Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, кој испрати јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат и да започнат ново спортско поглавје. На фудбалскиот терен во Ораовица, под рефлектори, настапија околу 40 млади фудбалерки, кои имаа можност да одиграат неколку меѓусебни пријателски натпревари. Се играше секој со ...

Филип Кузмановски имаше блескава вечер во „Боро Чурлевски“ и со 15 погодоци беше најзаслужен за победничкиот старт на Еурофарм Пелистер во Регионалната лига. Битолчани пред својата публика го совладаа српскиот шампион Партизан со 35-31. Уште во првите 30 минути домаќинот наметна ритам кој гостите тешко го следеа. Еурофарм Пелистер на паузата замина со седум гола предност (20-13), а во продолжението разликата во еден момент достигна и девет ...

Со мечевите од првото коло стартуваше 25. издание на Првата женска фудбалска лига, а првата рунда донесе погодоци на сите натпревари и едно изненадување. Шампионот Скопје без воопшто и да се „испоти“ до доби убедливо Кочани со 4:0 и победнички ја започна одбрана на титулата. Резултатот го отвори радовишанката Глорија Тодорова која погоди во 13. минута за водство на тимот од Пржино. Во 28. минута Сара Коларовска погоди за водство од 2:0, а ...

Македонски судии ќе делат правда на Медитеранските игри во Италија, каде четворица наши арбитри добија ангажмани на меѓународната сцена. Како меѓународни асистент-судии правдата ја делат искусната Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека Ангелчо Ристов е ангажиран како главен судија со статус на национален судија, а Александар Николоски како асистент судија со статус на национален судија, се работи за перспективни судии. ...

Ракометниот клуб Младост од Богданци има нешто што секој клуб би го посакал – огромна поддршка од трибините, а меѓу најверните навивачи се издвојува Томица Тасев, човекот кој не пропушта натпревар на својот омилен клуб. Тасев денес е во Прилеп, каде што Младост настапи на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Богданчани во натпреварот за петтото место загубија од Бутел со 32:30, но резултатот не беше причина Тасев да изостане од трибините. ...

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига, ЖФК Менада од Тетово се засили со Марија Колевска и Ивана Димовска. Колевска во редовите на тетовскиот второлигаш доаѓа од Слободен, таа може да покрие повеќе позиции во тимот и ќе биде важно засилување за Менада. Низ кариерата 23-годишната фудбалерка настапуваше уште и за матичниот Џи-Џи. Димовска доаѓа од Љуботен, тим со која ја освои и шампионската титула и ќе биде одлично засилување за Менада. ...

Ракометниот клуб Текстилец УГД влегува во завршната фаза од подготовките за новата сезона во Првата ракометна лига на Македонија. Штипскиот состав веќе е во полн тренажен процес, а до почетокот на првенството останува да се одиграат уште неколку пријателски натпревари. Во клубот се задоволни од досегашниот тек на подготовките, а тренерот Бобан Попов го истакнува добриот интензитет на тренинзите. Управата успеа во најголем дел да го задржи ...

Прволигашот Вардар денес ја отвара новата сезона во Првата женска фудбалска лига во скопска пресметка против Истатов. Раководството на Вардар ги промовираше Мила Стојановска, Џенита Кицара, голманката Тина Туџарска и Зорица Бојкова, а ја продолжи соработката со Амире Азизи и Александра Јовановска. Стојановска доаѓа од второлигашот Слободен кој повеќе нема да се натпреварува, низ кариера 18-годишната фудбалерка настапуваше и за Истатов и ...

Охрид по истиот рецепт како минатото лето го отвори подготвителниот период – со два освоени трофеи, откако „гладијаторите“ најпрво триумфираа на Струшкиот турнир против Вардар, а потоа го освоија и турнирот ,,Крсте Андоновски”, повторно против македонскиот шампион. Новото засилување во редовите на Охрид, македонскиот долгогодишен репрезентативец- Филип Талески, беше дел од двете финални пресметки, а по успешниот старт, во разговор за Спортска ...

