Македонија извлече голем бод против фаворизираната Португалија (29-29), а еден од хероите на вечерта (покрај блескавиот Мартин Томовски), имаше име и презиме – Филип Кузмановски. Капитенот одигра натпревар за историја, постигна неверојатни петнаесет голови и со лидерска партија ја одржа репрезентацијата во живот во дуел кој имаше карактер на вистинско финале. Нашата селекција настапи храбро и пожртвувано против една од најсилните екипи на ...

Бодот против Португалија донесе олеснување и еуфорија, но реалноста е јасна – тој резултат ќе вреди само ако во последното коло ја совладаме Романија. Во спротивно, спектакуларното враќање и одбраните на Томовски ќе останат само убав момент, без вистинска тежина во конечниот пласман. Македонија влегува во решавачкиот меч со јасна цел: место меѓу првите три во групата. Теоретски, постои и можност за сензационално второ место зад Данска, но за ...

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром и Оливер Двојаковски повеќе не соработуваат, откако двете страни денеска спогодбено го раскинаа договорот. Клубот официјално ја информираше јавноста дека соработката со поранешниот младински репрезентативец е прекината, при што му се заблагодари за ангажманот и професионалниот пристап во периодот поминат во „сино-белите“ редови, посакувајќи му многу успех во понатамошната кариера. ...

Македонската ракометна репрезентација доби дополнително засилување на Европското првенство во Данска, откако селекторот Кирил Лазаров беше принуден да направи промена во ростерот по серијата повреди. По дуелот со Португалија, Македонија остана без двете леви крила, Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, што го натера стручниот штаб да побара итно решение за оваа позиција. Изборот падна на искусниот Гоце Ојлески, кој беше дел од резервниот список и ...

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со активностите на трансфер-пазарот и официјално го претстави Томче Гроздановски како ново засилување за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. 25-годишниот играч за врска се враќа во македонскиот фудбал по интернационалната авантура во Романија, каде настапуваше за Конкордиа. Гроздановски со „зелено-белите“ потпиша договор до крајот на актуелната сезона, а во своето ЦВ има и еден настап за сениорската ...

Филип Кузмановски одигра фантастичен натпревар против Португалија, нашиот капитен постигна 15 погодоци, и беше МВП на натпреварот. По мечот тој зборуваше за големата драма од мечот кој заврши без победник 29:29, „Некако тешко е сега да се говори, но како што кажав по Данска навистина верувавме во себе, знаевме дека имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, навистина напорно работевме и фокусот беше на Португалија и на ...

Данската ракометна репрезентација уште еднаш покажа зошто важи за главен фаворит за златниот медал на Европското првенство. Во вториот натпревар од групата, домаќинот во Хернинг рутински ја совлада Романија со убедливи 39-24 и со максимален учинок веќе обезбеди пласман во главната рунда. Иако Романците храбро влегоа во мечот и успеаја солидно да парираат во првото полувреме, Данците постепено го презедоа целосниот контролен пакет. Во ...

22-годишниот Лука Милојевиќ е ново засилување на ФК Пелистер. Фудбалерот од средниот ред во Битола пристигнува на позајмица од српскиот прволигаш Раднички Крагујевац. Милојевиќ е млад и перспективен играч кој може да одговори на повеќе позиции во средината на теренот, а се одликува со добра техничка подготвеност, преглед на играта и борбеност. Во својата досегашна кариера има настапувано за Раднички Крагујевац, како и за Младост Нови Сад, ...

Македонската репрезентација одигра неверојатен, инфарктен натпревар со Португалија и ремизираше 29:29, со што останува во трка за пласман во главната фаза на Европското првенство 2026. Неверојатната драма ја одбележа натпреварот, а по завршувањето селекторот Кирил Лазаров даде детална анализа за случувањата на теренот: „Не знам дали смеам да кажам што ми е на душа бидејќи што имам многу, мора да бидеме претпазливи да не навредиме некој, ...

Македонската машка ракометна репрезентација одигра натпревар за паметење и освои голем бод против фаворизираната Португалија, ремизирајќи 29-29 во второто коло од Европското првенство 2026. Во меч исполнет со пресврти, повреди и огромна борба, избраниците на Кирил Лазаров покажаа карактер и се вратија од сериозна негатива во второто полувреме. Македонија одлично го отвори натпреварот, со цврста одбрана и сигурен Никола Митревски меѓу ...

Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат со одличните настапи во подготвителниот период, откако триумфираа на меѓународниот турнир „Вук Рогановиќ“ што се одржа во Белград. Македонскиот суперлигаш во финалето беше подобар од словенечкиот Тримо Требње и заслужено се закити со нов трофеј. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа контролирано и зрело финале, наметнувајќи свое темпо уште од самиот почеток. Охрид имаше резултатска предност во поголемиот ...

