Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Со денешниот натпревар меѓу екипите на Тиквеш и Арсими (17 ч.) и преостанатите дуели од првото коло викендов, започнува новото првенство во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2026/27. Шампионат што ќе биде поразличен од оние во изминатите години. Наместо 12, од оваа сезона Првата лига ќе брои 10 екипи, што автоматски значи поголема конкуренција, помал простор за грешки и многу повеќе директни пресметки меѓу кандидатите за врвот и ...
Манчестер Сити ја обезбеди иднината на двајца од своите најперспективни играчи, Жереми Доку и Абдукодир Хусанов, кои ги продолжија договорите со англискиот клуб до јуни 2031 година. Белгискиот напаѓач Доку им се придружи на „граѓаните“ во 2023 година од Рен и е еден од најопасните играчи во офанзивниот оддел благодарение на неговата брзина и вештини за дриблинг. Во меѓувреме, узбекистанскиот дефанзивец Хусанов премина во Сити во јануари 2025 ...
Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди (38) го објави своето повлекување од националниот тим, за кој играше 17 години, запишувајќи 139 настапи. Отаменди ја освои светската титула (2022) со дресот на „Гаучосите“, две титули на Копа Америка (2021, 2024) и сребро на неодамна завршеното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. „Денес морам да ги напишам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар да биде ...
Македонските мечувалци Петар Дамјаноски, Огнен Бундалески, Петар Србиноски и Матеј Тодоровски, иако се се уште јуниори, ја преставуваат нашата златна генерација на македонски мечувалци на Светското сениорско првенство кое се одржа во Хонг Конг. На првенството во конкуренција на 225 мечувалци од целиот свет сите четворица македонски репрезентативци имаа победи во групната фаза, а тројца од нив продолжија и во елиминациските борби. Одличен ...
Основниот кривичен суд Скопје го укина притворот за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, откако судија на претходна постапка ја прифати понудената гаранција во вредност од над 1.150.000 евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот. Истовремено, за да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот тек на постапката, на Сејдини му е определена мерка на ...
Шкендија беше поразена со 2:1 од словенечки Браво во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Иако први поведоа, тетовци на крајот мораа да заминат со гол негатива пред реваншот кој следната недела ќе се одигра во Скопје. По натпреварот, тренерот Артим Положани се појави пред медиумите за да ја даде својата анализа. „Им честитав на момците за нивната изведба. Мислам дека одигравме одличен натпревар, ...
Рома не успеа. Крилниот напаѓач Крисенсио Самервил се сели во Ал-Хилал со перманентен договор од англиски Вест Хем. 24-годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи во Амстердам и потпиша четиригодишен договор со клубот од Саудиска Арабија. Напаѓачот ќе биде платен 70 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Минатата сезона, Самервил постигна шест гола и имаше две асистенции во 31 натпревар во Премиер лигата. По завршувањето на ...
Арсенал постигна договор со бразилскиот играч за врска на Њукасл, Бруно Гимараеш. Се очекува наскоро да биде доставена официјална понуда. Сепак, договорот е само меѓу играчот и лондонскиот клуб, додека „страчките“ имаат поинакво мислење. Според информациите, „топчиите“ планираат да му понудат на Њукасл 70 милиони фунти, што е еквивалентно на околу 82 милиони евра. Оваа понуда ќе биде одбиена, но во исто време англиските шампиони се уверени ...
Пораз на тимот на Шкендија не успеа да обезбеди позитивен резултат на првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на Конференции во дуелот против тимот на Браво во Словенија. Вечерва на стадионот Стожице во Љубљана, тетовци загубија од тимот на Браво со 2:1 и ќе мора за една недела во Скопје во реваншот да „бркаат“ негатива. Водство па негатива Самиот дуел во Љубљана за Шкендија почна одлично. Во единаесеттата минута оправдано ...
Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш одлучи да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и дефинитивно отфрлајќи ја можноста за заминување од „Олд Трафорд“. Иако продолжувањето на договорот сè уште не е официјално, се очекува португалскиот играч од средниот ред многу наскоро да потпише нов договор со англискиот клуб, кој сигурно ќе биде рекорден. Според британските медиуми, преговорите меѓу претставниците на играчот и ...
