Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Неверојатниот борец од Дагестан Ислам Махачев ја одбрани својата титула во UFC откако го победи Иан Гари со едногласна одлука. UFC 330, кој се одржа во Филаделфија, донесе многу интересни борби, но секако сите со нетрпение го очекуваа судирот меѓу Ислам и Гари за појасот за светски шампион, а неверојатниот Дагестанец повторно победи. Ислам успеа да победи против Гари по борба што траеше пет рунди, а на крајот судиите едногласно одлучија дека ...
Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Синсинати по првиот натпревар, откако загуби од Тијаго Агустин Тиранте, проговори за здравствениот проблем што го мачи со години. Ѓоковиќ загуби од 14-години помладиот Аргентинец по два часа и 44 минути – 2:6, 6:4, 6:4. „Прво, му честитам на мојот противник. Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Така се чувствував. Не е прв пат, претпоставувам дека нема да биде последен, но ...
Хрватска е победник на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, откако во големото финале во Гевгелија славеше против Исланд со 69:67. Ова се две репрезентации против кои Македонија ги одмери силите во групната фаза. Во извонредно неизвесен и драматичен финален натпревар, хрватските кадети успеаја да ја задржат предноста во самиот финиш и да стигнат до шампионскиот пехар. На свечената церемонија во спортската сала ...
Вчера во Кавадарци во меч од 3.коло во Кавадарци, сензационално Тиквеш беше поразен од Шкендија Арачиново со голот на Марко Симоновски во 27.минута. Интересно од овој меч, што секако треба да се издвои, е тоа што тренерот Оливер Богатинов овој натпревар го започна со девет странци. Неверојатно! Дали ова е рекорд во историјата на ПМФЛ? Не паметиме некој наш клуб во ПМФЛ да го почнал мечот со толку странски фудбалери како стартери. Сепак со ...
Мала увертира за она што не очекува во новата сезона дојде од Струга. Во финалето на традиционалниот турнир што се одржува во овој град, ГРК Охрид и Вардар ги одмерија силите за пехарот, а победник од оваа пресметка излезгоа охриѓани кои славеа со 31-30. За Борис Ројевиќ ова е само втора победа во пресметките со актуелниот првак. Во првото полувреме видовме изедначена пресметка со промени на водството, со тоа што ГРК Охрид на одморот замина ...
РК Вардар после четири години се врати во Лигата на шампиони. Двократниот освојувач на титулата во ова натпреварување го чека интересна сезона, во групната фаза за противник ги доби Мелсунген, Нант и Висла Плоцк. Покрај двете титули кои ги има освоено во Лигата на шампиони, Вардар важи за тим кој има неверојатна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“. Од ЕХФ секогаш со задоволство се навраќаат на моментите од тврдината на Вардар. Овој пат ...
Екипата на Шкендија и покрај одличниот настап, сепак, ги заврши борбите во Европа летово. Не успеа да ја мине пречката наречена, шкотски Хиберниан, во рамките од третото квалификациско коло на Лигата на Конференции, па сега ќе мора да се фокусира исклучиво на домашните предизвици, односно ПМФЛ шампионатот. „Секако дека сме разочарани и тажни што не успеавме да се пласираме во следната рунда. Сметам дека го заслуживме тоа, бидејќи бевме ...
Вистинска агонија за Новак Ѓоковиќ на стартот на Маестерсот во Синсинати. Не само поради поразот од Аргентинецот Тиранте со 1:2 во сетови, туку поради се она што му се случуваше во еден момент од овој меч. Имено тој поради замор во еден момент падна на колена, потоа повраќаше, а и извика – нозете ми откажуваат. Јасно беше дека веднаш доби лекарска помош, го продолжи мечот, но сепак се виде дека тоа не е тоа и на крајот Аргентинецот успеа да ...
Некогаш еден од најквалитетните млади фудбалери во Европа, и член на големиот Ливерпул, србинот Марко Грујиќ ќе игра во Бугарија, каде што стана нов член на тимот на Левски. Му се приклучува на тимот каде што во моментов со успех настапува нашиот репрезенаттивец Никола Серавимов. Надолната линија во кариерата на Грујиќ продолжува. По едногодишниот престој во АЕК Атина сега, тој доаѓа во Софија. Претходно, некогаш сериозно надежниот Грујиќ ...
Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави само еден услов пред фудбалската асоцијација на оваа земја, а тоа е долгорочен договор. „Вистина е дека сум заинтересиран да ја преземам репрезентацијата на Јужна Кореја, но тоа ме интересира само ако добијам долгорочен ангажман, а не да бидам ...
