Македонските кошаркарски кадети со чудесен пресврт вечерва успеаја да слават голема победа против селекцијата на Швајцарија со 89:76. Ова е втора победа на Македонија на ова ЕП во Б дивизијата. Таа дојде откако нашите кадети одиграа фантастично второ полувреме и со голем пресврт успеаја на крајот да слават. Треба веднаш да се каже дека по првите две четвртини нашите кадети одиграа слабо, имаа голема негатива, но потоа тие покажаа карактер и ...

Уф, каква “бомба“ од Островот? Конзорциум предводен од основачот на Амазон, Џеф Безос, ќе купи значаен удел во Ливерпул, а соопштението би можело да биде објавено до крајот на неделата. Безос е третиот најбогат човек во светот (проценето богатство од 280.000.000.000) зад сопствениците на Гугл, Лари Пејџ и Илон Маск, а заедно со група во која е вклучен еден од основачите на Фејсбук, Едуардо Северин, и индискиот бизнисмен Аминт Батија, сака да ...

Ардијан Нухиу по пауза од неколку години повторно е шеф на струката во Дрита. Раководството на клубот денеска на прес конференција се пофали, односно објави дека имаат нов тренер и го промовираше некогашниот наш познат фудбалер, а потоа и истакнат тренер кој со успех работеше во Шкупи и Шкендија, а како стратег ги предводеше екипите на Тирана, Гњилане, секако Дрита. Да потсетиме дека тој со Дрита во сезоната 2019/20 ја освои титулата и ...

ПСЖ ја упати својата прва официјална понуда за Феран Торес, но таа не ја задоволи Барселона. Според информациите од Мундо Депортиво, францускиот клуб понудил фиксен износ од 40 милиони евра за 26-годишниот шпански напаѓач. Барселона ја отфрли понудата, бидејќи очекува поголема сума за играчот. Каталонците се свесни дека Торес веќе постигнал договор со ПСЖ и сака што поскоро да се пресели во парискиот клуб, но нема да дадат зелено светло за ...

Откако цела спортска Македонија остана шокирана за тоа како изгледа теренот на стадионот во Битола по одржувањето на последните концерти, попладнево со реакција искочи и Оштина Битола. Соопштението кое го добивме во нашата реакција ви го пренесуваме во целост: Вие и јас пренесуваме информации од ЈП „Комуналец“ за состојбата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битолa. Како што ја информирав јавноста колку што е можно повеќе, Општина Битолa и ...

Бразилската ѕвезда Нејмар ќе се приклучи на американскиот клуб Интер Мајами на почетокот на следната година, откри неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата Фелипе Мело. Во интервју за порталот „Goals do Brasileirao“, Мело, кој одржува блиски односи со напаѓачот, рече дека околината на Нејмар веќе разговара за неговиот иден трансфер. Се очекува тој да го напушти својот сегашен клуб Сантос за да се соедини со Лионел Меси и Луис Суарез во ...

Секако дека не е сензација Шкендија да слави на дербито со Вардар, туку сензација е тоа на каков начин тоа го направи. Тетовци просто го прегазија шамионот кој може да биде среќен што загуби со 0:2 на Градски како што милуваат вардарци да ја нарекуваат Арената потсетувајќи се на легендарните денови од минатото кога овој клуб е во прашање. Шкендија одигра маестрално, сепак централна фигура беше Фабрис Тамба, интернационалецот од Сенегал кој ...

Некогашниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Србиновски е но тренер на екипата на Соколи Штип. Србиновски се враќа во мак кошарката како тренер по неколку години откако последно го водеше тимот на Гостивар. Со ова дефинитивно се погреваат и онака постоечките најави дека Соколи Штип е новиот Суперлигаш во мак кошарката по дефинитивното откажување на тимот на Чаир. Од КФМ денеска и официјално ја отворија постапката ...

Срамни слики во текот на вчерашниот ден пристигнаа од Битола и од состојбата на теренот на стадионот „Петар Милошевски“. Од еден од најубавите терени, за кој лани се потрошија илјадници и илјадници евра, сега гледаме жолта трева, сено и земја. Од терен кој беше еден од најдобрите во земјава за фудбал – до катастрофа поради која ФК Пелистер новата сезона ќе мора да ја започне на туѓи терени, во улогата на домаќин. А првиот дуел е веќе во ...

