Вчерашната вечер беше болна за македонскиот фудбал. Откако со тешко срце го изгледавме дебаклот на нашата репрезентација во Копенхаген, инстинктивно го сменивме каналот барајќи утеха во останатите натпревари. На екранот се појави крајот од драмата во Кардиф меѓу Велс и Босна и Херцеговина. И таму, во продолженијата и пенал-рулетот, видовме нешто што целосно нè импресионираше. Едно 18-годишно момче, без грам страв во очите, ја зеде топката во ...

Репрезентацијата на Боливија е на чекор до историски пласман на Светското првенство во фудбал, а „Спортска Станица“ ви носи ексклузивни кадри од атмосферата која владееше на полуфиналниот бараж натпревар против Суринам! Благодарение на нашиот голем пријател и соработник од Мексико, Мигел Замора Замарон (Miguel Zamora Zamarrón), кој беше директно на трибините на велелепниот стадион „ББВА“ во Монтереј, имаме можност од прва рака да ви ја ...

Мајами Опен го доби финалниот судир кој сите го посакуваа. Светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка, и миленичката на домашната публика, Коко Гоф, ќе ги одмерат силите во сабота во битка за престижниот трофеј на „Хард Рок“ стадионот. Сабаленка повторно ја „скроти“ Рибакина Во долгоочекуваното полуфинале меѓу првите две на ВТА листата (првпат по 1987 година во Мајами), Арина Сабаленка покажа зошто е на врвот. Белорусинката ја совлада Елена ...

Мастерсот во Мајами влегува во својата завршница. „Хард Рок“ стадионот денес ќе биде сведок на два исклучително возбудливи полуфинални дуели кои ветуваат врвен тенис. Додека во првиот меч имаме судир на титаните и старите ривали, второто полуфинале е потврда за смената на генерациите на АТП турнејата. 🇮🇹 Јаник Синер vs Александар Зверев 🇩🇪 Меѓусебен скор: 7-4 за Синер Ова е мечот кој сите го чекаа. Јаник Синер е во застрашувачка форма. ...

Дека Македонците го сакаат спортот и репрезентацијата уште еднаш се докажа на вчерашното гостување во Копенхаген, каде македонските навивачи беа единствената светла точка во поразот од Данска. Во голем број Македонците допатуваа за да ги бодрат своите миленици, а на крајот по иницијатива на капитенот Барди играчите беа вратени за да ги поздрават пред гостинската трибина. Денес Фудбалската федерација на Македонија и со официјален статус на ...

Изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лига донесе неколку изненадувања и историски моменти. Додека Детроит покажа карактер по тешкиот пораз претходната вечер, Шарлот го потврди својот подем со уривање на големата победничка низа на Њујорк Никс. Детроит Пистонс 129 – 108 Њу Орлеанс Пеликанс Само еден ден по болниот пораз во продолжение од Атланта, Детроит Пистонс покажаа дека имаат „кратка меморија“ и го прегазија Њу Орлеанс. Доминантна ...

Откако попладнево ги дознавме противниците во Групата 8 за квалификациите за Европското првенство 2028 година (Шведска, Грција и Луксембург), Европската ракометна федерација (ЕХФ) експресно го објави и точниот распоред на натпреварите. Избраниците на Кирил Лазаров добија поволен календар. Квалификациите ќе ги отвориме и затвориме на домашен терен. Мисијата кон Шпанија, Португалија и Швајцарија започнува во ноември оваа година, кога во првото ...

Македонската фудбалска бајка за жал заврши во Копенхаген. Репрезентацијата на Данска славеше со убедливи 4:0 над нашиот национален тим во полуфиналето од мундијалскиот бараж, обезбедувајќи си пласман во финалето каде ќе се соочи со Чешка. Домаќините го скршија отпорот на македонската одбрана во второто полувреме, постигнувајќи три гола во период од десет минути (еден на Дамсгард, два на Исаксен), додека точка на натпреварот стави Норгорд. ...

Македонскиот селектор Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз од 4-0 на „Паркен“. Во натпревар кој требаше да биде надеж за Мундијал, Македонија доживеа целосно „затемнување“ на почетокот на вториот дел, оставајќи ги навивачите и стручниот штаб во неверување. За изјавата на селекторот допрва ќе коментираме, сега ви пренесуваме што кажа Седлоски после мечот и какви се неговите гледишта за потпот на Паркен. Од солидно ...

Италијанскиот тениски феномен Јаник Синер продолжува да ја пишува историјата на „белиот спорт“ со златни букви. Светскиот број 2 и актуелен шампион во Мајами, во вечерва го „збриша“ домашниот миленик Френсис Тифо со убедливи 6-2, 6-2, обезбедувајќи место во своето четврто полуфинале на овој турнир. Победа за само 71 минута По тешката битка со Микелсен во претходната рунда, Синер против Тиафо изгледаше како машина. На Италијанецот му беа ...

