Утре од 21 часот се игра мега – полуфиналето меѓу Франција и Шпанија. Дидие Дешамп не сака да експериментира кога игра за историја. Селекторот на Франција е човек кој им верува на докажани војници, а пред полуфиналниот пекол против Шпанија во Арлингтон, реши да направи само еден, но потенцијално клучен, потег. Како што објави почитуваниот Лекип, „Триколорите“ ја менуваат крвната слика во клучниот дел од тимот – каде што се добиваат ...

ФИБА денеска и официјално ги објави шеширите пред ждрепката за регуларната сезона и квалификациите на ФИБА Европскиот куп за сезоната 2026-27. Новиот систем на натпреварување ќе вклучува 48 клуба поделени во осум групи од по шест екипи во регуларната сезона, а дури 21 клуб ќе се приклучат од квалификациите за Лигата на шампионите во кошарка. Македонскиот шампион МЗТ Скопје А. кој по долга пауза се враќа во европските купови, се најде во ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во самиот финиш, познато е дека Франција – Шпанија ќе се сретнат во првото полуфинале, а Аргентина и Англија во второто. Кога станува збор за другите учесници на Светското првенство, тие се рангирани од 5-то до 48-мо место. Од екипите од регионот, Босна и Херцеговина е сместена на 29-та позиција врз основа на вкупниот настап, а Хрватска на 20-та позиција, по елиминацијата во ...

По подолго време, конечно натпреварите од сите наши претставници во фудбалска Европа ќе ги има на ТВ и тоа со директни преноси. Вардар утре од 17 часот игра на гости кај КуПС, а за овој меч е обезбеден е директен пренос на Арена Спорт М1. Познато е дека финскиот шампион на првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ, во Скопје победи со 2:0, па така мали се шансите Вардар да стори нешто на овој реванш. Во четврток двата наши тима, Шкендија и ...

Судијата, Роб Диперинк, почина на само 38-годишна возраст, соопшти Холандската фудбалска федерација, испраќајќи сочувство до семејството и пријателите на судијата. Причината за смртта на Диперинк сè уште не е објавена. Диперинк почина само неколку недели откако беше суспендиран од Светското првенство откако беше уапсен за сексуален напад врз тинејџерка во Велика Британија. Случајот против судијата на крајот беше отфрлен, но ФИФА потврди дека ...

Утре од 17 часот по македонско време, Вардар во Куопио го игра реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. По лошиот настап во Скопје и пораз од 0:2 од КуПС јасно е дека шансите за пласман во следната квалификациска фаза се сведени на минимум. Од друга страна во фудбалот понекогаш се случуваат чуда, па фановите на нашиот шампион веруваат дека вардарци ќе можат да направат чудо во Куопио. Инаку денеска, во време на одигрување ...

Најавите и официјално се остварија, сега е веќе дефинитивно. Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) официјално објави дека Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска. По неуспешниот настап на „Коцкестите“ на Светското првенство и елиминацијата во првиот дел од нокаут фазата, Златко Далиќ ја напушти хрватската клупа. Далиќ беше на позицијата селектор девет години и постигна неверојатни резултати на претходните две Светски првенства, но едноставно ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 29 јули до 7 август ќе се одржи во романскиот град Тулчеа. По двата контролни натпревари против Бугарија, стручниот штаб ги анализираше настапите на националниот тим, а во наредниот период следуваат и нови проверки против селекцијата на Косово. Селекторот Виктор Петровски е задоволен од односот и ангажманот ...

Манчестер Јунајтед го потпиша младиот играч од средниот ред Андре Сантос, објави клубот официјално. Иако сумата не е официјално објавена од клубот, медиумите во Велика Британија објавија дека од „Олд Трафорд“ се согласиле да муплатат на Челзи 48 милиони фунти плус уште два бонуси. Бразилецот е првото ново засилување откако Мајкл Карик го презеде тимот. Двете страни се согласија за договорот во среда минатата недела, но Андре Сантос потоа ...

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „под 18“ години влегува во завршната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Опатија и Ријека, Хрватска. По двата контролни натпревари против Бугарија во Ботевград, селекторот Миодраг Тодоровиќ изрази задоволство од она што неговите избраници го прикажале на теренот, и покрај проблемите со кои се соочи тимот во подготвителниот период. ...

