Младиот фудбалер Зани Назифи кариерата ќе ја продолжи во странство, односно во дресот на Лапи од Косово. 21-годишниот фудбалер во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за Шкендија Арачиново и успеа со овој тим да избори историски влез во Прва лига, а во есенскиот дел на минатата сезона настапуваше за Шкупи. Назифи кој игра како крилен напаѓач кариера ја започна во прилепска Победа, потоа беше дел од Њу Старс и Шкендија Арачиново, ...

Ракометниот клуб Младост од Богданци и во новата сезона ќе биде предводен од охридскиот стратег Горан Андоновски. Повратникот во македонската Супер лига официјално потврди дека соработката со искусниот тренер е продолжена, откако тој успешно ја реализираше мисијата за враќање на клубот во елитното друштво. Андоновски минатото лето пристигна во Богданци со јасна цел – Младост повторно да биде дел од најсилната ракометна конкуренција во ...

Македонската машка ракометна репрезентација го дозна патот кон втората фаза на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија. На денешната ждрепка беше одредено националниот тим да настапува во групата Х заедно со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург, во салата „Гетек Арена“. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги очекува интересен предизвик уште во првата рунда. Исланд ...

Екипата на Огражден од Ново Село, која минатата сезона ја освои титулата во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Струмица и обезбеди пласман во Трета лига – Исток, го промовираше своето прво засилување за новата сезона. Новиот член на шампионскиот состав е 28-годишниот Мартин Ѓорѓиевски, фудбалер кој може да одговори на повеќе дефанзивни позиции, настапувајќи како стопер и бек. Ѓорѓиевски во сезоната која измина го носеше дресот на Полиспортива ...

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а најновата потврда од клубот е продолжувањето на соработката со репрезентативниот голман Антонио Петровски. Чуварот на мрежата ќе ја започне својата осма сезона во дресот на клубот од Јосифово, со што дополнително ја потврдува својата лојалност кон екипата во која е играч со најмногу настапи во клупската историја. Петровски со години важи за еден ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ фјучрс турнирот во Загреб, откако по голема борба беше поразена од Екатерина Казинова со 2-1 во сетови (1:6, 7:5, 6:4). Мечот траеше два часа и 26 минути. Ѓорческа одлично го отвори дуелот и целосно доминираше во првиот сет, кој го доби со убедливи 6:1, поведувајќи претходно и со 5:0 во гемови. Македонската тенисерка беше на чекор до победа и во вториот сет. При ...

На денешната седница Дисциплинската комисија при ФФМ ги донесе следниве одлуки: Марцевски Антонио фудбалер на ЗФК Новаци се казнува со забрана на настап од еден натпревар. Ќосески Дамјан фудбалер на ФК Каменица Саса се казнува со забрана на настап на два натпревари. Филип Николовски фудбалер на ФК Каменица Саса се казнува со забрана на настап со еден натпревар. Стефан Филипоски фудбалер на ФК Борец 1919 АД се казнува со забрана на настап на ...

Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпреварите во ПМФЛ за сезоната 2026/2027. Според календарот новата сезона почнува 25 јули, а првиот дел од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што следува редовната зимска пауза. Вториот круг од натпреварите во домашното првенство продолжува на 13 февруари, 2027 година, а последното 36. коло во шампионатот е на програмата на 23. мај. Натпреварувачката комисија ...

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне порано од вообичаеното, откако Фудбалската федерација на Македонија потврди дека шампионатот за сезоната 2026/2027 ќе стартува на 25 јули. Причината за пораното отворање на сезоната е воведувањето на нов систем на натпреварување. Во елитното друштво ќе настапуваат десет екипи, а првенството ќе се игра според четирикружен систем, што значи дека секој клуб ќе се сретне четири пати со ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за разрешување на Висар Ганиу од функцијата заменик-директор на Центарот за едукација при ФФМ. На негово место е именуван Менсур Јакупи, истакнат фудбалски работник и тренер со долгогодишно искуство во македонскиот фудбал. Во текот на својата кариера, Јакупи работеше во повеќе клубови и младински школи, меѓу кои ФК Гостивар и младинските категории на Шкендија, а воедно беше и селектор ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново преку официјално соопштение потврди дека во новата сезона како прволигаш домашните натпревари ќе ги игра на стадионот во Чаир. Клубот од Арачиново информираше дека постигнале договор со раководството на ФК Шкупи за домашните натпревар од новата сезона да ги игра на стадионот во Чаир. „Со задоволство ве известуваме дека ФК Шкендија Арачиново постигна официјален договор со раководството на ФК Шкупи сите ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново потврди дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб Берат Имери и за новата сезона, односно тренерот кој обезбеди историски влез за тимот од Арачиново во фудбалската елита на Македонија останува на кормилото на дебитантот. Клубот преку соопштение ја потврди соработката со стратегот Берат Имери и за новата сезона. „Фудбалскиот клуб Шкендија 77 со особено задоволство ја известува јавноста, ...

