Голманот Ферат Рамани во четвртокот во Единбург и тоа како имаше добар настап. Со своите одбрани успеа да ја спаси во неколку наврати мрежата на Шкендија. Сепак Хиберниан успеа да победи со 2:1, а до реваншот во Скопје, тетовци денеска ги чека големото дерби со Вардар од 2.коло во ПМФЛ. За тоа какви се очекувањата и амбициите на Шкендија од денешното гостување во Скопје, се игра од 17 часот на Арената “Тодор Проески“, свое видување има токму ...

Аргентинецот Родриго де Пол направи убав гест на натпреварот со Монтереј – му го посвети голот на Лео Меси. Во 32-та минута, Де Пол постигна ефектен гол, сместувајќи ја топката во мрежата од околу дваесет метри во долниот агол, а потоа направи трогателен гест во чест на својот сонародник, пријател и соиграч. Меси го пропушти натпреварот од добро позната причина, поради смртта на таткото на Хорхе. Гестот на Де Пол предизвика долг аплауз на ...

Денеска во меч од 2.коло во новата сезона, Струга ТЛ му гостува на Скопје. Овој меч ќе се одигра на стадионот на ФФМ со почеток од 17 часот. Јасно е дека по победата над Шкендија Арачиново во воведното коло, амбициозниот тим на Струга ТЛ, некогашн двоен шампион на Македонија, има победнички амбиции. Во пресрет на овој меч свој коментар има Бесмир Бојку, клучниот играч на тимот на стратегот Бледи Шкемби: „Денеска против Скопје, како и на ...

Италијанскиот вицешампион Наполи ја отфрли понудата на Фенербахче за Ромелу Лукаку, објави новинарот Јаз Сабунџоглу. Фенербахче понудил 6 милиони евра за 33-годишниот репрезентативец на Белгија. Сепак, „наполитанците“ инсистираат на најмалку 10 милиони евра, а преговорите меѓу двата клуба продолжуваат. Се очекува Ромелу Лукаку да го напушти Наполи, каде што нема да се смета на него. Тој има договор за уште една сезона со италијанскиот клуб. ...

Лесно, очекувано, убедливо. Победа на Тиквеш на гости кај Башкими среде Куманово со 0:5 во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Ако во првите половина час не видовме ништо, поради пеколната горештина на стадионот во Куманово, гостите од Кавадарци ја почнаа серијата голови во 36.минута преку Висдом за 0:1. По пет минути нов гол за 0:2 и тоа преку Лавал. Со тие 0:2 се замина на пауза. Во второто полувреме Башкими се обиде да стори нешто, ...

Башкими – Тиквеш 0:2 е резултатот по првото полувреме од средбата во Куманово, во рамките на 2.коло во ПМФЛ. Пеколно топлото време не дозволи подобар фудбал, сепак не се игра фудбал во вакви временски услови. До 36.минута речиси да не видовме ништо, а тогаш гостите од Кавадарци со голот на Висдом поведе со 0:1. Пе минути подоцна Лавал успеа да зголеми на 0:2. Со овој резултат Тиквеш ја оправдува улогата на голем фаворит на овој меч. Тимот на ...

Брегалница – Арсими 4:0 е исходот од вчерашниот меч во Штип во рамките на 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Штипските “сини“ одиграа навистина добар резултат и носени на “крилјата“ на Мартин Стојанов и Методи Максимов, стрелци на три од четирите гола, дојдоа до првите бодови во новата сезона, до првата победа, откако на стартот беа поразени од Вардат во Скопје. Стрелец на гол беше и младиот Тасев. Во убав амбиент под рефлектори во градот веќе ...

И тоа го има во Р.Ирска. Имено неверојатен иднцидент го одбележа натпреварот од првенството на Република Ирска помеѓу Шамрок Роверс и Дандалк, кога навивач на домашната екипа влета на теренот и се судри со гостинските играчи. Сè се случи во средината на првото полувреме, кога Шамрок го израмни резултатот на 2:2. Дандалк доби пенал, а Хорган беше прецизен од белата точка. Тој го прослави голот пред трибините со домашните навивачи, што ...

И дефинитивно Мохамед Салах во Трабзон има кралски третман. Овој трансфер го изненади фудбалскиот свет, а египетската ѕвезда покрај Црното Море доживеа кралски пречек и привилегии што многумина не можат ни да ги замислат. Салах предизвика невидена еуфорија на северот од Турција со потпишувањето за Трабзонспор, што го направи најплатен играч во европскиот фудбал. Неодамнешната ѕвезда на Ливерпул ќе заработи дури 23.000.000 евра во текот на ...

Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино, посрамотениот и потресен Швајцарец се огласи. ФИФА повторно се најде на удар и сега мораше да се огласи. Секако, претседателот Џани Инфантино ги отфрли обвинувањата како неосновани. „Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, силно ги отфрла овие тврдења и истакнува ...

По Мохамед Салах, уште една фудбалска ѕвезда е пат кон Турција. Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Фенербахче. Информацијата ја објави италијанскиот новинар Матео Морето, кој наведува дека Лукаку ја прифатил можноста за трансфер во истанбулскиот клуб. Лукаку моментално е член на Наполи, но неговото време во италијанскиот клуб би можело да заврши ова лето. Откако белгискиот напаѓач даде согласност, сега следува клучниот дел од работата ...

Утре од 17 часот на Националната Арена во Скопје, ќе се одигра големото дерби во рамките на 2.коло во ПМФЛ и тоа меѓу Вардар и Шкендија. Вечерва официјална информација од таборот на тетовските “црвено – црн“ која вели дека тренерот Артим Положани има проблеми со играчкиот кадар и дека нема да може да смета на најмалку четворица свои играчи. Ако се знае дека Бабукар Гаје и натаму е повреден, исто и Бојан Димоски, ново е тоа што и Себастијан ...

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини и натами ќе биде дел од тимот од „Олимпико“. Искусниот играч потпиша нова соработка до 2027 година, откако сега веќе претходниот негов дил беше со важност до летово. Пелегрини е дете на клубот, и очигледно дека нема намера да игра на некое друго место. Со веќе полни 30. години тој има само две сезони надвор од клубот, кога премина во Сасуоло. Се врати во Рим, и оттогаш е заштитен знак на „Волчицата“. ...

Се чини дека е готово. Феран Торес е пред заминување од Барселона и преселба во Пари Сен Жермен. Според информациите објавени од шпанскиот весник „Марка“, работата е веќе во завршна фаза и само голем пресврт би можел да ја спречи нејзината реализација. Шпанскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека сака да ја продолжи кариерата во Париз. Барселона и ПСЖ веќе неколку дена преговараат за трансферот на 26-годишниот напаѓач. Спортските ...

Ретко кој очекуваше дека Брегалница просто ќе го демолира, ќе го декласира Арсими со 4:0. Според играта и шансите оваа победа можеше да биде поубедлива. Сепак и ова е одлично колку за прва победа сезонава во ова 2.коло. Стојанов двапати, Максимов и Тасев по еднаш, стрелаа за домашниот состав на воодушевување на штипската публика која вечерва под светлоста на рефлекторите во еден убав фудбалски амбиент просто уживаа во играта и победата на ...

Македонската машка кадетска репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство Б Дивизија, откако беше совладана од фаворитот Хрватска со 112-57. Селекцијата предводена од некогашната хрватска легенда, Роко Укиќ уште во првото полувреме. На стартот беше изедначено, а потоа противникот со поени од контранапади ги казнуваше нашите грешки. После 21:15 во првата четвртина, Хрватска со серија од 15-0 зголеми на 36-15. Македонија на ...

Одлично, феноменално деби на Методи Максимов за Брегалница вечерва против Арсими во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Прво некогашниот играч на Работнички и Шкендија, кој потоа имаше и интернационална кариера, му асистираше на Мартин Стојанов за 1:0 во 10.минута. Потоа во 28.минута самиот Максимов ја погоди мрежата на тимот на Арсими за 2:0 по првото полувреме. Добри први 45 минути за штипјани кои се заканија уште во неколку наврати за ...

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот, затоа што знаеле дека во тие моменти сплиќани ќе слетаат од гостувањето во Литванија, каде што Хајдук оствари супер победа од 2:5 во рамките од квалификацииите за Лигата на Европа. Тепачката беше жестока, и не беше ...

Ракометарите на РК Алкалоид со 44:28 успеаја да го победат составот на Прилеп во својата прва контрола во текот на овие подготовки. Натпреварот се играше 3Х25 минути на барање на стручните штабови на двата тима со цел минутажа да добијат што повеќе ракометари на двата тима. Натпреварот се одигра во Маврово, а и лани Прилеп беше спаринг – партнерт на тимот на Алкалоид во текот на летните подготовки. Секако дека овој пријателски меч им послужи ...

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-то коло од овогодинешното Мото ГП првенство.Шпанецот со тоа ја заврши доминацијата на Дукати во спринтот на „Силверстоун“, каде што го забележа својот трет триумф на саботните трки оваа сезона. Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, две секунди зад него. На третото скалило на подиумот беше ...

