Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Дваесет и пет годишниот американскиот плејмејкер Ноа Фарахан (висок 185 см) и официјално е нов кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша договор со актуелниот македонски шампион. Фарахан зад себе има успешна дебитантска сезона во Европа. Настапуваше за босанските Студент, Игокеа и Борац Бања Лука, а сезоната ја заврши во словачкиот прволигаш Комарно. Универзитетската кариера ја градеше во САД, настапувајќи за Источна Каролина, Вест ...
Кондицискиот тренер Трајче Стојанов и во сезоната 2026/27 ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув, откако го продолжи договорот со гевгелискиот прволигаш. Стојанов зад себе има успешна сезона во која беше важен дел од тимот што го освои сребрениот медал во Купот на Македонија. Покрај клупските обврски, тој беше и член на стручниот штаб на македонската репрезентација до 18 години, која ова лето го оствари најголемиот успех во својата ...
Третолигашот ФК Пчиња 2015, кој се натпреварува во Третата лига – Регион 2, продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона. Ново име во редовите на клубот е голманот Давид Стојановиќ, кој ќе ја засили конкуренцијата меѓу стативите. Стојановиќ во Пчиња 2015 пристигнува од екипата на БВК Коњаре, а во својата досегашна кариера настапуваше и за Македонија ЃП, каде стекна драгоцено искуство. Од клубот веруваат дека неговото ...
Екипата на Големо Коњари која минатата сезона настапуваше во Втората македонска фудбалска лига денес ги започнува подготовките за новата сезона, односно за настапите во Трета лига регион 4. Тренер на тимот останува Столе Дунимаглоски, кој и во пролетниот дел од минатата сезона го водеше екс второлигашот. Договорени се четири пријателски натпревари за проверка на формата, а ќе се работи и на ангажман на неколку засилувања. Големо Коњари ...
Прволигашот Вардар кој минатата сезона беше дебитант во Првата женска фудбалска лига годинава е решен да гради тим кој ќе има високи дострели, а ако се погледнат имињата кои доаѓаат во скопскиот тим тогаш дефинитивно „вардарки“ ќе атакуваат на висок пласман и ќе направат „проблеми“ за титулата или можеби и директно ќе се вклучат во трката по истата. Вардар се засили со репрезентативката Меланија Грозданова, фудбалерка за која интерес имаше ...
Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на македонската репрезентација, искусниот Иван Стојановски – Шваба. 35-годишниот Стојановски во тимот од Јосифово доаѓа од редовите на велешки Кеги Моби, а низ неговата кариера го чуваше голот на Форца, Шкупи, Арбен Бајрами, Велес и Биџо, а меѓународна кариера градеше во Косово, каде настапуваше за тимот на Вјоса. Проект втората фаза од подготовките ја реализира во СЦ ...
КК Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот клуб е Коста Кириловски, еден од најперспективните млади македонски кошаркари. Станува збор за високо крило кое потекнува од школата на Водно Санс, а во изминатите две сезони настапуваше за Игокеа и Кожув, каде што стекна значајно искуство во сениорска конкуренција. Кириловски е стандарден член на младинските репрезентации на Македонија, а со своите ...
Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се реализира во СЦ „Истатов“ во Дојран. По успешно реализираниот прв дел од подготовките, тимот од Јосифово се „пресели“ во Дојран каде ќе работи на втората фаза која е посветена на тактичко-техничкото воигрување на тимот пред настапот во УЕФА Футсал лигата на шампиони. „Работниот ритам се засилува, а атмосферата меѓу играчите е одлична. Заедништвото, ...
Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување на битолскиот клуб е искусниот Благојче Спиркоски, кој по пауза од пет години повторно ќе го носи зелено-белиот дрес. Спиркоски се враќа во Битола по шестмесечниот престој во второлигашот Охрид и со своето богато искуство треба да биде едно од клучните имиња во тимот на Борче Христов, кој има јасна цел – експресно враќање на ...
Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со резултат од 0:2. Стрелци за струмичката фудбалска гордост беа Костов и Крстев со што Беласица беше подобра од гевгеличани. Овој натпревар беше можност за проверка на формата и како оди подигањето на истата, а тренерите Благој Дуганов и Мартин Алаѓозовски имаа можност да ротираат и комбинираат. Новата сезона во Втора лига екипата на Кожуф ја отвара во ...
Македонскиот шампион Вардар беше на чекор до голем подвиг во Летонија, но и покрај херојската борба со играч помалку, не успеа да го издржи силниот притисок на Рига, која по продолженија славеше со 5-2 и обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Во регуларните 90 минути „црвено-црните“ победија со 2-1, со што го анулираа поразот од првиот натпревар, но дополнителните 30 минути му припаднаа на летонскиот првак. ...
Спортската сала „Млаз“ во Богданци по влезот на Младост во Супер лигата доби комплетно нов лик. Соблекувалните за домаќините и гостите се комплетно уредени, со нови шкафчиња, комплетно уредени тушеви, wc и сите потребни елементи за да можат истите да понудат максимално одлични услови за ракометарите. Вратен е во функција официјалниот влез за публиката, службен влез (број еден) за новинари и службен влез (број два) за ракометари и службени ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш не запира со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во редовите на кавадаречкиот клуб е бразилскиот фудбалер Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо. Станува збор за млад фудбалер кој настапува на позицијата десен бек и од кого во Тиквеш очекуваат да внесе дополнителен квалитет, енергија и конкуренција во составот. Кавадарчани веруваат дека неговите технички способности и желбата за ...
Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски официјално е нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана, откако со клубот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. 49-годишниот стратег во Љубљана пристигнува по успешната сезона на клупата на Радомље, каде со својата работа остави силен впечаток во словенечкиот фудбал. Токму резултатите што ги оствари со Радомље беа главната ...
На првиот собир се појавија сите ракометари на кој охридскиот стратег ќе може да смета во текот на подготовките и за новата сезона. Во тимот владее одлична позитивна атмосферата, новите засилувања се запознаа со своите нови соиграчи. Собирот започна со состанок меѓу управата, стручниот штаб и играчите, а потоа беше одработен и првиот тренинг. На играчите им беше соопштен планот за подготовки, а целите на клубот ќе бидат директен опстанок во ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов член на полскиот прволигаш Погон Шчечин. Двете страни потпишаа договор на две години, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач во Полска пристигнува со богато интернационално искуство стекнато настапувајќи во неколку силни европски првенства. Во текот на својата кариера ги носеше дресовите на германските Келн, ...
Третолигашот Илинден дефинитивно е решен за влез во Втората македонска фудбалска лига, за што клубот веќе промовираше четири квалитетни екстра засилувања со што квалитетот во сопствените редови е подигнат значително. Станува збор за Ален Јашароски, Филип Манасиевски, Кристијан Чурлинов и Дарко Глишиќ, кои веќе ставија потписи на договори со новиот клуб. 34-годишниот Јашароски е искусно име во македонскиот фудбал со над 300 настапи во Првата ...
Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ двајцата во пакет пристигнаа од редовите на третолигашот Победа од Валандово. Ашовалиев и Миленковиќ минатата сезона беа шампиони со Победа во Трета лига – Исток, но во баражот не успеаја во дресот на „калинкарите“ да триумфираат за пласман во Втора лига. Ашовалиев кој има 20 години веќе се истакна на пријателската против Новаци кога го постигна единствениот гол ...
Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, повеќе нема да го носи дресот на Астибо и во новата сезона ќе има нов клуб во својата богата кариера, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Искусната 32-годишна ракометарка, која настапува на позицијата лев бек, донесе одлука да ја промени средината откако Астибо, поради финансиски проблеми, се откажа од настап во ...
Талентираниот напаѓач Аган Сулејмани е пред заминување од кумановскиот прволигаш Башкими. 21-годишниот фудбалер беше дел од почетниот состав на Башкими во натпреварот против Силекс од првото коло на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, кој кумановскиот тим го загуби со убедливи 6:0 во рамките на првото коло од новата сезона. Според информациите, се очекува Сулејмани кариерата да ја продолжи во друг македонски клуб, со што ќе ...
