Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува со формирањето на тимот за новата суперлигашка сезона, а раководството на клубот обезбеди продолжување на соработката со искусниот голман Живојин Илиќ. Српскиот чувар на мрежата пристигна во Богданци пред само еден месец, а беше клучен во баражот против Струга за влез во Супер лига. Илиќ беше дел од тимот во клучните натпревари од завршницата на сезоната, а неговото искуство, сигурност на голот и ...

Младите фудбалери на ГФК Неготино достојно го претставија клубот, градот Неготино и Македонија на меѓународниот турнир „Спортинг Куп 2026“ во Србија, остварувајќи одлични резултати во повеќе генерации. Генерацијата 2015 го заврши својот настап во четвртфиналето, каде по голема борба беше поразена од екипата на ФК Ника со минимални 0:1. И покрај елиминацијата, младите фудбалери заслужуваат пофалби за прикажаната игра, борбеноста и односот кон ...

Еден од стандардните македонски репрезентативци, Јани Атанасов, кариерата ќе ја продолжи во Казахстан откако официјално потпиша договор со ФК Актобе. Дваесет и седумгодишниот играч за врска зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во неколку европски клубови. Својата кариера ја започна во Академија Пандев, по што следуваа ангажмани во Хајдук Сплит, Бурсаспор и Краковија. Пред трансферот во Актобе, Атанасов беше член на ...

Македонскиот репрезентативец и капитен на националниот тим, Филип Кузмановски, продолжува со одличните настапи на Азискиот клупски шампионат, каде повторно беше меѓу најистакнатите ракометари во составот на Кувајт Клуб. Во последното коло од групната фаза, Кувајт Клуб беше поразен од Шарџа од Обединетите Арапски Емирати со минимални 30:29 во неизвесен натпревар кој се решаваше во самиот финиш. И покрај поразот, екипата од Кувајт успеа да го ...

Македонската машка репрезентација во ракомет на плажа настапот на турнирот од Светската турнеја во Плоцк го заврши на четвртата позиција. Нашите репрезентативци не успеаја да стигнат до медал, откако во натпреварот за третото место беа совладани од селекцијата на Чешка со 2-0 во сетови. Чешките ракометари подобро го отворија дуелот и првиот сет го добија со 26-20. Во продолжението Македонија не успеа да најде ритам, па противникот беше уште ...

Ана Димитровска, попозната како Ружа, повторно потврди дека е едно од најголемите голгетерски имиња во македонскиот женски фудбал. Фудбалерката на ЖФК Каменица Саса ја заврши сезоната 2025/2026 како најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига со импресивни 35 погодоци, оставајќи ја зад себе Радица Чонева од Истатов која постигна 23 гола. Нејзината голгетерска доминација не е новост. Во сезоната 2024/2025 со 27 погодоци беше втор стрелец ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со Христијан Димов и за следната натпреварувачка сезона. 26-годишниот Димов има голема верност кон тимот од Арачиново, тој е дел од Шкендија Арачиново уште кога тимот беше во Трета лига – Север, тој е дел од две златни генерации. Првата, која избори влез во Трета лига – Север во Втора лига, како и дел од втората златна генерација која избори влез од Втора во Прва лига и со тоа Димов ...

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро и за новата сезона. Тимот од Јосифово официјално ја продолжи соработката со двајца важни членови на составот од минатата сезона – Наум Блажевски и голманот Мирко Соколов. Во клубот не го кријат задоволството што и двајцата ќе останат дел од проектот кој во изминатата сезона испиша историја. КМФ Проект по вторпат стана шампион на Македонија, а за првпат во ...

По една успешна сезона во дресот на Младост, 24-годишниот чувар на мрежата Кристијан Костадиновски и клубот од Богданци тргнуваат по различни патишта. Костадиновски беше важна алка во тимот кој успеа да обезбеди кам-бек во ракометната елита, а со своите одбрани и сигурност меѓу стативите даде значаен придонес во остварувањето на големата цел на богданчани. Станува збор за квалитетен голман кој во изминатиот период покажа континуитет во ...

Екипата на Огражден од Ново Село продолжува со екипирањето за новата сезона, откако тимот го претстави своето второ летно засилување – се работи за Мартин Шутевски. 23-годишниот фудбалер пристина од редовите на Тиверија, а претходно беше дел од Аеродром, Петровец Спартмани и АП Брера Струмица. Претходно тимот кој стана шампион во ОФЛ Струмица за минатата сезона се засили со Мартин Ѓорѓиевски, кој беше промовиран како прво летно засилување. ...