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на оваа тема на крајот од предсезонската турнеја на тимот од Минхен во Азија. „Интернационализацијата не е нешто што еден клуб може да го постигне сам. Тоа е задача на која сите ние како Бундеслига мора да работиме заедно, а самата лига мора да ...

На една рака можат да се избројат спортските настани кои што се одржале во Македонија, конкретно Скопје, а кои што влегуваат во графата светски. За разлика од ракометната Лига на Шампиони, која што своевремено во Скопје се стандардизира, фудбалската сеуште за нас е само мисловна именка. Клупскиот фудбал не ни донесе елитен фудбал од највисок европаски ранг, ни донесе учевство на Вардар во Лигата на Европа, своевремено, како и Шкендија која ...

Дарко Чурлинов во меч од 2.коло во елитната лига во Полска, попладнево против Лублин уште во 17.минута ја тресеше мрежата на гостите за водство на својот Погон Шчечин од 1:0. Ова е деби гол на македонскиот репрезентативец кој уште еднаш покажа дека е екстра засилување за овој полски тим. Ова е негов втор меч за Погон Шчечин, и во вториот беше стартер и негов прв гол. Да му посакаме на Дарко Чурлинов уште многу голови и добри игри во дресот ...

На светското џиу-џицу првенство кое што се одржува деновиве во Абу Даби, македонската репрезентативка Катерина Ацевска го освои сребрениот медал односно е светски вицешампион во својата категорија. Ова достигнување е за слалило подобро од она кое што Ацевска го оствари на претходното вакво натпрвеварување кое што се одржа во Тајланд и каде што беше трета. Ова значи дека Ацевска освои нови бодови за Светската ранг листа и сигурно задржување ...

Арсенал ја пренасочи потрагата по нов крилен напаѓач кон Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара заминување од Јувентус. Турскиот репрезентативец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за ангажман на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Во прилог на Арсенал оди информацијата дека турскиот репрезентативец сака кариерата да ја продолжи токму во Лондон. По серијата одлични настапи во ...

Иако беше најавено, дека повратникот во елитата, тимот на Скопје својот прв меч сезонава на свој терен, ќе го игра на својот стадион, сепак ништо од Автокоманда, барем засега. Имено утрешниот натпревар од 2.коло во ПМФЛ меѓу Скопје и Струга Трим Лум и официјално се игра на еден од терените на Фудбалската федерација на Македонија. Ова доаѓа веројатно поради фактот дека стадионот на Автокоманда (Железарница) сеуште не во целост подготвен за ...

Со високи, убедливи, и заслужени 3:0, тимот на Челзи предмалку во Џакарта, во рамките од подготовките ова лето беше подобар од тимот на Милан. Пред преполните трибини, „Сините“ одиграа далеку подобар натпревар од противникот и стигнаа до убав триумф со головите на Педро на два пати односно Каиседо. Ова беше уште еден во серијата на мечеви кои европските гиганти ги играат на Далечниот исток или пак во Австралија, каде што се наоѓаат дел од ...

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, се потсети на еден од најтешките порази во неговата кариера, неговата елиминација од Хуан Мартин дел Потро во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016. Тој призна дека неуспехот го погодил толку силно што почнал да се сомнева во сопствените способности. Ѓоковиќ пристигна во Рио како прв тенисер во светот и во моментот кога беше на врвот на својата кариера. Неколку недели ...

Мечевите меѓу европските фудбалски гиганти во далечната Австралија продолжија и денес. Екипата на Интер предмалку во пријателски меч во Перт, го совлада вечниот ривал Јувентус со конечни 2:1. Ди Марко и Диуф беа стрелци во победата на Интер, додека пак на спротивната страна реализираше, Франциско Консеисао. За Јувентус пак интересен податок е дека свое деби имаше новото засилување, интернационалецот од Босна, Керим Алајбеговиќ. Мечевите ...

Досегапниот играч на тимот на Њукасл, и репрезенаттивец на Бразил, Бруно Гимараеш, го комплетираше својот премин во екипата на Арсенал. Бразилецот претпладнево беше промовиран, на општо задоволство на менаџерот Михаел Артета. Целиот трансфер е околу 87.5 милиони евра, а Гимараеш се обврза на верност до 2030 година. Како и секогаш, Гимареш ќе игра со број 39 во чест на својот татко, кој бил таксист во Рио де Жанеиро, а бројот 039 бил неговиот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
76%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
2.57
71%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
72%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
90%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
85%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
69%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
75%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Сребро

1666.05

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53