Шкендија со сигурна победа од 3-0 против Скопје успешно ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот состав на натпреварот одигран во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ од самиот почеток ја презеде контролата и заслужено ги освои првите три бода. Избраниците на Артим Положани уште во воведните минути создадоа неколку добри можности, а по иницијативата што ја имаа, заслужено поведоа во првиот дел. Фахд ...
Историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп останува зад клубот, но новите предизвици веќе се пред врата. Со стартот на подготовките, охридскиот тим започна ново поглавје, а пред тренерот Борис Ројевиќ е задачата повторно да создаде тим што ќе биде конкурентен на домашната и европската сцена. По заминувањето на неколку важни ракометари и доаѓањето на нови засилувања, во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа, српскиот ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, на импресивен начин ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Башкими со убедливи 6-0 на домашен терен во Кратово. Избраниците на Александар Васоски уште од самиот старт покажаа дека немаат намера да остават простор за изненадување. Веќе во 3. минута Дарко Илиевски по изведен корнер со удар со глава ја затресе мрежата за водство од 1-0, а само пет минути подоцна ...
Екипата на Куманово го утврди планот за подготовки за новата сезона, а целта ќе биде влез во Втора лига. Куманово кој пред неколку сезони беше шампион во Трета лига – Север не успеа да го помине баражот откако загуби од Победа, а сега ќе се натпреварува во Трета лига регион 2 каде ќе се натпреваруваат екипи од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. Куманово се наметнува како главен фаворит, а за таа цел ...
На 24.07.2026 година во Хотел Хилтон Скопје се одржа летен семинар за делегатите на фудбалските натпревари од Првата и Втората МФЛ и Купот на РМ за сезона 2026/27. Семинарот го водеше Претседавачот на Комисијата за натпреварување на ФФМ Г-дин Светозар Станковски, во присуство на Заменик Претседавачот на Комисијата за натпревари на ФФМ Г-дин Дончо Герасимовски, Г-дин Виктор Крстиќ од Правниот оддел на ФФМ, Г-дин Мартин Мицев од Одделот за ВАР ...
Екипата на Башкими ќе ја започне новата сезона на гостински терен, каде што в недела ќе се соочи со тимот на Силекс во Кратово. Кумановскиот тим се соочи со одредени потешкотии и доцна ги започна подготовките, но тоа не го намалува оптимизмот кај фудбалерите за уште една успешна сезона во домашната елита. „Ја започнуваме оваа шампионска сезона со голем ентузијазам. Иако се соочивме со одредени проблеми и ги започнавме подготовките со ...
По првиот европски предизвик против Браво во Словенија, вицешампионот во Првата лига, Шкендија од Тетово, в недела како домаќин ќе се соочи со екипата на Скопје, со јасна цел да ги потврди своите шампионски амбиции. „Секако, ова е нова сезона и нов шампионат. Амбициите остануваат исти — одиме на шампионската титула и сакаме да започнеме успешно, онака како што треба. Ќе го дадеме својот максимум за да победиме на овој натпревар“, изјави на ...
Новиот прволигаш ФК Скопје ја отвора сезоната со гостински натпревар против вицепрвакот Шкендија. Мечот ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија со почеток во 19 часот, а новиот шеф на стручниот штаб на клубот од Автокоманда, Муарем Муарем, верува дека неговиот тим може да му парира на фаворитот. „Нема сомнение дека Шкендија фаворит по неколку основи, и квалитативно, но и се наоѓа веќе во натпреварувачка форма, со ...
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со првиот работен состанок и прозивката на ракометарите, битолскиот тим означи почеток на новото поглавје, кое ќе биде предводено од искусниот хрватски стратег Лино Червар. Червар, на првата средба им се обрати на ракометарите, го претстави планот за подготовките и ги мотивираше своите избраници, посакувајќи им пред сѐ добро ...
Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона без едно од своите најискусни крила. Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков и битолскиот клуб нема да ја продолжат соработката, па по три сезони минати во зелено-белиот дрес, нивните патишта се разделуваат. Манасков беше еден од најстандардните и најзабележителните ракометари во составот на Еурофарм Пелистер во изминатата сезона, но двете страни не успеаја да се договорат за ...