Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Македонскиот интернационалец Томе Китановски ја продолжува својата фудбалска кариера во Романија, откако потпиша договор со екипата на Мусцелул Кампулиунг. За 33-годишниот дефанзивец ова претставува уште еден странски ангажман во богата и разновидна кариера. Китановски во новиот клуб пристигнува од Австрија, каде настапуваше за ФАВ АЦ, а претходно беше дел и од австрискиот ФК Мауерверк. Зад себе има сериозно меѓународно искуство, со настапи ...
Во периодот од 9 до 14 јануари, во Дојран успешно се одржа 18. издание на RB голманскиот камп, кој повторно собра млади и талентирани голмани од регионот. Учесниците беа сместени во хотелот „Истатов“, додека тренажниот процес се реализираше на терен со природна трева, во спортска сала и во теретана, со одлични услови за работа. Вкупно 13 голмани, меѓу кои и четири голманки, беа дел од кампот, а тие пристигнаа од Македонија, Србија, Црна Гора ...
Ракометната репрезентација на Данска запиша огромна и многу значајна победа над Франција, славејќи со 32-29 во дербито од првото коло во главната фаза на Европското првенство, одиграно во Хернинг. За домаќинот ова беше меч „на сè или ништо“, поради тоа што Данците не пренесоа бодови од првата фаза и пораз речиси сигурно ќе значеше крај на сонот за полуфинале. Дуелот започна во висок ритам и со многу физичка игра. Франција делуваше посигурно ...
Репрезентацијата на Норвешка стигна до исклучително важна победа над Шпанија, триумфирајќи со 35-34 во драматичен натпревар од првото коло во главната фаза на Европското ракометно првенство, одигран во Хернинг. Дуелот понуди вистински спектакл, неизвесност од првата до последната минута и завршница која долго ќе се памети. Натпреварот започна во израмнет ритам, со чести промени во водството и цврсти одбрани на двете страни. Ниту една ...
Третолигашот Еуромилк ГЛ закажа пријателски натпревар за проверка на формата против второлигашот Брегалница. Овој контролен меч е закажан за 28 јануари со почеток од 13 часот, а ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип. Ова ќе биде тест-средба на два поранешни прволигаши кои во пролетниот дел ќе имаат цел за прогрес во повисок ранг на натпреварување. Еуромилк ГЛ да влезе во Втора лига, а пак Брегалница да се врати во Прва лига. Третолигашот ...
КМФ Проект претстојниот викенд ја продолжува подготовката за вториот дел од сезоната со две контролни средби во Србија, каде ќе се соочи со реномирани противници. Македонскиот прволигаш во сабота ќе гостува во Ниш кај КМФ Винтер Спорт, додека во недела го очекува дуел со КМФ Врање, натпревар кој ќе се одигра во Врање. Овие средби ќе послужат како сериозна проверка на формата и подготвеноста на ростерот, но и како можност за стручниот штаб да ...
Одделот за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа известување до клубовите дека извлекувањето на 1/4 финалните парови од Купот на Македонија ќе се одржи во петок, 23.01.2026 година, со почеток во 12:00 часот, во „Куќа на фудбалот“. Во ждрепката се осум екипи кои утре ќе го дознаат својот противник за пласман во полуфиналето односно меѓу најдобрите четири. Во борбата за место меѓу најдобрите четири влегуваат ...
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци договори три пријателски натпревари за проверка на формата во Анталија, Турција. Првиот тест Тиквеш ќе го има против Славија Софија од Бугарија, кој е закажан за 24 јануари. По три дена кавадаречкиот прволигаш ќе ја проверува формата против Токтогул од Киргистан, а последниот тест во Анталија ќе биде против против Кизилкум од Узбекистан. Тиквеш во пролетниот дел ќе цели кон опстанок во Првата лига. Прволигашот ...
Прволигашот Работнички со убедливи 8:2 го доби второлигашот Охрид на тестот кој денес се одигра во Скопје, сепак мора да се нагласи дека се работи за пријателски натпревари и тренерите имаат можност за ротација, комбинации, а притоа им се дава шанса на сите фудбалери, па резултатот оди во втор план, но мора да се внимава и на тоа. За Работнички двојни стрелци беа Елези и Дестани, а по еден гол постигнаа Хоџа, Демири, Манојлов и Мухарем. Иако ...
Ракометната репрезентација на Германија извојува значајна победа над Португалија со 32-30 во првото коло од главната фаза на Европското првенство, нанесувајќи им го и првиот пораз на Португалците на шампионатот. Натпреварот во Хернинг понуди цврста и израмнета борба, во која ниту една селекција не успеа да се одлепи со повеќе од два гола разлика. Првото полувреме мина во знакот на тактичка игра и одлични одбрани на двајцата голмани, па на ...