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш официјално ги потврди трансферите на четири фудбалери кои ги најави претходно Спортска Мрежа. Се работи за повратникот Тони Мирчевски, голманот Павел Петревски, за Љупче Христовски и за младиот и талентиран Омер Сулејмани. 29-годишниот Мирчевски се враќа во Детонит Плачковица, тој во минатото настапуваше за радовишкиот второлигаш и беше дел од златната генерација која го испиша најголемиот резултат ...

Македонската ракометна репрезентација со изменет состав ќе истрча на теренот против Португалија во второто коло од групната фаза на Европското првенство. Селекторот Кирил Лазаров направи две значајни корекции во ростерот, со што јасно најави поинаков пристап во однос на стартниот натпревар со Данска. По пауза во првото коло, повторно во комбинација се најдоа искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои поради помали здравствени проблеми ...

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ја игра една од клучните средби на Европското првенство, дуелот против Португалија во рамки на второто коло од групата Б. По поразот од Данска на стартот, избраниците на Кирил Лазаров се наоѓаат во ситуација во која бодовите од овој натпревар можат значително да ги зголемат шансите за пласман во наредната фаза. Средбата во „Јиске Банк Боксен“ во Хернинг носи огромна тежина, бидејќи ...

Второлигашот Новаци го престави второто зимско засилување – се работи за левиот бек Мартин Пивковски, кој доаѓа од редовите на Детонит Плачковица. 20-годишникот низ својата покрај за радовишкиот второлигаш настапуваше и за Кожуф, а беше дел и од Брера Струмица. Пивковски всушност е повратник во редовите на Новаци, бидејќи и во минатото беше дел од овој тим. Младиот фудбалер кој е од Могила се враќа во добро позната средина и се очекува да ...

Осогово го претстави Стојанчо Велинов како трето зимско засилување за пролетниот дел од сезоната. Станува збор за искусен фудбалер и повратник во второлигашот од Кочани, од кого се очекува со своето искуство значително да го подигне квалитетот на тимот. По официјалната промоција во жолто-плавиот дрес, Велинов истакна дека е благодарен за укажаната доверба и дека за него претставува големо задоволство што повторно ќе настапува за Осогово. ...

Прволигашите Работнички и Шкупи денес одиграа пријателски натпревар во рамки на зимските подготовки за Првата лига. „Романтичарите“ беа подобри со резултат од убедливи 5:2. За тимот од Дебар Маало двоен стрелец беше Бошнаков, а по еден гол постигнаа Манојлов, Шаини и Подграѓа. Двете екипи во пролетниот дел ќе водат борба за опстанок во елитата, со тоа што Шкупи е во многу тешка ситуација за да стигне до опстанокот, а пак Работнички е во нешто ...

Стојанчо Велинов повторно ќе го носи жолто-плавиот дрес, откако официјално стана нов играч на Осогово. Искусниот македонски фудбалер се враќа во клубот каде што веќе има настапувано, носејќи дополнително искуство и стабилност во тимот. 36-годишниот Велинов доаѓа како слободен играч, откако не ја продолжи соработката со бугарскиот клуб Несебар. Во редовите на овој тим пристигна во јануари 2024 година од Черноморец Бургас, а зад себе има богата ...

Македонскиот суперлигаш Охрид вчера забележа победа над Динамо Панчево со убедливи 27:20 во полуфиналето и така стигна до влез во големото финале на 5. издание на турнирот „Вук Рогановиќ“, кој се игра во Белград. Во големото финале Охрид вечерва од 17 часот че игра против Тримо Требње, а пак во дуелот за трето место од 15 часот ќе се соочат Партизан и Динамо Панчево. Охрид зимските подготовки ги одработува во Србија, каде претходно одигра ...

Младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица од Радовиш го започнаа подготвителниот период за претстојните предизвици, со фокус на настапот на меѓународниот турнир Вихрен Куп, кој ќе се одржи на 29 јануари 2026 година во Сандански, Бугарија. Во тренажниот процес се вклучени селекциите помлади пионери – петлиња, кои со голем ентузијазам и мотивираност работат под „полна пареа“, со цел радовишкиот клуб да има што е можно поуспешно претставување ...

Србија забележа голема победа над Германија со 30:27, триумф кој многу веројатно може да ја однесе српската репрезентација во следната фаза на Европското првенство 2026. По натпреварот, селекторот на Србија, Раул Гонзалес, го изнесе своето видување за дуелот со Германија, но и за она што ја очекува неговата селекција во последниот натпревар од групната фаза против Австрија. „На почетокот не тргнавме добро, погрешивме многу пати, тогаш бевме ...

Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Валандово распиша конкурс за фудбалски судии – машки и женски. Право на пријавување на овој конкурс за фудбалски судии имаат сите лица со наполнети 16 години, а кои имаат желба да започнат кариера како фудбалски судија. Конкурсот ќе биде отворен во следниот период, а сите заинтересирани ќе може да се пријават кај Златко Зафиров на 078 381 650, кај Славе Станисавовски на 071 513 537, како и кај Петар Манчев на ...

Искусниот голман Кристијан Наумовски официјално се врати таму каде што започна неговата фудбалска приказна – во Автокоманда, како ново засилување на второлигашот Скопје. Неговиот камбек не е само уште еден трансфер, туку враќање дома, што најдобро го опишува и самата негова изјава по промоцијата во „пиратскиот“ дрес. Со богато интернационално искуство и настапи во неколку земји, Наумовски доаѓа како големо засилување за амбициозниот проект на ...

Прволигашот Тиквеш ги започнува подготовките во Анталија, Турција, откако тимот денес пристигна на турско тло. Во текот на престојот, кавадаречкиот прволигаш ќе одигра неколку пријателски натпревари против квалитетни противници, со цел проверка на формата за пролетниот дел од шампионатот. Фокусот на подготовките ќе биде ставен на физичката подготвеност на фудбалерите, како и на унапредување на тактичките сегменти на играта. Клубот наскоро ќе ...

Второлигашот Беласица од Струмица преку пет пријателски натпревари ќе ја проверува формата за пролетниот дел од сезоната. Првиот пријателски натпревар струмичани го играат на 24 јануари против Кожуф, а пак на 31 јануари струмичката фудбалска гордост ќе се тестира со Осогово. На 3 февруари ќе следува пријателски натпревар со Детонит Плачковица, а потоа Беласица ќе одигра два меѓународни пријателски натпревари. На 7 февруари Беласица ќе игра ...

Второто коло на Европското првенство донесе возбудливи натпревари и сериозно ја искомплицира борбата за пласман во главната фаза, особено во групата А, каде што Србија приреди големо изненадување. Селекцијата на Србија ја совлада Германија со 30-27 и остана во игра за место во следната рунда. Иако Германците имаа предност по првото полувреме (17-13), избраниците на Раул Гонзалес одиграа одлично во продолжението, ја зацврстија одбраната и со ...

Европската ракометна федерација ги назначи официјалните лица за натпреварите од второто коло на Европското првенство, а вниманието на македонската јавност е насочено кон дуелот со Португалија. Правдата на овој важен натпревар ќе ја делат Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина, судиска двојка која поради својата специфичност често е во фокусот, бидејќи станува збор за браќа близнаци. За нив ова ќе биде прв ангажман на континенталниот ...

Искусниот Алпај Јусуф пристигна во Осогово, каде што ќе ја продолжи својата кариера во редовите на второлигашот од Кочани. Неговото искуство треба да биде значаен адут за „жетварите“ во остварувањето на клупската цел – директен опстанок во Втората лига. Како што истакна Јусуф, чест му е што доаѓа во Кочани и што ќе го носи дресот на Осогово, а додаде дека ќе даде максимум за да се исполнат амбициите на клубот. „Чест ми е што сум во Кочани и ...

Како што претходно најави Спортска Мрежа, вечерва второлигашот Осогово од Кочани официјално го промовираше Алпај Јусуф, за ново засилување, а станува збор за 27-годишен играч за врска. Низ својата кариера Јусуф беше дел од Арсими, Башкими, настапуваше и за Скопје, Детонит Плачковица, Кадино, Кит Го од Пехчево, за Силекс, Локомотива-Бентоекспорт и Милано. Во Осогово, Алпај Јусуф доаѓа од косовскиот тим Феризај. Со Јусуф второлигашот од Кочани ...

Вториот натпреварувачки ден на Европското првенство 2026 донесе три интересни дуели, во кои фаворитите ја оправдаа улогата, иако не сите на ист начин. Шпанија и Франција запишаа убедливи победи, додека Хрватска со многу напор стигна до бодовите против мотивираната Грузија. Шпанската репрезентација со доминантно издание ја совлада Австрија со 30-25 и го потврди пласманот во главната рунда. „Фуријата“ контролираше од самиот почеток, на паузата ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
71%
1018
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.26
93%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1011
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
87%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Калај

49.78

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72

Злато

159322.70

Сребро

3663.67

Родиум

339190.38

Кобалт

64.04