Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Ентони Едвардс, првата виолина на Минесота Тимбервулфс, официјално ја загуби можноста да биде избран во идеалните петорки или да се бори за МВП титулата откако беше изоставен од составот за натпреварот против Детроит Пистонс. Причината е веќе добро познатото правило на НБА – минимум 65 одиграни натпревари за да се квалификувате за било каква пост-сезонска награда. Бизарна математика: Кога 59 не е еднакво на 59 Математиката за Едвардс е ...
Ноќта во Оклахома Сити донесе вистински кошмар за Лос Анџелес Лејкерс. Не само што претрпеа тежок дебакл од Тандер со 139-97, туку останаа и без својата прва ѕвезда, Лука Дончиќ, кој поради повреда на задната ложа предвреме го заврши натпреварот. Ситуацијата изгледа сериозна, а тренерот Џеј-Џеј Редик потврди дека словенечкиот „маестро“ денеска ќе оди на магнетна резонанца за да се утврди степенот на оштетувањето. Моментот на повредата: Сцени ...
Кошаркарите на Партизан извојуваа огромна победа во 35. коло од Евролигата, совладувајќи го лутиот градски ривал Црвена Звезда со 89:82 во преполната „Белградска Арена“. Во натпревар полн со набој, пресврти и изедначена борба, „црно-белите“ покажаа поголема смиреност во решавачките моменти. Првото полувреме помина во целосен егал, што го потврдува и резултатот на паузата (38:38). Двете екипи играа цврсто во одбраната, но сликата драстично се ...
Додека фудбалскиот свет со нетрпение го очекува најголемиот спектакл досега – Светското првенство во САД, Канада и Мексико – првата отворена продажба на билети која започна неделава, донесе студен туш за навивачите. ФИФА ги собори сите рекорди, но не по бројот на фанови, туку по цените кои ги надминуваат дури и најексклузивните настапи на музичките ѕвезди или Супербол натпреварите. Најновата „во последен момент“ фаза на продажба покажа дека ...
Она што со месеци се најавуваше, конечно стана реалност. Компанијата „Панини“ официјално го пушти во продажба најголемиот албум за Светско првенство во својата историја, оној посветен на претстојниот Мундијал 2026 во Северна Америка! Откако уште во декември најавивме дека не очекува „Годзила“ од албум со рекордни 980 сликички, колекционерите со нетрпение го чекаа официјалното излегување. „Панини“ преку своите социјални мрежи го означи ...
Втората половина на април во Скопје, Македонија ќе биде епицентарот на светскиот младински ракомет. Од 21-ви до 29-ти април 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на престижното Светско училишно првенство во ракомет (ISF World School Handball Championship). Овој глобален спортски настан ветува дека ќе биде вистински празник на ракометот, културата и заедништвото. Организаторите, Федерацијата на училишен спорт на Македонија, најавуваат масовно ...
Натпреварот кој требаше да биде големо дерби во 3. коло од плеј-офот на ракометната Суперлига, се претвори во полесен тренинг за Вардар 1961. Лидерот на табелата славеше со убедливи 31:21 (17:12) против тимот на ГРК Охрид, кој во СЦ „Јане Сандански“ допатува со комбиниран, претежно младински состав. Причината за ваквата одлука на гостите е јасна, тренерот Борис Ројевиќ и клучните првотимци останаа во Охрид за да се подготвуваат за историскиот ...
Очајни времиња бараат очајни мерки. Тотенхем се наоѓа во една од најтешките ситуации во својата понова историја. Тимот е на само еден бод над зоната за испаѓање и сè уште нема забележано победа во Премиер лигата во 2026 година. Во обид да го спасат бродот што тоне, челниците на клубот се свртеа кон Роберто Де Зерби. Но, неговото пристигнување во Северен Лондон крие заднина која е многу поголема од обична „шок-терапија“ за спас од испаѓање. ...
По оставката на претседателот Габриеле Гравина, италијанскиот фудбал денеска остана без уште една своја икона. Џанлуиџи Буфон официјално потврди дека се повлекува од функцијата шеф на делегацијата на италијанската репрезентација. Легендарниот голман, кој ја извршуваше оваа улога од летото 2023 година, одлучи да ги следи чекорите на Гравина и да го напушти „бродот кој тоне“ по шокантната елиминација од Босна и Херцеговина во баражот за СП ...
Јан Диоманде е вистинска сензација оваа сезона во дресот на РБ Лајпциг. Неговиот пат до врвот е вистинска филмска бајка за огромната упорност и вербата во соништата. Роден во Абиџан (Брегот на Слоновата Коска), Јан како дете почнал да игра фудбал во скинати сандали бидејќи немал пари за вистински копачки. Напуштајќи го семејството рано со ветување дека еден ден ќе стане професионалец и ќе ги обезбеди, тој во 2022 година заминува во САД на ...