Ламине Јамал конечно им даде на своите обожаватели можност да ја видат забавата по повод неговиот 19-ти роденден, а видеоо покажува дека ѕвездата на Барселона сигурно знае како да организира незаборавна забава. Всушност, Јамал наполни 19 години на 13 јули, додека Шпанија се натпреваруваше на Светското првенство во 2026 година. Поради оваа причина, тинејџерот мораше да почека до крајот на турнирот и до неговиот одмор за да прослави како што ...
Готово е, најавите се остварија. Попладнево, Интер официјализираше уште едно потпишување во тековниот преоден рок. Новиот фудбалер на шампионот на Италија е англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој потпиша петгодишен договор со „нераѕурите“, до јуни 2031 година. Италијанските медиуми објавуваат дека вредноста на трансферот на 26-годишниот англиски дефанзивец и поранешен член на Тотенхем е 35 милиони евра, вклучувајќи ги и дополнителните ...
Викендов стартува новата сезона во Ла Лига. Шпанија влегува во новата сезона како светски шампион, а ова ќе влијае и на првите недели од лигашкото натпреварување. Фудбалерите на репрезентациите кои стигнаа до финалето на Светското првенство мораа да одмараат, па Ла Лига им дозволи на некои тимови да го започнат редовното натпреварување подоцна. Затоа, на почетокот, натпреварите ќе се играат речиси секој ден, до 31 август, а понекогаш нема да ...
Штета. Олимпија на нашите Југослав Тренчовски, како тренер, и Димитар Митровски во самиот финиш на големото дерби во Словенија, испушти победа против вечниот ривал, тимот на Марибор. На крајот само 1:1, велиме само ако се знае дека до 85.минута составот на нашиот стратег имаше водство од 1:0 и тоа со голот на Урбанчиќ во 45+1.минута откако претходно нашиот интернационалец Митровски прекрасно асистираше. И така беше се до 85.минута кога ...
Со вечерашниот меч Алавес – Хетафе стартуваше новата сезона во Ла Лига, и веднап убедлив триумф на домашните и тоа со 3:0. Интересно, до 73.минута резултатот беше 0:0 за да Тенаља стрела за 1:0 со што се запиша како стрелец на првиот гол во сезоната 2026/27 во една од најсилните лиги во светот. И така беше 1:0 се до 90+2.минута кога Диаз зголеми на 2:0, а Родригез две минути подоцна ги постави конечните 3:0. Да кажеме и тоа дека гостите ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, колабираше на теренот на крајот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично. За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците. Мусиала, очигледно, не ...
Македонската кадетска репрезентација со пораз се одјави од Европското првенство „Б“ Дивизија, откако беше совладана од Бугарија со убедливи 102-62. Токму на овој натпревар се случи – кошот на целиот шампионат. Од ФИБА имаа интересен опис на неверојатниот поен кој го постигна еден од бугарските кошаркари: Мислам дека халуцинирам. Погледнете за што станува збор… Поразот за македонската кошаркарска репрезентација на крајот значеше 14-то место ...
Попладнево се одиграа шест меча од 1.коло во новата 2026/27 сезона во ВМФЛ. Интересно беше во Ѓорче каде Македонија ЃП и Тетекс одиграа 1:1. Супер интересно беше во Охрид, каде домашниот состав со 2:1 го победи Новаци и тоа со гол за победа во 81.минута. Гостите повеќе од 70 минути играа со играч помалку. Инаку жешко беше и тоа како, во текот на целиот меч имаше “гужви“. Работнички имаше силен старт и победа над Кожув со 3:0 и тоа со ...
Не така успешно деби за Мохамед Салах во дресот на Трабзонспор во Суперлигата на Турција. „Фараонот“ влезе во ира во 58.минута, ама не успеа да му донесе победа на својот тим на гостувањето кај Касимпаша во меч кој заврши 1:1. Мега – ѕвездта имаше една голема шанса, но сепак не постигна гол на своето деби за Трабзон. За нас поинтересно беше на средбата Коњаспор – Ризеспор во ова 1.коло во елитната лига на Турција. Меч кој заврши без победник ...
