Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Хрватскиот пејач и патописец Борис Рогозница посетил една од популарните дестинации и јавно споделил што го дочекало таму. Хрватот тргнал на своето „најекстремно патување досега“ на почетокот на јануари 2026 година, а по краткото задржување во Доха, која ја опишал како „здодевна“, пристигнал во Индија. Своето искуство во Њу Делхи, град кој го нарекол „најлошото и најодвратното место на кое некогаш бил“, го споделил со своите следбеници на ...
Пред неколку дена беше објавено видео кое масовно се споделуваше на социјалните мрежи, на кое се може да се забележи стадо елени опкружени со снежна идила. Оваа прекрасна сцена потсетува како на сцена од цртан филм и беше вистинска празнична честитка. Сега, поради големиот интерес кој го предизвика оваа снимка во јавноста се огласија и од Националниот парк Галичица, кои одлучија да одговорат на неколку прашања кои како што велат, ги добиле по ...
Селото Микелон, во кое живеат околу 600 жители, се наоѓа на само два метра надморска височина и е под сериозна закана да биде потопено. Поради тоа е активиран план за целосно преселување на селото и неговите жители на побезбедна локација. За климатските промени со години слушаме, читаме и гледаме, но малкумина директно ги почувствувале нивните последици, освен екстремно жешките лета и зимите без снег. За жителите на Микелон, тие последици ...
Новите американски упатства за исхрана (DGA) за периодот 2025–2030 предизвикаа вистинска вознемиреност меѓу експертите и јавноста кратко по објавувањето на 7 јануари 2026. Научници од организациите „The Center for Science in the Public Interest“ и „The Center for Biological Diversity“ оценија дека официјалните упатства се премногу благи, недоволно јасни и под политички влијание на американската прехранбена индустрија. Во заеднички одговор ...
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба. „Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се ...
Кинескиот нуклеарен фузиски реактор „EAST“ успешно ја одржа плазмата стабилна при екстремни густини, остварувајќи голем исчекор во областа на нуклеарната фузија и потенцијално приближувајќи го човештвото до користење речиси неограничена чиста енергија. Често нарекуван и „вештачко Сонце“, кинескиот реактор за нуклеарна фузија проби важна граница со активирање на плазма надвор од вообичаениот оперативен опсег, со што го унапреди и онака бавниот ...
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите во Охрид. Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално ...
Познатиот охридски фотограф и креативен уметник Кристијан Љушев е лицето кое вчера го загуби животот по пад од зграда во Охрид, пренесува порталот ohridpress.com.mk. Од СВР Охрид засега нема официјална информација за околностите на настанот. Според неофицијални информации што ги објавува порталот, Љушев настрадал откако паднал од петти кат во окно од лифт во зграда во изградба. По несреќата, тој бил пренесен во Специјалната болница за ...
Астрономите открија мистериозен, сјаен бран во форма на лак околу блиска бела џуџеста ѕвезда, остатоците од мртва ѕвезда оддалечена 731 светлосна година. Овој феномен, кој потсетува на виножито, ги збунува научниците затоа што не постои познат механизам што би можел да ја објасни повеќебојната маглина околу белото џуџе RXJ0528+2838, пишува „Science Alert“. „Ние пронајдовме нешто што никогаш претходно не било видено и, што е уште поважно, ...
Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов се огласи во врска со инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од страна на македонските власти. Според Трифонов, проблемот не е скршеното стакло, туку ставот. Обично ...
Џенифер Лопез доминирала на модната сцена и по завршувањето на 83. доделување на Златните глобуси, кога се појавила на ексклузивната афтерпарти забава во фустан што не можел да се игнорира. Ѕвездата на вечерта го заменила гламурозниот, проѕирен аутфит од црвениот тепих со блескав корсет фустан со кристали, кој бил совршен за продолжување на вечерта. Лопез блеснала во Тамара Ралф котур фустан без ракави во нијанси на шампањско, со корсет ...
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за припојување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не реагира брзо, пренесе Ројтерс. Според Интерфакс, Медведев изјавил дека, според непроверени информации, за неколку дена би можел да се одржи ненадеен референдум на кој 55.000 жители на Гренланд би гласале за припојување кон Русија. Во меѓувреме, ...
Вештачката интелигенција би можела да биде „последната технологија што ќе ја развие човештвото“, предупредуваат експертите за безбедност на "AI", иако т.н. "doom timeline" – сценарио кое предвидува момент кога таа ќе ги надмине и ќе ги истисне луѓето – сега е поместено за неколку години. Истражувачкиот проект "AI 2027", кој во април 2025 година го објави групата "AI Futures", претстави сценарио според кое вештачката интелигенција уште во 2027 ...
Руската амбасада на Кипар вчера соопшти дека минатата недела починал еден од вработените во амбасадата, додека локалните медиуми наведуваат дека причината за смртта била самоубиство. Во соопштението на амбасадата се наведува дека вработениот, идентификуван само како А. В. Панов, починал во четврток, а неговата смрт е опишана како „длабока лична трагедија за семејството и најблиските“. Дипломатската мисија не ја наведе причината за смртта, ...