Убави вести пристигнуваат од општина Василево. По повеќегодишна пауза, ФК Василево повторно ќе биде активен и ќе се врати на фудбалската сцена, носејќи нова надеж за развој на спортот и младите во оваа општина. Враќањето на клубот претставува значаен момент за локалната спортска јавност, со оглед на тоа што ФК Василево во минатото беше препознатлив спортски колектив кој обединуваше генерации, создаваше пријателства и претставуваше гордост за ...

Охрид и ова лето ќе биде центарот на ракометните случувања во регионот, откако од 18 до 22 август ќе се одржи јубилејното петто издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“. Турнирот, кој во изминатите години прерасна во еден од најпрестижните подготвителни настани во овој дел од Европа, повторно ќе донесе врвни клубови и големи ракометни имиња на брегот на Охридското Езеро. На годинашното издание ќе настапат осум екипи поделени во две ...

Заостанатиот меч од 12. коло на Општинската фудбалска лига меѓу Единство и Спартмани беше одигран за комплетирање на сезоната. Екипата на Балдовци забележа убедлива победа од 1:6 во Пиперово со што ги освои трите бодови. За Спартмани тоа беше триумф број осум оваа сезона и истата ја завршува на второто место, додека пак сега Интер Кукла заврши на третото место. Тимот на Единство од Пиперово со девет бодови сезоната ја заврши на претпоследното ...

Младиот фудбалер Никола Најдовски во новата сезона ќе има нова средина, откако 22-годишниот фудбалер потврди дека се разделува со прволигашот Тиквеш. Најдовски вели дека во овие 17 месеци бил максимално ангажиран, посветен и фокусиран за доброто на клубот. „Горд сум што го носев дресот на Тиквеш во изминатиот период. Во текот на овие 17 месеци бев максимално ангажиран, посветен и фокусиран за доброто на клубот, секогаш давајќи го својот ...

КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро за новата сезона, откако клубот ја потврди соработката со еден од своите најискусни и најзначајни членови, Мартин Тодоровски. По историската сезона во која тимот од Јосифово ја освои двојната круна без ниту еден пораз и обезбеди настап во квалификациите за Лигата на шампионите, раководството на клубот јасно покажува дека амбициите остануваат највисоки – одбрана на шампионската титула и ...

Вечерва ќе можете да го проследите новото издание од спортска емисија Спортска Мрежа во која гостуваат Иван Гавровски, претседател на КМФ Проект, Игор Димов, тренер на шампионскиот состав, и Марио Благојевски, капитен и најдобар стрелец на екипата. Каков беше патот на КМФ Проект до историската двојна круна без ниту еден пораз? Колку е тешко да се менаџира футсал клуб во Македонија и со кои предизвици најчесто се соочуваат клубовите? КМФ ...

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново доби нов претседател. На седница одржана од раководните органи на клубот, за нов прв човек на клубот беше избран Сулејман Алими. Од клубот истакнуваат дека со оваа одлука започнува ново поглавје во организацијата и развојот на Шкендија Арачиново, со јасна цел да се продолжи патот на спортските успеси и дополнително да се зајакнат клупските структури. Воедно, од клубот му посакаа многу успех на Алими во ...

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, ќе продолжи да ја има поддршката од својот генерален спонзор „Новоматик Македонија“, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката и во наредната натпреварувачка сезона. Со новиот договор, „црвено-црните“ ќе добијат годишна финансиска поддршка во висина од еден милион евра, што претставува значаен поттик за клубот во пресрет на новите предизвици на домашната и меѓународната ...

Прволигашот Силекс денес ги „запали моторите“ со првата прозивка на стратегот Александар Васоски беа означени летните подготовки на кратовскиот тим. Со денешниот собир и прв тренинг официјално стартуваат подготовки, а пред Силекс ќе бидат предизвиците во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Кратово, а истата е предвидено да трае до 19 јуни. Клубот дополнително ќе информира за ...

