Франција играше фудбал од соништата и се чинеше дека е апсолутен фаворит за освојување на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, меѓутоа, од турнир каде што доминираа до полуфиналето – се враќаат без медал. Прво, Шпанија ја принуди да игра сосема поинаков тип фудбал, па дури и немаше шанса и беше елиминирана по 2:0, а потоа во натпреварот за третото место – кој повеќе личеше на циркус отколку на игра – претрпе тежок пораз од Англија ...

Шпанија и Аргентина се соочуваат во Њу Џерси во долгоочекуваниот судир за светската титула. Големото финале на Светското првенство во фудбал во 2026 година ги спојува актуелните јужноамерикански шампиони и европските гиганти кои бараат нов триумф, но големата приказна во таборот на „Фуријата“ започна уште пред судијата да свирне почеток на мечот. Шпанскиот суперталент Ламине Јамал официјално стана првиот и единствен фудбалер во историјата на ...

По Марко Ѓорѓиевски и Јован Манев, еве за три дена нова “бомба“ од Тетово. Имено како што велат нашите информации, раководството на Шкендија е во преговори со Исник Алими (32), со еден од нашите најдобри фудбалери и стандарден член на нашата најдобра репрезентација. И Шкендија го посакува искусниот играч за врска, ама и Алими посакува кариерата да ја продолжи во Шкендија. Проблем е договорот кој Алими го има со кинескиот ДЛ Јингбо и тоа до ...

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, е меѓу многуте јавни личности кои го следат финалето на Светското првенство од лице место. Финалето се игра на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд (Њу Џерси), а актуелните европски шампиони, шпанските фудбалери и официјалниот светски шампион Аргентина се борат за титулата. Најважниот фудбалски настан собра многу јавни личности, меѓу кои и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. ...

Шпанија – Аргентина 0:0 по првото полувреме од големото финале на Мундијалот кое се игра на “МетЛајв“ во Њу Џерси. Светот очекуваше спектакл, но засега нема ништо од тоа. Шпанија очекувано ја имаше иницијативата, поседот, инсистираше на својот стил и со три закани. И тоа преку Јамал во 5.минута, Ојарзабал во 39.минута и шутот на Кукуреља покрај голот. Аргентина резервирана, Меси и другарите не ризикуваа ништо, не искреираа ниту една шанса, ...

Огромни толпи народ се собра неколку часа пред почетокот на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина на стадионот „Мет Лајф“ во Њујорк. Борбата за титулата најдобар во светот започнува во 21 часот по наше време, а како што објавија американските и шпанските медиуми, илјадници навивачи, како и акредитирани новинари, изведувачи на полувремето и други учесници на настанот, чекаат во редови со часови за да влезат на стадионот. ...

Уште едно големо признание за македонската кошаркарска судиска школа. Македонскиот интернационален судија Зоран Митровски е делегиран да ја дели правдата на финалниот натпревар Украина-Исланд, од Европското првенство за играчи „Под 20“ години, Дивизија „Б“, кое денеска завршува во Братислава. По одличните оценки за своите настапи во текот на шампионатот, ФИБА Европа му ја довери најважната судиска задача на првенството, што претставува уште ...

Овој 19 јули 2026 година, засекогаш ќе биде запишан во историјата на планетата. Единственото прашање е чие име ќе биде во колоната за шампиони, а чие име ќе биде во другата колона. Натпреварот на сите времиња, финалето на Светското првенство на ФИФА помеѓу Шпанија и Аргентина, ќе се игра во Ист Радерфорд или Њу Џерис оваа недела навечер. Кога Славко Винчиќ ќе свирне за прв пат во 21 часот, ќе откриеме во чиј ритам ќе се игра оваа прекрасна ...

Попладнево на стадионот на Автокоманда се одигра пријателски меч, во кој Скопје успеа да го победи Арсими со 2:1. Стрелци на головите за победничкиот состав беа Цветковски и Капланај, а за поразениот состав стрелец беше Глигоров. Ова за двајцата тренери, Муарем и Салиу, беше уште една добра можност да ја проверат моменталната форма на своите фудбалери. Познато е дека сезоната 2026/27 во ПМФЛ стартува претстојниот викенд. Скопје и гостува на ...

На само нешто помалку од еден час до големото финале на СП, во кое се среќаваат Шпанија и Аргентина, јасно е дека светот е во фудбалски транс. А посебно Аргентинците кои имаа свое шоу во Њујорк. Сега е време за фудбал. Треба да се напомене и што Јамал порача пред натпреварот со стара фотографија на социјалните мрежи… „За вас и улицата…“ јасно е што сакаше да каже. 🚨📲 𝗡𝗘𝗪: Lamine Yamal on Instagram: “For you and for the streets.” ...

