Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Никола одбил милионска понуда – рекол „не“ кога му понудиле три хотели во Дубаи во замена за неговата камена куќа. Во Горна Дубрава во Хрватска се крие вистинско чудо на природата и архитектурата. Мала камена куќа е сместена покрај речен кањон, на место каде Горски Котар полека преминува во пејзажите на Лика. Од пештерата што се наоѓа веднаш до неа извира бистра вода и формира мало езерце, додека недалеку се наоѓа влезот во пештерата Зала, ...
Истражувачите нудат ново објаснување за децениската мистерија во Бермудскиот триаголник. Според најновата теорија, ерупции на метан од морското дно можеле привремено да ја намалат пловноста на бродовите и да ги попречат моторите на авионите. Нова теорија нуди можно објаснување зошто Бермудскиот триаголник со децении се поврзува со мистериозни исчезнувања на бродови и авиони. Истражувачите одамна се сомневаат дека необични услови на околината, ...
Срцевите удари погодуваат милиони луѓе ширум светот. Инфарктот честопати се случува без предупредување и секоја секунда е важна. Но, како да преживеете срцев удар кога сте сами? Американскиот кардиоваскуларен хирург Џереми Лондон со повеќе од 25 години клиничко искуство, споделил неколку животоспасувачки совети за да преживеете срцев удар, особено кога сте сами. Кардиохирургот Џереми Лондон објаснува што да прави лицето ако чувствува дека ...
Откако "TikTok" во САД ја промени сопственичката структура за да избегне забрана, платформата ја погодија технички проблеми и обвинувања за цензура. Во тој хаос нагло расте „UpScrolled“, нова социјална апликација која се претставува како алтернатива на големите платформи. Во САД во последните денови нагло се зголеми интересот за апликацијата „UpScrolled“, пишува „Al Jazeera“, по превирањата околу „TikTok“ и промените што следеа по т.н. ...
Врз семејната куќа на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, која се наоѓа во белградската населба Дедиње, во текот на ноќта била фрлена бомба. По повод овој настан се огласи и самиот пејач, кој моментално не се наоѓа во Србија. Имено, Чолиќ преку својата ПР-агенција истакна дека сите членови на семејството се добро и апелираше на одговорно известување на медиумите. „Моментално сум надвор од Србија. Во Загреб сум, каде што ги завршувам ...
Раперката Доечи се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа на 68-то доделување на музичките награди Греми. На сцената се појави во комбинација составена исклучиво од накит наместо топ и раскошно црвено балско здолниште, со што оддаде почит на култната сцена од филмот „Death Becomes Her“. Овој изглед веднаш го привлече вниманието на модните познавачи, а Доечи го интерпретираше на целосно автентичен начин, пишува „InStyle“. Накит наместо ...
Гравиолата може да биде вкусно овошје во смути или чај, во мали количини, но не постојат научни докази дека делува против рак, а постојат сериозни ризици. Здравјето не е во магични напивки, туку во докази, трпение и навремено лекување. Доколку слушнете дека нешто „лекува рак подобро од хемотерапија“, бидете исклучително внимателни и заштитете се себеси и вашите најблиски. Ако се борите со рак или познавате некого што поминува низ таква борба, ...
Докторката Тулси открила дел од разговорот со свој 103-годишен пациент којшто открил во што мисли дека е тајната на долговечноста. Сите луѓе би сакале да имаат долг, среќен и здрав живот, па така во текот на животот се трудат да најдат совршен баланс. Би требало здраво да се храниме, доволно да спиеме, да имаме редовна физичка активност и секако да го негуваме својот дух, да бидеме исполнети и среќни. Здравиот начин на живот освен храната и ...
Д-р Никола Иванчевиќ, специјалист по детска неврологија, раскажал случај од својата пракса со цел да ги предупреди родителите на една многу подмолна болест – апсансната епилепсија. Имено, таа најчесто се манифестира на начин што остава впечаток дека детето е непослушно или има проблеми со вниманието, а всушност станува збор за дијагноза што може сериозно да го загрози животот на детето. Што е апсансна епилепсија? Детската апсансна епилепсија ...