ФК АП Брера Струмица стави крај на шпекулациите околу иднината на клубот и преку официјално соопштение потврди дека и во наредната сезона ќе продолжи да функционира со сите свои структури, вклучувајќи ги младинските категории и сениорскиот тим. Струмичани во новата сезона ќе се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига, откако испаднаа од елитното друштво по поразот од Скопје со 0:1 во бараж натпреварот одигран во Битола. Од клубот ...

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со екипирањето за новата сезона и го промовираше своето трето засилување во летниот преоден рок. Нов член на тимот е 26-годишниот Славе Јанковски од Струмица, ракометар кој настапува на позицијата лево крило и зад себе има богато искуство од настапите во македонската Супер лига. Од клубот истакнуваат дека Јанковски доаѓа во Богданци подготвен да помогне во ...

Втората македонска фудбалска лига од следната сезона ќе биде со 14 екипи, наместо како што беше во претходните сезони со 16 екипи. Кратењето за две екипи е со цел да се добие на квалитет и посилна конкуренција во самото натпреварување. Иако имаше најави дека Втората лига ќе се крати и на 12 екипи, сепак Спортска Мрежа според свои информации дознава дека сепак Втора лига до сезона 2028/2029 ќе биде со 14 екипи. Но, за разлика од минатите ...

Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски верни на Шкендија Арачиново, прилепчаните ставија потпис на нови договори за продолжување на соработката. Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со градењето на ростерот за дебитантската сезона во фудбалската елита на Македонија со продолжување на соработката со фудбалерките кои испишаа историја обезбедување влез на тимот од Арачиново во Прва лига. Сосема очекувано голманот ...

Денеска во Нион со жрепка беа одредени составите на групите за претстојните квалификации за настап на Европското првенство за фудбалерки до 17 и 19 години. Селекцијата до 17 години е во конкуренција со репрезентациите на Велс, Луксембург и домаќинот на турнирот Грузија. Мечевите ќе се одиграат на 25, 28 и 31 октомври оваа година. Репрезентацијата до 19 години е дел од Б3 групата во која партиципираат Црна Гора, Азербејџан и организаторот ...

КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро по историската сезона во која ја освои двојната круна без ниту еден пораз, а најново име кое останува дел од тимот е Горан Стојанов. Радовишанецот и во сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на клубот од Јосифово, потврдувајќи ја верноста кон актуелниот шампион на Македонија. Со својата енергија, карактер и огромна посветеност, тој изминатите сезони се етаблираше како еден од препознатливите ...

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот потврди дека еден од најважните играчи ќе остане дел од составот и во наредниот период. Станува збор за Даниел Андоновски, кој и во сезоната што следува ќе го носи дресот на Младост. Со своите настапи, борбеност и континуитет, Андоновски беше еден од клучните играчи во тимот кој избори враќање во елитното друштво, ...

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август со мечевите од првото коло. Струмичко дерби меѓу ланскиот прволигаш АП Брера Струмица и Беласица ќе има во рамки на 8. коло, а кое коло ќе се одигра на 17 октомври. Дерби на Истокот меѓу Детонит Плачковица и Беласица ќе има во рамките на третата рунда меѓу Беласица и Детонит Плачковица во Струмица. Во рамките на 11. коло дерби соседско меѓу радовишани и струмичани ќе ...

Актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, КМФ Проект, продолжува со формирањето на тимот за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Димитар Јанев останува во шампионскиот состав и следната сезона, кој важи за еден од играчите кои во изминатите години израсна во важен дел од Проект. Јанев веќе пет сезони го носи зелено-црниот дрес и е еден од играчите кои заедно со клубот го минуваа патот до врвот на ...

Љубителите на фудбалот ова лето ќе имаат вистинско место за уживање во натпреварите од Светското првенство! Кафе бар Route 66 во Радовиш подготвува незаборавна навивачка атмосфера, каде секоја вечер ќе може да се следат најинтересните дуели од најголемиот фудбалски спектакл на планетата. Натпреварите ќе се емитуваат на голем проектор и телевизори со висока резолуција, а посетителите ќе можат да уживаат во вистинската атмосфера од стадионите ...

Нашиот национален ФИБА инструктор, Петар Денковски, учествуваше на годишната Клиника за европски ФИБА инструктори (АНИК), која годинава се одржа во Самоков, Бугарија. На престижниот едукативен собир присуствуваа околу 40 национални инструктори од повеќе европски земји, кои имаа можност да разменат искуства, да ги анализираат актуелните трендови во судењето и да дискутираат за унапредување на судиските стандарди во европската кошарка. Во текот ...