Со освојувањето на Светското првенство, фудбалската репрезентација не само што го добива победничкиот трофеј, туку и правото да додаде ѕвездичка над својот грб, симбол што го означува бројот на освоени титули на светски првенства и кој стана препознатлива карактеристика на меѓународниот фудбал во текот на децениите. Вечерва Шпанија ќе се обиде да ја освои својата втора титула и да додаде втора ѕвездичка на својот дрес, додека Аргентина ќе ...

Тукушто заврши најновото издание од Формула 1 шампионатот, а на него, на трката за Големата награда на Белгија, победник е Кими Антонели од Мерцедес. На втората позиција на оваа трка со заостанување од 1.952 од победничкото време се пласираше Шарл Леклер од Ферари. Трет пак на подиумот се искачува Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 11.586 зад победничкото време на Антонели. Со овој триумф Антонели и натаму останиува лидер во ...

Постојат моменти кога резултатот останува во втор план, а човечката големина зборува најгласно. Денес, селекторот на машката репрезентација „Под 20“ години, Никола Велев, и покрај најтешкиот личен момент – загубата на својот татко – одлучи да остане со својата екипа и да ја предводи до победа на Европското првенство од Дивизија „Б“ во Братислава. Кошаркарската федерација на Македонија изразува најдлабоко сочувство до Никола Велев и неговото ...

Искусните Димо Димов и Ѓорѓи Стоилов и натаму ќе бидат дел до тимот на Билис Балш во Албанија. И покрај фактот што овој тим ќе се натпреварува во втората лига сепак, амбициите на клубот се експресно враќање во елитата. Стоилов и Димов беа дел од овој тим и во изминатата сезона, а се работи за играчи кои имаат големо домашно, но и интернационално искуство. Со нив заедно во овој клуб се приклучува и македонскиот младински репрезентативец ...

Ет, и тоа го има во нашиот фудбал. На само една недела до стартот на новата сезона во ПМФЛ, Башкими денеска ги започна подготовките, имено од денеска кумановскиот клуб е во “погон“ барем што се однесува до играчите и стручниот штаб. Кога сме кај стручниот штаб, Башкими ги стартуваше овие летни подготовки со нов тренер, Гајур Реџепи. Тој изврши прозивка, потоа им одржал говор на присутните фудбалери од кои побарал максимална дисциплина и ...

Репрезентацијата на Франција синоќа го загуби мечот за третото место на Мундијалот. Дебаклот против Англија и поразот од 4:6, значеше дефинитивен крај на ерата на Дидие Дешамп како селектор на една од најсилните репрезентации во историјата на светскиот фудбал. Реално искусниот стратег не заслужи ваков крај на селекторското место, напротив. Заслужи многу поубав. Не толку од резултатски план, туку од начинот на кој што неговите избраници вчера ...

Вечерва светото ќе го дочека настанот кој што се случува еднаш во четири години. Мундијалското финале е на програмата од 21:00 часот во Њу Џерси, САД, каде што ќе се сретнат екипите на Шпанија и Аргентина. Дефинитивно ова е мечот во кој светот се простува од репрезентативната кариера на Лионел Меси, веројанто најдобриот фудбалер на сите времиња. Меси ја поведува Аргентина, својата репрезентацијата во финалната битка, а пред самиот меч тој на ...

Легендарниот германски репрезентативец и некогашен играч на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Тони Крос во својата емисија која што ја води заедно со својот брат Феликс, даде свое мислење околу вечерашното финале од Мундијалот, помеѓу Шпанија и Франција. Тој смета дека Шпанија е супериорна и дека доколку „Фуријата“ прва постигне гол, дека на Аргентина лошо и се пишува. Крос вели дека Шпанија знае и тоа како да казни, и дека едноставно противниците ...

Јамал против Меси, Шпанија против Аргентина во битката за титулата. Има ли нешто подобро?Финалето на Светското првенство. Најголемиот фудбалски натпревар во светот. Од едната страна, Лионел Меси и неговите асистенти, од другата, кремот на светскиот фудбал предводен од носителот на Златната топка, Родри. И идниот освојувач Ламин Јамал. И играч без кого “Фуријата“ сигурно немаше да стигне до тука, Дани Олмо. Потоа тука се Лапорт и Кубарси, ...

Легендарниот Чави Ернандез,некогашен играч од средниот ред на Барселона призна дека во моментов е повеќе привлечен од работата на селектор отколку од секојдневната работа во клупскиот фудбал. Чави верува дека водењето на националниот тим би му овозможило подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, што му е исклучително важно во моментов. Тој отворено зборуваше за своите планови и амбиции за следниот период. „Мојот следен чекор ...

