Ринор Ајдини кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако се раздели со прволигашот Арсими. 25-годишниот централен играч за врска ќе има нов клуб во својата кариерата. Во тековната сезона Ајдини за Арсими одигра осум меча во Првата лига, а на терените помина 222 минути и постигна еден гол, а во Купот на Македонија забележа еден настап со 58 минути. Покрај за Арсими, Ајдини беше дел од Гостивар, Тетекс, Кадино и Работнички, додека пак ...

Македонските прволигаши Вардар, Шкендија и Пелистер ги продолжија зимските подготовки во Анталија со пријателски натпревари, а заеднички именител на сите три дуели беше истиот исход – нерешен резултат. Вардар на вториот тест во Турција покажа поцврста и поорганизирана игра во однос на претходниот меч, ремизирајќи 1-1 со узбекистанскиот Андијон. Противникот прв стигна до водство на почетокот на второто полувреме, но „црвено-црните“ не се ...

Европското првенство понуди вистинска ракометна сензација во Хернинг, каде што Португалија ја урна фаворизираната Данска со 31-29 и направи голем чекор напред кон завршницата, но истовремено ги згасна и последните надежи на Македонија за пласман во главната фаза. Иако македонската репрезентација се надеваше дека Данците ќе ја оправдаат фаворитската улога, натпреварот тргна во сосема поинаков правец. Португалците уште од стартот наметнаа ...

Ринор Ајдини кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако се раздели со прволигашот Арсими. 25-годишниот централен играч за врска ќе има нов клуб во својата кариерата. Во тековната сезона Ајдини за Арсими одигра осум меча во Првата лига, а на терените помина 222 минути и постигна еден гол, а во Купот на Македонија забележа еден настап со 58 минути. Покрај за Арсими, Ајдини беше дел од Гостивар, Тетекс, Кадино и Работнички, додека пак ...

Македонија славеше значајна победа против Романија (24-23) во последниот меч од групната фаза на Европското првенство. Слатка е победата извојувана со звукот на сирената, пред се заради полесниот бараж за место на СП 2027. Нашиот национален тим ќе игра еден бараж во кој веројатно ќе биде и носител. По мечот и драматичната победа, коментар во име на тимот даде и стрелецот на победоносниот гол, Ненад Костески. Македонија ја заврши групната фаза ...

Македонската машка ракометна репрезентација со многу борба, нерви и карактер ја забележа првата победа на Европското првенство, совладувајќи ја Романија со 24-23 во натпревар кој се решаваше во последните секунди. Избраниците на Кирил Лазаров влегоа силно во дуелот и уште од стартот наметнаа висок ритам. Цврстата одбрана и брзите решенија во нападот ѝ донесоа на Македонија рана предност, која во првиот дел достигна и пет гола разлика. ...

Прволигашот Брера Струмица ги интензивира подготовките за продолжението од сезоната и главната фаза од зимскиот циклус ќе ја одработи во Грција. Таму струмичани ќе имаат можност преку три пријателски натпревари да ја темпираат формата и да ја проверaт подготвеноста на ростерот. Брера ќе се тестира со грчкиот Ксанти, со Земун од Србија, а потоа и со Нестос. “Генералката” ќе биде против бугарскиот тим Беласица Петрич. Стручниот штаб предводен ...

Македонската машка ракометна репрезентација денеска го игра клучниот натпревар од групната фаза на Европското првенство против селекцијата на Романија, во дуел кој носи голема резултатска и иднинска важност. Селекторот Кирил Лазаров беше принуден на корекција во ростерот поради повредата на Петар Атанасијевиќ, чие место го зазема Гоце Ојлески, кој експресно се приклучи на тимот во Хернинг. Во составот нема да конкурираат голманот Иван ...

Македонскиот интернационалец Иван Николов ќе има нов клуб во кариерата, се раздели со данскиот клуб Сондерјиске, за што веќе објави Спортска Мрежа, па така 23-годишниот фудбалер од Штип е слободен да бира нова средина. За Николов има интерес од странски клубови, пред него е избор каде ќе ја продолжи кариерата – има опција да остане во Скандинавијата односно во Данска или пак да продолжи во Норвешка. Има опција и да биде поблиску до ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:00 часот во Хернинг го игра својот последен натпревар од групната фаза на Европското првенство, а влогот е поголем од обична победа. Противник е селекцијата на Романија, меч кој мора да се добие, но и меч по кој ќе се гледа кон резултатот од Данска – Португалија. По херојското реми со Португалија, „црвено-жолтите“ ја задржаа шансата за пласман во главната рунда, но сценариото е комплицирано. ...

