Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Трагедија во семејството Меси. Таткото на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, Хорхе, почина на 68. годишна возраст. Медиумите во Аргентина ја потврдија оваа вест, додавајќи дека таткото на Меси долго време се борел со тешка болест. Се додава дека и покрај сериозно добриот медицински третман, сепак, тој не можел да преживее. Хорхе Меси има одиграно сериозно голема улога во развојот на Лионел во детските денови. Целото ...
Екипата на Кожув се засили на бековската позиција во името на 30-годишниот Стефан Симиќ, кој во редовите на гевгелискиот состав треба да го донесе посакуваното искуство и да биде вистински лидер на теренот. „КК Кожув со задоволство го претставува Стефан Симиќ, 30-годишниот српски бек, кој во новата сезона ќе го носи дресот на гевгелискиот клуб. Висок 193 сантиметри, Симиќ зад себе има богато искуство во српската кошарка, настапувајќи за ...
Големо, екстра засилување сега и официјално во таборот на Тиквеш. Имено голманот Марко Алчевски го комплетираше трансферот во тимот од Кавадараци, стигна сертификатот, и тој ќе може да настапи уште денеска на гостувањето на Тиквеш во Куманово кај Башкими. Да потсетиме дека Алчевски, кој некогаш беше младински репрезентативец на Македонија, досега беше член на Брера, Борец, Хапоел Ерусалим, ОФК Београд. Исто така добри вести и за ...
Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси повеќе нема да игра. Тажно е да се каже, но очигледно е: тој нема да може да игра уште 15 години. Би било неодговорно да не се размислува за ерата по Лео. Но, сè додека сака да игра, нека игра. Тој, повеќе од кој било друг, го заработил правото сам да одлучи кога ...
Денеска на програмата се два натпревари од 2.коло во новата 2026/27 сезона. Во Куманово екипата на Башкими го дочекува составот на Тиквеш. Кавадарчани имаа спектакуларен настап на премиерата пред своите фанови кога го декласираа Арсими со 5:1. Секако дека со оглед на фактот дека Башкими е значително ослабен од ланската сезона денеска од 17 часот, за кога е закажан овој меч, секако дека составот на тренерот Оливер Богатинов е голем фаворит и ...
Еден од најголемите спортски стадиони во Украина беше погоден во руски ракетен напад во пресрет на натпревар од највисокиот ранг. Руските сили во петокот околу 15 часот извршија напад во јужниот дел на Украина, при што цел беше стадионот „Чорноморец“ во Одеса, најголемата спортска арена во јужниот дел на земјата. Стадионот има капацитет од повеќе од 34.000 гледачи и е дом на фудбалските клубови Чорноморец Одеса и Сеастерс. На стадионот во ...
Британскиот весник „Телеграф“ објави дека управното тело на европскиот фудбал, УЕФА, му исплатило шестцифрена сума на поранешна вработена за кој извори велат дека бил во тајна врска со Џани Инфантино додека тој бил генерален секретар на организацијата. Ова се случило пред околу една деценија. Според повеќе извори, тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, бил свесен за наводната афера. Се вели дека му дал на Инфантино ултиматум: или ќе ...
Поранешниот центар на НБА, Енес Кантер Фридом, објави дека сака да се натпреварува во женската кошаркарска лига на WNBA. Неговата објава доаѓа во услови на заострена дебата за статусот на трансродовите спортисти во женските спортови. „Официјално се прогласувам за подобен за драфтот на WNBA откако внимателно ги разгледав и проучив тековните упатства за подобност“, рече Кантер во соопштението. „Ако самото наведување на мојот идентитет е ...
Фудбалскиот клуб Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот „Итихад“ поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската Сеута, соопшти клубот. Шпанскиот шампион требаше да се сретне со домашната екипа на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но клубот реши да се откаже од гостувањето. „Со оглед на моменталната неизвесност и околности, веруваме дека не е соодветно ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија конечно ја запиша првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во Тулчеа. Нашите кошаркарки беа подобри од Норвеша со убедливи 67-41. Овој дуел беше решен после првото полувреме. Македонија во првата четвртина поведе со 26-6, веќе во следниот период ја зголеми предноста на 40-11 за сигурен финиш и прва радост. Ова беше прва победа после серијата од пет порази на овој ...
