Престојот во природа, особено во области со ниска вегетација и грмушки, носи ризик од контакт со крлежи. За нивната активност се потребни поволни температури и влажност, па затоа тие имаат изразена сезонска активност. Најбројни се во текот на пролетта, раното лето и раната есен, а нивната распространетост зависи од климатските и еколошките услови. Крлежите најчесто се наоѓаат на листови и гранки од грмушки, ниска вегетација до висина од еден ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека конфликтот во Украина се приближува кон својата завршна фаза, и покрај претходната решеност за продолжување на борбата до остварување на целите. Тој остави можност за политички дијалог и евентуални преговори, посочувајќи го поранешниот германски канцелар Герхард Шредер како потенцијален посредник. Во меѓувреме, Русија и Украина постигнаа краткотрајно примирје и размена на затвореници, но тие се ...

Хантавирусот претставува сериозна група вируси што најчесто ги пренесуваат глодарите и се среќава во различни делови на светот. Инфекцијата најчесто се шири преку контакт со урината и изметот на заразени животни, а симптомите вклучуваат треска, замор и потешкотии со дишењето. Иако не постои конкретен антивирусен третман, раната дијагноза и соодветната поддршка се клучни за успешна терапија. Што претставува хантавирусот? – Хантавирусот е ...

Зад впечатливите фотографии, патувањата и стилот што привлекува внимание, Сандра Матеска Блат открива дека нејзиниот свет е многу повеќе од она што се гледа на Инстаграм. Во искрено интервју, таа зборува за балансот меѓу приватноста и јавноста, љубовта кон патувањата, семејните вредности и животот без непотребен притисок. Признава дека луксузот никогаш не ѝ бил пресуден колку чувството што едно место го носи, а најголемото богатство за неа ...

Иранската Револуционерна гарда издаде предупредување дека ќе изврши напади на американски објекти доколку бидат нападнати иранските танкери, што ја продлабочува тензијата во Персискиот Залив. Во меѓувреме, САД се надеваат на дипломатски решенија преку мировен договор, а Катар го продолжува медијаторскиот дијалог во обид да спречи нови судири во регионот. Иранската Револуционерна гарда издаде предупредување за можни напади врз американски ...

Компанијата CroConcierge, основана во 2022 година и со седиште во елегантната Опатија на хрватското крајбрежје, се позиционира како ексклузивен партнер за клиенти кои бараат врвна организација, приватност и персонализирано искуство при патување и престој. Со концепт на модерна консиерж услуга, CroConcierge нуди комплетна поддршка на копно, море и во воздух, обезбедувајќи премиум услуги за деловни луѓе, туристи со високи очекувања и сите кои ...

Во време кога сè повеќе патници бараат уникатни и персонализирани искуства наместо класични хотелски одмори, чартер-пловидбата се наметнува како еден од најатрактивните начини за истражување на светските крајбрежја. Од скриени плажи и недопрени острови, до гламурозни марини и автентични крајбрежни градови – одморот на пловило нуди слобода, приватност и доживувања што не можат да се споредат со ниту еден друг вид патување. Но, и покрај ...

Замислете секој човек да има најдобар пријател кој секогаш е достапен, никогаш не осудува, во целост се согласува со вас и не бара ништо за возврат. Дали таквиот однос би го решил проблемот со осаменоста со кој денес се соочуваат милиони луѓе? Експертите велат – не. Напротив, предупредуваат дека таквиот „пријател“ би можел дополнително да ја продлабочи осаменоста. Тој потенцијален најдобар пријател веќе постои во форма на вештачка ...

Во време на изострени односи меѓу Европа и Русија, словачкиот премиер Роберт Фицо повика на обнова на соработката и враќање на добрите билатерални врски. Тој ја критикуваше политиката на ЕУ за ограничување на руската енергија и потенцираше дека тоа може да ѝ наштети на европската економија и конкурентност. Фицо исто така ја нагласи потребата од конструктивен дијалог и посочи дека Словачка останува зависна од руските енергетски ресурси, додека ...

Затворањето на Ормутскиот теснец предизвика големи нарушувања во светскиот транспорт, а враќањето на нормалната пловидба ќе трае долго и по повторното отворање на преминот. Меѓународниот транспортен форум предупредува дека на глобалниот транспорт ќе влијаат повеќе фактори, вклучувајќи ја довербата и инфраструктурните проблеми. Дополнително, кризата влијае и на зголемување на цените на авиогориво и откажани летови ширум светот. Затворањето на ...

По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон објави голем број доверливи документи поврзани со неидентификувани летачки објекти и необјаснети воздушни феномени, отворајќи досега најголем увид во случаи што со децении предизвикуваат мистерии и шпекулации. Меѓу објавените материјали има сведоштва од астронаути на Аполо 11, воени пилоти, разузнавачки службеници и извештаи од различни американски институции. Трамп: „Луѓето сами ...