Балканскиот карактер, борбеноста и срцето на терен уште еднаш покажаа дека се посилни од сè! Репрезентацијата на Босна и Херцеговина испиша херојска фудбалска приказна откако среде Кардиф ја елиминираше селекцијата на Велс по изведување на пенали (4:2), оставајќи ги домаќините во солзи, а својата нација во делириум. Со оваа победа, нашите балкански соседи се на чекор до пласман на Светското првенство во 2026 година, а последна пречка на тој ...

Вечерта во Евролигата донесе клучни расплети во борбата за доигрувањето. Додека Реал Мадрид ја потврди својата доминација дома, Макаби и Милано остварија витални победи кои ги одржуваат во трка за следната фаза. Макаби Тел Авив 104 – 100 Дубаи (по продолжение) Во натпреварот на вечерта кој директно одлучуваше за позициите во Плеј-ин зоната, Макаби успеа да слави над Дубаи по вистински трилер во Белград. Иако Дубаи имаше висока предност од +15 ...

Сите на Апенинскиот полуостров конечно можат длабоко да здивнат. По две последователни пропуштени Светски првенства кои оставија длабоки лузни во нивната фудбалска историја, „Аѕурите“ направија голем чекор кон Мундијалот во 2026 година. Вечерва во Бергамо, Италија со 2:0 ја совлада жилавата репрезентација на Северна Ирска во полуфиналето од баражот. Нервозен старт и тактички грчеви Првите 45 минути беа вистинско мачење за избраниците на ...

Репрезентацијата на Полска е на само еден чекор од своето трето последователно учество на Светските првенства, откако во пеколна атмосфера во Варшава славеше над Албанија со 2-1. Иако гостите водеа и беа блиску до сензација, искуството на Левандовски и проектилот на Пјотр Зјелински пресудија во корист на домаќинот. View this post on Instagram A post shared by Portal wszystkich kibiców ⚽ (@laczynaspilka) Шок на „Националниот стадион“: ...

Репрезентацијата на Чешка останува во трка за својот прв настап на Светските првенства по пауза од 20 години. Во натпревар полн со пресврти, домашните фудбалери успеаја да ја елиминираат Република Ирска по подобро изведување на пенали (4-3), откако регуларниот дел и продолженијата завршија со нерешени 2-2. Шокантен старт: Ирците ги замолкнаа Чесите за само пет минути Иако Чешка важеше за фаворит, Ирска започна фуриозно. Во 17. минута, по еден ...

Репрезентацијата на Косово продолжува да пишува фудбалски бајки! Во еден од највозбудливите натпревари од баражот за Светското првенство 2026, „Дарданците“ приредија огромна сензација и со 3:4 ја совладаа Словачка среде Братислава, со што се пласираа во големото финале. Натпреварот изобилуваше со пресврти, емоции и дури седум погодоци, а Косово покажа неверојатен карактер, особено ако се знае дека настапи без својот лидер во одбраната, Амир ...

Македонската фудбалска репрезентација доживеа тотален крах во второто полувреме на „Паркен“, губејќи со убедливи 4-0 од селекцијата на Данска. Со овој пораз, сонот за историски пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико згасна на суров начин, оставајќи зад себе многу горчина и прашања за одлуката да се донесе нов селектор пред вака важен натпревар, со оглед дека ова е репрезентација која повеќе од една деценија беше градена од Боби ...

Заврши првиот дел од историскиот мундијалски бараж во Копенхаген! По првите 45 минути, резултатот на семафорот на целосно распродадениот „Паркен“ е 0:0. Македонија го преживеа она препознатливо, пеколно прво полувреме на Данците пред своја публика. Домаќините доминираа во поседот и создадоа неколку сериозни шанси, но македонската одбрана и брилијантниот Столе Димитриевски беа на висина на задачата. Димитриевски како ѕид, дефанзивата издржа ...

Попладнево во Лисабон се одржа ждрепката за квалификациите за Европското ракометно првенство во 2028 година, кое заеднички ќе го организираат Шпанија, Португалија и Швајцарија. Македонската машка ракометна репрезентација, предводена од селекторот Кирил Лазаров, ги дозна противниците на патот кон нов настап на континенталниот собир. Фаворит, незгоден сосед и аутсајдер Македонија беше извлечена од вториот шешир и се најде во Групата 8. Нашиот ...

Чекањето заврши. Официјалните состави за најважниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација се објавени! Пред повеќе од 38.000 навивачи на распродадениот „Паркен“ во Копенхаген, селекторот Гоце Седлоски ги откри картите со кои ќе ѝ се спротивстави на Данска во битката за Светското првенство. View this post on Instagram A post shared by Football Federation-Macedonia (@ffmacedonia) Седлоски со 3-5-2 и изненадување во нападот! ...

