Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Шпанските медуми јавуваат дека при реконструкцијата на легендарниот стадион на Барселона, Ноу Камп починал работник. Тој во работна несреќа се здобил со сериозни повреди по што и починал. Ова е прв смртен случај на работник откако стартуваше реконструкцијата на објектот во 2023 година. Целито процес е доста сложен и истиот според планот ќе треба да заврши во 2027 година. Сепак, инцидентот фрла тешка сенка врз проектот, кој треба да ја врати ...
Карло Анчелоти ја отфрли можноста да стане нов селектор на Италија и одлучи да остане на клупата на Бразил, објавија бразилски извори, а објавија и италијанските медиуми. Италијанскиот стручњак ја потврди својата лојалност кон проектот за бразилската репрезентација, со која има договор до Светското првенство во 2030 година. Информацијата дека Италијанската фудбалска федерација го контактирала Анчелоти ја потврди и Паоло Малдини, новиот ...
Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода. Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража во Лозана, каде што на 8 август ќе биде разгледан случајот и донесена одлука околу тоа дали на Мароко дефинитивно ќе му биде признаена и доделена титулата, или ќе има пресвртница во случајот. Рочиштето ќе биде зад затворени врати, а ниту една од ...
Македонската репрезентативка, Ивана Гакидова во новата сезона ќе го носи дресот на полскиот тим Калиш. Во овој клуб доаѓа откако минатата сезона ја мина во Кобержице, а претходно настапуваше за романската Слатина. Таа е петтата Македонка која во новата сезона ќе ја гледаме во полскиот шампионат, претходно во Калиш потпиша Драгана Петковска, а таму се Марија Гугуљанова (Пјотрковија), Јована Кипријановска и Ивана Арсениевска (Старт Елблаг). ...
КФСМ постави јасни правила кога станува збор за настап во кошаркарските шампионати и во машка и женска конкуренција. Старите долгови кои екипите ги имаа требаше да ги подмират до 15 јули, а со тоа да дадат гаранција дека го поседуваат потребниот буџет за играчи во новата сезона, како и најмалку две младински екипи, сала и сите основни услови за натпреварување. Спред неофицијални извори и во женска конкуренција има проблем. Во следната сезона ...
По неуспехот на штотуку завршниот Мундијал, репрезентацијата на Белгија го промени селекторот. Руди Гарсија си замина и официјално, а на негово место фудбалската федерација на оваа земја го назначи Марк Ван Бомел. Холанѓанецот кој што има 49. години во моментов, официјално ќе ја преземе функцијата на 15 август, а има договор до 2028 година. „Голема чест е да станам селектор на Белгија. Ѝ благодарам на Белгиската фудбалска федерација за ...
Новиот мандат на Жозе Мурињо како тренер на Реал Мадрид, стартуваше со победа на пријателски натпревар. „Кралевите“ го добија третолигашот Алкоркон со 1:0, во меч во кој што Муруњо искористи голем дел на млади играчи од академијата на клубот. Дуелот беше одигран на теренот „Алфредо ди Стефано“ што е дел од комплексот на клубот, а мора да се напомене дека овој меч беше отворен за медиумите само на почетокот. Единствениот гол на овој меч го ...
На вториот пријателски дуел летово, за време на подготовките, тимот на Манчестер Јунајтед го победи норвешки Розенборг со високи и убедливи 0:5. Дуелот се играше на стадионот Леркендал во Трондхајм, а Јунајтед покажа сериозно ниво на ефикасност што е добро да се знае пред стартот на Премиер лигата. Стрелци на головите за Јунајтед беа младиот Шо Лејси во првиот дел, а во продолжението погодија, Зиргзе, Џејкоб Дивејни, Хери Амас, и Итан ...
Конечно, кошаркарскиот свет, особено оној американскиот може да здивне. Леброн Џејмс иако веќе во петтата деценија од животот, сепак, и натаму го владее светот околу себе, па неговата одлука каде ќе игра во претстојната НБА сезона се чекаше буквално како да зависи целата лига од истата. Па така, денеска конечно е објавено дека Џејмс следната сезона ќе го носи дресот на тимот на Филаделфија. Откако стана јасно дека Лејкерси нема да му понудат ...
Македонската машка репрезентација „Под 18“ години вечерва го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Ријека и Опатија, Хрватска. Нашите јуниори првиот предизвик го имаат против селекцијата на Грузија, а капитенот Григориј Ѓорѓевиќ истакнува дека тимот е максимално подготвен за шампионатот и верува во успешен настап. „Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и ...