Поради пристигнувањето на крузерот „MV Hondius“, во Тенерифе се спроведуваат силни безбедносни подготовки, откако на бродот беа потврдени случаи на опасниот андес сој на хантавирус, од кој досега починаа три лица. Бродот, на кој има речиси 150 патници и членови на екипажот од 23 држави, треба да пристигне во индустриското пристаниште Гранадилја утре во раните утрински часови. Големи подготовки во пристаништето На пристаништето се поставуваат ...

Норвешката компанија „Morrow Batteries“ требаше да произведува околу 20.000 автомобилски батерии годишно, но банкротираше за помалку од две години. Повеќе од двесте вработени веројатно ќе ги изгубат своите работни места, а речиси 500 милиони евра јавни и приватни инвестиции се изгубени. Само пред една година, истото се случи и со шведскиот производител на батерии „Northvolt“, за кој се очекуваше да биде европски конкурент на азиските гиганти ...

Актерката и пејачка Селена Гомез пристигнала на премиерата на документарецот на Нетфликс и покрај сите коментари што одвреме-навреме ја следат. Иако поминала низ вистински пекол и сега конечно ужива во бракот со Бени Бланко, Селена и понатаму се соочува со критики. За да го сврти вниманието од сето тоа, блеснала на црвениот килим и тоа во фустан покрај кој не ви е потребен никаков накит, пишува „Marie Claire“. Малиот црн фустан со миди ...

Русија денеска со воени паради и државни церемонии го одбележува Денот на победата над фашизмот, а централниот настан традиционално се одржува на Црвениот плоштад во Москва. Сепак, годинашната парада се разликува од претходните, бидејќи на неа нема да продефилира тешка воена техника, ниту ќе учествуваат дел од кадетите и питомците од воените училишта. Од руското Министерство за одбрана велат дека „отсуството на опрема и некои единици од ...

Диеталниот газиран сок наместо обичен сок изгледа како разумна алтернатива, бидејќи не содржи шеќер, калории и не создава чувство на вина. Сепак, да видиме што всушност се случува ако ги пиете овие пијалаци секој ден. Диеталните газирани пијалаци долго време се дел од популарната култура. Тие ветуваат „сладост без последици“, поради што многумина ги сметаат за компромис помеѓу задоволството и здравјето. Според сајтот „Real Simple“, интересот ...

Експертите предупредуваат дека омилените утрински пијалаци можат значително да го намалат дејството на лековите против алергија. Одредени пијалаци можат да влијаат на ефикасноста на фексофенадинот – антихистаминик што често се користи за ублажување на симптомите на поленска алергија, но и за смирување осип и чешање по убоди од инсекти, пренесува „Food Bible“. Пијалаци што го намалуваат дејството на лековите за алергија Поголемиот дел од ...

Војната со Иран почна директно да го удира џебот на потрошувачите и во развиените економии, принудувајќи ги домаќинствата да ги кратат своите заштеди за да го задржат основниот животен стандард. Главниот глобален економист на УБС Велт Менаџмент, Пол Донован, во изјава за Си-Ен-Ен предупреди дека компаниите веќе ефикасно ги префрлаат сите зголемени трошоци предизвикани од конфликтот директно врз крајните потрошувачи. Тој ја објасни ...

Крузерот „MV Hondius“, на кој тројца патници починаа од инфекција со хантавирус, се очекува утре рано наутро да пристигне на шпанскиот остров Тенерифе, соопшти операторот на бродот. Од компанијата наведоа дека во тек се обемни подготовки поврзани со пристигнувањето, карантинот и процедурите за медицинска проверка на сите патници и на екипажот, како и плановите за нивните понатамошни патувања. Во координацијата се вклучени институции од ...

Здружението на германски аеродроми (ADV) упати сериозно предупредување дека во блиска иднина може да дојде до откажување на голем број летови, што директно ќе погоди милиони патници. Како главни причини се наведуваат недостигот на авионско гориво и енормното зголемување на цените на авионските билети. Стравот од пад на капацитетите станува реалност „Стравуваме дека ќе бидат откажани дополнителни летови, особено кај нискобуџетните ...

Секое модно издание на принцезата од Велс е вистинска инспирација и се споредува со најголемите икони на 20 век, а овојпат британските медиуми забележале дека Кејт можеби барала инспирација во фотографиите на Одри Хепберн. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон организирале забава во градината на Бакингемската палата во петокот, во име на кралот Чарлс III, а принцезата од Велс повторно воодушевила со елеганција. Кралскиот пар изгледал елегантно ...

