Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во текот на изминатите неколку децении, Словачка стана една од водечките автомобилски земји во Европа, привлекувајќи странски инвестиции и создавајќи илјадници работни места во автомобилската индустрија. Во огромна фабрика, опкружена со планини покриени со снег, лифтот ги спушта челичните каросерии на автомобили до почетокот на производствената линија. Тие штотуку се заварени, што е работа што ја извршуваат роботи, од кои дури 690 работат во ...
Компаниите „Lego“ и „Crocs“ имале намера на своите обожаватели ширум светот да им понудат уникатно искуство – модел на обувки што ги спојува препознатливите „Lego“ коцки со предимензионираните „Crocs“ кломпи. Станува збор за дизајн на обувки што го красат иновативност и автентичност, но и мала доза непрактичност. „LEGO Групацијата и Crocs се здружија за да ја прослават смелата и бескомпромисна креативност на луѓето“, изјавил Сатвик ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека во таа земја дури и кучето на претседателот Александар Лукашенко има повеќе права од граѓаните. Зеленски ги даде овие забелешки во говорот во Литванија по повод годишнината од Јануарското востание. Тој рече дека Белорусија „сè уште е принудена да постои како руска покраина“. „Засега, за жал, ...
Во Вселената изгледа како сафирен драгоцен камен, но HD 189733b е сè, освен тоа. Со ветрови кои достигнуваат седум пати поголема брзина од звукот и облаци кои излеваат стопено стакло на страна, овој вонземски свет е едно од најнепристапните опкружувања некогаш забележани. Планетата, која се наоѓа на 64 светлосни години далечина во соѕвездието Лисица, првпат се најде на насловните страници кога вселенскиот телескоп Спицер на НАСА ја забележал ...
Иако врвна храна има низ цела Италија, Парма треба да се најде на самиот врв на листата на секој вистински љубител на сирење. Сместена во регионот Емилија-Ромања, Парма – заедно со соседната Реџо Емилија (Reggio Emilia) – е татковина на обожуваното сирење Пармиџано Реџано (Parmigiano Reggiano). Таканаречениот „крал на сирењата“ законски смее да се произведува под тоа име исклучиво во овие две покраини, како и во Модена, Мантова и Болоња. И ...
Ракот сè уште е еден од водечките причини за смртност во современите општества, но сè поголем број истражувања покажуваат дека значаен дел од ризикот не лежи исклучиво во генетиката или „лошата среќа“. Иако многу фактори остануваат надвор од лична контрола, стручњаците истакнуваат дека со промена на секојдневните навики може да се влијае на долгорочното здравје и намалување на ризикот од развој на малигни болести. Според достапните податоци, ...
Меѓународен тим научници во Колумбија го открил најстариот познат патоген на сифилис во остатоци од човечко тело стари 5.500 години. Меѓународниот тим научници, предводен од истражувачот Давиде Боци од Универзитетот во Лозана, реконструирал геном од потколеница на возрасна личност стара 5.500 години, чии остатоци биле пронајдени во планинскиот предел на регионот Сабана де Богота во централна Колумбија, пренесе угледното научно списание ...
Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. 🏙️ Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) • до 10 km/h над дозволеното – 15 € • од 10 до 30 km/h – 50 € • од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за ...
Манекенката Амелија Греј Хамлин, позната и како „непо бебе“, со оглед на тоа што нејзините родители се славната Лиса Рина и актерот Хари Хамлин, конечно проговорила за сите естетски зафати на кои се подложила. Најмногу внимание привлекуваа нејзините усни, но како што тврди Амелија, нив никогаш не ги допрела. „Отсекогаш сум ги имала овие усни. Во моментов правам нешто што се вика SkinVive, тоа е инјекција за хидратација, а не филер“, изјавила ...
Снежна бура низ САД уби најмалку десет луѓе, остави милиони без струја и приземји илјадници летови. Националната метеоролошка служба вели дека денес се очекува да падне уште снег. Околу 20 држави, вклучувајќи го и Вашингтон, веќе прогласија вонредна состојба, според Франс Прес. Некои метеоролози ја нарекуваат бурата една од најлошите зимски бури во САД во последните децении. Снегот, исто така, носи ниски температури и замрзнување на ...
