Со финалниот дуел помеѓу Шпанија и Аргентина, во кој шпанците со победата од 1:0 ја обезбедија светската титула, заврши Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Во сиот овој изминат период, СпортСпорт ви обезбеди стручна анализа од неколку искусни македонски фудбалски стратези, а честа и одговорноста да го прокоментира финалниот дуел му припадна на Горазд Михаилов. Тој е убеден дека Шпанија е сосема легитимен освојувач на титулата, затоа што ...

Ја знаете онаа позната фотографија од 2007 година каде што Меси го бања бебето Јамал? Тоа момче порасна, стигна до финалето на Светското првенство и му ја зеде титулата пред носот. А потоа му се приближи на тревата за да го прегрне. Ќе признаете, тешко дека има подобар и полудо сценарио од фудбалот. По последниот свиреж на судијата, Меси остана да лежи на тревникот, видливо депресивен… Додека Шпанија славеше, Јамал беше меѓу првите играчи ...

Тринаесетгодишно дете смртно страдаше во градот Сиудад Родриго во покраината Саламанка. Жителите на ова мало гратче на западот од Шпанија ја славеа титулата светски шампион кај фонтаната на кружниот тек Глориета дел Арбол Гордо. Горниот дел од конструкцијата на фонтаната се урна и падна врз неколку луѓе кои беа под неа. Две лица беа згрижени во болница, а едно 13-годишно момче почина. Градскиот совет прогласи тридневна жалост. Ова не е прв ...

По се изгледа дека ништо од трансферот на “Фараонот“ во Турција. Пред два дена се појави информација дека најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, би можел да ја продолжи кариерата во Бешикташ, и сè одеше кон реализација на договорот, сè додека не се појави агентот на играчот, барајќи лична провизија од дури 35% од трансферот. Оваа информација ја сподели првиот човек на Бешикташ, Сердал Адали, нагласувајќи дека оваа бројка е ...

По завршување на финалето дел од Аргентинците се нафрлија врз Шпанците и почнаа да ги удираат, што секако наиден на осуда во фудбалскит свет. Сепак се чини дека еден репрезентатвец на довчерашниот светски првак направи потег за паметење, потег со кој го воодушеви целиот нормален свет. Аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието поради сцената со Доналд Трамп што ја обиколи светот. Финалето на Светското ...

Македонскиот шампион Вардар, го има пред себе предизвикот наречен Рига од Летонија. Тоа е противникот на „црвено – црните“ во второто квалификациско коло од Лигата на Конференциите. Првиот дуел е закажан за в среда на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:00 часот, а реваншот е една недела подоцна на гости. Ждрепката пак која што денеска се одржа во УЕФА вели следново. Дека доколку Вардар го мине овој ривал, односно ја победи Рига во ...

Екипата на РК Вардар го закажа стартот на подготовките во новата сезона во која ќе настапува во Лигата на шампиони. Предводникот на „црвено-црните“ прозивката ја закажа на 27 јули во салата „Расадник“ која ќе биде новиот дом на актуелниот првак. Во агедната на Вардар се подготовки во Маврово, меѓународниот турнир во Струга, охридски турнир и два меча од регионална лига. Вардар во Лигата на шампиони доби силна група: Мелсунген, Висла и Нант. ...

Тимот на Шкендија пак, покрај Вардар, исто така го доби својот потенцијален противник во третото квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тетовци се на мегдан против словенечки Браво во второто квалификациско коло, за да со евентуална елиминација на овој противник имаат интересен распоред. Шкендија го мине ли тимот на Браво, ќе се сретне со противникот од дуелот помеѓу косовскиот состав на Малишева, односно шкотскиот претставник ...

РК Бутел има ново име во своите редови. Имено Кристијан Стаменковиќ во наредните две сезони ќе го носи дресот на членот на ракометната Суперлига на Македонија. Стаменковиќ доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две сезони по трансферот од Голден Арт, каде беше меѓу најдобрите стрелци. 21-годишниот десен бек настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Од Вардар во РК Бутел доаѓа со освоена двојна круна и ...

Познато е колку заработи Шпанија со освојувањето на СП, познати се и премиите на играчите на новиот светски првак. Па така новите светски шампиони, Шпанија, се враќаат дома со рекордна заработка од Светското првенство од 51 милион долари. Синоќа победија со 1:0 против Аргентина во финалето на Светското првенство. Голот на Феран Торес во 106-тата минута ѝ ја обезбеди на Шпанија втората титула на Светското првенство, а Аргентинците не успеаја ...

