Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Македонската кошаркарска репрезентација до 16. години на 14. место го заврши тековниот Европски шампионат Б дивизија кој што патем се одржува кај нас. Во мечот за разигрување, нашите млади кошаркари одиграа очаен дуел и загубија со огромна разлика од репрезенатцијата на Бугарија. Конечниот резултат од 62-102 доволно говори за односот на силите на овој дуел, а истото го потврди и нашиот селектор. „Денеска не бевме спремни за борба, а ...
Во рамките од третото ПМФЛ коло, тимот на Силекс ја забележа сезонава втората победа. По триумфот над Башкими во премиерното коло, па ремито со Шкендија Арачиново, сега кратовци пред своите гледачи беа подобри и од тимот на Скопје со конечни 3:0. Во тотална доминација во која што Силекс постигна три гола, а промаши шанси за уште толку, избраниците на Александар Васоски и овојпат покажаа дека се сериозни кандидати за највисок пласман. Во ...
Македонскиот кајак испиша нова значајна страница на Европското јуниорско првенство во кајак на диви води, спуст, кое се одржува во Грандтули, Шкотска. Младиот македонски репрезентативец Благој Гугинов оствари одличен резултат и обезбеди пласман во големото финале, каде што се натпреваруваат најдобрите 15 кајакари од квалификациите, во конкуренција на натпреварувачи од дури 19 европски нации. Самото место во финалето претставува голем успех, ...
Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува Инфантино зад сцената по скандалот што го потресе францускиот фудбал. Молина тврди дека целата ситуација се одвива далеку од очите на јавноста, односно без отворено да ги искаже своите ставови пред ...
Екипата на Алкалоид продолжува со подготовките за новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапи на две меѓународни сцени, ЕХФ Европскиот Куп каде испиша историја како прв македонски тим кој го освоил овој трофеј, и во Регионалната лига. Тренерот Кирил Лазаров и неговите избраници го одиграа вториот пријателски натпревар, за противник го имаат тимот на Египет, кого го совладаа со 33-31. Оваа репрезентација во Скопје се подготвува ...
Најдобрите македонски одбојкари утринава го одработија последниот свој тренинг од подготовките во Крушево со што ставија крај на оваа екстремно важна фаза за она што претстои, а тоа ЕП 2026 кое што ќе се одржи во септември. Како што и беше планирано, попладнево и утре репрезентативци добија мини – одмор од селекторо Јошко Миленкоски, а со тренинзи ќе се продолжи во понеделник во салата „Јане Сандански“ каде што ќе се темпира формата. Според ...
Судбината на македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Елиф Елмас во моментов е сериозно неизвесна. Едноставно најдобриот македонски фудбалер е на крстопат каде да ја продолжи кариерата. Од причина што неговиот активен клуб Ред Бул Лајпциг не само што не смета на неговите услуги, туку еве на генералката која што во моментов ја игра против тимот на Баерн Минхен, нашиот репрезентативец воопшто не го сврсти ниту во составот. Тоа ...
Македонската кадетска репрезентација не успеа со победа да го заврши Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува токму во нашата земја, поточно во Гевгелија и Скопје. Во последниот натпревар за 13. место на овој шампионат, нашите момци беа убедливо совладани од Бугарија со 62-102. На крајот Македонија го освои 14-то место, дали можеше подобро, допрва ќе има анализи. Бугарија покажа доминација во однос на Македонија во генерацијата до 16 ...
Новорформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ ќе го организира првиот Меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Турнирот ќе ги обедини поранешните клубови на Петковски, а неговиот матичен клуб КК Пелистер е еден од учесниците. Покрај нашиот клуб уште ќе настапат МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и Куманово. Петковски ...
Еден од најдобрите млади македонски кошаркари, Григориј Ѓорѓевиќ и воедно и наш млад репрезенаттивец и официјално е нов играч на тимот на ТФТ. Младиот репрезентативец на неодамнешното европско првенство до 18 години имаше просек од 13.4 поени, 4.7 скокови и 6.4 асистенции, што воедно беше и трет најдобар асистент на целото првенство. Ѓорѓевиќ дополнително го потврди својот квалитет и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше прогласен за MVP на ...
Кристијано Роналдо (41) и Џорџина Родригез се венчаа по десет години врска. Набргу по венчавката беа објавени и информации за предбрачниот договор со кој го регулирале поделувањето на имотот и финансиите во случај на развод. Двојката се венчала на интимна церемонија во луксузна вила во Кашкаиш, во ексклузивната населба Квинта да Марина. Проценетата вредност на вилата е околу 30 милиони фунти. На венчавката присуствувал само најтесен круг ...