Во последниве години растот на цените на недвижнини стана еден од најголемите општествени и економски проблеми на модерното доба. Купувањето или изнајмување стан или куќа повеќе не е реална опција за многу од луѓето, па дури ниту за оние кои се постојано вработени и имаат стабилни приходи. Трошоците на метар квадратен растат побрзо од платите, каматната стапка го отежнува задолжувањето, а пазарот е помалку приспособен на просечните плати на ...
„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот Според пишувањето на весникот, кој се повикува на извори запознаени со разговорите, планот бил разгледуван во повеќе наврати во текот на декември и јануари меѓу украински, европски и американски официјални претставници и предвидува повеќеслоен одговор на секое прекршување на договореното примирје од страна на Русија. ...
Бананите се едно од најпопуларните овошја во светот, познати по својата практичност и нутритивна вредност. Ова вкусно тропско овошје, поради својата достапност и лесниот начин на консумирање, се јаде насекаде низ планетата. Бананите се омилени и кај спортистите и кај рекреативците поради високата енергетска вредност. Сепак, според „Harvard School of Public Health“, времето и начинот на консумирање на ова овошје можат значително да влијаат врз ...
За многумина, фотографиите од бел песок и море во нијанси на тиркизна боја се синоним за идеално летно бегство. Обично ваквите сцени ги поврзуваме со далечни дестинации како Малдивите, кои остануваат сон поради долгите летови и високите цени. Сепак, слично чувство на луксуз и изолација може да се доживее многу поблиску. На турскиот брег на Егејското Море, во близина на Бодрум, се наоѓа Лујо Бодрум, одморалиште кое во последниве години го доби ...
Хуманоидните роботи на кинеската компанија „LymX Dynamics“ демонстрираа самостојна активација по пристигнувањето на локацијата, без помош од луѓе и без класично адаптирање. Замислете фабрика во која хуманоидните роботи сами се „активираат“ веднаш по пристигнувањето. Без човечка помош и без рачно конфигурирање. Компанијата „LimX Dynamics“ токму тоа го демонстрираше и за првпат го прикажа во пракса. Компанијата со седиште во Шенжен објави видео ...
Влијателната личност и претприемачка се појавила на црвениот тепих во елегантен долг црн фустан, додека нејзината долга коса била пуштена, што додало романтичен шмек на целокупниот изглед. Без сомнение, Парис Хилтон го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави, а тоа било случај и синоќа, кога се појавила на церемонијата пред доделувањето на Греми наградите што се одржа во Лос Анџелес. Како што сугерира и самото име, ова е ...
SpaceX ја презеде xAI, објави компанијата, спојувајќи ги двете најамбициозни компании на Илон Маск во еден единствен ентитет кој сега е највредната приватна компанија во светот. Спојувањето ги истакнува огромните финансиски потреби на xAI за да се натпреварува во брзорастечката област на вештачката интелигенција, но и важноста на технологијата за иднината на истражувањето на вселената, пишува CNN. „Ова означува не само следно поглавје, туку и ...
Многумина од регионот, меѓу нив и македонски државјани, сè уште со леснотија влегуваат во ризик кога станува збор за престојот во земјите од Европската Унија, како да се работи за нешто што „може да помине“. Свесно или несвесно, правилото за дозволен престој често се тестира на сопствена кожа, а прашањата што секојдневно кружат по социјалните мрежи звучат речиси идентично: дали некој ќе забележи неколку дена повеќе, дали на граница гледаат, ...
Формирањето на бригадата на Бундесверот во Литванија влезе во нова фаза на 29 јануари, кога два борбени баталјона ѝ се приклучија на бригадата, во рамки на постепеното зајакнување на германските сили во таа земја. Според зборовите на еден генерал од Бундесверот, Германија се подготвува за можноста од руски напад во следните две години. Во интервју за британскиот „The Times“, Џералд Функе, началникот на новоформираната Команда за поддршка на ...
Кога ќе се спомне здрава исхрана, повеќето луѓе автоматски замислуваат чинија полна со салата. Иако полиците во продавниците денес се богати со разновиден зеленчук во текот на целата година, во секојдневната исхрана најчесто ги консумираме истите неколку избори: марула, морков, брокула, евентуално спанаќ. Сè друго често останува занемарено, иако токму меѓу тие намирници има и такви со исклучително силни здравствени придобивки. Затоа е важно ...