Аргентинците не само што не одиграа ништо во финалето, туку веднаш по завршување на мечот на “МетЛајв“ со своето однесување и тоа како се “покажаа“. Имено дивјачкото однесување на аргентинските играчи и тренери го обележа моментот по крајот на финалето на Светското првенство. Шпанија победи со 1-0 по продолженијата со голот на Феран Торес, но заслужената прослава на новите светски шампиони беше засенета од жестоки вербални и физички напади ...

Секако дека малку смеа и хумор не е на одмет, иако на Аргентинците не им е до смеење. Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 во финалето на Светското првенство и со тоа стана светски шампион по втор пат. Во натпревар во кој доминираше „Фуријата“, немаше голови по 90 минути, а клучниот момент се случи во 106-тата минута. Нико Вилијамс со глава ја врати топката до Феран Торес, кој ја затресе мрежата од блиску. Аргентина беше целосно немоќна до ...

Едноставно најдобри, едноставно непобедливи под водство на Луис де ла Фунете. Шпанската репрезентација, заедно со финалето на Мундијалот е непоразена во 38 официјални натпревари по ред. Со победата од 1:0 над Аргентина во финалето на Светското првенство, одлучена со голот на Феран Торес во продолжението, тие го надминаа рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз. Серијата на Шпанија трае од март 2024 година, кога загуби со 0:1 од ...

Како што и беше најавено, Доналд Трамп, со помош на Џани Инфантино, му го предаде пехарот на капитенот на шпанската репрезентација, Родриго. Сепак, тој не успеа да биде учесник во прославата и буквално беше ставен на втор план. Имено американскиот претседател се обиде да остане со Шпанците на сцената. Остана во близина, но беше ставен во сосема втор план и не успеа да биде во центарот на вниманието. Погледнете ги овие неверојатни сцени. ...

Сега веќе и дефинитивно е јасно кој е најдобар во светот на фудбалот. Така, Шпанија ги спои титулите европски и светски шампиони по втор пат во својата историја. Шпанија стана европски шампион пред две години со победа од 2-1 против Англија во финалето на Европското првенство во Берлин. Тие беа европски шампиони во 2008 и 2012 година, а светски шампиони во 2010 година. Тие го освоија и Европското првенство во 1964 година. Почетокот на ...

Аргентина не успеа да ја одбрани титулата, ама реално и не заслужија. По разочарувачката, за многумина срамна игра, Аргентинците беа принудени да им ја предадат светската титула на Шпанците. И иако самите се свесни дека не заслужија повеќе од почесен пораз, поразот тешко им падна. Знаејќи колку е емотивен, тренерот на довчерашниот светски шампион, Лионел Скалони, веројатно повеќе од другите, што не го криеше ниту по завршувањето на ...

Селекторот на Шпанија не ги криеше своите емоции откако го водеше својот тим до Светското првенство. Во финалето, „Фуријата“ доминираше против Аргентина, но победи само со 1-0, по продолженијата. „Многу сум горд на оваа генерација фудбалери кои пораснаа со оваа филозофија, останаа верни на идејата и ја подобрија, поставија пример за заедништво и семејство. Тие се неверојатни играчи со огромен талент. Исклучително сум горд“, беа првите ...

Денеска во Нион во 14 часот ќе се одржи ждрепката за третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции. По елиминацијата на Силекс на стартот од Динамо Минск, Македонија остана со два претставника и тоа Вардар и Шкендија. Инаку УЕФА вообичаено утринава на денот на ждрепката го скрати списокот. Вардар е во „шампионскиот пат“ и ако ја мине Рига во 2.квалификациско коло, тогаш во третата рунда може да се падне со следните ривали… На ...

Шпанија – Аргентина 1:0 и “Фуријата“ сега е светски првак, покрај тоа што е и европски првак. Феран Торес во 106.минута со гол во второто продолжение ја донесе титулата. Во финале кое брзо ќе се заборави, Шпанија беше подобра на “МетЛајв“ стадионот во Њу Џерси, имаше неколку шанси, два поништени гола. Апсолутно заслужено. Аргентина просто разочара, Меси не се ни виде на теренот, па така “Гаучосите“ и ја предадоа титулата на страшната ...

Вардар во среда во Скопје игра „поправен“ испит во Европа и тоа во третото по ранг натпреварување на УЕФА откако минатата недела „црвено-црните“ беа елиминирани од финскиот КуПС во Лигата на шампионите. Елиминација која значи неуспех, неостварена мисија на скапиот и фален тим кој не ја мина уште на првата препрека. И кога се случува таков неуспех и кога пред себе имаш „поправен“ и тоа сериозен со Рига од Летонија, најчесто се стегаат ...