На 15 август ќе започне новата сезона во Втората македонска фудбалска лига со мечевите од првото коло. Веќе е познат и комплетниот распоред за есенскиот дел. Првото есенско коло се игра на 15 август, а есенскиот дел ќе заврши со мечевите од 13 коло кое е закажано за 28 ноември. Во рамки на првото коло Брера Струмица дома ќе игра со Еуромилк, Беласица со Осогово, Работнички против Кожуф, а пак Шкупи против Детонит Плачковица. Пелистер ќе игра ...

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, го претстави своето прво засилување за новата натпреварувачка сезона. Нов член на суперлигашот е младиот и перспективен ракометар Тодор Узунчев, кој настапува на позицијата лев бек. Узунчев во Богданци доаѓа со солидно искуство стекнато во редовите на РК Алкалоид и РК Бутел Скопје, клубови кои важат за едни од најдобрите средини за развој на млади ракометари во Македонија. ...

Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари средба со фудбалерите, стручниот штаб и управата на ФК Огражден, откако клубот ја освои шампионската титула во Општинската фудбалска лига – Струмица и обезбеди пласман во Третата лига – Исток за сезоната 2026/2027. На средбата се разговарало за успешната сезона на клубот, но и за идните планови и развојот на фудбалската инфраструктура во Ново Село. Божинов ја истакна својата ...

ГФК Тиквеш 1930 официјално го промовираше Оливер Богатинов за нов шеф на стручниот штаб, откако двете страни постигнаа договор за двегодишна соработка. Кавадаречкиот прволигаш со овој потег испраќа јасна порака за своите амбиции во периодот што следува. Во клубот веруваат дека искуството, професионалниот пристап и богатата кариера на Богатинов ќе претставуваат значајно засилување во остварувањето на зацртаните цели. Од Тиквеш нагласуваат дека ...

На 13 јуни во спортскиот центар „Тими“ во Струга ќе се одржи семинарот за стекнување на тренерска лиценца за натпреварувачка 2026/2027 сезона. Семинарот ќе се одржи на 13 јуни, а ракометните тренери кои ќе ја обновуваат тренерската лиценца ќе треба да пристигнат до 10 часот. Според програмата од 10 до 10:30 часот воведен збор ќе има Претседателот на Здружението на ракометни тренери на Македонија, проф. д-р Гино Стрезовски. Од 10:30 до 11:30 ...

Младиот фудбалер Зани Назифи кариерата ќе ја продолжи во странство, односно во дресот на Лапи од Косово. 21-годишниот фудбалер во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за Шкендија Арачиново и успеа со овој тим да избори историски влез во Прва лига, а во есенскиот дел на минатата сезона настапуваше за Шкупи. Назифи кој игра како крилен напаѓач кариера ја започна во прилепска Победа, потоа беше дел од Њу Старс и Шкендија Арачиново, ...

Ракометниот клуб Младост од Богданци и во новата сезона ќе биде предводен од охридскиот стратег Горан Андоновски. Повратникот во македонската Супер лига официјално потврди дека соработката со искусниот тренер е продолжена, откако тој успешно ја реализираше мисијата за враќање на клубот во елитното друштво. Андоновски минатото лето пристигна во Богданци со јасна цел – Младост повторно да биде дел од најсилната ракометна конкуренција во ...

Македонската машка ракометна репрезентација го дозна патот кон втората фаза на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија. На денешната ждрепка беше одредено националниот тим да настапува во групата Х заедно со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург, во салата „Гетек Арена“. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги очекува интересен предизвик уште во првата рунда. Исланд ...

Екипата на Огражден од Ново Село, која минатата сезона ја освои титулата во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Струмица и обезбеди пласман во Трета лига – Исток, го промовираше своето прво засилување за новата сезона. Новиот член на шампионскиот состав е 28-годишниот Мартин Ѓорѓиевски, фудбалер кој може да одговори на повеќе дефанзивни позиции, настапувајќи како стопер и бек. Ѓорѓиевски во сезоната која измина го носеше дресот на Полиспортива ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.93
55%
1023
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
70%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.12
84%
1023
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.19
70%
1025
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.79
56%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
0.58
91%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
40%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.77
51%
1022
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.92
58%
1023
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
70%
1022
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
65%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.53
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Цинк

0.00

Калај

53.45

Алуминиум

3.40

Иридиум

253540.09

Бакар

12.73

Платина

53498.84

Злато

133769.08

Паладиум

39866.93

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Сребро

2087.39