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“. Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари. Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и ...
Во секој град бездомните кучиња се дел од секојдневието, а многу од нив поминуваат месеци, па дури и години, без вистински дом, љубов и внимание какви што заслужуваат. Тие секојдневно чекаат на семејство кое ќе им покаже дека светот надвор од ѕидовите на азилот е полн со радост и топлина. Но, за многу од нив дури и еден ден внимание и прошетка може да значи сè – првиот чекор кон доверба, среќа и можност за вдомување. Февруари, месецот на ...
На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар Марковски, кој вечерта кога се случи пожарот од клубот излегол со повреди на дишните патишта, сведочеше дека вратата кај бината служела преку неа да излезат малолетници во случај на полициска рација. Неколкумина сведоци на минатите рочишта кажаа дека освен вратата преку која влегле во клубот, постои уште една, но за разлика ...
Потеклото на народот Хунза е подеднакво мистериозно како и нивната извонредна долговечност, а одговорите веќе децении се бараат во необичната комбинација на генетика, средина и начин на живот, па дури и во можни врски со Баските и војската на Александар Македонски. На крајниот север на Пакистан, во високата планинска долина Хунза, во регионот Гилгит-Балтистан, живее заедница за која се зборува со скоро митско почитување. Според локалните ...
Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна со работа највисокото координациско тело задолжено за следење и унапредување на институциите кои спроведуваат финансиски истраги и конфискација на имот. Со Советот претседаваше Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, а на состанокот присуствуваа претседателот ...
Секоја година стотици илјади локални жители и странски туристи се собираат на јужниот крај на Корејскиот Полуостров по повод Фестивалот на раздвојување на морето Џиндо. Станува збор за природен феномен при кој морето Џиндо, северниот дел на Источнокинеското Море, се повлекува токму толку за да открие премин долг околу 2,9 километри, кој го поврзува островот Џиндо со блискиот остров Модо. Во текот на еден час, колку што патеката е највидлива ...
Патниците денес сè поретко сакаат класични туристички искуства. Наместо тоа, бараат места каде што можат да го почувствуваат локалниот живот, храната и атмосферата, далеку од прескапите ресторани и „разгледници“ наменети за туристи. Пример во пракса: тешко дека ќе ја изедете најдобрата пица во животот во ресторан со поглед кон Колосеумот. Затоа компанијата „InsureandGo“ малку „заплови во бројките“ за да открие кои европски градови на ...
На овој пар можеби никој не се надевал, но изгледа дека седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон е во врска со ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан. Тие биле „фатени“ заедно на романтичен викенд во близина на Оксфорд, а сите детали за нивната романса ги пренесе „The Sun“. Како што се наведува, парот престојувал во ексклузивниот „Estelle Manor“ во Котсволдс, каде што собите можат да чинат 1.000 фунти (1.150 евра) за ноќевање. Кардашијан ...
Нијагарините водопади, кои се протегаат долж границата меѓу Соединетите Американски Држави и Канада, делумно се замрзнаа поради ниските температури што во овој регион деновиве се спуштаат и до околу минус 11 степени Целзиусови, пишува „Глобал њуз“. И покрај зимската ледена магија, водата и понатаму тече под дебелиот слој мраз, додека замрзнатата околина и импресивните ледени формации привлекуваат посетители од целиот свет. Ниските температури ...
Македонски мозочни примероци биле дел од големо меѓународно научно истражување предводено од Универзитетот „Колумбија“, насочено кон проучување на самоубиства, шизофренија и други психијатриски нарушувања. Проектот повторно дојде во фокусот на јавноста по објавувањето на документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, во кои се споменува и Македонија. Сепак, според поранешниот директор на Институтот за судска медицина во Скопје, Алексеј Дума, ...
Најновите документи објавени од американското Министерство за правда во рамки на истрагата поврзана со Џефри Епстин откриваат шокантни наводи за можна вмешаност на македонски државјанин – професор на Универзитетот Колумбија – во набавка и извоз на човечки мозоци од Македонија за научни експерименти во Соединетите Американски Држави. Според документите, станува збор за околу 1.000 човечки мозоци, дел од нив од лица кои извршиле самоубиство. Во ...