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Агрон Руфати е нов играч на екипата на Приштина од Косово. Стоперот се одлучи да се пресели кај нашиот сосед по епизодата во Словенија, во екипа која што изминатата сезона, а и следнава има доста високи амбиции. Руфати имаше статус на У21 репрезентативец на Македонија, и има доста искуство на интернационална сцена. Своевремено беше дел од младинската школа на Динамо Загреб, за да потоа има ...

Познато е дека Градскиот стадион во Тетово е во фаза на реконструкција или изградба, поточно кажано. Јасно е дека стадионот под Шара ќе добие нов лик, а медиумите во БиХ, поточно спортспорт.ба се воодушевуваат од него. Ви го презентираме целиот текст… „Со години се чекаше моментот кога еден од фудбалските градови ќе добие стадион што одговара на неговата традиција, амбиции и голема база на навивачи. Сега на местото на стариот објект се ...

Ова финале на СП 2026 не можеше, не смееше да заврши поинаку по се она што се случуваше во текот на сите 120 минути. Шпанија победи со 1:0 со голот на Феран Торес во продолженијата. Оваа Шпанија покажа дека има победнички карактер, одигра на сите мечеви напаѓачки, имаше свој систем под водство на маестралниот селектор Луис де ла Фуенте и на крај заслужено славеше. Како што и беше најавено, победничкиот пехар го доделија претседателот на САД, ...

Лионел Меси не успеа да остане на светскиот трон со Аргентина, во финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада беа поразени со 1:0, а по натпреварот беше видена емотивна сцена. Откако го стави сребрениот медал околу вратот, Меси беше совладан од емоции. Легендарниот Аргентинец се огледа наоколу со солзи во очите, а камерите го забележаа овој момент. Натпреварот против Шпанија треба да биде последен во националниот тим за ...

Играа Шпанија и Аргентина, победи “Фуријата“ во финалето на Мундијалот, а на “МетЛајв“ стадионот во Њу Џерси и македонско знаме. Јасно е дека има многу нашинци во САД, во Њујорк и Њу Џерси, а убаво е кога ќе видиш твое знаме на еден ваков спектакл. Секако дека ова е голема работа, во еден момент да види ваква сцена со македонското знаме на најспектакуларниот меч во светот на спортот. Играа Шпанија и Аргентина, победи “Фуријата“ во финалето ...

Заслужено. Родри, предводникот на новиот светски првак е прогласен за најдобар играч на Мундијалот. Прашање беше само дали тој или Јамал, сепак капитенот е најдобар. Килијан Мбапе со 10 голови е најдобар стрелец, го надмина Меси и на вечната листа на стрелците. Унаи Симон е прогласен за најдобар голман, кој на целиот турнир прими само еден гол и тоа од Де Кетеларе на мечот со Белгија. И за најдобар млад играч, исто така репрезентативец на ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп имаше епско пристигнување на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. Дојде со хеликоптер, прелета над стадионот „Метлајф“, а кога неговата слика се појави на екранот, почнаа гласни свирежи. Доналд Трамп ќе биде тој што ќе го предаде победничкиот пехар на најдобриот тим во светот вечерва. Американскиот претседател беше избран за оваа задача одамна и апсолутно никому не му се допадна. ...

Нема нова историја за Аргентина! Нема нова историја за Лео Меси. “Гаучосите“ просто се избламираа, досегашниот светски првак како да не дојде на “МетЛајв“ стадионот на финалето на СП 2026. Аргентина не одигра ништо, статистиката е поразителна, немаше ниту еден удар во рамките на голот и само еден или два удари кон голот на Шпанија. Така не се брани круната, така не се игра за титула, така не се добива едно вакво финале, а се она што се ...

Во четврток (23 јули) Шкендија ќе го одигра својот прв натпревар од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Познато е дека ривал во овој двомеч е Браво од Словенија. Првиот меч се игра во Љубљана на стадионот „Стожице“ каде што игра Олимпија и селекцијата на Словенија. Почетокот е закажан за 20.45 часот. Познати се и судиите за овој прв меч во Љубљана, тие се од Финска. За главен делител на правдата одреден е Џони Хитиа, додека ...

Без голови по истекот на регуларниот дел од големото финале во кое ќе го добиеме победникот на СП 2026. Шпанија и Аргентина одиграа 0:0 по тие 90.минути, нема голови па затоа се оди во продолженија а можеби ќе има и пенали. Вечерва светот ќе добие светски првак, а кој ќе биде тоа ќе почекаме уште малку. Шпанија беше подобра, се закануваше во неколку наврати, имаше и шанси, но сепак не постигна барем еден гол. Аргентина на Меси и дефинитивно ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.87
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
59%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.36
32%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.04
35%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.78
40%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.34
71%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.4
45%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
42%
1012
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
1.34
28%
1011
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.35
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Алуминиум

3.25

Сребро

1994.05

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Калај

56.46