КК Кожув додаде уште едно име во својот состав за новата сезона. Гевгеличани се диговорија со Дамјан Крстевски! Македонскиот бек-шутер, висок 193 см, зад себе има богато прволигашко искуство, настапувајќи за Работнички, Вардар, ТФТ и Пелистер. “Со својата борбеност, квалитет, сигурен шут и победнички менталитет, Дамјан ќе претставува големо засилување за нашиот тим во претстојната сезона. Му посакуваме многу здравје, успешна сезона и многу ...

Нејц Цехте е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија, a во новата сезона ќе биде дел од тимот на Алкалоид. Своето големо искустви ќе се обиде да го пренесе во редовите на тимот од Автокоманда, македонскиот шампионат му е добро познат, останува во текот на подготовките да се прилагоди на системот на работа на тренерот Кирил Лазаров. „Пристигнав пред неколку дена и ги ...

Македонскиот фудбалски репрезенаттивец, Милан Ристовски и официјално е нов играч на тимот на Бајангкара од Индонезија. Долго очекуваниот трансфер на искусниот напаѓач конечно се случи и тој од вчера и официјално е претставен како новитет во овој тим. За Ристовски ова е прв ваков интернационален трансфер во егзотична земја, а досега веше дел од тимот на чешки Бохемианс. Секако беше дел од тимот на Ријека, а одработи позајмици во Нитро, Кршко, ...

Двајцата млади играчи на Брегалница, Лука Бојаџиев и Даријан Тасев и натаму ќе биде дел од тимот од Штип. Предмалку од клубот ја потврдија оваа информација, која што секако делува охрабрувачки за претстојната ПМФЛ сезоната. Бојаџиев и Тасев секако дека се важен дел од клубот и се опција за У21 местото за претстојниот шампионат. Двајцата млади играчи на Брегалница, Лука Бојаџиев и Даријан Тасев и натаму ќе биде дел од тимот од Штип. ...

На Вардар му се случи уште еден европски шок на домашен терен. Овојпат првакот на Македонија е поразен од првакот на Летонија во пресметката на „лузерите“ од Лигата на шампионите. Рига во Скопје слави со 2:3 во интересен дуел на кој гостинот ја демонстрираше квалитет, дисциплина и сила, иако за нас, за Вардар, за јавноста битно е тоа дека летонските фудбалери се хулигани и кршеле по соблекувалните, но не и тоа дека најдобриот клуб во земјава ...

Некогашниот македонски младински репрезентативец Нехар Садики е нов играч на екипата на Бајангкара од Индонезија. Дефанзивецот заминува на Исток по епизодата во Босна и тимот на Игман. Претходно својата интернационална кариера ја градеше и во Русија, како и во Албанија. Во домашниот шампионат играше за екипите на Работнички, Ренова, Еуромилк….За младинските селекции на Македонија одигра петнаесетина мечеви. Некогашниот македонски младински ...

Интер Мајами го обезбеди доаѓањето на Касемиро како слободен агент, но Американската фудбалска лига (МЛС) веднаш започна официјална истрага за трансферот. Лигата ги истражува наводите за нелегални преговори направени од ЛА Галакси, клубот кој имаше ексклузивни права да го доведе бразилскиот играч од средниот ред. Целиот случај го означи доаѓањето на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед во САД. Интер Мајами го потпиша Касемиро откако тој ...

Луис Суарез го одбележа својот јубилејен 100-ти настап за Интер Мајами со два гола и го расипа дебито на Роберт Левандовски во дресот на Чикаго Фајер. Тимот од Флорида победи со 3:2, иако играше без Лионел Меси. Интер Мајами оствари важна победа во МЛС благодарение на расположениот Луис Суарез, кој постигна два гола во триумфот над Чикаго Фајер (3:2). Лионел Меси не беше дел од тимот од Мајами, бидејќи сè уште е во родниот Росарио, каде што ...

Петицијата која бара трајно исфрлање на аргентинската фудбалска репрезентација од светските првенства се прошири на Интернет за време на Светското првенство во 2026 година. Организаторите на кампањата, наречена Argentina Out, тврдеа дека 23.316.108 луѓе од приближно 170 земји ја поддржале за помалку од една недела. Петицијата е покрената поради незадоволството на дел од навивачите од судењето на аргентинските натпревари и верувањето дека ...

Шкендија вечерва (20:45 часот) му гостува на тимот на Браво во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовските „црвено-црни“ во пресметката со тимот од Словенија влегуваат со две победи, откако претходно ја елиминираа Европа. Во составот на тренерот, Артим Положани ќе бидат и двете најнови заасилувања, Марко Ѓорѓиевски и Јован Манев. А фановите на македонскиот тим дуелот кој се игра на Арена „Стожице“ ќе можат да ...