Муарем Муарем, досгашниот стратег на Работнички, ќе седне на клупата на ФК Скопје. Како што дознаваме, има договор меѓу двете страни, сега се очекува само промоција. Инаку Скопје по заминувањето на Александар Таневски остана без тренер, па покрај неколкуте опции, “Пиратите“ се решија за својот некогашен играч. Инаку Муарем Муарем изминатата пролетна сезона го водеше Работнички, но не успеа да да обезбеди опстанок. Претходно го водеше тимот ...

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори за потпишување на Јури Тилеманс од Астон Вила, според Дејвид Орнштајн и Фабрицио Романо. Тилеманс е под договор до јуни 2028 година, но Јунајтед идентификуваше можност да го потпише 29-годишниот играч од средниот ред и покрај интересот од други клубови, тој сака трансфер на Олд Трафорд. Сите страни во моментов се во контакт за да го финализираат трансферот, што секако е изненадување. Јунајтед ќе ја ...

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала одлучи да остане во Италија и веќе потпиша нов договор со Рома, тврди авторитетниот спортски новинар Фабрицио Романо. Според извор, новиот договор на Дибала со Рома е потпишан. Официјалното објавување за продолжувањето се очекува наскоро. Рокот на договорот на Аргентинецот сè уште не е откриен. Минатата сезона, напаѓачот одигра 27 натпревари за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и имајќи ...

Судијата за полуфиналето помеѓу Франција и Шпанија на Светското првенство е избран, и сите ќе бидете изненадени. Тоа ќе биде Иван Бартон, судија од Ел Салвадор кој ја суди лигата на земјата, и човек на кого ФИФА очигледно му верува да ја заврши работата во натпревар кој е историски. Тој судеше три натпревари на Светското првенство оваа година, натпреварот помеѓу Турција и Парагвај, Јапонија и Шведска, и Швајцарија и Колумбија во ...

Светското првенство влегува во својата последна фаза, а полуфиналните натпревари нè очекуваат во наредните денови. Натпреварот Аргентина-Англија е во центарот на вниманието поради интересно барање што Аргентинците го упатија до ФИФА пред овој полуфинален натпревар. Многу луѓе се сеќаваат на нивниот натпревар од Светското првенство во 1986 година во четвртфиналето и на маестралниот натпревар на Диего Марадона кога тој дриблаше покрај речиси ...

Ова СП ќе биде запаметено по неколку скандали, ама најголемиот секако дека е случајот “Балогун“. Долго време се дебатираше дали одлуката за поништување на црвениот картон на Фоларин Балогун беше резултат на политички притисок, а сега конечно е познат главниот виновник зад најголемиот скандал на Светското првенство. Тоа не е ниту Доналд Трамп ниту Џани Инфантино. Според информациите од Би-Би-Си, одлуката за суспендирање на автоматската казна ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, заедно со својот татко, поранешниот норвешки репрезентативец Алф-Инге Халанд, на аукција купи печатено издание од 1594 година на „Сагите за кралевите“ од Снори Стурлусон. За книгата платија 1,3 милиони норвешки круни, односно околу 134.000 американски долари, со што беше поставен нов рекорд за најскапо продадена книга во историјата на Норвешка. Самата книга претставува вистинско историско ...

Македонската младинска репрезентација не успеа да дојде до првата победа на Европското првенство. Нашите ракометари го запишаа четвртиот пораз откако беа совладани од Австрија со 28-24 во новоформираната група за разигрување на пласман. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме во кое се водеше изедначена битка, а нашите момци имаа и водство од два гола 4-6. Првото полувреме заврши со резултат 15-14 во корист на противникот. Откако на ...

Александар Зверев не е само еден од најдобрите светски тенисери, туку и голема инспирација за илјадници деца ширум светот кои секојдневно се борат со дијабетес. Со своите успеси на тениските терени тој испраќа силна порака дека ниту една дијагноза не смее да биде пречка за остварување на соништата. Германскиот тенисер имал само четири години кога му бил дијагностициран дијабетес тип 1. Оттогаш, секој ден прима инсулин и живее со сите ...

Стартува нова недела а во неа и нови возбудувања од првите квалификациски кола од натпреварувањата на УЕФА. Веќе утре Вардар го игра реваншот во Куопио со КуПС, меч во кој нашиот првак влегува со лоша негатива по пресметката во Скопје. „За одбележување е и првата победа на гостински терен во сите натпреварувања на УЕФА за финскиот првак КуПС кој минатиот вторник славеше со 0:2 кај Вардар во Скопје“, стои во извештајот на УЕФА како најава и ...