Тиквеш – Шкендија Арачиново 0:1. Уф, каков шок за Тиквеш, кој и не е така моќен како што изгледаше досега. Заслужена победа на Шкендија Арачиново со голот на Марко Симоновски во 27.минута. Кавадарци е тврдина на Шкендија Арачиново ако се знае дека пред два месеци токму на овој стадион овој тим испиша историја со пласман во ПМФЛ, а и денеска испиша историја. Ова е прва прволигашка победа на овој клуб. Тиквеш разочара, по двете стартни победи ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 16. години на 14. место го заврши тековниот Европски шампионат Б дивизија кој што патем се одржува кај нас. Во мечот за разигрување, нашите млади кошаркари одиграа очаен дуел и загубија со огромна разлика од репрезенатцијата на Бугарија. Конечниот резултат од 62-102 доволно говори за односот на силите на овој дуел, а истото го потврди и нашиот селектор. „Денеска не бевме спремни за борба, а ...
Во рамките од третото ПМФЛ коло, тимот на Силекс ја забележа сезонава втората победа. По триумфот над Башкими во премиерното коло, па ремито со Шкендија Арачиново, сега кратовци пред своите гледачи беа подобри и од тимот на Скопје со конечни 3:0. Во тотална доминација во која што Силекс постигна три гола, а промаши шанси за уште толку, избраниците на Александар Васоски и овојпат покажаа дека се сериозни кандидати за највисок пласман. Во ...
Македонскиот кајак испиша нова значајна страница на Европското јуниорско првенство во кајак на диви води, спуст, кое се одржува во Грандтули, Шкотска. Младиот македонски репрезентативец Благој Гугинов оствари одличен резултат и обезбеди пласман во големото финале, каде што се натпреваруваат најдобрите 15 кајакари од квалификациите, во конкуренција на натпреварувачи од дури 19 европски нации. Самото место во финалето претставува голем успех, ...
Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува Инфантино зад сцената по скандалот што го потресе францускиот фудбал. Молина тврди дека целата ситуација се одвива далеку од очите на јавноста, односно без отворено да ги искаже своите ставови пред ...
Екипата на Алкалоид продолжува со подготовките за новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапи на две меѓународни сцени, ЕХФ Европскиот Куп каде испиша историја како прв македонски тим кој го освоил овој трофеј, и во Регионалната лига. Тренерот Кирил Лазаров и неговите избраници го одиграа вториот пријателски натпревар, за противник го имаат тимот на Египет, кого го совладаа со 33-31. Оваа репрезентација во Скопје се подготвува ...
Најдобрите македонски одбојкари утринава го одработија последниот свој тренинг од подготовките во Крушево со што ставија крај на оваа екстремно важна фаза за она што претстои, а тоа ЕП 2026 кое што ќе се одржи во септември. Како што и беше планирано, попладнево и утре репрезентативци добија мини – одмор од селекторо Јошко Миленкоски, а со тренинзи ќе се продолжи во понеделник во салата „Јане Сандански“ каде што ќе се темпира формата. Според ...
Судбината на македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Елиф Елмас во моментов е сериозно неизвесна. Едноставно најдобриот македонски фудбалер е на крстопат каде да ја продолжи кариерата. Од причина што неговиот активен клуб Ред Бул Лајпциг не само што не смета на неговите услуги, туку еве на генералката која што во моментов ја игра против тимот на Баерн Минхен, нашиот репрезентативец воопшто не го сврсти ниту во составот. Тоа ...
Македонската кадетска репрезентација не успеа со победа да го заврши Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува токму во нашата земја, поточно во Гевгелија и Скопје. Во последниот натпревар за 13. место на овој шампионат, нашите момци беа убедливо совладани од Бугарија со 62-102. На крајот Македонија го освои 14-то место, дали можеше подобро, допрва ќе има анализи. Бугарија покажа доминација во однос на Македонија во генерацијата до 16 ...
Новорформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ ќе го организира првиот Меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Турнирот ќе ги обедини поранешните клубови на Петковски, а неговиот матичен клуб КК Пелистер е еден од учесниците. Покрај нашиот клуб уште ќе настапат МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и Куманово. Петковски ...
Еден од најдобрите млади македонски кошаркари, Григориј Ѓорѓевиќ и воедно и наш млад репрезенаттивец и официјално е нов играч на тимот на ТФТ. Младиот репрезентативец на неодамнешното европско првенство до 18 години имаше просек од 13.4 поени, 4.7 скокови и 6.4 асистенции, што воедно беше и трет најдобар асистент на целото првенство. Ѓорѓевиќ дополнително го потврди својот квалитет и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше прогласен за MVP на ...