Две години поминаа откако Чави Хернандез ја напушти клупата на Барселона, а шпанскиот тренер сè уште не се нафатил на нова работа. Неговата долга пауза покрена прашања во фудбалските кругови за насоката во која ќе се развива неговата кариера. Чави го водеше првиот тим на Барселона од ноември 2021 до јуни 2024 година, кога клубот го раскина договорот со него и го ангажираше германскиот стручњак Ханси Флик. Иако неговиот мандат, обележан со ...

Вардар не успеа на домашен терен да дојде до победа во првиот меч од второто квалификациско коло против Рига во рамките на Конференциската лига. Македонскиот првак беше совладан со 2-3 на денот кога прославуваше голем јубулеј. Денеска од таборот на Вардар се пожалија дека гостинската екипа оставила хаос во соблекувалната, дел инвентарот е искршен, има и неколку шкафчиња исто така искршени. Реваншот помеѓу Вардар и Рига се игра за седум дена, ...

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски се огласи на социјалните мрежи по повод вчерашниот натпревар на Вардар против Рига во квалификациите за Конференциската лига. На Националната арена „Тодор Проески“ вчера требаше да биде вистински празник на фудбалот, бидејќи Вардар одбележа 79 години од своето постоење. Но, наместо тоа, трибините останаа полупразни, а токму тоа беше повод Ристовски да се огласи преку „Инстаграм“. „79 ...

Иднината на Расел Вестбрук во НБА лигата е под голем знак прашалник. Речиси е крајот на јули, а легендарниот плејмејкер сè уште нема клуб. Вестбрук има 37 години и нема многу избор. Засега најчудно е што ниту еден клуб не го ни посака во своите редови. Минатата сезона играше во Сакраменто Кингс, но франшизата од главниот град на Калифорнија не го сака назад. Како што објави аналитичарот Џејк Фишер, Вашингтон Визардс, за кои играше во ...

Интернационалецот од Луксембург во редовите на Вардар, Герсон Родригес очигледно е сериозно „колоритен“ лик. Ајде што откако пристигна во Скопје, со таа негова контроверзна биографија, портфолио и полициско досие, ајде што е активен ан социјалните мрежи секојдневно со скопските локали и ресторани каде што пробува најразлична храна и се навикнува на македонскиот стил на живот, очигледно дека има и специфичен начин на подготовка за мечевите. ...

✍ Марија Ковачева Македонската кадетска репрезентација одбројува до стартот на Европското првенство, кое од 29 јули до 9 август ќе се одржи во Белград. Предводникот на овој национален тим, Горан Кузманоски, и неговите момци ги прават последните подготовки пред заминувањето во Србија. Македонија ќе има тешка задача, бидејќи во групата ќе игра против Словенија, Франција и Шведска. Покрај подготовките во Австрија, нашите кадети во Скопје ...

Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко откако тие го напуштиле стадионот во Монтевидео. Иако првичните информации говореа за двајца повредени, клубот и аргентинските медиуми потврдија дека е повредено само едно лице. Мажот бил погоден во раката и дланката, но ...

Македонскиот шампион, тимот на Вардар вечерва на Арената во Скопје, доживеа пораз од летонскиот тим на Рига со конечни 2:3, во првиот од двата дуела во рамките од второто коло од квалифиакциите за Лигата на Конференции. Вардар по втор пат летово во Европа губи на домашен терен. Од КуПС во квалификациите за ЛШ со 0:2, а еве сега и Рига си замина победнички од Арената. „Измешани чувста. Радосен сум поради она како одигравме, тажен поради ...

МЗТ Скопје го доби првиот распоред за новата сезона во АБА2 лигата, каде што повторно ќе се игра по систем со четири групи. Првопласираните екипи директно ќе обезбедат место во плејофот, додека второ- и третопласираните ќе мора да минат низ плејин-фазата. Ждрепката донесе ривали од Словенија, Србија и Црна Гора, а авантурата во регионалното натпреварување ја почнува на крајот од септември. „Во периодот што следува ги очекуваме и распоредите ...

Вардар не успеа да ги израдува своите фанови и да дојде до победа на домашен терен против Рига во меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ беа поразени на Национална Арена „Тодор Проески“ со 2-3 и со тоа си ја отежнаа својата задача пред реваншот на гостински терен. Поразот доаѓа токму на денот кога Вардар одблежува 79 години од своето постоење, па роденската прослава беше со горчлив вкус. Згора на ова, ...