Првиот сведок на Обвинителството, 20-годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени кажа дека тој и брат му Андреј, кој загина во пожарот, работеле непријавени, во дискотеката и претходно се користеле запаливи средства за забава, дека имало само еден влез/излез за гостите и дека имало малолетни лица. Панов сведочеше дека работел во „Пулс“ за викенди, на повик, а ...
Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е во изградба од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри. Мостот Руџи во долината Шенксијангду во кинеската покраина Џеџијанг стана вистински хит на социјалните мрежи. Поради неговиот посебен дизајн, многумина мислеа дека не е вистински, туку дека е „дело“ на вештачката интелигенција. Сепак, овој кривулест стаклен мост, кој се состои од три дела, ...
Што би рекле на тоа кога некој би ви понудил да се преселите во напуштен град кој се наоѓа среде недопрена природа? Супер! Веројатно веднаш помисливте на работи како свеж воздух, живот далеку од градската бучава и врева, домашна храна и секојдневни прошетки. Звучи добро, но таквиот живот може да има и одредени недостатоци. Некои од нив што ни паѓаат на памет се бавна интернет-врска, недостаток на забава и, најважното: што да се работи таму и ...
Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите на загинатите кои го следат судењето. Пред да почне сослушувањето на сведоците, судијката Диана Груевска-Илиевска ги предупреди родителите на загинатите да го почитуваат редот во судницата и им објасни дека сите обвинети имаат право на адвокат, по тензијата од минатото рочиште. Ги предупреди дека ќе бидат исклучени од ...
Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато. Протестот ќе се ...
Неколку лица се водат како исчезнати откако избувна пожар во фабрика за храна во близина на градот Трикала во централна Грција, изјави за Ројтерс функционер на противпожарната служба. Службеникот рече дека 13 лица биле во фабриката кога избувнал пожарот, а осум успеале да избегаат. Службеникот рече дека причината за пожарот, кој избувнал во раните утрински часови, сè уште не е позната. Локалните медиуми објавија дека пред пожарот се слушнала ...
Пет лица се водат како исчезнати откако избувна пожар во фабрика за храна во близина на градот Трикала во централна Грција, изјави за Ројтерс функционер на противпожарната служба. Службеникот рече дека 13 лица биле во фабриката кога избувнал пожарот, а осум успеале да избегаат. Службеникот рече дека причината за пожарот, кој избувнал во раните утрински часови, сè уште не е позната. Локалните медиуми објавија дека пред пожарот се слушнала ...
Популарниот инфлуенсер Пол Тејлор кој има следбеници на YouTube каналот „Suitcase Monkey“, ја нарече „прекрасната европска земја“ една од најзанемарените дестинации на континентот. Зборуваме за Словенија - земја со население од нешто повеќе од два милиони жители, која, како што вели тој, доживува вистински туристички бум. „Сепак, и покрај растот, многу луѓе сè уште ја прескокнуваат и претпочитаат да ги изберат „безбедните“ класици“, вели ...
Во новата година сите влегуваме со нови очекувања посакувајќи да бидеме повитални, попродуктивни и поздрави. Се почнува со желба, а продолжува со воспоставени здрави рутини и навики, со кои ќе си помогнеме полесно да ги надминеме сите предизвици. Овие денови можете да ја започнете вашата нова здрава рутина со новиот нутриционистички тренд Мача колаген, функционален производ кој обезбедува повеќе енергија, подобра концентрација, грижа за ...
Привремената венецуелска претседателка, Делси Родригез, изјави дека е „презаситена“ од наредбите од Вашингтон додека работи на обединување на земјата откако САД го уапсија поранешниот лидер Николас Мадуро. Родригез е во деликатна позиција откако САД ја поддржаа привремено да ја води земјата, балансирајќи помеѓу задржувањето на поддршката од поддржувачите на Мадуро и исполнувањето на очекувањата на Белата куќа, пишува CNN. Речиси еден месец ...