Зимата е период кога на децата им е потребна повеќе енергија, но и поквалитетна исхрана. За време на зимскиот распуст, училиштето паузира, а деновите се исполнети со игра, дружење, зимски спортови и мали секојдневни авантури. Токму затоа, изборот на оброци и ужинки треба да обезбеди доволно енергија, стабилна концентрација и поддршка на имунитетот, без непотребен внес на рафинирани шеќери и вештачки состојки. Квалитетните оброци и ужинки ...
Денес тешко можеме да замислиме лаптоп потежок од неколку килограми, но првиот „пренослив“ компјутер бил сè, освен лесен. „Osborne 1“, претставен во 1981 година, се смета за првиот комерцијално успешен пренослив компјутер во светот. Тежел околу 11 килограми и имал вградена рачка за носење, поради што повеќе личел на куфер отколку на денешен лаптоп. Иако имал многу мал екран, само 64 KB RAM меморија, процесор од 4 MHz и два флопи-диска, ...
Постои еден стар народен лек за кашлица што се користи за плакнење на грлото, така што ќе одиме на спиење со чисто грло, ќе ја смириме кашлицата и конечно ќе заспиеме. Овој старински лек ја смирува иритацијата на грлото, ја раствора густата слуз и ги отстранува иритирачките материи од грлото. Народниот лек за кашлица не се пие Раствор од топла солена вода е добро познат народен и домашен лек кој првенствено се користи за гаргара за смирување ...
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на референдум, нагласувајќи дека за Молдавија станува сѐ потешко да „опстои“ како самостојна држава. Молдавија, земја со околу 2,4 милиони жители сместена меѓу Романија и Украина, во последните години стана цел на руско хибридно дејствување, вклучувајќи кампањи на дезинформации и манипулации со избори, пишува ...
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица. Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ...
Лекари од Лондон велат дека постигнале нешто што досега се сметаше за невозможно – враќање на видот и спречување слепило кај луѓе со ретко, но опасно очно заболување наречено хипотонија. Болницата „Moorfields“ во Лондон ја отвори првата специјализирана клиника за оваа состојба, а пилот-студија покажува дека седум од осум пациенти позитивно реагирале на новиот третман. Една од нив е 47-годишната Ники Гај, првата пациентка која ја примила оваа ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста и дека Гренланд и Данска треба да одлучат за иднината на островот, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека треба да им припадне на САД. Коментарите на Вадефул следеа по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, во услови на зголемени тензии околу намерите на Вашингтон кон ...
Илон Маск најави дека ќе поднесе барање за самостојно старателство над своето 13. дете, откако мајката на детето, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, јавно изрази жалење поради своите претходни десничарски ставови. Неговиот приватен живот повторно е во центарот на вниманието поради овој потег. Ешли Сент Клер, инфлуенсерка позната по промовирање на МАГА-ставови, претходно тврдеше дека тајно го родила детето на Маск. Според Волстрит џурнал, ...
Париз и Лондон први официјално најавија испраќање мировни трупи во Украина, откако ќе заврши војната. Но како воопшто би изгледало тоа? И дали ќе се осмелат ако не добијат поддршка од американската војска?, пишува Дојче Веле. Кога европските сојузници се состанаа во Париз за да ги зацврстат безбедносните гаранции за Украина, таму беа и пратениците на Трамп. Тоа накратко даде надеж дека гласот на Европската унија би можел да се слушне во ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој со автомобил ја прегази и усмрти 79-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец. Тој избегал од местото на несреќата, а наскоро и од државата, со помош на татко му и неколкумина помагачи. МВР сега го објави неговиот идентитет – станува збор за Саит Саитов роден на 6-ти април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете. „Лицето е ...
Дали некогаш сте посакале да живеете далеку од сè, во мало, уредено општество во кое секој го познава секого? Во кое нема криминал, децата безгрижно трчаат каде и да посакаат, храната не се увезува, а сигнал за мобилни телефони речиси и да нема? Оваа, во денешно време малку утописка заедница навистина постои и брои нешто помалку од 300 жители. Точка среде Атлантскиот Океан, активниот вулкан кој го создал островот Тристан да Куња, денес е ...
Вештачката интелигенција одамна не е поим од научнофантастични филмови, туку економска реалност која го преобликува пазарот на труд побрзо од која било технолошка револуција досега. Додека едни во неа гледаат можност за неверојатен раст и продуктивност, други со загриженост ги следат вестите за милиони работни места што би можеле да исчезнат. Вистината, како и обично, е некаде помеѓу, но едно е сигурно: промените се неизбежни. Експертите ...
Прекинот на работата на цревата најчесто е придружен со интензивна болка во стомакот, повраќање и неможност за празнење. „Преплетени црева“ е народно име за многу опасна состојба која укажува на застој во работата на цревата, додека медицинскиот термин за тоа е илеус. Станува збор за сериозен здравствен проблем кој укажува на нарушување на функцијата на еден од клучните органи на дигестивниот систем. Состојбата е проследена со силна болка во ...
Вештачката интелигенција одамна не е поим од научнофантастични филмови, туку економска реалност која го преобликува пазарот на труд побрзо од која било технолошка револуција досега. Додека едни во неа гледаат можност за неверојатен раст и продуктивност, други со загриженост ги следат вестите за милиони работни места што би можеле да исчезнат. Вистината, како и обично, е некаде помеѓу, но едно е сигурно: промените се неизбежни. Експертите ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има ...
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција. Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без ...