„Nokia“ со години важеше за синоним за издржливи и сигурни телефони, но еден модел остана запаметен како еден од најголемите промашувања во историјата на компанијата – „Nokia 7600“. Овој телефон се појави во 2003 година и веднаш предизвика поделени реакции. Додека поголемиот дел од производителите во тоа време се обидуваа да создадат што попрактични и поедноставни мобилни телефони, „Nokia“ реши да експериментира со необичен дизајн. Моделот ...

Потврдата дека на крузерот „MV Hondius“ е регистриран андски сој на хантавирус, единствениот за кој е докажано дека во ретки случаи може да се пренесува од човек на човек, повторно го отвори прашањето дали на светот му се заканува сценарио слично на коронавирусот. Дополнителна загриженост предизвика веста дека здравствените служби на повеќе земји се обидуваат да пронајдат дел од патниците кои претходно го напуштиле бродот, но епидемиологот ...

Потврдени се шест случаи на хантавирус од осум сомнителни случаи пријавени по избивањето на заразата на крузерот „MV Hondius“ во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО). „До 8 мај вкупно се пријавени осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, а сите се идентификувани како последица на вирусот Анда, за кој се ...

Во современиот туризам сè повеќе патници се свртуваат кон концептот „патување како мачка“, начин на патување што подразбира бавно темпо, љубопитност, избирање дестинации на кои се чувствуваат сигурно и опуштено. Наместо трка по атракции и густи маршрути, фокусот е на доживувањето, атмосферата и слободата местото да се открива со сопствен ритам. Овој пристап е особено изразен во регионот, каде што сè повеќе градови и крајбрежни места се ...

Додека поголемиот дел од Европската унија постепено се оддалечува од американскиот претседател Доналд Трамп, Политико пишува дека Грција оди во спротивна насока и сè поотворено гради политички и економски врски со круговите блиски до движењето МАГА (Make America Great Again – Да ја направиме Америка повторно голема). Американската амбасадорка во Атина, Кимберли Гилфојл, ја поттикнала идејата Трамп ова лето да одржи говор на Акропол по повод ...

Беше позната како „Cryptoqueen“ – жена која ветуваше финансиска револуција, а на крајот се покажа дека стои зад една од најголемите измами во историјата. Ружа Игнатова, Бугарка со германски пасош, и понатаму се наоѓа на листата на најбарани бегалци на „FBI“, со награда од пет милиони долари за информација што ќе доведе до нејзино апсење Ружа Пламенова Игнатова е родена на 30 мај 1980 година во Русе, Бугарија. Нејзиното семејство по падот на ...

Еден од најголемите хакерски скандали на денешницата се случи во октомври 2020 година, кога податоците на дури 33.000 пациенти на компанијата „Vastaamo“ се најдоа на мета на хакери. Кога Мери-Туули Ауер го отворила мејлот што завршил во нејзината „spam“ папка, веднаш знаела дека не станува збор за обична измама. Пораката го содржела нејзиното целосно име и фински матичен број – клучен личен податок што се користи за банкарство и пристап до ...

Нова измама со помош на вештачка интелигенција се појави во Франција. AI може да ви го клонира гласот за само неколку секунди, а потоа да изнуди пари од вашите најблиски доколку се јавите на непознат број. Во Франција се појави нов вид измама преку вештачка интелигенција (AI), со чија помош се клонира гласот на жртвата за подоцна да се искористи за изнуда на пари од семејството и пријателите. Како што наведува „Connexion France“, искусни ...

Москва тортата е познат белградски десерт создаден во 1974 година во хотелот „Москва“, а ја осмислила Аница Џепина. Позната е по тенките кори со ореви или лешници, богатиот жолт фил и освежителното овошје, како вишни и ананас. Иако оригиналниот рецепт е заштитен, домашните верзии многу верно го доловуваат нејзиниот препознатлив вкус – кремаст, лесен и овошен десерт, идеален за свечени пригоди. Основни информации Вид на десерт: овошна ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1004
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
62%
993
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1002
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
4.69
79%
999
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
98%
996
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.26
81%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
71%
1005
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
82%
1002
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
999
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
96%
991
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
13.38
94%
1012
Currency

61.626

Currency

55.489

Currency

73.791

Currency

37.965

Currency

39.004

Currency

66.779

Currency

8.3274

Currency

0.66974

Currency

0.34778

Currency

0.52433

Currency

1.1042

Currency

0.5918

Родиум

294983.10

Иридиум

324722.54

Алуминиум

3.01

Калај

47.40

Злато

124908.87

Сребро

1620.38

Бакар

12.41

Платина

48836.98

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

31700.64

Цинк

3.79