Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Куманово во следната сезона добива сериозно засилување под обрачите. Бојан Крстевски е ново име на тимот предводен од Марин Докузовски. Македонскиот репрезентативец после седум години се раздели со МЗТ Скопје каде беше еден од главните лидери во составот на актуелниот првак со кого освои се што можеше да се освои. Во Куманово продолжува да се гради успешна кошаркарска приказна, амбициите се високи, па токму затоа покрај странски се бираат и ...
По две недели пауза, утре со мечот Шкендија Арачиново – Силекс стартува 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет среби. Јасно е дека најинтересно ќе биде на Арената во Скопје каде во недела во мега – дербито се среќаваат Вардар и Шкендија. Овој меч ќе го суди Стојанче Трпчевски. НАТПРЕВАРИ И СУДИИ ЗА 2.КОЛО 07.08.2026 – 17 Ч (ПЕТОК) Скопје (Чаир): Шкендија Арачиново – Силекс (Игор Стојчевски) ...
Досегашниот голман на штипска Брегалница, Никола Филевски и натаму ќе брани за овој клуб. Добрата форма во изминатиот период на чуварот на мрежата е и повеќе од доволен повод, менаџментот на Брегалница да му додели нов договор на Филевски и соработката на обострано задоволство да продолжи. Тој во изминатиот период имаше добра минутажа, имаше голем удел во пласманот на тимот во прволигашката конкуренција, а сега е време што се вели за нови ...
Македонската машка кадетска репрезентација дојде до нова победа на Европското првенство, овој пат вредна – билет за настап на Светското првенство 2027 година. Избраниците на Горан Кузманоски во битката за пласман од 9-то до 16-то место беа подобри од Фарски Острови со 32-34 (13-18). Победата е максимално заслужена бидејќи Македонија беше подобар противник во поголем дел од мечот, иако и овој пат имаше пад во играта, но истиот на голема среќа ...
Македонската кадетска репрезентација запиша три победи во низа на Европското првенство. Третата победа на шампионатот кој се одржува во Белград за нашите надежи значеше заверка на билет за Светското првенство следната година. Денеска избраниците на селекторот, Горан Кузманоски славеа против Фарски Острови со 32-34. Ова беше уште еден тежок натпревар во низа за нашите кадети. Македонија остана без двајца играчи, Николоски и Ѓоргиески добија ...
Одлични вести за таборот на Шкендија. Шефот на стручниот штаб, Артим Положани конечно слета во Шкотска, и му се приклучи на својот табор во Единбург, каде што вечерва Шкендија од 21:00 часот го игра мечот против Хиберниан. Истиот е во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции, каде што Шкендија ќе се обиде да обезбеди поволен резултат, пред реваншот во Скопје за седум дена. Положани задоцни, и не беше дел од чартер ...
И дефинитивно Љупче Дориев станува синоним за голови кога е во прашање шампионатот на Узбекистан. Попладнево во меч од 16.коло во тамошната елитна фудбалска лига, Македонецот стрелаше за својата Согдиана во 77.минута против Андијан. Еден гол сосема доволен за победа од 1:0. Па така со оваа нова победа благодарение на Дориев, Согдиана полека, но сигурно бега од опасната зона на табелата. Овој гол за македонскиот интернационалец беше 12-ти ...
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација на Македонија, Матеј Ангелов и официјално се врати во својот матичен клуб. Штипска Брегалница од денеска е посилна за играчот за врска кој што се враќа во родниот град, по неколкудишниот престој во тимот на Работнички. Своевремено Ангелов како еден од најталентираните млади играчи кај нас се пресели во Градски парк, за да има и една крака авантура во Украина. Има огромно прволигашко искуство ...
До кога македонската фудбалска, па ако сакате и спортска јавност ќе се бави со згаснувања, релегации, одбори за спас, апел за помош и слични срцепарателни тип на теми, текстови и соопштенија? На ова прашање одговорот е едноставен. Се додека нашите легендарни спортски колективи не додјат во рацете на професионалци односно не бидат одземени од рацете на анонимуси, мешетари, ликови со криминални досиеја, и луѓе кои брзиот профит е најважен, не ...