Од 21 август до 3 септември во Таранто ќе се одржат Медитеранските Игри, а македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти. Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 учесници. Покрај спортистите, нашата земја ќе ја претставуваат и докажани судии. Една од нив е Фросина ...
Френки де Јонг го прекина медиумскиот молк и остро одговори на бројните написи за неговите повреди, неговиот однос со тренерот на Барселона, Ханси Флик, и наводниот конфликт со раководството на клубот. Холандскиот играч од средниот ред изјави дека е особено лут поради лагите кои, како што тврди, му штетат на угледот. „Сè што се случува многу ме погодува. Фрустриран сум затоа што најмногу сакам да играм фудбал, особено за Барселона и ...
Крилниот напаѓач на Шпанија и Барселона, Феран Торес, и белгискиот крилен напаѓач на Ајакс, Мика Годес, моментално се во Париз, каде што се подложени на медицински прегледи пред нивниот трансфер во Пари Сен Жермен, објави авторитетниот спортски новинар Фабрицио Романо на својот профил на социјалната мрежа X. Според изворот, двата трансфери се потврдени и договорени. Минатата сезона, 21-годишниот белгиски крилен напаѓач одигра 44 натпревари ...
Реал Мадрид ја започнува новата сезона во Ла Лига со натпревар против Еспањол, но Жозе Мурињо веќе се соочува со сериозни проблеми. Повредите значително го намалија бројот на достапни играчи во задната линија. Португалскиот специјалист моментално има на располагање само тројца здрави играчи од првиот тим, кои се природни дефанзивци. Тие се Антонио Ридигер, Ибрахима Конате и Дин Хујсен. Едер Милитао ќе биде најдолго отсутен од теренот. ...
Попладнево, екипата на ПСЖ и официјално го претстави досегашниот играч на Барселона, Феран Торес, како свој нов член. Светскиот шампион со Шпанија, пристигна во Парис откако со недели беше најавуван ваков развој на настаните. Торес потпиша петгодишен договор до 2031. година со назнака дека за него се платени цели 50 милиони евра. Со неговото доаѓање, следува и заминување на Бредли Баркола кој што има две сериозни понуди од Премиер лигата во ...
Откако ја напушти Саудиска Арабија, каде што играше за Ал Наср во последните три години, Марсело Брозовиќ се враќа во Европа и има голем број понуди на маса за да ја продолжи кариерата. Сепак, понудите што ги доби досега не се задоволителни. Брозовиќ бара предизвик во најдобрите лиги во Европа, а сега е на пат да го добие она што го сака. Услугите на 33-годишниот играч од средниот ред му се понудени на Јувентус во Торино. Соработката би ...
Македонската судијка со знакот на ФИБА, Ема Никочевиќ направи уште еден голем чекор во кариерата. Нашата Ема денеска ќе биде дел од судиската тројка на финалниот натпревар помеѓу Белгија и Шведска во рамките на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Пјештани. Ова е меч за пласман во елитната дивизија, што значи дека е големо признание за работата на македонската судијка. Никочевиќ продолжи да ги урива сите бариери и воедно да биде ...
Откако вчера Арсими со 1:0 славеше против Башкими на отворањето на 3.коло, денеска на програмата се два меча, Тиквеш – Шкендија Арачиново и Силекс – Скопје. По првите две кола Тиквеш е лидер со максимални 6 бода и гол разлика 10:1. Само Тиквеш и Шкендија се максмални. Кавадарчни денеска од 16.30 часот на свој терен ја пречекуваат Шкендија Арачиново и не кријат дека сакаат нова победа за “три од три“. Сепак нема да биде лесно за момците на ...
22-годишниот германски репрезентативец Денис Шрудер повеќе не е член на Кливленд Кавалирс, тие го продадоа на Шарлот Хорнетс, објави американскиот новинар Шамс Чаранија од ESPN. Овој трансфер е веќе договорен, покрај Шрудер, Шарлот ќе добие одредена сума пари, додека Тре Ман ќе оди во спротивна насока. Шрудер во Шарлот повторно ќе се спои со сегашниот претседател на Хорнетс, Џеф Петерсон, и тренерот Чарлс Ли, кои ги запозна за време на ...
