Македонскиот тренер на голмани Ален Саздов од Свети Николе запиша голем меѓународен успех, откако викендов беше дел од стручниот штаб на All Star натпреварот во рамки на најквалитетната женска младинска лига во САД – ECNL (Elite Clubs National League). Мечот се одигра во Канзас Сити и ги обедини најдобрите фудбалерки од источната и западната конференција. Саздов беше ангажиран како тренер на голмани во двете селекции, а поканата дојде ...

В недела се игра дербито на 17. коло на ракометната Суперлига меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, а верните „рибари“ најавуваат масовна мобилизација за силна поддршка од трибини. Трибините во „Билјанини Извори“ ќе бидат исполнети до последното седиште, а охридските ракометари ќе имаат силна поддршка од верните „рибари“. Верните навивачи ќе се собираат на „Плоштад минимаркет“ в недела во 16 часот. „В недела нѐ очекува нов натпревар против битолски ...

Ракометарите на Охрид се вратија од Кавадарци со убедлива победа од 31-19 против екипата на Тиквеш, потврдувајќи дека се во одлична форма пред дуелот со шампионот- Еурофарм Пелистер. Од самиот почеток, гостите ја презедоа контролата на теренот и најавија дека ќе доминираат во целиот натпревар. Веднаш по натпреварот, тренерот на Охрид – Борис Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека тимот добро се подготвил за овој ,, тежок терен “, ...

Екипата на Алкалоид, ја потврди фаворитската улога и без проблеми си замина со победа од Прилеп, славејќи со 39-33 во рамките на 16. коло од Супер машката лига, во меч што се одигра во Прилеп. Домаќините пружија сериозен отпор во првото полувреме и не дозволија гостите веднаш да се одлепат, па на паузата резултатот беше 19-16 во корист на гостите. Во вториот дел, Алкалоид го забрза темпото и ја зголеми предноста на плус девет, осигурувајќи ...

Во дуел исполнет со пресврти, емоции и нерви до последната секунда, Куманово и Пролет одиграа 28-28 во натпревар кој повеќе наликуваше на трилер отколку на обична првенствена рунда. И двата тима имаат причини и за задоволство, и за жалење – домашните затоа што ја испуштија големата предност од воведните минути, гостите затоа што не го искористија водството во самиот финиш. Куманово стартуваше со идеална енергија и игра која навестуваше ...

Дербито кое ја тресеше ракометна Македонија доби битолска завршница. Еурофарм Пелистер одигра најзрело токму кога му беше најпотребно и го урна досега непоколебливиот Вардар со 28:23 – резултат кој ја разбуди целата Суперлига и внесе нова драма во борбата за врвот. Победата не е само број на семафорот, туку порака дека шампионот е далеку од предавање и дека патот до титулата ќе биде потежок од очекуваното. Битолчани одиграа меч на големо ...

Во моќен и убедлив настап на гостински терен, ракометарите на Охрид го надиграа Тиквеш со убедливи 31-19, потврдувајќи дека се подготвени за големото дерби против шампионот Еурофарм Пелистер. Уште на стартот, гостите го презедоа водството, брзо стигнувајќи до 8-1. Голманот Пилиповиќ блескаше на голот, додека домаќинот промашуваше клучни шанси, што го одредуваше текот на мечот уште во првите минути. Савревски постојано казнуваше за Охрид, што ...

Ракометарите на Преспа од Ресен денеска имаа посебна привилегија да бидат угостени од составот на двократниот европски првак Вардар. Ресенските ракометари го искористија денот за дружење, фотографирање и запознавање со своите идоли – клуб кој остави голема трага во европскиот ракомет и двапати се искачи на врвот на Лигата на шампионите, во сезоните 2016/17 и 2018/19. Од клубот од Ресен истакнаа дека ова било исклучително важно искуство за ...

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица, Илија Илиев – Рома. Разговорот беше во насока на продлабочување на соработката и унапредување на фудбалските активности во општината. Фокусот на средбата беше ставен врз функционирањето на Општинската фудбалска лига, развојот и поддршката која Босилово ја обезбедува за локалните фудбалски колективи – ФК ...