Вечерва од 21 часот на “Истер Роуд“ стадионот во Единбург, во првиот меч од 3.квалификациска рунда, Шкендија му гостува на силниот состав на Хиберниан. Клуб од Шкотска кој денеска слави 151 година од своето постоење. Сепак, Шкендија сака, Шкендија може и Шкендија знае како треба во Европа. Во својот 74-ти европски меч, македонскиот претставник, оди на добар резултат, за да во реваншот во Скопје следниот четврток стави “печат“ на уште еден ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во германскиот град Лајпциг откако во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Таа во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот. Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и ...
Сега е веќе и официјално. Мохамед Салах е нов играч на турскиот суперлигаш Трабзонспор, во трансфер кој што еѓипќанецот го направи најплатен играч во Европа. Тој на годишно ниво ќе заработува фантастични 17 милиони евра, што е поголема сума и од оние кои што ги заработуваат звезди како Мбапе, Винициус, Халанд и останатите. Салах ја заврши својата приказна во Ливерпул, и како слободен играч пристигна во Турција. Сензационално беше претставен, ...
MG HS го освои првото место во најновото истражување Driver Power 2026, спроведено од автомобилскиот портал Carwow, во кое повеќе од 100.000 возачи ги оценуваа своите автомобили според односот помеѓу цената, квалитетот, доверливоста и трошоците. Според резултатите од истражувањето, токму MG HS нуди најголема вредност за вложените средства, освојувајќи го првото место во рангирањето. Сопствениците како негови најголеми предности ги издвоија ...
Винисиус Жуниор ги избриша сите содржини од својот Инстаграм профил само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понудил нов, подобрен договор. Тековниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година, а преговорите за нов договор траат со месеци, оставајќи ја неговата иднина во клубот отворена. Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и се надева дека тој ќе може да ја искористи можноста да направи трансфер, објавува Goal.com. ...
Македонскиот интернационалец, Георг Стојановски предмалку и официјално е промовиран како нов играч на катарскиот прволигаш, тимот на Лусаил. По одличните настапи во шампионатот на Бугарија, поточно во тимот на Спартак Варна, Стојановски го прави трансферот на неговата досегашна кариера. Веќе имаше еден обид на Блискиот исток во тимот на Хата, а сега тој доаѓа како супер засилување за екипата на Лусаил. Во домашниот шампионат пак Стојановски ...
Од денеска до 15 август во Гевгелија и во Скопје ќе се одржува Европското првенство „Б“ Дивизија за кошаркари „Под 16“ години. Македонската кадетска репрезентација групната фаза ја отвора против Кипар, меч кој се игра во салата „26 април“ во Гевгелија со почеток во 18:30 часот. Селекторот на нашиот национален тим Дејан Стојановски го одбра тимот и најави максимална битка на теренот, целиот фокус е ставен на денешната пресметка против Кипар. ...
По неколкудневните тренинзи во Скопје кои беа воведни во подготвителниот процес за претстојната сезона, ракометарите на РК Алкалоид се преселија во Маврово каде што во многу подобри, пред сѐ временски услови ги полнат батериите за активностите што ќе ги очекуваат ракометарите кога на ред ќе дојде натпреварувачкиот дел. Во комплетен состав, со исклучок на кадетскиот репрезентативен голман Ѓорѓи Николовски кој е на М18 ЕП, ракометарите на РК ...
На 8 септември, прекрасното Маврово повторно ќе стане центар на велосипедизмот и активниот животен стил. Халкбанк по седми пат ја организира хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ќе ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и сите љубители на природата во еден ден исполнет со спорт, дружење и позитивна енергија. Халк Вело Грин одамна прерасна во повеќе од спортски настан. Таа е ...
Славје во Каталонија. Имено Меси потпишува за Барселона, но не Лео Меси. Имено Тијаго Меси, најстариот син на Лионел, наскоро ќе се приклучи на Ла Масија и ќе ги следи стапките на својот татко. Лионел Меси е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а сè започна од Барселона. Аргентинецот пристигна во Ла Масија, младинската академија на Барса, каде што го започна својот подем кон врвот. Лионел играше во Барселона многу долго ...
Интересно. Шкендија вечерва во Шкотска, во Единбург ќе му гостува на клуб кој што е основан во 19 век, или на 6 август во 1875 година. Ова значи дека Хиберниан денеска го прославува својот 151 роденден. Па нека Шкендија со победа или добар резултат му го расипе роденденот на својот вечерашен ривал. Сликовито, Хиберниан е основан 28 години или три децении пред во Македонија да се случи Илинденското востание во 1903 година. Ова најмногу ...
Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер. Овој американски бек шутер доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Има 23 години и висок е 196 сантиметри. Во пет сезони во колеџ лигата МекДауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра. Неговиот најдобар момент ...
Како некои работи брзо се менуваат во фудбалот. Имено на денешен ден (6 август 2015) пред 11 години Работнички испиша историја, по вторпат успеа да се пласира во плеј – офот во Лигата на Европа, и тоа откако го елиминираше славниот Трабзонспор. Во првиот меч од 3.квалификациско коло на 30 јули во Скопје, со голот на Баже Илијоски, Работнички славеше против Трабзон со 1:0 и дојде тој 6 август и реваншот во Трабзон. Домашниот тим поведе со ...
Ете, и тоа го има. Како што тврди „Сан“, американскиот напаѓач Фоларин Балогун му е понуден на Тотенхем преку посредници. Американецот, кој беше во центарот на голем скандал за време на Светското првенство во 2026 година, има неизвесна иднина во Монако. Балогун беше исклучен со директен црвен картон во 1/16 финалето против Босна и Херцеговина, но му беше дозволено да игра на следниот натпревар против Белгија. Колку за потсетување, Балогун ...
Најавен како големо засилување за стручниот штаб на Вардар и тренерот Кристијан Фабијани, Густаво Лопез издржа неполни два месеци како асистент-тренер во таборот на „црвено-црните“. Лопез ги спакува куферите и замина за Аргентина, со што му кажа „збогум“ на Вардар и Фабијани, само неколку дена по европското фијаско и експресната елиминација на македонскиот првак од европските настапи. Дали вината е кај Густаво Лопез, поранешен играч на ...
Вечерва во Единбург од 21 часот на “Истер Роуд“ стадионот, Шкендија во првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе му гостува на Хиберниан. Ова за тетовци ќе биде 74-тиот меч во фудбалска Европа во нивната историја, досега имаат 27 победи. И кога сме кај историјата на Шкендија, да кажеме дека тетовци веќе имаат играно двомеч во Европа и немаат пораз. Во летото 2015 година, во првото коло во Лигата на Европа, Шкендија ...
Со доаѓањето на Дензел Дамфрис, на сите им е јасно дека Трент Александер – Арнолд ќе биде во втор план, тоа и нему му е јасно. Само една година откако ги сруши сите мостови по него, одби да го продолжи договорот и избега во Реал Мадрид без обештетување, од Англија приказна што ги превртува стомаците на навивачите на Ливерпул. Приказната за Трент Александер-Арнолд на „Сантијаго Бернабеу“ се претвори во првокласно фијаско под команда на Жозе ...
Утре со почеток од 21:00 часот, екипата на Шкендија на гости во Шкотска го игра првиот од двата дуела кои се дел од третото квалификациско коло за Лигата на Конференции, против домаќинот Хиберниан. Домаќинот попладнево ја имаше официјалната прес конференција на која што тренерот Дејвид Греј даде свое мислење за утрешниот меч, противникот, како и апдејт за здравствениот билтен во тимот. Греј објави дека играчот за врска Калум Рајт ...
Шкендија Арачиново, дебитантот во нашата елитна фудбалска лига не престанува да изненадува. Имено вечерва го промовираше своето најново засилување, а тоа е дефанзивецот Есин Хакај (29). Тој е некогашен репрезентативец на Албанија. Хакај има богата кариера што го вклучува дресот на Самсунспор во Турција, како и добро познатите албански клубови Влазнија и Партизани. Есин Хакај се приклучува на ФК Шкендија Арачиново за да донесе искуство, ...
Страшно. Фудбалската јавност во Уганда беше шокирана од веста за смртта на Давид Овори, капитенот и лидер на Вила. Искусниот дефанзивец им подлегна на повредите во болница во Кампала откако беше брутално нападнат во близина на неговиот дом во Макиње. Лекарите дадоа се од себе, но несреќниот фудбалер не можеше да биде спасен. Иако веста дека Овори загинал во сообраќајна несреќа со мотоцикл првично се прошири на социјалните мрежи, клубот ...
Вечерва во пресрет на утрешнот меч со Хиберниан, прв од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, на официјалната прес – конференција беше Куштрим Вока, еден од помошниците на стратегот Артим Положани. Познато е дека Положани поради проблеми со визата утре ќе се приклучи на тимот и ќе ја води Шкендија против Хиберниан. Мечот е закажан за 21 часот. „Од причини поврзани со визата, шефот не можеше да биде присутен денес и поради оваа ...