Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика открива интересна слика за најдобрите кошаркари во македонскиот шампионат. Колин Паркер и Камерон Џонс од Скопје се најефикасните играчи во досегашниот дел од сезоната, Секоу Сила од ТФТ е неприкосновен во скоковите, додека искусниот Дарин Говенс од Работнички се издвојува како најдобар асистент. Особено интересно е што двајцата најдобри стрелци доаѓаат ...
Ненад Димитријевиќ погоди шест тројки од шест обиди и со 25 поени го предводеше Арис до гостинска победа над Докса Лефкада со 77:88. Со вчерашниот триумфот, солунскиот тим ја продолжи серијата на пет победи во грчкото првенство, а македонскиот репрезентативец беше најефикасен на натпреварот. Најважната тројка дојде во последната четвртина. Докса со серија од 10:0 намали на 64:73, но Димитријевиќ погоди за 64:76 и повторно му донесе двоцифрена ...
Денес се игра дербито меѓу шампионот Скопје и вицешампионот Тиверија Брера од 12. коло на Првата женска фудбалска лига. Дербито се игра на стадионот „Јован Мандаровски“ во скопско Пржино, а стартува во 13 часот, пренос овозможен од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ВО ЖИВО: СКОПЈЕ – ТИВЕРИЈА БРЕРА: Денес се игра дербито меѓу шампионот Скопје и вицешампионот Тиверија Брера од 12. коло на Првата женска фудбалска лига. Дербито се ...
Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, кој повторно се најде во центарот на вниманието на својот поранешен клуб, Војводина. На натпреварот меѓу Војводина и Металопластика се сретнаа двајца тренери кои во различни периоди го предводеа новосадскиот тим – Борис Ројевиќ, најтрофејниот тренер во историјата на клубот, и Владaн Матиќ, кој беше на клупата на црвено-белите во претходната сезона. Од ...
ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе претставуваат можност за дополнителна проверка и продолжување на работата во националниот дрес. Селекторот Горан Кузманоски за претстојната акција повика 17 ракометари. Во составот доминираат играчи кои ја претставуваа Македонија на Европското првенство во Србија, каде што ...
Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение на соработката со ракометниот клуб Феникс, ракометот за првпат стана дел од спортскиот живот во оваа општина. Децата од Конче добија можност да тренираат ракомет во својата средина, а синоќа имаа посебно доживување – од трибините во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја бодреа македонската репрезентација и ја прославија убедливата победа над ...
Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема и богата историја во македонскиот ракомет, ќе биде домаќин на турнир од Источната група во категоријата помлади пионери У13. Предвидени се 11 натпревари, а на теренот ќе настапат младите ракометни надежи од повеќе клубови од источниот дел на Македонија. Ракометната федерација на ...
Работнички по победата од 0:3 над Осогово е на еден бод од второто место во Втората македонска фудбалска лига. По 11. коло, Охрид има 28 бода, Пелистер 25, а Работнички 24 со натпревар помалку. Победа во заостанатиот дуел со АП Брера Струмица би го однела скопскиот тим на второто место и на само еден бод од лидерот, ако се споредат сегашните бодовни салда. Што му носи заостанатиот натпревар? Дуелот Работнички – АП Брера Струмица е од 5. коло ...
Новаци и Детонит Плачковица освоија по три бода во 11. коло и ја зголемија предноста пред екипите во зоната за испаѓање. Новаци ја совлада Македонија ЃП со 2:0, а Детонит славеше со 1:0 против АП Брера Струмица. Сега Новаци има четири бода повеќе од Еуромилк и Осогово, а Детонит пет. До зимската пауза Новаци ќе гостува кај Работнички, па го пречекува последнопласираниот Шкупи, додека Детонит прво гостува кај бодовно израмнетата Македонија ЃП, ...
Каменица Саса со убедлива победа од 12:0 над Речица го отвори 12. коло на Првата женска фудбалска лига со што трите бодови останаа во малото рударско гратче, а гостинот доживеа вистински потоп, сличен на тој во Струмица. Капитенот Ана Димитровска постигна четири погодоци, а дури четири фудбалери во листата на стрелци се запишаа со по да гола. Јована Петрушовска, Васка Василева, Христина Јовановска и Стефанија Веселинова беа двојни стрелци. ...
Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако ја совлада Струга во гости со резултат од 24:35 во рамките на 7. коло на Првата женска ракометна лига. Ланскиот суперлигаш од Штип одлично влезе на мечот и имаше предност од 2:6 која домаќинот ја стоп и намали на минус еден при 7:8. Но, тимот од градот од Исарот веднаш реагираше и до крајот на првиот дел создаде предност од плус четири при 12:16. Во ...