Барселона денес ја потврди сериозноста на повредата на холандскиот интернационалец, Френки де Јонг. Клубот објави дека холандскиот играч за врска претрпел кинење на медијалниот колатерален лигамент на десното колено и, иако клубот не прецизираше време за закрепнување, тој ќе биде надвор од терените подолго време. Оваа вест го принудува Ханси Флик да ја започне сезоната без еден од неговите најважни играчи. Сепак, на репрезентативецот нема да ...
Мрежа основана од Советот на Европа за борба против местење натпревари во спортот идентификуваше неправилности на натпреварите од Светското првенство. Вкупно се примени седум пријави за неправилна активност при обложување. ФИФА донесе поинаков заклучок. Според меѓународниот советодавен панел, за време на Светското првенство во фудбал биле примени седум индикации за потенцијални неправилности поврзани со обложување. Меѓународната мрежа ...
Некогашниот македонски одбојкарски репрезентативец, Стефан Алексов, и официјално ја завршува играчката кариера и преминува во тренерски води. Како што објави шампионот Штип УГД, Алексов во новата сезона ќе има поинаква улога во шампионскиот тим на Штип УГД, каде е биде асистент на тренерот Кристиан Ристески. Во својата играчка кариера, Стефан Алексов е носител на повеќе признанија и спортски успеси, меѓу кои: – Освојувач на Купот на ...
Пелистер вечерва потврди уште еден нов трансфер во очекување на новата сезона во Втората лига. Битолчани се пофалија со ангажманот на 21-годишното десно крило, Костадин Капсаров. Младиот фудбалер сезоната ја заврши во дресот на Брегалница (Ш) каде дојде од екипата на Беласица. Капсаров почна во младите категории на Брера, а потоа играше за Беласица и Детонит Јуниор. Пелистер вечерва потврди уште еден нов трансфер во очекување на новата ...
Интересно прво полувреме во Љубљана со два гола, по еден на двете страни, на дуелот меѓу Браво и Шкендија во рамките на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Нашиот претставник тргна одлично. По само 10 минути игра, тетовци добија удар од белата точка, кој Ендрит Красниќи успеа да го претвори во гол за водство од 0:1. Сепак, радоста на нашиот тим траеше точно 8 минути. По една конфузија во шеснаесетикот ...
Техничкиот директор на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Паоло Малдини, објави дека федерацијата е во активни преговори со Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола за назначување на нов селектор на италијанската репрезентација. „Ги контактиравме Анчелоти и Гвардиола. Сакавме да започнеме разговор со најдобрите тренери во светот за да видиме дали би можеле да бидат достапни да работат со италијанската репрезентација“, изјави Малдини. Анчелоти ...
Бразилските легенди Роналдо и Роберто Карлос се вклучени во договор за купување на Интернационал Лимеира, фудбалски клуб кој се натпреварува во третата лига на бразилскиот фудбал. „Во моментов, Роналдо и јас го купуваме Интернационал Лимеира, заедно со Енрике и двајца наши партнери. Мојата намера е подобро да ги запознаам клубовите во руралните средини, да им помогнам и на двајцата да најдат спонзори и да го оживеат фудбалот во регионите на ...
Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За првпат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше ...
Реал Мадрид ги отфрла наводите на медиумите за наводен интерес за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Клубот е иритиран од гласините за потенцијален трансфер на 30-годишникот, и покрај тоа што немале никаков контакт со него. Според весникот „Ас“, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, има намера да всади стил на игра кој не е соодветен за Родри. И покрај ставот на „Лос Бланкос“, шпанскиот играч од средниот ред моментално е на ...
Шпанскиот клуб Барселона на својата официјална веб-страница објави дека напаѓачот Карим Адејеми од германскиот клуб Борусија Дортмунд се пресели на „Камп Ноу“. Барселона и Борусија Дортмунд постигнаа договор за трансфер на напаѓачот кој потпиша договор со Каталонците до 2031 година. Адејеми, роден во Минхен носи возбудлив и разновиден напаѓачки потенцијал во Барселона. Во сезоната 2025/2026 во Бундеслигата, 24-годишниот Адејеми одигра 28 ...