По пристугнувањето во Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја процени ситуацијата и веднаш воведе промени. Заклучи дека на клупскиот центар му се потребни построги правила и негов личен печат. Воведе построга контрола врз сите аспекти што влијаат на формата на играчите, од исхраната и закрепнувањето до точноста на пристигнувањата во кампот, објавува Ас. Неговиот пристап не се базира на сила, туку на решителност и јасни принципи, а тој смета дека ...
Алкалоид веќе десетина дена е во тренажен процес, од почетокот на неделава е на висински подготовки во Маврово каде што во одлични пред сѐ временски услови акумулира енергија и ја подобрува физичката подготвеност за претстојните искушенија што ќе ги донесе сезоната. Во следната сезона покрај Суперлигата, Куп на Македонија и ЕХФ Европски Куп ќе биде дел и од новото регионално натпреварување и ќе има плус предизвици и за сите нив ќе мора да ...
Ливерпул направи голем потег на пазарот, а веста што пристигна доцна навечер особено одекна меѓу навивачите на англиските гиганти. Фабрицио Романо објави дека Ливерпул се согласил да го позајми Роналд Араухо од Барселона, што ќе му даде на тимот ново решение во задната линија. Постигнат е усмен договор помеѓу Ливерпул и Барселона. Доаѓањето на Араухо е големо изненадување, особено затоа што станува збор за фудбалер кој со години е еден од ...
Македонскиот вицепрвак, Еурофарм Пелистер запиша победа на првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона. Битолчани славеаа против Катар, предводен од Веселин Вујовиќ со убедливи 36-24. За новиот стратег на Еурофарм Пелистер ова беше прва победа на клупата. На паузата, битолчани водеа со 18-12, позитива која го најави триумфот на македонскиот тим. Во Зрече, битолчани треба да одиграат уште два меча против Крка. ...
Најдобриот македонски фудбалер, се соочува со сериозен рпедизвик во моментов кога станува збор за клупската кариера. Едноставно нема статус на првотимец во тимот на Ред Бул Лајпциг каде што има долгорочен и пред се богат договор, и јавноста секојдневно го сели некаде на позајмица. Во изминатиот период тоа беше во неговиот добро познат Наполи, но летово Елмас е во Германија и е дел од подготовките на Ред Бул. Тој напорно тренира со своите ...
Кадетската кошаркарска машка репрезентација неуспешно го стартуваше Европското првенство Б Дивизија кое што се одржува во Скопје и Гевгелија. Нашите млади кошаркари загубија од Исланд со конечни 75-87 во дуел во кој реално не одиграа според очекувањата. „Очекувавме физички многу силен противник, но не успеавме навреме да се адаптираме на нивниот стил на игра и да го спроведеме она што го договоривме пред натпреварот. Со зонската одбрана ...
Англискиот репрезентативец Ајван Тони е обвинет за напад пред ноќен клуб во Лондон. Корпулентниот напаѓач кој игра во Саудиска Арабија неодамна се врати од Светското првенство, а во својата татковина беше пречекан со тужба. Инцидентот се случил на 6 декември 2025 година, пред ноќен клуб во центарот на Лондон во Сохо, а напаѓачот на Ал Ахли ќе мора да се појави на суд на 24 септември. Тој беше обвинет за нанесување физичка повреда на лице, а ...
Македонскиот интернационалец во далечната Индонезија, Ристо Митревски со својот тим Персебаја го освои традиционалниот куп на оваа земја таканаречениот Президент куп. По подоброто изведување на пеналите, тимот на Персебаја беше подобар од екипата на Персиб Бандунг со откако регуларниот дел од мечот заврши 1:1. Митревски иако во зрели играчки 34. години и натаму е интернационалец. Веќе извесен период е дел од шампионатот на Индонезија, а пред ...
Македонскиот интернациоиналец и младински репрезентативец, Горазд Ристовски откако го потпиша својот прв професионален договор со тимот на Црвена Звезда, автоматски се пресели во пониската фудбалска конкуренција во Србија. Замина во филијалата на Звезда, Графичар, каде што свои минути имаа голем број на наши интернационалци кои што беа периодов дел од гигантот од Белград. Ристовски самото ова и го најави во изјавата пред извесен период за ...