Деветтото коло на Трета лига регион 2 беше отворено денес со два натпревари, а на кои трите бодови останаа кај домашните екипи. Само еден гол го реши победникот во Крива Паланка, откако Академија Осогово со 1:0 славеше над Липково, благодарение на голот на Леонид Стоевски, кој погоди во 32. минута од средбата. Во вториот дел своите шанси не ги користеа и двете екипи со што тој резултат стана конечни и трите бодови останаа дома. Победа од ...
Атлетико на крилата на Андреа Огненовска го доби соочувањето со Вардар во рамките на 7. коло на кадетската женска фудбалска лига, откако битолскиот тим беше подобар со 0:2 против скопскиот тим. Андреа Огненовска во 26. минута го отвори резултатот за водство на Атлетико од 0:1 на полувреме, а на стартот од вториот дел односно во 46. минута Огненовска со втор гол ги постави конечните 0:2. Атлетико по шест меча има 16 бодови со ефект од пет ...
Охрид го зголеми водството во Втората македонска фудбалска лига од еден на три бода, а Работнички се доближи на само бод до второпласираниот Пелистер. Во 11. коло, „рибарите“ го совладаа Камјани со 4:0, Пелистер одигра 1:1 со Кожуф, а Работнички славеше со 0:3 во Кочани. На врвот сега се Охрид со 28, Пелистер со 25 и Работнички со 24 бода. Скопскиот тим има натпревар помалку од двата ривала, одложениот меч од 5. коло со Брера. Антонио ...
Илија Несторовски се врати во составот на Славен Белупо по два пропуштени натпревара поради суспензија и веднаш постигна два гола. Македонскиот напаѓач го отвори резултатот, а потоа од пенал го врати водството на својот тим во гостинската победа од 3:5 над Горица, во меч од 13. коло на хрватското првенство одигран денес. Несторовски погоди со глава во 17. минута. Горица направи пресврт до 2:1, а Славен возврати преку Јосип Митровиќ и Ловро ...
Ланскиот шампион Мал Ајакс со гол во 38. минута се спаси од пораз на гостувањето во Кочани, откако вечерва одигра 1:1 против Фудбал Старс во рамките на 4. коло на Втората футсал лига. Домашниот тим го отвори резултатот преку Давид Тренчев во 19. минута со што домаќинот замина со гол предност на полувреме. Во вториот дел гостинот од Штип се обидуваше да дојде до брз гол, а пак домаќинот не користеше шанси за да зголеми, па тоа го казни Мал ...
Вардар освои големи три бода на тешкото гостување во Кратово кај Силекс, и остана во игра за врвот на табелата во финишот на есенскиот дел од сезоната. Трите бода ги донесе голот на Закариќ во првата минута од второто полувреме. Во првиот дел се менуваа и двата тима со шанси. Први се заканија фудбалерите на Силекс, кои и постигнаа гол кој оправдано беше поништен поради офсајд. Следуваше приликата на Шеро кој шутираше само крај голот. Следуваа ...
Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона. Избраниците на Далибор Лукиќ ја запишаа седмата победа во исто толку натпревари, откако во дербито од 7. коло на Пионерската ракометна лига славеа на гостувањето кај Алкалоид во Скопје со минимални 23:24. Младите ракометари од Богданци одлично го отворија натпреварот во салата во Автокоманда. Со два последователни погодоци на Лука Лукиќ поведоа со 0:2, а ...
Охрид Лихнидос го совлада Камјани со 4:0 и ја зголеми предноста на врвот на Втората македонска фудбалска лига од еден на три бода. Пелистер одигра 1:1 со Кожуф во Гевгелија, а Работнички со победата од 3:0 во Кочани му се доближи на еден бод, со натпревар помалку. Во долниот дел, Детонит Плачковица ја совлада четвртопласираната АП Брера Струмица, а Новаци освои три бода против Македонија ЃП. Охрид – Камјани 4:0 Антонио Каланоски погоди во 20. ...
Струга Трим Лум за шест дена ги совлада Вардар и Шкендија со по 1:0 и го презеде првото место во Првата македонска фудбалска лига. Откако Марјан Радески го реши гостувањето кај Вардар, Христијан Малески го постигна единствениот гол во саботното дерби со Шкендија. По директниот дуел на 7 ноември, Струга има 29 бода, два повеќе од тетовскиот состав. Малески погоди со глава по нафрлување на Папе Фал во второто полувреме. Шкендија во два наврати ...
Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров го одработија последниот тренинг пред првиот предизвик, во кој на домашен терен ќе ја пречекаат селекцијата на Луксембург. Македонските ракометари утре ќе ја имаат првата можност да ги освојат бодовите во новиот квалификациски циклус, а дуелот со Луксембург ќе биде ...
ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто коло од групната фаза на АБА 2. Минатосезонскиот финалист ја бара првата победа по убедливиот пораз во Тузла, додека домаќинот има можност да отвори со две победи. ТФТ загуби од Слобода Енергоинвест со 61:106, а најголемиот дел од разликата се создаде до полувремето, кога скопскиот тим веќе заостануваш со 26:54. Официјалната статистика бележи 16 загубени топки и шест погодени ...
Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав во ракометната Суперлига. Деветтиот триумф во девет настапи му донесе 18 бода, но најблискиот конкурент сега е Алкалоид со 16 — токму противникот што го очекува во следното првенствено коло. Бодовната последица од дербито е двојна. Вардар ја зголеми предноста над битолчани од еден на три бода, а Пелистер со првиот пораз остана на 15. Истовремено, Алкалоид ...
На 26 август 1977 година е испишана првата страница од приказната која денес трае веќе 49 години. Приказната за РК Младост 1977 Богданци – клуб кој одамна е многу повеќе од спортски колектив и кој низ децении стана еден од симболите на Богданци и македонскиот ракомет. Името Младост не е случајно. Клубот го добил името по младината – по младите деца од Богданци кои спортувале и за кои ракометот бил место каде што ги правеле првите спортски ...
Охрид продолжува со максимален учинок во Регионалната лига. „Гладијаторите“ славеа на гостувањето кај Будванска Ривиера со 22-20 и со два од два ја започнаа својата авантура во новото регионално натпреварување. Клучот кон новите бодови охриѓани го поставија во првите 30 минути. По почетните 2-2, избраниците на Борис Ројевиќ направија серија од пет гола и за кратко време стигнаа до 7-2. Сигурната игра во одбраната, предводена од одличниот Дино ...
Алкалоид не успеа да ја круниса премиерата пред домашната публика во Регионалната лига со победа. Скопскиот тим вечерва во Автокоманда загуби од Партизан со 31-39, во натпревар во кој гостите го скршија отпорот на домаќинот во второто полувреме. Првите 30 минути донесоа рамноправна борба. Алкалоид во поголемиот дел од полувремето беше во негатива, но не дозволуваше Партизан да се одлепи. Српскиот состав на пауза замина со само два гола ...
Македонскиот футсал шампион Проект со пораз ја започна европската авантура во претквалификациите за Лигата на шампионите, откако во „Bluebox Arena“ беше совладан од домаќинот Атлетик Клуб Грац со 6:0. Резултатот, сепак, не ја отсликува целосно сликата од натпреварот, особено ако се земат предвид случувањата на теренот и низа судиски одлуки кои предизвикаа реакции од македонскиот табор и публиката во салата, а на голема штета на Проект. ...
Еурофарм Пелистер продолжува со максимален ефект во Регионалната лига. Битолчани вечерва на домашен терен го совладаа Ловќен со убедливи 45-33 и стигнаа до втората победа во новото натпреварување, по триумфот над Партизан во првото коло. Уште од почетокот беше јасно дека бодовите ќе останат во Битола. Ловќен го отвори резултатот, но пелистерци веднаш возвратија со серија од 4-0 и ја презедоа контролата врз натпреварот. Во 10. минута ...
Виктор Велкоски повторно го облекува дресот на Брегалница и ќе биде ново засилување за штипскиот тим. Станува збор за искусен и квалитетен дефанзивец кој може да одговори и на позицијата последен играч за врска. 30-годишниот Велкоски зад себе има богата кариера, во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа и Брегалница. Исто така, има интернационално искуство, настапувајќи за Лачи од Албанија, Егиниакос од ...
Иван Сапунџиев по две години повторно го облече дресот на Пелистер, а повратникот во Битола верува дека младата екипа има голем потенцијал и желба за докажување. „Имаме доста помлада екипа од досегашните и верувам дека ќе биде „погладна“ за докажување. Сигурен сум дека момците се спремни да остават име во македонската кошарка“, вели Сапунџиев. Искусниот бек очекува изедначена сезона во домашното првенство, во која секој натпревар може да биде ...