Освен што апстиненцијата ѝ помогнала во борбата со хронична болест, ѝ донела и неочекувани придобивки за менталното и физичкото здравје, кои ја мотивирале да остане трезна. Кон крајот на 2024 година, Мили Бул донела одлука целосно да се откаже од алкохолот. Се соочувала со здравствени проблеми што пиењето само ги влошувало, па решила да направи пауза. Неколку недели подоцна, и полесна за околу три килограми, ѝ бил дијагностициран улцерозен ...
Најмалку 15 лица загинаа, а 28 се уште се водат како исчезнати откако филипински траект со повеќе од 350 патници и членови на екипажот потона покрај јужниот брег на земјата. Спасувачите спасија 316 лица од бродот MV Trisha Kerstin 3, објави Би-Би-Си. Бродот, кој превезуваше патници и товар, пловел од Минданао, на јужниот копнен дел, кон островот Џоло на југозапад. Испратил повик за помош во 1:50 часот по локално време во понеделник. Властите ...
Размислувањата на Владета Јеротиќ за психосоматските болести, врската помеѓу телото и психата, улогата на стресот, простувањето и духовноста во процесот на лекување и зачувување на здравјето се нешто непроценливо и денес. Со децении, академикот, филозофот и писател Владета Јеротиќ ја потсетува јавноста на една често занемарена, но суштинска вистина, дека човекот не е само тело кое се распаѓа и се поправа, туку цело битие во кое умот, ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово. Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет. На 16 март 2025 година, за ...
Функцијата за пребарување на „Google“ под име „AI Overviews“ го цитира „YouTube“ повеќе од кој било медицински веб-сајт кога одговара на прашања за здравствени состојби, покажува најновото истражување. Компанијата „Google“ соопшти дека одговорите на вештачката интелигенција, кои се појавуваат на врвот на резултатите од пребарувањето и користат генеративна AI за одговори на прашањата на корисниците, се „доверливи“ и цитираат угледни медицински ...
Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична енергија. Поради „опасните по живот“ услови што се проширија од Тексас до Нова Англија, училиштата и патиштата беа затворени низ целата земја, а бројни летови беа откажани, пишува BBC News. Пријавени смртни случаи Најмалку две лица починаа од хипотермија во Луизијана, а други смртни случаи поврзани со ...
Поранешната манекенка Хајди Клум има свои ритуали и рутина на нега на кожа од кои не отстапува. Секојпат кога фотографиите на поранешната манекенка Хајди Клум ќе го обиколат светот, сите се воодушевени од нејзината линија, но и од нејзината беспрекорно негувана кожа. Хајди голем дел од својот изглед го должи на здравата исхрана, на која многу внимава, но и на соодветната нега што ја спроведува. Како што еднаш му открила на Берди, има еден ...
Еден од најточните описи на зимата во Македонија денес не доаѓа од статистика, туку од секојдневен разговор меѓу луѓето: штедиме на греење, се грееме на нерви. Реченица кажана со цинизам. Затоа што зад неа стои проста, а тешка реалнос: платите стагнираат, трошоците растат, а просторот за маневрирање кај семејните буџети одамна е сведeн на минимум. Во просечно македонско домаќинство, платата одамна не е мерка за животен стандард, туку за ...
Повеќето живописни крајбрежни места во Европа се претворија во дестинации преполни со сувенирници и туристички ресторани наредени еден до друг, без рибари на повидок што ги развлекуваат мрежите. Но, ако се најдете во Шпанија, поточно на нејзиниот север, можете да го истражите малото Кудиљеро, кое како временска машина ве враќа во порамантични времиња. Се смета дека потекнува уште од средниот век и се гордее со богата поморска историја. Со ...
Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето во грчкиот град Патра, биле откриени над 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис во вредност од 1,7 милиони евра, за што уапсени се две лица. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на товарно ...