На 12/13 септември ќе започне новата сезона во Првата ракометна лига, познат е и распоредот за цела сезона. Првото коло носи дерби меч меѓу екипи кои ќе имаат отворени амбиции за влез во Супер лигата меѓу Драчево Јуниор и Вардар Неготино, ланскиот суперлигаш Радовиш сезоната ја отвара против Аеродром во гости, а пак Пролет кој се откажа од натпреварување во Супер лигата новата сезона во прволигашката конкуренција ја стартува на домашен терен ...

Довчерашниот капитен на КК Пелистер, Дарко Најдовски, стави крај на својата играчка кариера и започнува ново поглавје – тренерската кариера. Поранешниот лидер одлучи новата сезона да ја дочека во нова улога. Најдовски ќе се приклучи кон стручниот штаб предводен од Тане Спасев, каде заедно со Владимир Николовски ќе ја извршува функцијата асистент-тренер. Со овој потег КК Пелистер продолжува да им дава шанса на млади и перспективни тренери, во ...

По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, даде првична оценка за досегашниот тек на подготовките и откри што можат навивачите да очекуваат од тимот во новата сезона. „Подготовките се одвиваат според планот. Тимот е заедно, сите се здрави и работиме добро на адаптацијата и вклопувањето во нашиот систем. Успеавме да ангажираме играчи за кои сметаме дека добро ќе се вклопат во нашите идеи за игра“, вели Атанасов. ...

Кошаркарскиот клуб Работнички со големи амбиции ја очекува новата сезона, а шефот на стручниот штаб Владимир Мирковски истакнува дека главната цел е враќање на клубот на позициите кои му припаѓаат. „Имаме нова управа, нова енергија и заедничка цел – да го вратиме Работнички таму каде што му е местото – на врвот!“, вели Мирковски. За искусниот стратег ова ќе биде 24-та сезона во тренерската кариера, а втора на кормилото на сениорскиот тим на ...

Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение во однос на мечот од 4. коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија Арачиново и Арсими. ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФФМ: На натпреварот од четвртото коло на Првата МФЛ, одигран на стадионот во Чаир помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Аресими, беа забележани две клучни и особено предизвикувачки ситуации за судиска проценка. Во двата случаи главниот судија донесе целосно ...

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на денешните натпревари од првото коло на Првата женска фудбалска лига. Дарко Стојанов ќе им суди на Тиверија Брера и Пелистер во Струмица, меч кој стартува во 17:30 часот, а ќе му асистираат Снежана Илиевска и Дејан Стоиков, контролор ќе биде Ѓорги Карајанов. На мечот меѓу Скопје и Кочани правда ќе дели Ндерим Тефику, а ќе му помагаат Станко Митровиќ и Бојан Иваноски, а контролор ќе биде Бурханедин ...

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани трофејот освоен минатата година. Пред околу 2.000 гледачи во „Билјанини Извори“, „гладијаторите“ одиграа уште еден успешен и возбудлив натпревар и го заокружија турнирот без пораз. Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, им честиташе на своите ракометари за пристапот и енергијата ...

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се бореа за големо изненадување. Младост одигра одлично и не дозволи противникот лесно да ја реши средбата. Сепак, Мулти Есенс успеа да ја сочува предноста во клучните моменти и да го затвори натпреварот со минимална победа. Најзаслужен за триумфот на Мулти Есенс беше Горазд Дамчевски, кој постигна осум гола и ...

Охрид ја продолжи традицијата и по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 (12-10). „Гладијаторите“ во неизвесен натпревар успеаја да го задржат водството и да го одбранат трофејот освоен минатата година. Меѓу стрелците се запиша и Ален Ќосевски со четири погодоци. По освоениот трофеј, ракометарот на Охрид, Ален Ќосевски, во изјава за „Спортска Мрежа“ го истакна ...

Ланскиот второлигаш забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Дојранско Езеро со резултат од 1:4. Во контролката која се играше покрај најмалото природно езеро во Македонија, тимот од малото рударско гратче на полувреме имаше предност од 1:2. Христијан Крстов двапати ја погоди мрежата на противникот, искуснито Драган Паунов и Филип Спенџарски постигнаа по еден гол за конечни 1:4 во Дојран. Каменица Саса минатата сезона испадна ...