Голманот Даниел Ацев е трето заминување од редовите на суперлигашот Радовиш, тој кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако претходно од овој тим заминаа и Илија Табаков и Бобан Каковски. Ацев шест месеци го чуваше голот на Радовиш, а сега ќе бара нов клуб каде да ја продолжи кариерата. Претходно, велешанецот настапуваше за Бутел Скопје, Голден Арт, беше дел и од Шампион, Охрид, Вардар Неготино, велешки Борец, а во странство беше дел од ...

Екипата на Кожуф од Гевгелија продолжува да се засилува за пролетниот дел од сезоната, а последно име кое пристигнува во овој второлигаш е Александар Богданоски. 20-годишен фудбалер кој игра како централен напаѓач, а може да игра и како десно и лево крило, па ќе биде опција на Иван Варадиновски во нападот. Последно настапуваше за Скопје, од каде се сели во Кожуф, а Богданоски е всушност повратник во тимот од Гевгелија, бидејќи и во минатото ...

Македонските прволигаши продолжуваат со темпирање на формата на подготовките во Анталија, каде што одигруваат контролни натпревари со интернационални противници. Екипата на Струга Трим Лум, одигра динамичен и резултатски богат дуел против словачкиот Тренчин, кој заврши без победник – 2:2. Стружани брзо наметнаа ритам и уште во раната фаза поведоа преку Марјан Радески, но во второто полувреме дозволија противникот да направи пресврт. И покрај ...

Пелистер утре ќе одигра пријателски меч во Анталија во рамки на зимските подготовки, а битолскиот прволигаш за противник ќе го има суперлигашот Спартак Суботица од Србија. На овој контролен натпревар шефот на стручниот штаб Милан Стојаноски шанса ќе им даде на сите фудбалери, а како што вели во Анталија имаат одлични услови за работа. „Трет ден сме во Анталија, условите се одлични затоа и дојдовме тука. Работиме двапати дневно, утре имаме ...

Женскиот ракомет во Македонија ќе добие уште еден квалитетен настан, откако екипата на Атлетик ќе биде организатор на првиот меѓународен турнир „Атлетик и пријателите“. Настанот ќе се одржи во малата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во периодот од 30 јануари до 1 февруари, а ќе настапат четири екипи со сериозен натпреварувачки потенцијал. Покрај домаќинот Атлетик, кој сезонава бележи максимален учинок во прволигашката ...

Стојанчо Велинов повторно е таму каде што фудбалската приказна за него започна – во Кочани, во дресот на ГФК Осогово. Искусниот фудбалер официјално се врати во својот матичен клуб, а неговото обраќање до јавноста откри дека ова враќање има далеку подлабоко значење од обичен трансфер. „Се враќам дома. Таму каде што сè започна, таму каде што срцето отсекогаш ми припаѓало. Со неизмерна гордост повторно го облекувам дресот на мојот матичен клуб ...

Третолигашот Света Троица од Охрид го претстави првото зимско засилување – се работи за Никола Угриноски, 24-годишен фудбалер кој всушност е повратник. Угриноски од февруари 2025 година настапувано за второлигашот Преспа од Ресен, а по една година се раздели со клубот и сега се враќа одново во Света Троица. Низ својата кариера има настапувано и за Сатеска од Волино, второлигашот Охрид, во период од февруари 2019 до февруари 2021 година беше ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло на групната фаза на Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Клучниот дуел меѓу Македонија и Романија, кој ќе одлучува за шансите на нашата репрезентација за пласман во главната рунда, ќе биде суден од словенечката двојка Бојан Лах и Давид Сок. Станува збор за искусни европски арбитри, кои веќе делат правда и на други ...

Германската ракометна репрезентација покажа карактер и одговори на најдобар можен начин по поразот од Србија, совладувајќи ја Шпанија со 34-32 и ставајќи крај на надежите на „орлите“ за пласман во продолжението на Европското првенство. Во преполната „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, бундес-тимот одигра контролирано, трпеливо и далеку поконзистентно отколку во претходниот настап. Натпреварот започна рамноправно, со силни одбрани и бавен ритам, ...

ГКК Охрид официјално го претстави Стефан Донаковски како ново засилување во вториот дел од сезоната, со јасна цел – атак на врвот и пласман во Суперлигата на македонската кошарка. Искусниот кошаркар, висок 200 сантиметри, повторно ќе го носи дресот на охридскиот клуб, откако во минатото беше дел од поранешниот АВ Охрид. Со неговото доаѓање, „сино-белите“ добиваат цврстина, енергија и сигурност под обрачите, каде што Донаковски се очекува да ...