Второлигашот Новаци продолжува со засилувања за пролетниот дел, а најново име во ростерот е младиот Марко Лозановски. Станува збор за 19-годишен офанзивец кој за првпат ќе добие можност да се докаже на сениорско ниво. Првите фудбалски чекори ги прави во Пелистер, по што следуваше интернационално искуство во Германија, каде настапуваше во младинските категории на Ергензинген. Четвртото зимско засилување на Новаци игра по крилните позиции, но ...
Мирза Делимеѓец е ново засилување во редовите на Силекс. 26-годишниот фудбалер од средниот ред пристигнува во Кратово од српскиот прволигаш ФК Јединство УБ, каде што во есенската полусезона настапуваше во Првата српска лига. Делимеѓец зад себе има солидна статистика – запиша 12 настапи и постигна еден гол, покажувајќи сигурност и стабилност во средината на теренот. Со своето искуство и карактеристики, тој треба да донесе дополнителна ...
Ракометниот клуб Струга ќе влезе во пролетниот дел од шампионатот со дополнителна сила во ростерот. Според информации на спортскиот портал Спортска Димензија, кружниот напаѓач Дарио Симоноски ќе му се приклучи на тимот во продолжението од сезоната, во клучниот период во кој клубот ќе се бори за опстанок во Суперлигата. Искусниот ракометар беше без ангажман во првиот дел од сезоната, а неговото враќање во матичната средина претставува значајно ...
Есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Скопје во снежни услови ја темпира формата за пролетните предизивци – атак кон освојување на шампионската титула и излез во Европа. Снегот не е пречка за фудбалерките да работат според планот и програмата на тренерот Илија Мандаров и да ја подигаат и добијат потребната форма за тоа кон кое целат – титула. Скопје е есенски шампион во ПЖФЛ со два бода повеќе од бранителот на титулата ...
Вардар од следната сезона ќе биде посилен со Леон Љевар, 24-годишен репрезентативец на Хрватска, а двете страни се договорија за соработка од две години, за што вчера објави Спортска Мрежа. Новото засилување на Вардар истакна дека му е големо задоволство и чест што ќе настапува во дресот на Вардар. „Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од ...
Некогашниот прволигаш, а сега есенски шампион во Трета лига – Север, Еуромилк од Горно Лисиче означи старт на зимските подготовки во снежни услови. Со првиот тренинг кој беше одработен вечерва под рефлектори поранешниот прволигаш ќе цели кон една цел – да се врати во Втората македонска фудбалска лига. Еуромилк ГЛ е лидер во Трета лига – Север со 37 бодови, пет повеќе од БВК Коњари кој е втор со 32 бодови. Сите играчи од есенскиот дел ќе бидат ...
Брера Струмица го одигра вториот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки или прв на грчко тло против Ксанти. Беа постигнати два погодоци, а победник немаше – двете екипи ремизираа играјќи 1:1. Единствен стрелец за струмичани беше Кире Стојанов кој погоди во 36. минута од средбата. Следете тест за Брера Струмица ќе биде против тимот на Земун. Струмичани пред заминувањето во Грција каде ќе ја одработат главната фаза од зимските ...
Играчот на актуелниот футсал шампион на Македонија, Иван Крстевски, е прогласен за најдобар спортист во сениорска конкуренција за 2025 година. Крстевски, кој важи за еден од најдобрите футсал играчи во Македонија и зад себе има богата кариера со бројни освоени шампионски и Куп-титули, како и неколку двојни круни, имаше исклучително успешна сезона. Македонскиот репрезентативец признанието за најдобар спортист во сениорска категорија го доби од ...
Актуелниот шампион ЖФК Љуботен за пролетниот дел во кој ќе води борба за одбрана на двојната круна се засили со искусната голгетерка Улза Максути, која во тетовскиот тим доаѓа од редовите на албанскиот тим Грамши. Стружанката во есенската полусезона настапуваше за Грамши, а сега се враќа во Љуботен, бидејќи настапуваше во натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите за тетовскиот тим. 26-годишната репрезентативка на Македонија има ...
Со завршувањето на настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, македонската машка репрезентација го затвори континенталниот циклус со пласман на 14. место, а фокусот веќе се префрла кон следниот голем предизвик – Светското првенство во Германија во 2027 година. Домаќинот Германија и актуелниот светски шампион имаат сигурен билет за Мундијалот, а од Европа ќе им се приклучат уште 14 селекции. Четири места ќе одат кај ...
Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со пласман на 14. позиција, што претставува солиден чекор напред во однос на претходниот континентален шампионат. Иако групната фаза сè уште не е целосно комплетирана, веќе е јасно дека нашите ракометари со освоени три бода – по една победа, реми и пораз – утре ќе се вратат дома со вкупно четиринаесетто место во конечниот поредок. Во конкуренцијата на селекциите ...
Мега засилување за дебитантот во Првата футсал лига, Балкан, промовиран искусниот Таулант Исмаили, кој доаѓа од редовите на актуелниот шампион Форца. Со вакво големо засилување Балкан дефинитивно го подига квалитетот на повисоко ниво, а репрезентативецот на Македонија ќе биде огромно засилување за дебитантот кој цели кон сигурен опстанок во футсал елитата на Македонија, односно опстанокот да биде изборен веќе во следните неколку кола. ...
Есенскиот шампион во Втора лига, Охрид утре ќе го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки против прволигашот Работнички. Натпреварот ќе послужи и за двајцата тренери да ја проверат формата за предизвиците во пролетниот дел. Тренерот на „рибарите“ Ромео Кочоски ќе може да ја провери формата на неговиот тим кој цели кон влез во Прва лига, а пак од друга страна новиот стратег на „романтичарите“ Муарем Муарем ќе може да ...
Уште едно заминување од второлигашот Беласица, струмичани остана без еден од најдобрите фудбалери. Александар Коцев повеќе нема да го носи дресот на струмичката фудбалска кариера, а 22-годишниот фудбалер сега ќе има нов предизвик во својата кариера, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Со повеќе од 100 настапи во дресот на Беласица, Коцев изминатите сезони беше еден од играчите кој остави голем белег во струмичкиот клуб. Во Втората лига тој ...
Фудбалскиот клуб Работнички го официјализира враќањето на искусниот стопер Егзон Белица, кој повторно ќе го носи дресот на „романтичарите“ во вториот дел од сезоната. 35-годишниот дефанзивец доаѓа како значајно засилување во клучен момент, во обид клубот да избори опстанок во Првата македонска фудбалска лига. По кратката епизода во Шкендија, со која се раздели во зимскиот преоден рок, Белица одлучи да се врати во средината која добро ја ...
Утре, со почеток од 16:00 часот, македонските футсал судии Марјан Младеновски и Доне Ристовски ќе ја претставуваат нашата земја на натпревар од групата Б помеѓу репрезентациите на Ерменија и Украина. Натпреварот е дел од Европското првенство во футсал, кое се одржува во три држави – Литванија, Летонија и Словенија. Судии на утрешниот натпревар ќе бидат: главен судија Никола Манционе (Италија), втор судија Кјара Перона (Италија), трет судија ...
Македонското судење добива силна меѓународна потврда. Доне Ристовски, интернационален судија кој успешно дели правда и во футсал и во фудбал, ќе биде дел од Европското првенство во футсал 2026 – натпреварување на кое ќе судат само 32 најдобри арбитри од Европа. Заедно со Марјан Младеновски, Ристовски ќе ја претставува Македонија, ФФМ и целокупната судиска организација на највисокото европско ниво. Патот на Ристовски до елитата почнува од ...
Македонскиот фудбал добива уште едно интересно име кое доаѓа од дијаспората. Томас Спасе Трпчевски, 17-годишен напаѓач роден во Мелбурн, веќе подолг период го гради својот пат со јасна цел – европска фудбалска кариера и настап во дресот на Македонија. Со битолско потекло и силна врска со татковината, Трпчевски уште од најрана возраст влегува во фудбалскиот свет во Австралија. Првите чекори ги прави во Порт Мелбурн, клуб со респектабилно ...
РК Вардар официјално го потврди ангажманот на хрватскиот репрезентативец Леон Љевар, кој од следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес. Станува збор за договор со важност од две години, со кој вардарци добиваат квалитетно засилување на позицијата лев бек. Љевар има 24 години, роден е во Ријека и со своите 198 сантиметри важи за исклучително моќен и модерен бек. Во Вардар пристигнува од словенечкиот Слован, каде сезонава имаше одлични ...
Македонија одигра одлично прво полувреме и во еден момент имаше и висока предност, но нереализираните шанси и падот во нападот во продолжението ја оставија победата во неизвесна завршница. Со оваа победа, „црвено-жолтите“ ја завршуваат групата со три освоени бода, најверојатно на третата позиција, а за пласман понатаму ќе биде потребно вистинско чудо – убедлива победа на Данска против Португалија. По натпреварот, селекторот Кирил Лазаров даде ...