Вардаровата европска приказна добива уште една тажна епизода. Вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, шампионот загуби од тимот на Рига со 2:3, во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции. Она што требаше да биде убава вечер, затоа што Вардар и поведе на овој дуел, се претвори во повторно лекација за нашиот претставник овој пат од екипа која што доаѓа од Летонија. Рига вечерва се враќаше од негатива, од израмнување ...

Со повикот на 18 одбојкари, селекторот на одбојкарската репрезенатција на Македонија, Јошко Миленскоски, го објави поширокиот список за ЕвроВолеј 2026 година. Македонија е дел од континенталниот шампионат, на кое што учевствуваме четврти пат едноподруго, а на самиот списпок поголеми изненадувања нема. Миленкоски стандардно се потпира на оние репрезентативци кои го носеа товарот и досега. За разлика од настапот во Европската лига 2026 на ...

Алкалоид стартуваше со подготовките за новата сезона. На првиот собир, ракометарите ги поздрави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје и им посака пред сѐ здравје и успех во новата сезона. Во новата сезона РК Алкалоид ќе се натпреварува на четири фронта. Покрај домашното првенство и Купот на Македонија, ќе игра и во новоформираната Регионална лига со екипи од Србија и од Црна Гора, а на ...

Пеп Гвардиола е во официјални преговори со италијанската фудбалска федерација за преземање на селекторската функција. Гвардиола повеќе не е дел од Манчестер Сити, каде што беше со години, а Италија повеќе нема селектор по заминувањето на Џенаро Гатузо. Претседателот на Италијанската фудбалска федерација,Џовани Магало, потврди дека се водени разговори со Пеп Гвардиола. Состанокот е воден во Барселона минатиот викенд, а на него присатни биле ...

Летонска Рига победнички си заминува од Скопје. Противникот на Вардар во второто коло од квалификациите за Конференциската лига, со конечни 2:3, стекна сериозна предност во овој двомеч, по што сега на нашиот шампион ќе му биде ѓаволски тешко да се справи со ситуацијата за една недела на гостински терен. Рига денеска покажа како се игра во Европа. Постигна три гола, создаде шанси за уште минимум толку. Вардар пак иако поведе во продолжението ...

Актуелниот шампион Вардар во моментов го игра првиот дуел од двомечот од квалификациите за Лигата на Конференции против тимот на Рига на Арената Тодор Проески во Скопје. И на полувреме има негатива од 1:2. Откако поведе со голот на Кастанеда, гостите веќе до паузата направија комплетен пресврт. Рига и тоа како се закани во стартните петнаесет минути кога имаше три ситуации од кои едната беше стопроцентна. Најпрво Бадамоси упати еден удар, за ...

По завршувањето на Светското првенство во 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери во светот. Пазарот се прилагодува на новите проценки по турнирот на кој рангирањата се менуваа од недела во недела. Шпанскиот напаѓач го освои првенството, а неговата проценета вредност сега изнесува 220 милиони евра. Норвежанецот ја достигна истата сума, позиционирајќи ги двајцата како најскапи играчи денес. Јамал ...

Екипата на Шкендија, утре со почеток од 20:45 часот на стадионот Стожице во Љубљана, ќе го одигра првиот од двата дуела против словенечкиот тим на Браво, во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тетовци од вчера се во Словенија, а денеска го одработија и официјалниот тренинг на стадионот „Стожице“. Шкендија во второто коло стигна откако убедливо беше подобра од Европа со вкупни 6:0. На средбата против Браво засега ...

Алкалоид стартуваше со подготовките за новата сезона. Три имиња се додадена вредност за новата сезона. Дел од тимот од Автокоманда и официјално се Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан. Искусниот бомбардер Борозан ќе биде вистинско освежување, тој веќе долго време е во Македонија и добро го познава домашниот шампионат. „Се вратив повторно во Автокоманда, тука и ја почнав кариерата во Македонија. Бев во ...

Невремето кое вчера го зафати Скопје остави хаос зад себе и предизвика големи материјални штети низ главниот град. Последиците не го заобиколија ниту спортот, а според информациите и фотографиите со кои располагаме, засега настрадаа помошното игралиште на ФК Работнички и тениските терени на ТК Југ. На помошниот терен на Работнички, невремето целосно ја уништи оградата, оставајќи зад себе тешка слика за клубот од „Градски Парк“. Во период ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.56
26%
1010
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
4.97
53%
1012
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.67
23%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.72
33%
1012
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
8.25
39%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
59%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.7
33%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.48
37%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.58
39%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 36ᴼ
1.34
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.76
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Платина

56135.20

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05