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација го заврши Европското првенство Б дивизија на деветтото место. На дешениот дуел за разигрување по места, Македонија беше поуспешна од Босна со конечни 91-81, и на тој начин сосема легитимно може да се каже дека успешно го заврши овој турнир кој што инаку се одржа во Словачка. Нашите млади кошаркари одлично го финишираа овој турнир, со серија успешни настапи во мечевите за пласман. Штера ...

Денеска е последниот ден од СП 2026. Секако дека во преден план во светот на фудбалот е големото финале во кое во битка за светската титула ќе се борат Шпанија и Аргентина, европскиот против светскиот првак, кој е и првак на Ј.Америка. За очекувањата од ова финале свое видување има нашиот аналитичар Срѓан Захариевски во рубриката “Коментар на денот“. -Шпанија VS Аргентина… “Посакувано, очекувано финале, големо финале, ова е финале за ...

Австралиецот овој викенд е во Рио де Жанеиро, каде учествува на новата станица од егзибицискиот турнир UTS на Патрик Муратоглу, а во разговор за „Tennis Majors“ ги издвои мечевите против Роџер Федерер и Рафаел Надал. „Играв против Федерер во Мајами во 2017 година и тоа беше една од најлудите атмосфери што некогаш сум ги доживеал. Исто така, против Федерер во Женева беше неверојатно, можеби дури и полудо, голема борба во три сета“, изјави ...

Во пресрет на настапот на Европското првенство, македонската машка ракометна кадетска репрезентација на два пари спарингуваше со соседна Грција во пријателски мечеви. И на два пати обезбеди убав и сигурен триумф. Вчера победата беше означена со резултат 31-29, а денеска избраниците на Горан Кузманоски триумфираа со со 26-20. Македонија имаше контрола на резултатот, и во првиот дел на неколку наврати имаше прдност, но на полувреме се замина ...

Македонската младинска репрезентација со пораз се одјави од Европското првенство, откако беше поразена од Србија со 30-34 (12-20). Нашите ракометари завршија на 20-то место во конкуренција на 32 екипи. Лошото прво полуврме во кое нашите момци имаа негатива од девет гола (10-19 и 11-20) беше причината за поразот. Во вториот дел се промени сликата, Македонија заигра на вистинското ниво, негативата од седум гол со серија од 5-1 ја намалија на ...

Повремениот македонски А репрезенаттивец Бојан Илиевски е нов играч на тимот на Тирана. Досегашниот член на екипата на Струга Трим Лум, се сели кај нашиот западен сосед во тим кој што за следната сезона има доста големи амбиции да биде на самиот врв на табелата и да се бори за титулата, како и за место во Европа. Илиевски ова лето си замина од Струга, и се знаеше дека ќе има нов клуб. Тој претходно настапуваше за екипите на Пелистер, ...

Вечерва Аргентина го игра големото финале на Светското првенство против Шпанија. „Гаучосите“ се на еден чекор до одбрана на круната од Катар со Лионел Скалони како селектор на нивната репрезентација. Скалони е веќе легенда на својата земја и тренер кој ги направи последните најголеми успеси на оваа репрезентација. Но дали сте знаеле!? Лионел Скалони беше чуварот на грбот на нашиот Горан Пандев во периодот од 2007 до 2009 година. Во времето ...

Лионел Меси е најдобриот фудбалер што некогаш одел по земјата, а тоа не е затоа што вонземски космички непознати сили го сакаат. Сепак, Меси не се согласува со тоа, бидејќи пред секое финале со Аргентина, тој има свој ритуал што мора да го исполни. За што се работи? Пред секое финале што го игра Меси, а освои 30 од 43, тој има свој ритуал за кој верува дека му помага да постигне подобри резултати. Да речеме дека ги копира сите текстови од ...

Франција беше поразена со 6-4 во натпреварот за третото место на Светското првенство синоќа од Англија, а по натпреварот, Адриен Рабио застана пред камерата и предизвика хаос во француската јавност со своите зборови. Иако „Триколорите“ се сметаа за прв фаворит за освојување на Светското првенство, тие го завршија натпреварувањето без да освојат медал. Французите изгледаа сосема незаинтересирани во поголемиот дел од натпреварот за третото ...

Синоќа гледавме неверојатен натпревар помеѓу Англија и Франција за третото место на Светското првенство, каде што видовме дури десет гола. Англичаните освоија бронза, а видовме и интересен детал за време на церемонијата на доделување на медалите. Сите членови на Англија кои беа регистрирани за натпреварувањето добија медали, но потоа многумина беа изненадени кога играчите на овој тим повикаа уште еден човек. Тоа е Џејсон Стил кој беше со ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.87
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
59%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.36
32%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.04
35%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.78
40%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.34
71%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.4
45%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
42%
1012
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
1.34
28%
1011
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.35
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00