Македонскиот фудбал ја дозна разврската за четвртфиналната фаза во Купот на Македонија за младинските категории. Денешната жрепка донесе неколку исклучително интересни пресметки кои ветуваат голема борба за пласман во завршницата. Натпреварите во сите три категории (младинци/кадети, пионери и помлади пионери) ќе се одиграат во термините на 21, 22 и 23 април 2026 година. Младинци-Кадети: Дерби пресметки во Скопје и Битола Највозбудливо се ...
Во периодот од 27 до 30 март во Таранто, Италија, се одржа Семинар за шефови на мисии посветен на финалните подготовки за Медитеранските игри „Таранто 2026“. Македонскиот олимписки комитет (МОК) на овој значаен настан беше претставен од делегација во состав: претседателот Даниел Димевски, генералниот секретар Ѓорги Тасев и Петар Спасеновски, кој е раководител на сектор спорт и шеф на делегацијата за претстојните Игри. На 20 недели пред ...
Легендарниот Роџер Федерер уште еднаш ги освои срцата на фановите откривајќи ја длабоката емотивна позадина на неговото збогување од тенисот. Швајцарецот призна дека само две сцени можат целосно да го скршат неговиот „оклоп“: поддршката од неговата сопруга Мирка и солзите на неговиот најголем ривал, Рафаел Надал. Сцената од Лејвер купот во 2022 година, каде Федерер и Надал седат еден до друг и плачат додека се држат за раце, останува една од ...
Она што цела Италија го бараше веднаш по шокот во Зеница, денеска стана официјално. Габриеле Гравина веќе не е претседател на Фудбалската федерација на Италија (FIGC). По итниот состанок во Рим, 72-годишниот функционер поднесе неотповиклива оставка, преземајќи ја одговорноста за „третата апокалипса“ како што го нарекоа италијанските медиуми, односно третото последователно пропуштено Светско првенство за четирикратниот светски првак. Гравина, ...
Иако еуфоријата од Мајами полека стивнува, тенискиот свет сè уште зборува за изјавата на легендарната Мартина Навратилова. За 18-кратната Грен слем шампионка, нема дилеми дека Арина Сабаленка веќе го стави својот „печат“ на 2026 година. По завршувањето на американската турнеја, Навратилова излезе со своја анализа за „Tennis Channel“, во која потенцираше дека доминацијата на Белорусинката не е само прашање на форма, туку на чиста шампионска ...
Во воведниот натпревар од 25-то коло во Првата македонска фудбалска лига, екипите на Башкими и Тиквеш одиграа епски дуел кој заврши без победник 2-2. На теренот во Куманово, кој поради силниот дожд повеќе личеше на боиште отколку на фудбалски терен, имаше сè – пресврти, промашен пенал, ВАР интервенции и шокантен гол во судиското продолжение. Тактичко надигрување под силниот дожд Првото полувреме помина во знакот на тешките услови за игра. ...
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, се огласи на социјалните мрежи по завршувањето на репрезентативните обврски. Во кратка, но директна порака, Барди испрати благодарност до навивачите и побара позитивна енергија за периодот што следи. Иако резултатите во овој циклус не беа на посакуваното ниво, Барди нагласи дека борбеноста на теренот никогаш не била доведена во прашање. „Дадовме сè од себе, но понекогаш работите ...
Љубителите на фудбалот и на популарните LEGO коцки добија вистинско уживање. Како дел од глобалната кампања за Светското првенство 2026, гигантот LEGO промовираше видео во кое на едно место ги собра четирите најголеми ѕвезди на денешницата: Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и Винициус Јуниор. Ова е првпат по култната кампања на „Louis Vuitton“ од 2022 година, Меси и Роналдо повторно да се појават заедно во иста реклама, но ...
Најскапото засилување во историјата на Ливерпул, Александар Исак, конечно е подготвен да му се приклучи на тимот. Менаџерот Арне Слот потврди дека шведскиот напаѓач, кој беше надвор од терените повеќе од три месеци, денеска ќе го одработи првиот тренинг со групата по тешката повреда на ногата. Ова е вест која навивачите на „Енфилд“ ја чекаа со нетрпение, особено пред клучниот дуел во сабота – четвртфиналето на ФА Купот против Манчестер Сити ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, се обрати до јавноста по завршувањето на последниот репрезентативен циклус. Во емотивен и мотивирачки говор, тој побара единство и нагласи дека вредноста на националниот тим не смее да се мери само низ призмата на еден пораз или победа. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат – тоа е чувство, ...