По малку изненадувачки, да не кажеме сензационално, Струга ТЛ вчера на ФФМ одигра само 1:1 со тимот на Скопје. Стружани самите си се винивни. На овој меч, посебно во првиот дел имаа повеќе шанси, имаа 5-6 зицери за гол, постигнаа еден, вториот им беше поништен, примија еден и затоа освоија само еден бод. Секако дека тренерот на Струга ТЛ имаше свој коментар за овој втор натпревар сезонава: “„Натпревар за кој се подготвувавме да победиме и ...

Мика Хакинен е двократен шампион во Формула 1 и поранешен возач на Мекларен од ерата на „Сребрените стрели“, и испрати предупредување до познатиот тим од Ф1 да не го бркаат Макс Верстапен по секоја цена и да не го нишаат бродот непотребно. Тој беше во подкастот „Up To Speed“ со својот поранешен колега од Мекларен, Дејвид Култхард, и тие се осврнаа на моменталната состојба на шампионатот во Ф1. „Интересно, но не би го гледал само Макс бидејќи ...

Екипата на ГФК Тиквеш предмалку објави дека се засилува со македонскиот младински репрезентативец Мухамед Елмас. Досегашниот член на Македонија ЃП се сели во Кавадарци за да го засили тимот на Тиквеш, кој што одлично го стартуваше новиот ПМФЛ шампионат со две победи по две кола. Елмас важи за еден од најдобрите млади играчи во Македонија, но повредите засега го спречуваат да го покаже сиот свој потенцијал. Да се надеваме дека истите овојпат ...

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите помеѓу Црвена Звезда и Хапоел Бер Шева кој што се игра во вторник на стадионто Рајко Митиќ. Шампионот на Србија им проблем и предизвик пред себе, затоа што загуби на првиот дуел со 1:0, па сега и е потребна ...

Македонската кадетска репрезентација денеска продолжува со натпреварите од Европското првенство В Двизија. Противник на нашите млади кошаркари е селекцијата на Швајцарија, мечот се игра во салата „26 април“ со почеток во 18:30 часот. После три одиграни кола, Македонија се наоѓа на четвртото место со скор од едн победа и два порази, додека пак Швајцарија е убедливо најслаба во нашата група, има три порази. Победата е неопходна во битка за ...

Нема ниту тренерска ФИФА ПРО-лиценца, нема ниту пасош од Аргентина, не е од градот на Лионел Меси и нема фото со него, но затоа пак е од селото на Артим Шаќири во Струга. Артим Положани, кој е на клупата на Шкендија, има повеќе победи од Кристијан Фабиани на Арената во Скопје, која е дом на Вардар и терен каде што тетовци ги играат европските натпревари. Фалениот тренер од Аргентина има победа само над Брегалница на овој стадион, додека ...

Ламине Јамал, една од најголемите ѕвезди на Барселона и светскиот фудбал, ги помина последните денови од одморот во Колумбија, а неговото враќање во Европа привлече големо внимание на социјалните мрежи. Шпанскиот репрезентативец одлучи да патува со редовна авиокомпанија, а за време на летот се обиде да остане што е можно понезабележителен. На фотографиите што ги објави на Инстаграм, се гледа како седи во авионот со качулка преку главата и ...

Досегашниот играч на тимот на Шкендија, Себастиан Спахиу и официјално повеќе не е дел од клубот од Тетово. Тој спогодбено го раскинува важечкиот договор со клубот и заминува на друго место. Очигледно дека минутажата, како и статусот кој што Спахиу ги имаше периодов не соодетстува со плановите како негови, така и на клубот, па разделбата очигледно беше неминовна. Во моментов конкуренцијата во Шкендија е жестока, и не секој добива место во ...

Македонскиот репрезенативец во скок во далечина, Брајан Авиа, имаше одличен настап на Светското првенство за атлетичари до 20 години кое што се одржува во САД. Авиа во конкуренција од 30 најдобри атлетичари во својата возраст во светот, се најде на 24. место со прескокнати 7.04 метри. Ова е само потврда за големиот напредок на Авиа во изминатиот период кога е очигледно дека работата со тренерот Ѓорѓи Вучков вродува со плод. Македонскиот ...

По успешниот настап на Европското првенство и освоеното 9. место, денес машката кадетска репрезентација на Македонија беше пречекана во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за постигнатиот резултат, борбеноста и залагањето во текот на целиот шампионат, посакувајќи им многу успех во понатамошниот развој и во следните репрезентативни ...

По вчерашниот дебакл на дербито против Шкендија, во рамките од второто коло од ПМФЛ шампионатот, првакот на Македонија, тимот на Вардар остана без тренер. Аргентинецот Кристијан Фабијани си заминува, објави предмалку клубот преку социјалните мрежи. Фабијани вчера го предводеше Вардар во еден од најтешките порази во последните неколку години против ривалот Шкендија, а и комплетно шампионот летово под негово водство се обрука на сите полиња. ...

