Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
ЖФК Вардар продолжува со јасна стратегија за градење конкурентен тим за иднината, откако во пресрет на пролетниот дел од сезоната ангажира три млади и перспективни фудбалерки. Нови членки на црвено-црното семејство се голманката Натали Талевска, играчот од среден ред Михаела Марковска и офанзивката Ивана Милевска. Најискусна меѓу нив е 20-годишната Натали Талевска, која пристигнува од ЖФК Топ Гол од Битола. Таа своите фудбалски почетоци ги ...
ФК Љуботен и ЖФК Љуботен влегуваат во нова ера, откако на 12 јануари 2026 година се одржаа редовните годишни собранија на двата клуба кои го носат името на најстариот фудбалски колектив во Македонија и женскиот четирикратен шампион. На собранието беше избрано ново раководство кое ќе биде заедничко за ФК и ЖФК Љуботен. За претседател на двата клуба е именуван Драгољуб Јовановски, додека старо-нови членови на Управниот одбор се Перо Јованоски, ...
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш со јасна визија влегува во пролетниот дел од сезоната, а тоа најдобро се гледа преку измените во играчкиот кадар. Клубот веќе направи неколку конкретни потези, со кои го крои ростерот за продолжението од Втората лига. Радовишани се разделија со неколку фудбалери кои беа дел од есенскиот дел на шампионатот. Клубот повеќе нема да смета на Валентин Кочоски, Давид Велковски, голманот Стефан Нанчовски, ...
Прволигашот Брера Струмица денес одработи два тренинг пред утрешниот прв пријателски натпревар кој струмичани ќе го одиграа против актуелниот шампион Шкендија. Фудбалерите на Брера под водство на младиот стратег Мартин Алаѓозовски работат под полна арена за подигање на формата. Утре Брера Струмица и Шкендија ќе го имаат првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки, а потоа тимовите заминуваат во странство да ја одработат ...
Еурофарм Пелистер го означи стартот на подготовките за продолжението од сезоната, така што ракометарите денеска се собраа во салата „Боро Чурлевски“ и го одржаа првиот тренинг во новиот циклус. Поради настапите на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, на располагање не беа девет репрезентативци, па тренажниот процес засега се одвива со скратен ростер. Првата сесија беше реализирана под водство на асистент-тренерот Алексо ...
Во рамки на подготовките за второто коло од Лигата на Европа, Европската ракометна федерација ги објави имињата на судиите и делегатите кои ќе бидат задолжени за натпреварите. Меѓу нив се најдоа и македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски од Битола, кои добија доверба да судат на меѓународен дуел во Романија. Браќата Илиевски ќе ја делат правдата во Баја Маре, каде домашниот состав ќе се соочи со унгарскиот претставник Мошонмаѓаровар. ...
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, откако тренерот Горан Здравков ја имаше првата прозивка на Градскиот стадион. Тимот за пролетниот дел ќе има неколку измени во ростерот за пролетниот дел. Радовишани се разделија со Валентин Кочоски, Давид Велковски, со голманот Стефан Нанчовски и Мартин Пивковски. Додека пак, клубот се засили со повратникот Томи Мирчевски, кој доаѓа од ...
Второлигашот Беласица денес ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната под водство на шефот на стручниот штаб Панче Стојанов. На првиот тренинг се појавија сите играчи на кои Стојанов може да смета и неколку играчи од младинскиот погон. Како што истакнуваат од клубот овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување во ростерот на струмичката фудбалска гордост. Од Беласица истакнуваат дека целите ...
РК Вардар официјално ја потврди определбата да ја гради иднината со млади и перспективни ракометари, откако потпиша долгогодишен договор со Бобан Поповски – еден од најталентираните играчи во својата генерација, кој и покрај младата возраст веќе поседува значајно искуство и богата колекција на индивидуални и екипни успеси. Поповски својата ракометна приказна ја започна во Преспа, а потоа следуваше важен развоен период во Алкалоид, каде ...
Прволигашот Работнички се раздели со искусниот Флоријан Кадриу, кој кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Офанзивецот низ својата кариера настапуваше и за Шкупи, Струга, Ренова, Велазерими, Зајаз и Врапчиште, а пак 30-годишниот меѓународна кариера градеше во албанските екипи Тирана и Ерзени, во Азербејџан за екипата на Сабаил, како и за тимот на Атирау од Казахстан. Клубот од Дебар Маало претходно се раздели со неколку фудбалери, а во ...