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по вторпат во низа го освоија престижниот трофеј. „Гладијаторите“ одиграа зрело финале и уште еднаш покажаа карактер во дуелите со актуелниот македонски шампион. По израмнетиот почеток, охриѓани постепено ја презедоа контролата и на полувремето заминаа со предност од 12-10. Во вториот дел ...

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп. Битолчани уште од самиот почеток го презедоа контролата врз натпреварот, а добрата игра во првото полувреме им донесе предност од пет гола на паузата, 22-17. Во продолжението избраниците на Еурофарм Пелистер 2 искусно ја одржуваа предноста и без поголеми проблеми го приведоа дуелот до крај за ...

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што речиси целото второ полувреме го одигра со играч помалку. Капитенот на Брера, Зоран Ивановски, заработи втор жолт картон, но струмичани успеаја да го одбранат својот гол и да останат непоразени. До првата сезонска победа стигна Кожуф, кој на домашен терен со 2-0 го совлада Шкупи. За тимот од Гевгелија ова е прв ...

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го освојат првото место во групата А, благодарение на голот на Дарко Ѓукиќ во самиот финиш. Во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, му честиташе на Загреб за натпреварот, но посебно ја истакна поддршката од домашната публика. Воедно, тој им замери на своите ракометари ...

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат 10 екипи, а шампионската титула ќе ја брани Скопје. Во првото коло нè очекуваат неколку интересни дуели, а особено внимание привлекува гостувањето на новиот прволигаш Пелистер кај вицешампионот Тиверија Брера. Скопје со задача да ја потврди фаворитската улога Актуелниот шампион Скопје ...

Вистинска ракометна драма донесоа двата натпревари од вториот ден на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп, по кои се познати финалистите. Домаќинот Прилеп и Тиквеш обезбедија место во битката за трофејот, откако на различен начин стигнаа до победи над Младост Богданци и Еурофарм Пелистер 2. Прилеп продолжи со одличните настапи на турнирот и по вторпат славеше, овојпат против новиот суперлигаш Младост Богданци со 31-27. Гостите имаа подобар ...

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во драматичен натпревар одиграа 30-30 против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го освојат првото место во групата А и да обезбедат пласман во големото финале, каде што ќе го бранат трофејот освоен минатото лето. Херој на мечот беше десното крило Дарко Ѓукиќ, кој го постигна последниот гол на натпреварот и му донесе на Охрид ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија, откако неговата Олимпија Љубљана на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Нафта. Херој на натпреварот беше Антонио Марин, кој влезе во игра во 63. минута на местото на македонскиот интернационалец Димитар Митровски. Само 16 минути подоцна, измената на Тренчовски се покажа како полн погодок. Марин во 79. минута ја затресе мрежата на Нафта и го ...

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во спектакуларен и драматичен натпревар одиграа 30-30 против Загреб. На домаќинот му беше потребен најмалку бод за да го освои првото место во групата, но до него стигна на најтешкиот можен начин. Загреб во текот на средбата имаше контрола врз резултатот, а во второто полувреме во еден момент стигна и до предност од пет гола. Охриѓани, ...

Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027. Станува збор за играч со прволигашко искуство кој потекнува од Струмица. Михаилов е играч од средината на теренот и ќе претставува уште едно освежување во тимот на Мартин Алаѓозовски и треба да претставува вистинско освежување. 22-годишниот Михаилов доаѓа од АП Брера Струмица, а претходно беше дел од Тиквеш, Осогово, Хоризонт Турново, а шест месеци ...

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета лига регион 5 со првиот собир и првиот тренинг на екипата. Од клубот посочуваат дека со голема мотивација, желба за работа и максимална посветеност ќе одат чекор по чекор кон нови успеси. „Започнаа подготовките на ФК Демир Хисар за новата натпреварувачка сезона! Со голема мотивација, желба за работа и максимална посветеност, нашиот тим ги започна подготовките ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
59%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35