Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. На првиот тренинг присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој им посака добредојде на новите играчи и стручниот штаб, упатувајќи им поддршка и желби за успешна сезона. Градоначалникот најави дека од 9 септември КК Соколи ќе продолжи со ...

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2. Шесте екипи ќе бидат поделени во две групи со по три екипи. Во групата 1 ќе бидат екипите на Прилеп, Мулти Есенс и Младост од Богданци, а пак во групата 2 ќе бидат сместени екипите на Бутел, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2. За утре се предвидени два натпревари. ...

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до победата над хрватскиот тим стигна и преку одличното издание на голманот Шаломон, а разликата се направи во вториот дел од мечот. На полувреме Тримо Требње имаше предност од 15:11. Во второто полувреме беше потврдена победата, откако одново Шаломон беше тој кој блескаше на голот. Во групата А по ...

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до победата над хрватскиот тим стигна и преку одличното издание на голманот Шаломон, а разликата се направи во вториот дел од мечот. На полувреме Тримо Требње имаше предност од 15:11. Во второто полувреме составот на Бранко Тамше ја потврди победата, откако одново Шаломон беше тој кој блескаше на голот. ...

Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е турската фудбалерка Селин Туркоглу. Туркоглу пристигнува од турскиот шампионат и игра во средниот ред. 24-годишната фудбалерка има настапувано за младинските селекции на Турција, а во својата кариера двапати ја освојувала шампионската титула во Турција. Во досегашната кариера, Туркоглу настапувала за турските клубови ...

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а во исто време запиша и нов триумф во Регионалната лига. Македонскиот претставник, на домашен терен во „Билјанини извори“ убедливо ја совлада Војводина со 29-19, во натпревар во кој „гладијаторите“ уште еднаш покажаа дека се наоѓаат во одличен ритам на стартот од новата сезона. Охриѓани имаа контрола над натпреварот во најголемиот дел од средбата, а иако ...

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили. 20-годишниот Ристовски доаѓа од редовите на радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица, а низ неговата кариера настапуваше и за Борец и младинскиот тим на Работнички, а меѓународна кариера градеше во младинскиот тим на бугарска СЦКА ...

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19 и стигна до вториот триумф на турнирот. Охриѓани одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме, кога целосно го презедоа контролата врз случувањата на теренот и направија двоцифрена разлика. Воедно, ова беше и прва победа за „гладијаторите“ во новоформираната Регионална лига. Во ...

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона ќе биде експресно враќање во елитата. Паунов во Каменица Саса доаѓа од второлигашот Осогово од Кочани, неговото искуство ќе биде клучно во остварувањето на амбициите на тимот од малото рударско гратче. 35-годишниот фудбалер ја имаше првата изјава за Спортска Мрежа, каде вели дека атмосферата е одлична, има ...

Ракометарите на Загреб продолжуваат со одличниот настап на петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Хрватскиот шампион вечерва убедливо ја совлада младинската репрезентација на Египет со 38-28 и стигна до втората победа во групата А. Загреб уште од самиот почеток наметна силно темпо и брзо ја презеде контролата врз натпреварот. Хрватите беа сигурни во нападот и цврсти во одбраната, па по првите 30 минути имаа ...

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА во периодот 2027–2031 година. За својата одлука, ФФМ испрати и официјално писмено известување. Од федерацијата посочуваат дека одлуката следува по внимателно разгледување на ...

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по шест месеци поминати во Шведска повторно ќе го облече зелено-белиот дрес. Вилсон во првата половина од сезоната во дресот на Содертаље имаше просек од 11,8 поени, 5,4 асистенции и 4,9 скокови по натпревар. Американецот има искуство и од македонската кошарка, со оглед на тоа што покрај ...

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи Цветковски. Само на 18 години, Цветковски веќе остави сериозна трага на младинската репрезентативна сцена. На Европското првенство до 18 години постигнуваше просечно 17,3 поени, со одлични 45 проценти реализација за три поени, што му донесе место меѓу најдобрите стрелци на ...

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во дресот на Согдиана и е меѓу најдобрите стрелци во узбекистанското првенство. 30-годишниот офанзивец повторно се запиша во листата на стрелците на вчерашниот натпревар против Кизилкум, на кој Согдиана славеше со 2:1. Дориев го отвори резултатот во 39. минута со прекрасен погодок, продолжувајќи ја својата одлична голгетерска серија. Со своите настапи ...

КК Работнички АД Скопје го промовираше Тарик Брунчевиќ како ново засилување за сезоната. Искусниот крилен центар, кој може да покрива повеќе позиции под обрачите, пристигнува со богато меѓународно искуство. Брунчевиќ во досегашната кариера настапувал во Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција, а со своите 206 сантиметри треба да донесе дополнителна физичка сила и стабилност во рекетот. Особено успешна беше неговата сезона 2024/25 во ...

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња – Александар Костоски и Јован Александровски. Штипјани чекаат потврда од Кошаркарската федерација на Македонија за настап во Супер лигата, откако Чаир не доби лиценца за натпреварување, по што беше објавен јавен повик од КФМ за сите заинтересирани екипи да бидат дел од кошаркарската елита, за ...