Од таборот на ГРК Охрид ја потврдија вест дека Ориол Реј Моралес го напушта тимот. Еден од клучните дефанзивци од минатата сезона одлучи да замине во Висла Плоцк, која пак го откупи неговиот договор. Охриѓани жалат бидејќи нивната желба да остане била огормна. „Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот ...

Екипата на Пролет на својата официјална страница соопшти дека се повлекува од Супер-лигата. Причината за ваквата одлука е финансиската состојба на клубот после повлекувањето на главниот спонзор. „Почитувани пријатели на ракометот, навивачи, партнери и спортска јавност, Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но одговорна одлука ...

Вториот тим на Пелистер полека го комлетира ростерот за престојната сезона. Најново од таборот на битолчани е Александар Стојков, кој може да покрие две позиции, десното крило и десен бек. Стојков во својата кариера има настапувано за тимовите на КЛ7, Алкалоид, Струга и Куманово. Според најавите од Пелистер 2, во составот кој ќе го предводи Бранислав Ангеловски се очекува уште неколку засилувања за целосно комплетирање на тимот. Вториот ...

Машката младинска репрезентација на Македонија после еден ден пауза продолжува со натпреварите на Европското првенство. После трите порази во низа во групната фаза (Норвешка, Хрватска и Данска), „црвено-жолтите“ ќе разигруваат за пласман и ќе се обидат да дојдат до првиот триумф на ова континентално натпреварување. Нови противници се селекциите на Австрија и Летонија. Првиот меч е денеска во 11:30 часот, а нашите ракометари ќе ги одмерат ...

Претставници на Фудбалската асоцијација (ФА) истакнаа дека нема никаков проблем меѓу менаџерот Томас Тухел и ѕвездата Џуд Белингам откако двајцата дадоа спротивставени проценки за тешката победа на Англија од 2-1 во четвртфиналето на Светското првенство над Норвешка во Мајами. Германскиот стратег го нарече својот тим „среќен“, додека Белингам возврати дека тренерот можеби не ја разбира сериозноста на условите на теренот, пишува Дејли Меил. ...

На интернет се појави петиција со која се бара исклучување на аргентинската репрезентација од Светското првенство во 2026 година. Петицијата се собира на посебна веб-страница создадена за оваа цел, а во моментов над 3 милиони луѓе ја изразија својата желба светските прваци да бидат елиминирани. „Јасно е дека ФИФА и судиите се пристрасни кон Лионел Меси и аргентинската репрезентација. Зошто воопшто би учествувал некој друг, кога победникот ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, и официјално забележа напредок на најновата ВТА ранг-листа, откако направи скок од 14 позиции благодарение на настапот на најпрестижниот тениски турнир – Вимблдон. Ѓорческа претходно се наоѓаше на 222. место, но пласманот во првото коло на грен слем турнирот во Лондон ѝ донесе нови бодови и значително подобрување на пласманот. Од денес македонската тенисерка се наоѓа на 208. позиција на ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека по завршувањето на Светското првенство во 2026 година ќе се разгледа можноста за дополнително проширување на бројот на учесници на завршниот турнир. Годинешното Светско првенство во Канада, Мексико и САД за првпат собра 48 репрезентации, одлука која предизвика многу критики пред почетокот на турнирот, но за неа речиси и не се зборуваше по почетокот на ...

Трката од Меѓународниот шампионат во мотоцикли „Алпе Адрија“ (AAIMC) заврши трагично. AAIMC е шампионат од шест трки што се одржува на различни европски патеки. Организаторите потврдија дека двајца мотоциклисти загинале по несреќата на една од саботните трки во Брно, патеката на која се одржа Гран прито на Чешка во јуни во Мото ГП шампионатот. Филип Штајнмаер, 32, почина во инцидентот, а Адриан Рус, 43, почина во болница од здобиените ...

По пет години пензија, легендарниот Конор Мекгрегор синоќа во Лас Вегас, ја реактивираше својара УФЦ кариера. За жал на многумина неуспешно затоа што загуби од Макс Холовеј по само 69 секунди борба. Да, вистината е дека Мекгрегор и се повреди, но тоа и не е така важно кога зтанува збор за заработката од овој меч. Ирецот ќе го напушти Лас Вегас со минимум 15 милиони евра повеќе на сметката, затоа што тоа беше загарантираната сума за него за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.58
56%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.69
68%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.28
76%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.97
61%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.22
92%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.59
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.49
51%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.36
65%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
76%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
89%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Сребро

2005.37

Кобалт

56.29

Бакар

13.54