Голеадата на турнирот во мал фудбал “Стојаково 2025” продолжува. Одново публиката следеше мечеви со многу погодоци. Кај јуниорите генерација 2016/2017 екипата на Жила Стојаково загуби со 0:3 од Мини Дриблерс. Во вториот меч од генерација 2010/2011 тинот на Бригада 12 загуби од Маркет Го-Да Чонов Микро со 2:3 во возбудливо соочување. Кај сениорите вечерта беше отворена со високата победа на Илинден 2007 од 9:4 над Десива Транспорт. Во вториот ...

Битола уште од раните утрински часови живее за денешното големо ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Но, вистинската најава на дербито се случи многу пред првиот свиреж – точно во два часот по полноќ, кога навивачката група Чкембари подготви пиро-акција пред хотелот каде што престојува вардаровата експедиција. Со силна бучава, огномет и автомобилски сирени, битолските навивачи направија атмосфера која ретко се гледа на овие ...

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи во период од 19 јануари до 7 февруари во три земји – Словенија, Литванија и Летонија, каде ќе настапат 16-те најдобри европски репрезентации поделени во четири групи. Група А Латвија Хрватска Грузија Франција Група Б Литванија Ерменија Чешка Украина Група Ц Словенија ...

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со седум од седум и фантастична гол разлика од 58 постигнати гола и 12 примени погодоци што е најдобар напад и најдобра одбрана. Проект е неколку класи над останатите, а Форца како актуелен шампион ќе ја води битката за тимот од Јосифово за одбрана на титулата, а тимот од Куманово е втор со 18 бодови, ...

Бутел стигна до третото сезонско славје откако вечерва го доби дебитантот Балкан за комплетирање на седмото коло на Првата футсал лига со резултат од 9:4. Заслуги за големата победа на Бутел има Владимир Трендафиловиќ кој постигна неверојатни пет гола во мрежата на Балкан, а пак двоен стрелец за домашниот тим е Лазар Пеев, додека пак по еден гол постигнаа Никола Илијоски и Кипријан Петрески. За тимот на Балкан двапати погоди Ибрахим Алији, а ...

По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се јасни позициите на табелата и учесниците во четвртфиналната фаза од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“. Три екипи го завршија првиот дел од сезоната со идентичен биланс – Крива Паланка, Баскет Кам и Вардар имаат по шест победи и еден пораз, па според меѓусебните натпревари е оформен и конечниот поредок. Крива Паланка е на врвот со убедлива победа против ...

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе заврши есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на овој натпревар кој е последен кај второлигашите за 2025 година. Игор Иванов од Велес ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров од Велес, додека пак четврт судија ќе биде Дарко Стојанов од Штип. Делегат ...

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, екипите на ГРК Тиквеш 2014 и ГРК Охрид ќе се сретнат во среда, на 10 декември, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00 часот. Се очекува натпреварот да биде возбудлив, со оглед на тоа што и двата тима ќе бркаат важни бодови за продолжението од сезоната. Централниот бек на Охрид, Младен Крсманчиќ, за Спортска Мрежа, го најави мечот во Кавадарци. Тој нагласува дека тимот мора ...

Битола повторно се подготвува за ракометен спектакл – второто „вечно“ дерби оваа сезона – Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во ,, Боро Чурлевски”. Домаќините се под притисок да обезбедат победа и да останат во трката за врвот. Средбата е закажана за среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот, а публиката очекува возбудлив дуел меѓу двата најтрофејни тима во македонскиот ракомет. За правдата на натпреварот ќе се погрижат судиите ...

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, ГРК Тиквеш 2014 ќе го пречека ГРК Охрид утре (10 декември), во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, со почеток од 19:00 часот. Натпреварот се очекува да биде тежок и возбудлив, со оглед на квалитетот на двата тима, како и важноста на бодовите за двете екипи. Од таборот на Охрид, левиот бек- Дејан Кукуловски, за Спортска Мрежа го најави утрешниот дуел. Тој истакнува дека Охрид е подготвен за ...

