бразилецот, а дека истите шампионот на ПЛ му ги дава без проблем. Винисиус Жуниор денес се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид по заслужениот одмор, а медиумите продолжија да шпекулираат за неговиот престој во клубот. Според денешните информации, агентите на Винисиус сè уште ги имаат ...

Доколку гласините се остварат, свадбата или венчавката на Кристијано Роналдо би можела да стане еден од најгледаните спортски настани во годината! Португалскиот ас наводно сака да ги собере двете најголеми ММА ѕвезди – Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор на голема прослава, а токму можноста за нивна средба предизвика огромно внимание во јавноста. Според информациите што кружат на социјалните мрежи и некои странски медиуми, поранешниот ...

И дефинитивно Џани Инфантино е во проблем. Не само што страстите не се смируваат туку напротив, се чини дека војната на релација УЕФА – ФИФА допрва почнува. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, треба да се сретне со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, на финалето на Суперкупот на 12 август. Ал-Келаифи е еден од клучните сојузници на Чеферин, а претседателот на УЕФА наводно ја повикува Европската асоцијација на фудбалски клубови ...

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа веста дека Барселона контактирала со Манчестер Сити. Каталонските медиуми тврдат дека Ханси Флик и спортскиот директор Деко воделе важни разговори и се согласиле дека треба да доведат уште еден централен играч од средниот ред по уште ...

Шпанската фудбалска репрезентација неодамна го освои Светското првенство против Аргентина со победа од 1:0 по продолженија, а најдобриот играч на турнирот – Родри, реши да оди на одмор на неочекувана дестинација. Најдобриот играч на планетата пристигна во Црна Гора. Да, добро прочитавте, најдобриот играч на овогодинешното Светско првенство реши да го помине одморот со посета на Црна Гора, беше во Еко Вилиџ Невидио, беше и во Ловќенац, а сега ...

Нашата одбојкарска репрезентативка, Ерјона Јонузи потпиша за словачкиот шампион, тимот на Слован Братислава. Тоа значи дека Јонузи направи трансфер од Ново Место во најдобриот клуб во Словачка. Да потсетиме дека во Ново Место, една од нашите најдобри одбојкарки мина и тоа како две успешни сезони, но сега е време за нови предизвици во својата кариера. Инаку Јонузи својата успешна кариера ја започна во Шкендија, следуваше интернацинална ...

Един Џеко потпиша нов договор со Шалке 04, се пофали клубот, кој се враќа во Бундеслигата во новата сезона. 40-годишниот Босанец потпиша договор на една сезона со „сините“, за кои играше како позајмен од Фиорентина во пролетта минатата сезона и постигна 6 гола и додаде 3 асистенции во 11 натпревари. Џеко се врати во Гелзенкирхен откако беше дел од репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. „Един ...

Дарко Чурлинов може да биде задоволен. Имено вечерва во меч од 2.коло во елитната лига во Полска, тој беше стартер за својот нов тим, Погон Шчечин, тоа беше негово деби кое беше одбележано со победа и тоа на гости со 0:2 кај Краковија. Да потсетиме дека македонскиот репрезентативец пред само неколку дена направи трансфер од Коџаели во Погон Шшечин, при што во својот нов клуб беше претставен како големо засилување. Инаку Чурлинов вечерва на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1021
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
78%
1011
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.98
86%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
97%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.92
63%
1021
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
58%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
69%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
1012
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
93%
1022
Currency

61.629

Currency

55.036

Currency

73.834

Currency

37.961

Currency

39.051

Currency

67.206

Currency

8.2553

Currency

0.668

Currency

0.34804

Currency

0.52391

Currency

1.097

Currency

0.58681

Платина

50123.01

Бакар

12.71

Кобалт

33.53

Сребро

1691.13

Алуминиум

3.05

Рутениум

61086.42

Родиум

297394.41

Иридиум

321507.47

Злато

132371.05

Калај

46.53

Цинк

3.76

Паладиум

32600.86