Денеска стартува новата 2026/27 сезона во Втората лига на Македонија. За разлика од лани, во оваа ќе има две екипи помалку, но затоа ќе биде супер интересна. Имено тука се Работнички, Пелистер, Шкупи, Македонија ЃП, Брера, екипи кои во минатата сезона играа во ПМФЛ, тука се и Беласица, Тетекс, Охрид, екипи кои секогаш си имаат свои амбиции, како и Кожув, Осогово, Еуромилк, Новаци, Детонит кои важат за “стандардни“ второлигаши и дебитантот ...
Вардар ќе игра против ГРК Охрид во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако славеше против Бутел (36-23). Избраниците на Иван Чушиќ без многу мака славеа над градскиот ривал Бутел предводен од вардаровата легенда Стојанче Стоилов. Победникот беше решен уште во првото полувреме (21-13). Домаќинот Струга го освои второто место во својата група откако славеше во пресметката со Дубочица од Србија со минимални 28-27. Стружани ...
Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната, откако предмалку на свој терен во Гостивар, ја совлада екипата на Башкими со минимално но заслужени 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше резервистот, Контрерас, кој што во 82. минута одлично избега по левата страна и биеше неодбранливо во голот на кумановци. При оваа акција одлично асистираше Матео Софијановски. Во првиот дел домаќинот исто така имаше неколку ситуации за гол, ...
Македонија дефинитивно добива големо засилување на левата бековска позиција во името на Газимчан Караташ, првотимецот на Галатасарај. СпортСпорт го најави неговото доаѓање во нашиот национален тим уште пред неколку месеци, а очигледно дека процесот на добивање на македонски пасош за Караташ е завршна работа. Тој веќе се води како македонски интернационалец, и како таков за прв пат вечерва настапи за својот тим Галатасарај. Кој што пак ...
Македонската кадетска репрезентација дојде до победа против Унгарија од 95-76 и ќе се игра за 13-то место на Европското првенство Б Дивизија. Противник на кошаркарите ќе биде селекцијата на Бугарија. Нашите кадети одиграа уште еден меч за паметење, бидејќи пред крајот на втората четвртина имаа негатива од 18 поени (33-51). Токму од овој момент Македонија полека, но сигурно почна да се враќа во игра. Во третиот период „црвено-жолтите“ беа ...
Тимот на Милан летово реши да го доведе Рубен Аморим за прв тренер, а тој пак, како и секој реномиран стратег, прво што направи е листа на играчи на кои што не смета повеќе. Тоа во Милан значи дека неколкус ериозни ликови во соблекувалната ќе мора да си најдат нова дестинација, а медиумите веќе шпекулираат и со имиња. Прв на листата е Фикајо Томори, англичанецот кој досега имаше сериозна улога во тимот. Како втор Кристофер Нкунку, уште еден ...
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години денеска успеа да слави над Унгарија со конечни 95-76 и на тој начин, обезбеди меч за 13 место на Европското првенство Б Дивизија. Истиот ќе се одигра утре против репрезентацијата на Бугарија. Од друга страна пак, селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од денешниот перформанс на неговите избраници. „Лошо прво полувреме. Повторно паѓаме после нивна серија од 11:0. Пак не бевме ...
Тимот на Димоа Загреб вечерва на својот стадион Максимир го совлада тимот на Рудеш со 4:0 во рамките од новото коло во ХНЛ шампионатот. Тоа и не би било некоја информација за нас, освен што мора да се спомене голот кој што на овој дуел го постигна најдобриот играч на Динамо во моментов, Дион Дрена Бељо. Тој во шестата минута од мечот го отвори резултатот со фантастичен погодок со „ножички“ кој што ја воодушеви присутната публика, но и онаа ...
Кристијано Роналдо се врати на тренинзите во саудискиот клуб Ал-Наср само неколку дена откако го потврди својот брак со долгогодишната партнерка Џорџина Родригез. Иако веста за својот брак ја објави пред три дена, тој им се придружи на соиграчите вчера во подготовките за новата сезона. Роналдо, исто така, покажа нов имиџ на тренинг, а ги изненади навивачите со значително пократка коса и нова фризура. View this post on Instagram A post shared ...
Хулијан Алварез ја прифатил одлуката на Атлетико Мадрид дека не може да оди во Барселона. Според извори блиски до мадридскиот клуб, Аргентинецот им се извинил на соиграчите што јавно го притискале да го напушти Атлетико и рекол дека ќе остане посветен на тимот како што бил во текот на изминатите две сезони. Исто така, се додава дека Алварез одлучил да не инсистира на состанок со раководството на клубот и дека нема да има понатамошни спорови ...