ЖРК Атлетик продолжува со јасна визија и стабилност во ростерот, откако клубот официјално го продолжи договорот со левиот бек Анастасија Величковска до 2029 година. Величковска е родена на 27 април 2005 година и важи за една од најперспективните ракометарки во својот генерациски круг. Ракометната кариера ја започна во РК Илинден Вардар, каде што помина пет години, по што следеше едногодишен ангажман во ЖРК Металург Автокоманда. Во 2024 година ...
Стратегот Горан Здравков утре ќе ја има првата прозивка со која Детонит Плачковица ќе означи старт на зимските подготовки. Второлигашот Радовиш утре на Градскиот стадион ќе го одработи првиот тренинг, откако претходно Здравков ќе има состанок со играчите на кој треба да биде соопштен планот за подготовки со одигрување на пријателските натпревари, како и целите за пролетниот дел. Според информациите на Спортска Мрежа ќе има неколку промени во ...
Младиот фудбалер Валентин Блажески се раздели со второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш и кариерата ќе ја продолжи во нова средина. 19-годишниот Охриѓанец во Детонит Плачковица пристигна летото 2025 година, а по шест месеци се реши за менување на средината. Блажески во Детонит Плачковица пристигна од Њу Старс, каде настапуваше од 2021 година, а претходно младиот фудбалски талент беше дел од Охрид Топ Тим и Академија Пандев 10 каде ги ...
Ракометарите на Охрид на одличен начин го отворија пријателскиот циклус во Србија, забележувајќи убедлив триумф против домашниот Врбас од 40-21. Македонскиот тим рано ја презеде контролата врз натпреварот, а решавачката предност ја изгради уште во првиот дел, по кој на семафорот стоеше 22-13 во корист на гостите. Во продолжението, Борис Ројевиќ им даде можност на сите расположливи ракометари, но односот на силите остана непроменет. ...
Роџерс Мато ќе ја продолжи кариерата во шкотската Премиер лига, откако Хартс официјално потврди дека постигнал договор со офанзивецот на Вардар за трансфер по завршувањето на сезоната. Репрезентативецот на Уганда во јули ќе се пресели во Единбург како слободен играч и ќе потпише договор на три години. Иако постоеја обиди Мато да биде задржан во Скопје, договорот со „црвено-црните“ истекува на лето, а шкотскиот клуб уште претходно го имаше ...
Кристијан Пилиповиќ на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на настапите во дресот на Охрид и ќе се врати во швајцарскиот ракомет, каде од летото 2026 година ќе биде дел од Криенс Луцерн. Искусниот голман, кој има хрватско потекло и австриски пасош, реши да продолжи во швајцарскиот клуб. Пилиповиќ во Охрид пристигна кон крајот на октомври и за кратко време се наметна како еден од клучните фактори во тимот, давајќи значаен придонес во ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ја објави судиската распределба за првото коло од Европското првенство 2026, а дуелот меѓу Данска и Македонија ќе биде доверен на молдавските арбитри Алексеј и Игор Ковалчиук. Натпреварот од групата Б, во кој македонската репрезентација ќе се соочи со главниот фаворит за златниот медал, е закажан за 16 јануари во Хернинг и ќе претставува вистински тест уште на самиот старт на шампионатот. По ...
Македонската ракометна репрезентација в петок ќе го започне настапот на Европското првенство и тоа со дуел против домаќинот Данска, селекција која, според селекторот Кирил Лазаров, е најдобра во светот во последната деценија. „Го играме првиот натпревар против најдобрата екипа во светот во последните десет години, Данска и возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, тоа ќе биде многу тешко за нас, но немаме што да изгубиме на ...
Македонскиот дефанзивец Диме Димов повеќе не е дел од индонезискиот клуб Персебаја, откако двете страни постигнаа договор за прекин на соработката на почетокот на 2026 година. По една сезона мината во индонезискиот фудбал, 31-годишниот стопер се наоѓа пред нова клупска страница во својата кариера. Димов имаше значајна улога во тимот, редовно добивајќи шанса во стартниот состав, а во текот на престојот во Персебаја настапи на 29 официјални ...
Есенскиот шампион Вардар денес „летна“ за Анталија, Турција каде ќе ја реализира главната фаза од подготовките до 3 февруари. На турско тло ќе се одиграат и шест пријателски натпревари, преку кои ќе се проверува формата за пролетниот дел, а во кој Вардар ќе атакува на шампионската титула. Првиот пријателски меч е на 17 јануари против Јаблонец од Чешка, три дена подоцна против Андијон од Узбекистан. На 23 јануари Вардар ќе се тестира со Мотор ...