Македонската машка кадетска репрезентација успешно ја заврши својата мисија на Европското првенство. Нашите ракометари завршија на деветото место во конкуренција на 24 екипи. Со биланс од пет победи и три порази обезбедија пласман на Светското првенство следната година и на Европското првенство 2028 година. Избраниците на Горан Кузманоски испратија порака дека македонскиот ракомет има светла иднина која во изминатиот период воодушеви со ...

Херој на Шкендија на вчерашното дерби со Вардар секако дека е Фабрис Тамба, напаѓачот на тетовци. И не само поради двата гола за 0:2, туку и за тоа како го одигра овој натпревар интернационалецот од Сенегал. Тамба беше предводникот на извонредниот настап на Шкендија која просто играчки го прегази својот голем ривал: „Можам да кажам дека беше тежок натпревар поради климатските услови, бидејќи беше многу жешко. Но, се снајдовме добро, влеговме ...

Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од договорот со Баерн, каде што игра фантастично, но се појавија информации дека би можел да се врати во Англија. Кејн пристигна во Баерн пред три години од Тотенхем, што беше совршено решение бидејќи имаше три фантастични сезони во Минхен. Сепак, ...

Арда Ѓулер се најде во центарот на вниманието откако се појавија информации од Франција за огромна понуда за турскиот репрезентативец. Според информациите објавени од угледниот француски весник „Л’Екип“, Ѓулер прифатил понуда од Пари Сен Жермен вредна 18 милиони евра. Оваа вест претставува голем пресврт во приказната околу иднината на талентираниот играч од средниот ред, чие име долго време го привлекува вниманието на најголемите европски ...

Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до летото 2029 година, откако го напушти лондонскиот клуб со активирана клаузула за отпуштање. Вредноста на трансферот се проценува помеѓу 7.000.000 и 8.000.000 евра. Дињ имаше уште две години од договорот со Астон Вила, но можноста за ...

Пред извесно време имаше најави, ама тоа денеска се чини дека е потврдено, а тоа е дека Македонија, заедно со Србија и Словенија ќе биде кандидат за домаќин на ЕП 2034 во ракомет. И има големи шанси да успее во тоа. Ова денеска го потврди претседателот на РСС Божидар Ѓурковиќ на Собранието на Ракометниот сојуз на Србија: „Претходните денови имавме три средби со претставниците на Федерацијата на Македонија и Словенија, начелно се договоривме ...

Без голови на ФФМ по првото полувреме на дуелот Скопје – Струга ТЛ, во меч од 2.коло во ПМФЛ. Гостите далеку подобри, имаа неколку изгледни шанси, дури и 3-4 зицери. Просто несфатливо е како Струга ТЛ не успеа барем еднаш да ја затресе мрежата на „Пиратите“. Малески, Радески, Бојку во два наврати, Хамза, Воша двапати, па Диако, имаа шанси уште по првото полувреме го решат победникот на овој меч. Сепак искусниот Кристијан Наумовски, кој ...

Прегазен, понижен, патосиран… Жалната слика на еден првак, на еден клуб, на еден титан која попладнево љубителите на фудбалот ја видоа во Скопје, на големото дерби, на големата пресметка на големите Вардар и Шкендија. Клубот од Тетово му одржа многу лекции на Вардар во само 90 минути. Скапи лекции, фудбалски, машки и директни. Конечните 0:2 на крајот се и награда за ФК Вардар АД Скопје на Миленко Неделковски (можеше и 0:5 да заврши). Нели, ...

Откако постигна два гола во двата европски натпревари за Шкендија, против Браво и Хиберниан, Марко Ѓорѓиевски беше најавен како стартер заедно со Ибраими во нападот на тетовските “црвено – црни“. Сепак Марко не настапи на денешното дерби од причина што се повредо на загревање. Штета за него, секако и за Шкендија, а среќа за Вардар. Првичните најави беа дека Ѓорѓиевски го поврдил зглобот, сепак официјално од Шкендија велат дека станува збор ...

Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 87-годишна возраст, потврди неговото семејство. „Во неделата, нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо Дон Нелсон мирно почина кај Господ, опкружен со своето семејство. Во текот на претходната недела, семејството и пријателите го опкружуваа со љубов, споделувајќи го благословот на неговото пријателство и прекрасни спомени“, се наведува во соопштението на семејството. Нелсон ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1027
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
74%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
86%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
69%
1030
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
75%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1666.05

Алуминиум

3.07