Најтрофејниот македонскиот фудбалски клуб Вардар денес ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027, а пред македонскиот шампион ќе бидат предизвиците од квалификациите за Лигата на шампионите. Како што се вели во соопштението на клубот ростерот е комплетиран пред 20 дена, 38 фудбалери, од кои десет од младинската школа. „Подготовките се договорени, платени и организирани уште од 5-ти мај. Базата е подготвена според назнаките на шефот ...

РК Прилеп продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување во редовите на прилепчани е младиот македонски ракометар Андреј Стојановски. Стојановски настапува на позицијата лев бек и во Прилеп доаѓа од редовите на РК Тинекс Пролет, клуб во кој ги мина младинските категории и се разви во еден од најперспективните македонски ракометари на својата позиција. Новиот ракометар на Прилеп е роден на 21 август 2004 година и ...

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува костурот на тимот кој испиша историја минатата сезона, а најновата потврда пристигна со продолжувањето на соработката со капитенот Марио Благојевски. Репрезентативецот на Македонија и најдобар стрелец на Проект ќе продолжи да го носи дресот на клубот и во сезоната 2026/27, во која екипата повторно ќе има високи амбиции на домашната и европската сцена. Минатата сезона беше ...

Стадионот „Езеро“ во Крушево сè повеќе се профилира како одлична дестинација за летни подготовки на фудбалските екипи пред стартот на новата сезона 2026/2027, нудејќи квалитетни услови за тренинг и одигрување пријателски натпревари. Објектот располага со две уредени соблекувални, како и целосно одржуван и валиран терен кој обезбедува рамна и стабилна подлога за работа односно тренинг и натпревари.. Дополнителна предност е тоа што стадионот е ...

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, престојуваше во Скопје по повод одржувањето на 11. издание на ФИБА Европската конвенција за минибаскет, која во изминатите четири дена успешно беше организирана од страна на Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со ФИБА Европа и ФИБА Фондацијата. Во рамките на својата кратка посета на македонската престолнина, првиот човек на европската кошарка упати силна поддршка за работата на ...

Убави вести пристигнуваат за ФК Дојранско Езеро и младите фудбалери од овој регион, откако српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда донираше спортска опрема за младите надежи на клубот. Голема заслуга за реализацијата на оваа иницијатива има поранешниот генерален секретар на Фудбалска федерација на Македонија Никола Костов, кој помогнал да се обезбеди вредната донација за младите фудбалери на Дојранско Езеро. Во Белград отпатува и тренерот ...

Младиот фудбалер на Вардар, Админ Абдула (2008 година), зад себе има извонредна сезона во кадетска конкуренција, сезона во која потврди дека е еден од најперспективните млади играчи во македонскиот фудбал. Абдула, кој претходно беше дел од Њу Старс и Македонија Ѓорче Петров, оваа сезона со Вардар успеа да ја освои двојната круна, односно шампионската титула во Кадетската Супер лига и Купот на Македонија. Посебен белег остави и во финалето од ...

Македонските судии продолжуваат да добиваат значајни меѓународни ангажмани, што претставува уште една потврда за нивниот квалитет, професионализам и довербата која ја уживаат од страна на УЕФА. На натпреварот меѓу Норвешка и Австрија од квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција – Лига А, правдата ќе ја дели македонска судиска четворка предводена од Ивана Пројковска. Главен судија на средбата ќе биде Пројковска, додека ...

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен старт на Азиското клупско првенство во дресот на Ал Кувајт, откако неговиот тим во првото коло го совлада катарскиот Ал Араби со 27:22. Ал Кувајт уште во првото полувреме ја наметна својата игра и на паузата замина со убедлива предност од 16:8, а до крајот сигурно ја задржа контролата над натпреварот. Кузмановски беше меѓу најзаслужните за триумфот. Македонскиот бек постигна пет ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
82%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
85%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.17
95%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.76
96%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / -1ᴼ
2.06
82%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
82%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1030
Currency

61.558

Currency

54.966

Currency

73.755

Currency

37.999

Currency

39.16

Currency

67.23

Currency

8.2481

Currency

0.67187

Currency

0.34737

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58435

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1666.05

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87