Лука Модриќ и Милан го продолжија договорот. „Росонерите“ објавија дека играчот од средниот ред ќе помине уште една година со тимот и ќе продолжи да го носи дресот со број 14. Хрватскиот капитен одигра 37 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола. Модриќ во септември ќе наполни 41 година, но и натаму е сериозен фактор во светскиот фудбал. Лука Модриќ и Милан го продолжија договорот. „Росонерите“ објавија дека ...
Екс играчот на Манчестер Јунајтед, а и на Челзи, Алехандро Гарначо и официјално е нов играч на екипата на Реал Мадрид. Аргентинецот е позајмен на една година, а потоа Вила ќе има опција да го откупи под одредени услови секако. Гарначо ќе го носи дресот со број 17 во Астон Вила, дресот што го носеше за време на неговиот престој во Манчестер Јунајтед и на неговите осум настапи за Аргентина. Екс играчот на Манчестер Јунајтед, а и на Челзи, ...
Уште едно големо признание за македонската кошарка пристигнува во пресрет на Европското првенство за играчи „Под 18“ години од Дивизија „Б“, кое од 25 јули до 3 август ќе се одржи во Ријека и Опатија, Хрватска. ФИБА Европа го вклучи македонскиот репрезентативец Дамјан Данев во изборот на 10 кошаркари на кои треба да се обрне посебно внимание за време на шампионатот, издвојувајќи го како еден од најинтересните млади таленти што ќе настапат на ...
Долгото европско лето кога станува збор за екипата на Шкендија од Тетово, е стандардизирано. Едноставно тетовци годиниве и тоа како знаеја да направат серија на добри мечеви на интернационална сцена и за се стават на европската фудбалска мапа. Така беше минатата сезона кога тоа долго европско лето се претвори во најголемиот клупски успех и пласманот во групната фаза од Лигата на Конференции, а потоа и обезбедениот пласман во елиминациите од ...
Кошаркарскиот клуб Работнички предмалку објави дека за нов извршен директор на клубот е поставен Бранко Радевски. Покрај Радевски, направени се и промени во самата организациска поставеност на клубот, односно во одборот на директори. А таму, покрај Радевски, сега членуваат и Димитар Трајчевски, Миле Илиевски, Јорго Костов и Александар Стојкоски. Со ова се создава една сосема нова управувачка структура на клубот, а истата се надеваме дека ќе ...
Македонскиот репрезентативец до 17 години, Аеда Илјазовски е нов играч на екипата на Брондби. Момчето родено во Данска, и кое што досега настапуваше за екипата на Б.93 преминува во еден од најголемите клубови во оваа земја. Илјазовски нормално, со оглед на неговата 16. годишна возраст, засега ќе биде дел од У19 тимот, секако со намера да напредува и за брзо да се приклучи и на сериорскиот состав. Илјазовски е инаку играч за врска и е еден од ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски во вториот сет од мечот од второто коло со Словенецот Бор Артнак го предаде мечот поради повреда. Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече. Првиот сет му припадна на Артнак со 6:4 во гемови, откако успеа да направи брејк во третиот гем и да поведе со 2:1 во гемови. Ивановски во деветтиот гем успеа да спаси сет топка. Во вториот сет Артнак веднаш направи брејк и ...
Вториот тим на Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезона во која ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски. Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт. „Едноставната работа може да биде сложена доколку се експериментира. Ќе дадам сè од себе оваа екипа да го даде својот максимум на тренинзите, а со тоа и на натпреварите. Во ситуација сме на спој на младост и искуство, но ...
Македонскиот младински репрезентативец Давид Стојаноски, вечерва ќе се најде во составот на својот тим Браво кој што ќе излезе на мегдан против тимот на Шкендија во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции. Стојаноски кој што инаку е дете на тимот на Браво, како што е добро познато игра на левата бековска позиција и периодов се бори за минутажа во исклучително силниот состав. Тој беше дел од младинските селекции на ...
Матиц Сухолежник, 31 годишниот пивот е едно од трите нови засилувања во редовите на Алкалоид. Тој доаѓа од екипата на РД Слован, а во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб. „Впечатоците за Алкалоид се добри, ми се допаѓа и клубот и Скопје како град. Пред нас е многу работа, да бидеме спремни на почетокот на сезоната. Се надевам и верувам ...