Она што вчера беше само најава, денес доби официјална потврда со силни пораки. Легендарниот капитен на Вардар и македонската репрезентација, Стојанче Стоилов, потпиша двегодишен договор со РК Бутел Скопје, преземајќи ја функцијата шеф на стручниот штаб од претстојното лето. По учењето на занаетот како асистент во Вардар и работата во националниот тим, популарниот Столе влегува во својот прв самостоен проект со јасна визија: македонски ракомет ...
Унгарскиот гигант Веспрем и францускиот Нант направија огромни чекори кон пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, по првите натпревари од елиминационата фаза. Веспрем со „плус осум“ го понижи Париз Под огромен притисок на јавноста и раководството по променливите игри, ракометарите на Веспрем го одиграа својот најдобар меч сезонава кога беше најпотребно. Во преполната „Веспрем Арена“, унгарскиот шампион буквално го прегази тимот на ...
Македонскиот кошаркарски талент Андреј Шошкиќ одлучи да направи нов чекор во својата кариера. По одличната сезона во која несомнено беше најдобриот дебитант и еден од најдобрите воопшто во редовите на Стони Брук, тој преку социјалните мрежи објави дека го напушта овој универзитет. Шошкиќ ја извести јавноста дека по внимателно размислување одлучил да влезе во НЦАА „трансфер-порталот“ за да истражи нови можности за следното поглавје од својата ...
Изминатата ноќ во НБА лигата беше вистински фестивал на кошарката, каде три екипи ја пробија границата од 145 постигнати поени, а Виктор Вембањама продолжи да ги поместува границите на историјата. Вембањама незапирлив: Историска партија во Сан Франциско Виктор Вембањама со 41 поен и 18 скокови го предводеше Сан Антонио до десеттата победа во низа, овојпат над Голден Стејт со 127-113. Французинот стана првиот играч во историјата на Спарс кој ...
Кога „Летечкиот Мајкл“ зборува, кошаркарскиот свет престанува да дише. Иако неговото име со децении е првиот и единствен одговор во дебатата за најголемиот на сите времиња (GOAT), Мајкл Џордан реши да ја „спушти топката“ и да го шокира светот со неочекувана изјава. Легендарната „23-ка“ на Чикаго Булс јавно го отфрли целиот концепт на GOAT дебатата, порачувајќи дека таквото рангирање е бесмислено. „Не е фер да се споредуваат различни епохи“ Во ...
„Ракометот не е бизнис, туку спорт кој создава луѓе. Тука нема да станете милијардери, но ќе научите лекции кои вредат многу повеќе“, вели легендарниот Никола Карабатиќ. Во вториот дел од мега-интервјуто во емисијата „(Не)успех на шампионите“ кај Славен Билиќ, најтрофејниот ракометар на сите времиња, Никола Карабатиќ, ги отвори картите за своето ривалство со Ивано Балиќ, за семејните жртви и за моментот кога за малку ќе го загубел животот. ...
Капитенот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, не ја криеше својата огромна тага по новата мундијалска катастрофа на „Азурите“. По поразот на пенали од Босна и Херцеговина, голманот на Манчестер Сити упати емотивна порака до нацијата, ветувајќи дека нема да се откаже додека не ја врати Италија на светскиот врв. „Плачев затоа што не успеав да ја предводам Италија таму каде што заслужува да биде. Чувствувам огромна тага, знам ...
По возбудливите бараж-дуели во кои визи обезбедија Босна и Херцеговина, Чешка, Турција, Шведска, ДР Конго и Ирак, конечно го имаме конечниот мозаик за претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Ова ќе биде најмасовниот Мундијал во историјата со рекордни 48 репрезентации поделени во 12 групи. Форматот предвидува понатаму да одат првите две екипи од секоја група, заедно со 8-те најдобри третопласирани селекции, што значи дека нè ...
Македонскиот кошаркарски ас Ненад Димитријевиќ одигра уште еден натпревар за паметење во Евролигата, предводејќи го својот Баерн Минхен до голема победа над турскиот гигант Фенербахче со 85-76. Во преполната „САП Гарден“ арена, Нено беше најдобар стрелец и најзаслужен што германскиот тим ја прекина црната низа од осум последователни порази во меѓусебните дуели. Нашиот плејмејкер го израмни својот рекорд на кариерата во Евролигата, ...
Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, продолжува со стратегијата за зачувување на македонското јадро во својот состав. Битолскиот гигант денес со гордост потврди дека еден од столбовите на тимот, репрезентативниот пивот Жарко Пешевски, потпиша нов договор со клубот. Искусниот кружен напаѓач се обврза на верност кон „зелено-белите“ и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна која започна со неговото доаѓање во Битола, ќе ...