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на Македонија. Бојкова доаѓа од редовите на Билјанини Извори од Охрид, а 26-годишната фудбалерка претходно беше дел од Плачковица, Шкендија, Атлетико и Габер од каде и ја започна кариерата. Кавадарчанката за Кочани настапуваше во сезона 2022/2023 и сега одново го облекува овој дрес. Минатата ...

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион 4, кој во иднина ќе функционира со седиште во Прилеп. За претседател на Регионот е избран Марјан Стојковски од Прилеп, а во Регионот припаѓаат фудбалски клубови од ОФС Прилеп, ОФС Кавадарци, ОФС Велес и ОФС Неготино. Тоа значи дека седиштето на Трета лига – Регион 4 ќе биде во Прилеп. Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион 4, кој во ...

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна настапот на петтото издание на турнирот. Избраниците на Борис Ројевиќ со 31-27 славеа над младата репрезентација на Египет, во натпревар во кој стратегот на охриѓани им даде шанса на поголем дел од ракометарите. По натпреварот, голманот Бојан Блажески истакна дека заморот од претходните натпревари во Струга бил забележлив, но најважно било што екипата стигнала ...

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од Регионалната ракометна лига, откако навивачката група „Чкембари“ објави дека нема организирано да присуствува на средбите од ова натпреварување. Битолската навивачка група како причина го наведува ставот дека Регионалната лига не претставува приоритет, но и незадоволството од начинот на кој е креиран распоредот. Особено се посочува фактот што во период од само ...

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три денови, а ќе се отвори во петок со мечот меѓу Скопје и Тиквеш кој ќе стартува во 17 часот. Два часа подоцна во Штип ќе се одигра натпреварот меѓу Брегалница и Башкими, кој ќе стартува во 19 часот под рефлектори. За сабота е планиран еден меч – Шкендија Арачиново ќе биде домаќин на Арсими од 16:30 часот. Колото се затвара со два натпревари в понеделник. Од 17 часот Вардар ќе ...

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Охрид 2026“, откако бранителот на трофејот славеше над У-20 репрезентацијата на Египет со 31-27. Охриѓани уште од самиот почеток ја презедоа контролата над натпреварот и со одлична игра во одбраната стигнаа до предност од 4-1. Во продолжението домашниот состав одржуваше предност од неколку гола, но пропуштените можности за дополнително зголемување на разликата ...

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, совладувајќи го Олимпијакос со 39-27 во меч во кој разликата беше направена уште во првото полувреме. По почетните 3-3, македонскиот шампион влезе во серија од девет погодоци и стигна до убедливи 12-3. Одбраната функционираше одлично, а Валах со неколку интервенции дополнително ја олесни работата на својот тим. До одморот Вардар веќе имаше двоцифрена ...

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за развој на млади фудбалски таленти, а потврда за тоа е и најновиот репрезентативен успех на двајца фудбалери кои се дел од радовишкиот второлигаш. Емир Шаботиќ и Давид Голубов се најдоа на списокот на младинската репрезентација на Македонија до 20 години која ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Шаботиќ е 18-годишен везен фудбалер кој потекнува од ...

Натпреварот од 2. коло на Втора лига е одложен и ќе се игра во нов термин Викендот мечот кој требаше да се игра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид се одложува и ќе се игра во нов термин, дознава Спортска Мрежа Барање за одложување на овој натпревар имаше поднесено Охрид и истото е прифатено од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Двајца фудбалери на Охрид ќе настапат на Медитеранските игри во Италија и тоа е причината ...

Викендот ќе се играат натпреварите од второто коло на Втората македонска фудбалска лига, а еден натпревар од оваа рунда ќе биде одложен и ќе се одигра во нов термин. Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички е одложен на барање на домашниот клуб, поради тоа што двајца фудбалери на „штофарите“ ќе бидат дел од Медитеранските игри во Таранто, Италија. Останатите мечеви ќе бидат одиграни викендот. Викендот ќе се играат натпреварите од второто коло на ...

Пелистер натпреварот од второто коло на Втората македонска фудбалска лига против Брера Струмица наместо во Битола ќе го игра во Кавадарци. Со тоа битолчани ќе мора да патуваат во Кавадарци за да го следат натпреварот на Пелистер, а причината е обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а влезот ќе биде слободен. „Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од ...

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп добива нов лик и повторно е подготвен да биде сцена за фудбалски натпревари. По периодот на запоставеност и нарушување на состојбата на зелените површини и инфраструктурата, направена е целосна рехабилитација на стадионот. Како што информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со ЈКП „Водовод и канализација“ и Локалната самоуправа, на одредени делови е поставена нова бусен-трева, извршено е ...

Во село Ораовица ќе се одржи посебен спортски настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, со кој се испраќа јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат, да стекнуваат нови пријателства и да започнат ново спортско поглавје. Настанот ќе се одржи во недела, 23 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на фудбалскиот терен во Ораовица, во вечерен термин под рефлектори. Во рамки ...

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку договор за партнерство и спонзорство, со кој дополнително се зајакнува поддршката за медицинската грижа во македонските национални селекции. Како дел од соработката, ВИА ФАРМ ќе обезбедува медицински средства и суплементи потребни за репрезентативните тимови, со што ќе се создадат уште подобри услови за здравствена грижа, регенерација и подготовка на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
59%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25