Македонската кадетска репрезентација денешниот ден го искористи за посета на Македонско село и манастирот „Св. Пантелејмон“. Нашите ракометари во манастирот „Св. Пантелејмон“ беа пречекани од отец Агатон, кој на ракометарите им подари икона за благослов пред претстојните предизвици. „Голема благодарност до Македонско село за топлиот пречек и гостопримството укажано кон нашите кадетски репрезентативци и стручниот штаб“, се вели во ...
Одлуката падна. Андреа Пирло ќе биде следниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Според Фабрицио Романо, трансфер гуруто, Пирло ќе добие ектра договор со времетраење до 2030 година што ќе рече дека ќе му се остави простор за создавање на една сосема нова генерација, која што ќе настапи и на ЕП но и на следниот Мундијал. Оваа одлука според медиумите не била лесна, затоа што се преговараше и со еден Пеп Гваридола на пример, а и ...
Раководството на Реал Мадрид го започна процесот на трансфер. Тие сакаат да завршат сè што е можно поскоро, за да може чудотворниот играч од средниот ред веднаш да почне да се запознава со остатокот од тимот и да тренира по операцијата на грбот што ќе биде извршена во наредните денови. „Реал Мадрид интензивно работи на трансферот на Родри. Тој во моментов е главна цел на Флорентино Перез“, се наведува и се додава: „Манчестер Сити се надева ...
Тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, по штотуку завршениот меч во Кавадарци против Тиквеш, каде што неговиот тим во рамките од првото коло од новиот ПМФЛ шампионат, загуби со сериозни 5:1, можеше само да го признае поразот и да честита на противникот. Кој што патем ги искористи сите можни грешки на Арсими денеска, кои што пак ги имаше поприлично. „Заслужена победа на Тиквеш во која што нашите грешки направија да дојдеме до овој лош резултат. ...
Денеска официјално стартуваше новата ПМФЛ сезона, а како премиерен меч во Кавадарци се сретнаа екипите на Тиквеш и Арсими. Домаќинот обезбеди огромен троиумф од 5:1, во дуел во кој постоеше ама буквално само еден тим. Уште од самиот почеток на мечот, домашните ја презенаа иницијативата, и многу бргу и поведоа. Во осуманесеттата минута Лавал ја искористи грешката на гостинската одбрана и реализираше за водство. Само девет минути подоцна, во ...
Екипата на Струга Трим Лум во пресрет на новата сезона беше на прием кај градоначалникот Менди Ќира. Градоначалникот на Струга кој е еден од главните инвеститори на тимот им посака на фудбалерите и целиот тим добра сезона, посакувајќи да го направат целиот град горд. „Се надевам дека оваа година ќе биде добра година, затоа сакав да се сретнам денес и дека ова ќе биде морална поддршка од мене како градоначалник, но и од општината воопшто да ...
Голманот на Шкендија, Бабукар Гаје, ќе биде надвор од терените некое време поради повреда на мускулот што ја заработи во последните недели. Гаје се чувствуваше лошо уште од предсезоната, но сепак играше на првиот натпревар од квалификациите за Лигата на конференции на УЕФА против ФК Европа во Гибралтар. По тој натпревар, болката се влоши, принудувајќи го медицинскиот персонал да го изостави од составот за реваншот во Скопјe, како и за дуелот ...
Јирген Клоп беше официјално претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со која потпиша договор до 2030 година. На својата прва прес-конференција, тој веднаш постави јасни правила за соработка и рече дека нема да толерира преминување на границите на професионалните односи и мешање во приватниот живот, а водењето на репрезентацијата го опиша како врв на неговата кариера. Иако неговиот договор е до 2030 година, ...
Арсими новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе ја започне со гостување кај Тиквеш во Кавадарци. По успешното деби во елитното друштво, тимот во својата втора сезона меѓу најдобрите влегува со јасна цел, пласман во горниот дел од табелата. Во пресрет на првиот натпревар, тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, изрази задоволство од сработеното во подготвителниот период. “По неколку недели интензивни подготовки можам да кажам дека сме ...
Екипата на Струга сепак и оваа сезона ќе биде дел од Супер-лигата. Иако требаше да се пресели едно скалило подоле, сепак се случи пресврт. Добро е познато дека Пролет пред повеќе од една недела ја извести јавноста дека поради финансиска немоќ, откажување на главниот спонзор одлучи да се откаже од ракометната елита. Во таборот на стружани има ново раководство, што пак ветува подобра сезона. Предлогот е подготвен и веќе понеделник ќе бидат ...