Некогашниот македонски репрезентативец, Кристијан Тошевски е нов играч на тимот на Феризај. Дефанзивецот заминува во Косово, откако заврши неговата авантура во Подградец, во Албанија. Тошевски во домашниот шампионат беше дел од Тетекс, Пелистер, Вардар, Тирана и Шкупи. Што се однесува до репрезентацијата на Македонија, тој беше дел од неа кога селектор беше Игор Ангеловски. Некогашниот македонски репрезентативец, Кристијан Тошевски е нов ...
Поради огромна конкуренција, и потреба на играчот за поголема минутажа, тимот на Реал Мадрид и официјално го испрати аргентинскиот интернационалец, Франко Мастантуоно на позајмица во тимот на Фиорентина. Трансферот го потврдија и двата клуба, со што се става крај на шпекулациите околу судбината на младиот играч за следната сезона. Во своето официјално соопштение, Реал Мадрид ги прецизираше деталите од договорот: „Реал Мадрид и Фиорентина ...
Три клучни судиски одлуки на воведниот натпревар од второто коло од Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Силекс. Во 27. минута од натпреварот, главниот судија не забележува очигледен прекршок врз играчот на домашната екипа кој е внатре во казнениот простор на гостинската екипа, близу до линијата. По правилна ВАР проверка и интервенција, главниот судија по преглед на снимка на терен (OFR) досудува казнен удар за домашната ...
Екипата на Бадел 1862 продолжи со градењето на тимот за новата сезона. Од таборот на вицепрвакот известија дека на клупата останува Дарко Димитријевиќ, тренерот кој приреди чудо и го однесе тимот до финалето на плеј-офот. Димитријевиќ го елиминираше во полуфиналето актуелниот првак, Баскет Кам. „На наше големо задоволство, Бадел 1862 и Дарко Димитријевиќ ја продолжија соработката и за следната сезона. Димитријевиќ зад себе има одлична сезона ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига – жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци. Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената ...
Еурофарм Пелистер од пред неколку денови е во Зрече каде ги одработува подготовките за новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапува и во Европската лига. Новиот стратег, Лино Червар во агендата за Словенија има и неколку пријателски натпревари, а првиот е против репрезентацијата на Катар. Селектор на овој национален тим повторно е Веселин Вујовиќ, кој уште сега го подготвува тимот за настап на Светското првенство 2027 година. ...
Македонската кадетска репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија. Нашите кошаркари беа поразени од Исланд со 75-87. И овој натпревар се одигра во одлична атмосфера, нашите надежи имаа максимална поддршка од трибините во салата „26 април“, но за жал не беше доволна за втора радост. Шабани постигна 26 поени и 10 скока, зад него беше Зунзуровски со 22 поени. За разлика од првата ...
Шкендија Арачиново е подготвена да испише уште една историска страница во елитата на домашниот фудбал. Овој петок, екипата ќе го одигра својот прв натпревар како домаќин во ПМФЛ, каде на стадионот во Чаир ќе ги одмери силите со тимот на Силекс. По тешкиот старт и лекцијата научена против шампионот Струга Трим Лум, раководството на клубот не седеше со скрстени раце: одбраната е засилена со нови имиња во преодниот рок за да му се даде ...
Силекс на стартот од новата сезона во ПМФЛ на домашен терен забележа убедлива победа од 6:0 во дуелот против Башкими, а денеска оди по првите гостински три бода. На стадионот „Чаир“ за ривал ќе го има тимот на Шкендија Арачиново. Кратовскиот состав посакува да продолжи да чекори победнички во новата сезона. И покрај тоа што за ривал го имаат новиот прволигаш сепак тие се внимателни и очекуваат тежок меч. Дарко Ангелески, играчот од средниот ...
Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Љупче Дориев е во животна форма. На стартот на новиот шампионат во Узбекистан, напаѓачот за својот тим Согдиана во досегашните 16 кола, постигна фантастични 12 гола, а додаде и три асистенции. Со што е убедливо најефикасниот играч во тамошната конкуренција. Дориев ама буквално на рамена го носи својот тим во досегашниот дел од шампионатот, а беше реализатор и на единствениот гол за својот тим ...
Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги видите празни трибините на „Олимпико“ кога игра Лацио. Навивачите на “небесно – сините“ се толку сериозни и дисциплинирани во најавениот бојкот на натпреварите на првиот тим, што во овој момент е сосема сигурно дека само неколку илјади луѓе ...