Одбројувањето заврши, а атмосферата во данската престолнина е доведена до точка на вриење. Македонската фаланга уште еднаш докажа зошто важи за една од најдобрите навивачки групи во Европа. Иако Копенхаген нè пречека со студено време, срцата на македонските навивачи кои пристигнаа од сите краишта на светот, ја загреаја атмосферата до максимум. Иако светските обложувалници и спортски аналитичари и даваат предност на домашната Данска, ...

Додека Копенхаген ги пречека Македонците со своето препознатливо северно сивило, дожд и тмурни облаци, една посебна светлина се појави низ улиците на данската престолнина. Нашата репрезентација вечерва ќе истрча во својата втора комбинација – новиот Адидас жолт дрес кој зрачи со енергијата на македонското сонце. Жолтиот дрес против данското сивило Фотографиите кои пристигнаа од Копенхаген изгледаат моќно и симболично. Новата жолта ...

Македонија вечерва (20:45 ч.) излегува на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген за да се соочи со Данска во историското полуфинале од баражот за Светското првенство. Иако „рисовите“ ќе бидат десеткувани, најболното отсуство е она на Езѓан Алиоски, кој поради повреда беше принуден да остане надвор од теренот. Популарниот Џани, кој е познат како „моторот“ и добриот дух на оваа репрезентација, не издржа а да не испрати моќна и емотивна ...

Фудбалска Европа е пред точка на вриење. Вечерва, 16 национални тимови ќе влезат во безмилосна битка за преостанатите четири слободни места кои водат на Мундијалот ова лето. Системот е суров – четири „патеки“, четири мини-турнири, каде само победниците ќе го слават пласманот на најголемата светска сцена. Реномираниот медиум „The Athletic“ направи детална анализа на сите двојки, а еве што велат нивните експерти за патот на Македонија и ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги одреди 23-та фудбалери на кои ќе смета за вечерашниот историски бараж против Данска во Копенхаген. Од вкупно 27 повикани играчи кои допатуваа во данската престолнина, четворица ќе мора да го следат натпреварот од трибините на стадионот „Паркен“. Принудна пауза за стандардниот Костадинов Најголемиот хендикеп во ротацијата е отсуството на Тихомир Костадинов. Фудбалерот на ...

Ако порано ни изгледаше како далечен сон, денес Македонија на Светско првенство е на само два чекори од реалноста. По втор пат во нашата историја, имаме можност да дојдеме до толку посакуваниот Мундијал. Првиот пат стигнавме толку блиску со спектакуларната победа во Палермо над Италија, но паднавме во Порто. Овој пат одиме на силната Данска. Денес сите љубители на фудбалот, на спортот воопшто и сите оние кои си ја сакаат Македонија дишат во ...

Дали можете да замислите фудбалско Светско првенство без Италија? Еднаш е случајност, двапати е катастрофа, но трипати по ред – тоа е веќе национална фудбалска трагедија. Четирикратниот светски шампион повторно танцува на работ од бездната, а легендите кои во 2006 година го кренаа „златниот глобус“ во Берлин, отворено зборуваат за две деценискиот системски колапс на италијанскиот фудбал во ексклузивна сторија објавена од Reuters. ...

Во модерниот фудбал, правилата на игра сè почесто се диктираат во судниците отколку на зелениот терен. Најновата бура во англиската Премиер лига се заканува да прерасне во сериозна правна војна, откако Евертон (со поддршка од Нотингем Форест) почна да ги разгледува сите правни опции за тужба против раководството на лигата поради очигледните „двојни аршини“ во казнувањето. Она што започна како тивко незадоволство, сега е отворен револт. Додека ...

Љубителите на тенисот го добија она што го посакуваа. Најголемото современо ривалство во женскиот тенис ќе добие ново поглавје на „Хард Рок“ стадионот, откако светската број 1, Арина Сабаленка, и број 2, Елена Рибакина, ги закажаа своите места во мега-полуфиналето на Мајами Опен. Ривалство од историски размери Иако според рангирањето ова требаше да биде финале, поради фактот што ждрепката беше направена пред Рибакина да скокне на второто ...

Изминатата ноќ во НБА лигата помина во знакот на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Додека Србинот поставуваше нестварни рекорди во Колорадо, Словенецот приреди шутерско шоу во Индијанаполис, потврдувајќи дека балканската моќ на паркетите е едноставно незапирлива. Денвер Нагетс 142 – 135 Далас Маверикс Никола Јокиќ одигра натпревар кој ќе влезе во сите историски книги. Во победата над Далас, популарниот „Џокер“ забележа трипл-дабл со 23 поени, 21 ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
52%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.08
57%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
93%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
61%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
5.66
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Сребро

2840.84