Кошакрарскиот клуб ТФТ преку својата фондација тргна во хуманитарна мисија. Под паролата „Не секоја победа се освојува со кош. Некои победи се освојуваат со срце“, во текот на вчерашниот ден, Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, преку својата фондација TFT Cares, беше рамо до рамо со граѓаните на Гостивар и донираше вода како знак на поддршка и солидарност. Кога е најпотребно — стоиме заедно. Заедно за Гостивар. Повеќе од кошарка. Повеќе од ...
Со натпреварот помеѓу Тиквеш и Арсими денеска и официјално стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, а почетокот е закажан за 17 часот. ФФМ на својата „Фејсбук“ страница пред стартот на возбудувањата во фудбалкската елита во Македонија порача дека судиите се подготвени за новата задача. Од „куќата на фудбалот“ споделија видео-запис на кој пишува: Фитнес денес. ...
Германската фудбалска федерација (ДФБ) денес го потврди назначувањето на Јирген Клоп за селектор на Германија. Назначувањето доаѓа по отказот за Нагелсман и елиминирањето на Германија во осминафиналето на Светското првенство во ФИФА 2026 година од Парагвај. Германската федерација брзо презеде чекори за да започне преговори со поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Клоп, кој работеше како коментатор за MagentaTV во Северна ...
✍ Зоран Ѓоршоски Ивана Пројковска е синоним за жена – судија во фудбалот во Македонија. Веќе извесен период важи за најдобра судијка во мак-фудбалот, одамна е со ФИФА амблемот. Судијка која е во елитната група, една од најдобрите во Европа и светот. Со нејзе фудбалска Македонија се гордее, покажува и докажува дека и оваа држава може да изнедри и тоа каков квалитет. Како беше она – светско а наше. Пројковска веќе е етаблирана како судијка во ...
Младата ѕвезда на австралиската репрезентација, Кристијан Волпато, кој пред само неколку недели беше дел од Светското првенство, се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј. Имено, тој наводно бил позитивен на кокаин за време на рутинска контрола од страна на сообраќајната полиција, јавуваат локалните медиуми. Според извештаите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во неговото купе БМВ околу еден час по полноќ на познатиот мост Анзак. ...
Со натпреварот Тиквеш – Арсими денеска стартува Првата МФЛ. Во Кавадарци домашниот тим сака со триумф да ја стартува новата сезона, во која има амбиции за што подобар пласман на прволигашката табела. Кавадарчани со ново раководство, нов стручен штаб и доста промени во играчкиот кадар брка стартни три бода. Не го потценуваат противникот, но од таборот на Тиквеш веруваат дека со помош на домашниот терен и публиката ќе дојдат до целта. ...
Со денешниот натпревар меѓу екипите на Тиквеш и Арсими (17 ч.) и преостанатите дуели од првото коло викендов, започнува новото првенство во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2026/27. Шампионат што ќе биде поразличен од оние во изминатите години. Наместо 12, од оваа сезона Првата лига ќе брои 10 екипи, што автоматски значи поголема конкуренција, помал простор за грешки и многу повеќе директни пресметки меѓу кандидатите за врвот и ...
Манчестер Сити ја обезбеди иднината на двајца од своите најперспективни играчи, Жереми Доку и Абдукодир Хусанов, кои ги продолжија договорите со англискиот клуб до јуни 2031 година. Белгискиот напаѓач Доку им се придружи на „граѓаните“ во 2023 година од Рен и е еден од најопасните играчи во офанзивниот оддел благодарение на неговата брзина и вештини за дриблинг. Во меѓувреме, узбекистанскиот дефанзивец Хусанов премина во Сити во јануари 2025 ...
Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди (38) го објави своето повлекување од националниот тим, за кој играше 17 години, запишувајќи 139 настапи. Отаменди ја освои светската титула (2022) со дресот на „Гаучосите“, две титули на Копа Америка (2021, 2024) и сребро на неодамна завршеното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. „Денес морам да ги напишам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар да биде ...
Македонските мечувалци Петар Дамјаноски, Огнен Бундалески, Петар Србиноски и Матеј Тодоровски, иако се се уште јуниори, ја преставуваат нашата златна генерација на македонски мечувалци на Светското сениорско првенство кое се одржа во Хонг Конг. На првенството во конкуренција на 225 мечувалци од целиот свет сите четворица македонски репрезентативци имаа победи во групната фаза, а тројца од нив продолжија и во елиминациските борби. Одличен ...