Ракометарите на Аеродром веќе една седмица активно се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Под водство на тренерот Митко Стоилов, екипата ги одработува тренинзите во СЦ „Јане Сандански“, каде се кова формата за предизвиците што следуваат во продолжението од шампионатот. Аеродром есенскиот дел од сезоната го заврши на одличното петто место со освоени 14 бодови, со биланс од седум победи и шест порази, со што се пласираше ...

По очекуваниот пораз од Данска и големото реми со фаворитот Португалија, македонската репрезентација повторно ја разбуди надежта кај ракометната јавност и ги задржа шансите за пласман во главната рунда на Европското првенство. Освоениот бод против една од најсилните селекции на турнирот донесе оптимизам, но и обврска – да се потврди формата против Романија. На редовната прес-конференција, селекторот Кирил Лазаров најмногу внимание посвети ...

Второлигашот Шкендија Арачиново претстави искусни засилување за пролетниот предизвици – Ален Јашароски го облекува „црвено-црниот“ дрес. 34-годишниот фудбалер настапуваше во Косово во тимот на КЕК, а сега се враќа во македонскиот фудбал. Низ својата кариера искусниот фудбалер беше дел од Силекс, Воска Спорт, Скопје, Ренова, Македонија ЃП, Шкупи, Еуромилк ГЛ, Работнички и Хоризонт Турново, додека пак во странство беше дел и од екипата на ...

Една од најдобрите македонски фудбалерки, Хава Мустафа, која со години е меѓу најдобрите стрелци во домашниот шампионат, се најде на радарот на неколку странски клубови кои пројавуваат сериозен интерес за нејзините услуги. Според информациите на Спортска Мрежа, за фудбалерката на македонскиот шампион Љуботен конкретен интерес покажуваат шведскиот гигант Розенгард и српскиот Спартак Суботица. Дополнително, според нашите сознанија, Мустафа е ...

Хрватската репрезентација го завери настапот во главната фаза на Европското првенство со убедлива победа над Холандија од 35-29 во директниот дуел во Малме. Натпреварот понуди рамноправна борба во поголемиот дел од првото полувреме, со чести промени во водството, сè додека „коцкестите“ не ја искористија серијата во финишот од првиот дел и со погодокот на Циндриќ во 20. минута првпат создадоа поосетлива предност (11-8). Иако Холандија двапати ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер официјално започна ново поглавје откако Стевче Алушовски го одржа својот прв тренинг како шеф на стручниот штаб. Во салата „Боро Чурлески“ во Битола, трофејниот тренер за првпат ја предводеше екипата, означувајќи почеток на период во кој клубот влегува со јасни амбиции и високи очекувања. По неколкудневната работа под водство на помошните тренери Лембанов и Соколески, Алушовски го презеде тимот ...

ФК Пелистер го промовираше Филип Петровиќ како ново засилување во офанзивната линија на битолскиот клуб. Станува збор за 25-годишен српски напаѓач, кој во редовите на „зелено-белите“ доаѓа по настапите за Раднички Пирот во минатата сезона. Петровиќ е фудбалер со солидно искуство во српскиот фудбал, а во текот на кариерата настапувал и за екипите на Свилајнац, Крусиљево, како и за Раднички Крагујевац. Со неговото ангажирање, Пелистер добива ...

Актуелниот шампион во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Љуботен, ќе одигра шест пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата во пресрет на пролетниот дел од сезоната, во кој тетовскиот клуб ќе атакува на одбрана на двојната круна. Љуботен ќе има два домашни и четири меѓународни тест-натпревари, што ќе му овозможи на стручниот штаб јасен увид во моменталната подготвеност и напредокот на екипата. Првиот контролен меч е закажан за 31 ...

Второлигашот Новаци го претстави своето трето зимско засилување за вториот дел од сезоната, се работи за младиот Лука Лисолајски. Се работи за 18-годишен талент од Битола, кој доаѓа од редовите на скопски Вардар каде настапуваше во младинската и кадетската суперлига, а сега ќе дебитира во сениорска конкуренција односно во Втората лига во дресот на Новаци. Својата кариера Лисолајски ја започна во битолски Топ Гол, а потоа беше дел од ...

Второлигашот Кожуф од Гевгелија за пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен со Филип Тодороски, кој доаѓа од редовите на прволигашот Пелистер. Како што дознава Спортска Мрежа, двете страни постигнале договор за соработка и Тодороски кој се раздели со битолскиот тим пристигнува во Гевгелија и се очекува да биде големо освежување и за силување за тимот од Гевгелија кој го води Иван Варадиновски. Низ кариерата Тодороски настапуваше за Победа ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
71%
1018
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.26
93%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1011
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
87%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.06

Бакар

12.10

Сребро

3663.67

Кобалт

64.04

Злато

159322.70

Цинк

3.37

Калај

49.78

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Паладиум

56617.46

Платина

83354.78