Ракометарите на МРК Куманово официјално ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Машката ракометна Супер лига. Од денес тимот работи под водство на новиот шеф на стручниот штаб, српскиот стратег Александар Радосављевиќ, кој ја имаше својата прва прозивка во Спортската сала при ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Куманово. Токму во оваа сала ќе се одвиваат сите тренинзи во подготвителниот период. Според планот на Радосављевиќ и ...
Македонската ракометна репрезентација со последни проверки во Данска пред почетокот на Европското првенство. Нашата тренинг база од последните подготовки е во Силкеборг, град во близина на Хернинг, каде ќе ги играме натпреварите од групата Б. Средниот бек на Македонија, Марко Митев, вели дека имаат уште неколку за подготовки, фокусот е ставен на Данска, против која го отвараме ЕП, а тој истакна дека ќе го дадат максимумот. „По напорниот пад ...
Македонскиот тренер Душко Кландев од Радовиш доби големо признание во Австрија, откако официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Салцбург, а следуваше и неговата официјална промоција. Радовишанецот кој со години живее и работи во Австрија, досега беше активно вклучен во работата со младинските категории. Сега, по долгогодишниот ангажман и довербата од клубот, доби шанса да ја води и сениорската екипа. Во неговата работа ќе му ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 официјално ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната, како што веќе информираше Спортска Мрежа, со јасна цел – борба до крај за место во плеј-офот на Суперлигата. Екипата ќе тренира во Битола, а во подготовките се планирани и три контролни натпревари против Прилеп и Младост Богданци. Тимот презимува на седмото место со 17 бодови и на последните четири кола од регуларниот дел ќе влезе со реални, ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со работен состанок и првиот тренинг официјално ги започнаа активностите за вториот дел од сезоната во Суперлигата. Тренерот Александар Зарков на првата прозивка ги имаше на располагање речиси сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола да избори место во плеј-офот. Подготовките ќе се реализираат во Битола, а тимот секојдневно ќе тренира во спортската сала „Боро ...
Ракометниот клуб Вардар официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој „црвено-црните“ ги очекуваат возбудливи предизвици на домашната и на европската сцена. Под водство на тренерот Иван Чупиќ, вардарци го одработија првиот тренинг во Скопје и го означија стартот на подготвителниот период. Во почетната фаза од подготовките, стручниот штаб е без дел од ракометарите кои се на репрезентативни обврски. Десниот бек Урош ...
Ракометниот суперлигаш Бутел Скопје официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, со јасна цел да обезбеди пласман во разигрувањето за титулата во Супер лигата. Под водство на стратегот Горан Кузманоски, беше одржана првата прозивка, на која се појавија и двете нови засилувања во тимот. Станува збор за левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ, младински репрезентативец на Македонија кој пристигнува од Мулти Есенс, како и за пивотот ...
ГРК Охрид ја темпира формата за пролетните предизвици во Врбас, ракометарите работат под полна пареа, а на подготовките се приклучи и хрватскиот репрезентативец Анте Иванковиќ. Здравствениот билтен е одличен, екипата тренира и работи според подготвителниот план на стручниот штаб. Веќе утре Охрид го игра првиот пријателски меч против тимот на Врбас со почеток од 17 часот. ГРК Охрид ја темпира формата за пролетните предизвици во Врбас, ...
Фудбалскиот клуб Победа Валандово, актуелен лидер во Третата лига – Исток и екипа која сезонава чекори кон враќање во Втората македонска фудбалска лига, направи значаен чекор надвор од теренот, официјално промовирајќи ја својата нова клупска веб-страница. Станува збор за модерна и функционална платформа преку која клубот воспоставува директна и транспарентна комуникација со јавноста и навивачите. Особено значајно е тоа што секој донатор на ...
Македонскиот шампион Шкендија договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за пролетниот дел од сезоната, а во кој ќе води трка за одбрана на титулата со лидерот Вардар и Струга Трим Лум. Првиот пријателски меч ќе биде веќе на 15 јануари против Брера Струмица, а потоа тимот заминува за Анталија, каде на турско тло ќе ја темпира формата. Првиот текст на турско тло ќе биде против Олександрија од Украина меч кој ќе се ...