Македонските второлигаши заминуваат на заслужен одмор, останува уште мечот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Скопје да биде одигран овој петок и со тоа и официјално да се спушти завесата во Втората лига. Останатите екипи веќе и се распуштат и заминуваат на одмор, но управите, стручните штабови имаат многу работа, бидејќи никој не е сигурен кон остварувањето на своите цели. Најмногу се загрозени екипи од долниот дел, кои беа не само што ќе ...

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото зимско засилување – се работи за искусниот Владимир Жоглев кој пристига од редовите на Осогово. Тимот на Љупчо Марковски – Калц добива квалитетно засилување во офанзивата, се работи за голгетер кој е најдобар стрелец на Осогово за пролетната полусезона со пет погодоци. 27-годишниот Жоглев во Осогово пристигна во јануари 2025 година, а во тимот од Кочани се ...

Утре, со почеток од 17:00 часот, на стадионот Stade de La Beaujoire – Louis Fonteneau во Нант ќе се одигра натпреварот меѓу младинските екипи У19 помеѓу ФК Нант од Франција и Макаби Хаифа од Израел. Овој дуел привлекува внимание поради значењето што го носи, а дополнителен мотив за македонските љубители на фудбалот е фактот што главната судиска улога ќе ја има македонски претставник. Македонскиот интернационален судија Игор Стојчевски е ...

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога. За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на ...

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи и едно реми и сака експресно враќање во Првата лига, а тоа да го потврди што е можно порано во текот на второлигашкиот шампионат. Каршиака се проби до второто место со 15 бодови, а пак Фудбал Старс од Кочани е трето, со тоа што овој тим кој има 12 бодови има меч помалку, со меч помалку и 11 бодови на своето конто ...

Останува уште еден меч да се одигра за да се комплетира последното есенско коло во Втората лига, а со тоа и официјално да се спушти завесата за крај на есенската полусезона. Сите погледни се насочени кон мечот во Радовиш каде Детонит Плачковица ќе го пречека Скопје. Овој меч нема да направи некои суштински разлини, но едно е сигурно – двете екипи со триумф ќе имаат полесна пролет во остварувањето на своите цели. Радовишани со победа и ...

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“ штипјани, погодувајќи во последните секунди за триумф од 6:5 над Мал Ајакс во дуелот од 7. коло. Ова беше пресметка на две екипи кои имаа по една победа и влегоа во жестока битка за второ сезонско славје. Мечот понуди спектакл со 11 гола и важна победа за Осогово, тим кој минатата сезона играше ...

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој секогаш привлекува огромно внимание ширум светот. Овој пат, покрај фудбалската магија на теренот, натпреварот ќе има и силен македонски белег. Имено, Филип Поповски, поранешен генерален секретар на ФФМ и искусен фудбалски работник со долгогодишна кариера во спортската администрација, доби голема чест и ...

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот изглед на табелата. Пролетниот дел носи многу возбудувања, борба за секој бод, трка за шампионската титула, но и предизвици да се обезбеди опстанокот, а во тој дел ќе биде уште понеизвесно. Вардар е есенски шампион и тоа без пораз со 42 бодови, момците на Гоце Седлоски зад себе имаат фантастична ...

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија по еден бод (3-3), а исходот дополнително ја вжештува битката за опстанок пред пролетниот дел од сезоната. Пелистер одлично го отвори дуелот и уште во првиот дел создаде значајна предност. Керим во 15. минута ја отвори серијата по убаво проигрување, а по половина час игра Ристовски го ...

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот предводен од младиот стратег Ромео Кочоски блесна во Втората лига и со фантастичен учинок се круниса како есенски шампион. Популарните „рибари“ не само што играат допадлив и офанзивен фудбал, туку зад себе имаат и „страшна“ ефикасност која совршенот ја отсликува нивната доминација. Охриѓани во првиот дел од сезоната запишаа 11 победи, 3 ремија и само 1 пораз, со ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1009
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
65%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.61
90%
1015
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
97%
1001
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
73%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
34%
1003
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
81%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
58%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Алуминиум

3.06

Цинк

3.37

Бакар

12.10